
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување на БорПрес2 фазата на проектот кој ...
Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст и етничка позадина. Особено се ранливи 11-годишните момчиња кои најчесто се наоѓаат и во улога на „жртви“ и во улога на „насилници“ во сите три форми на насилство (малтретирање, сајбер малтретирање и тепачки). Ова се дел од заклучоците од наодите од Националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето ...
Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани. Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби. ...
Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите и демократските стандарди, се вели во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши во врска со поднесената интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски од пратеничката група на „Европскиот фронт“. -Како што е јасно утврдено во ...
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина. На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа ...
-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски. Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од ...
Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Деновиве презентиравме неколку сознанија и тоа: 1. Венко Филипче дозволил изградба на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, објави денес „Блумберг њуз“., пишува Вечер.мк Барањата упатени до земјите во регионот се дел од пошироката американска стратегија за наоѓање странски влади кои се подготвени да прифатат депортирани мигранти, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Барањата до земјите во ...
Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народната банка Трајко Славески во видеоинтервју за МИА, прво по назначувањето на функцијата. Фиксниот девизен курс којшто добро и служеше на Република Македонија ќе остане и во наредниот период, да се надеваме на влез на Република Македонија во догледно време во Европската унија и ...
Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Mицкоски и Тошковски, вели Кузеска, прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната ...
Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. На трибината “Кочани е наш приоритет”, Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство. Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има впечаток ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство. „На тој кобен неделен ден, на кризен координативен состанок Владата ја задолжи Службата за ...
Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба. На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 ...
„Бјело Дугме“ настапија во Скопје во рамките на турнејата по повод нивниот 50-годишен јубилеј, а најемотивниот момент се случи за време на изведбата на песната „Липе цвату“ кога Младен Војичиќ Тифа не можеше да ги задржи солзите. @zivoticckatarina Bijelo Dugme – Skopje 31.05.2025 #bijelodugme #koncert #concert #skopje #macedonia #yugoslavia #yurock ♬ original sound – Katarina Životić Всушност, на TikTok се споделуваа видеа од концертот, а едно ...
Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми. Сè се случило во градот Сивири на Халкидики, популарно одморалиште кај туристите од регионот. Таа беше извлечена од морето во среда попладне. Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пронајде нова „цел“ и бара од своите помошници да истражат наводна употреба на таканареченото „автопен“ за време на последните денови од мандатот на неговиот претходник Џо Бајден. Како што напиша на својата социјална мрежа Truth Social, наводната употреба на „автопен“ од страна на Бајден е „најголемиот политички скандал во историјата на САД“. Според претседателот на САД, превентивните помилувања на Бајден ...
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување на подкастот „Претрес“ зборуваше за подготовките на партијата за претстојните локални избори, потенцијалните коалициски партнери, како и за лидерот на СДСМ, Венко Филипче. На прашањето дали Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дел од потенцијалниот коалициски спектар, Чупеска не ја исклучи таа можност, но нагласи дека не се работи за исклучок, туку за поширок пристап кон сите партии со ...
Прославениот холивудски актер Џорџ Клуни неодамна го имаше своето деби на Бродвеј, а за улогата мораше да ја обои косата. Вистинскиот шок се случи кога обожавателите го видоа на улиците, а многу жени беа разочарани од новата боја на косата, сè додека актерот не објасни за што се работи и дека сака што поскоро да се врати на старите патишта. Помина извесно време и многумина се навикнаа на неговиот нов имиџ, но самиот Клуни не може да се помири со ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе потпише тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ESPN. Откако ја завршија кампањата, во првото коло, во плеј-офот, Лејкерси се одмараат, но и се подготвуваат за новата сезона каде што улогата на Лука Дончиќ на паркетот треба да биде подоминантна. Словенецот полека се подготвува за Европското првенство, а пред тоа, тој ќе потпише тригодишен договор, бидејќи на 2. август се навршуваат шест месеци од ...
Сојузниците на НАТО одржаа големи воени вежби на автопатите во Финска и Шведска, демонстрирајќи ја способноста за брзо распоредување и дејствување во тешки услови според концепт познат како ACE (Agile Combat Employment), објави „Дифенс Индустри Јуроп“. Целта на ваквите вежби е да се зголеми флексибилноста и издржливоста на силите во потенцијално загрозените области. Од 26 до 30 мај, Финска беше домаќин на редовна воздушна вежба наречена JPH, во ...
Новинарите на јужнокорејската медиумска организација „Daily NK“, која со години ги следи настаните во соседната земја на север, неодамна успеаја да прошверцуваат паметен телефон од Северна Кореја. Тие им го дадоа тој паметен телефон на новинарите на британскиот јавен сервис “BBC” и иако некои од работите што ги открија се доста неверојатни, познавајќи го тамошниот режим, никој не може да каже дека е изненаден. Она што не е познато врз основа на ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп. „ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен. Одлуката на Судот е следната: Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во ...
Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со 2:1. Роналдо го постигна голот за победа, но играч на мечот беше Франсиско Консеисао. Португалија по 25 години и пет порази во низа успеа да ја победи Германија. На ЕП во 2000 година Португалците славеа над Германија со 3:0 со хет-трикот на Серџо Консеисао, а неговиот син Франциско го иницираше пресвртот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: ...
Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. Тој појаснува дека од ...
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание. За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа. Денеска е црн ден за ...
Новак Ѓоковиќ 12.пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос. Во последното четвртфинале на вториот гренд слем во сезоната, Ѓоковиќ, по три часа и 17 минути, го победи третиот носител Александар Зверев со 3:1 (4:6, 6:3, 6:2, 6:4). Српскиот тенисер го загуби првиот сет, но потоа влезе во својата „зона“ и целосно тактички го надигра германскиот тенисер. Клучниот удар што му ја донесе победата на Ѓоковиќ беше дроп-шот што го одигра ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...
Станарите на луксузна зграда на Менхетен беа сведоци на необична логистичка операција. Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, користи еден од најголемите кранови во Њујорк за да го достави својот мебел директно во својот пентхаус. Поради ова, улицата пред зградата беше целосно затворена, а цел тим експерти го координира секое движење. „Целата улица е блокирана“ „Сакате да видите како Џеф Безос го доставува својот мебел? Погледнете го тој ...
Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците. Собранието 54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции. Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа. Азир Алиу е ...