Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ. Наместо да ја штити државата таа непријатели гледала во тогашната опозиција. Ова го покажуваат трите известувања од АНБ до Јавното обвинителство спроведени по внатрешна истрага во Агенција која открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата, лидер на опозициска партија, како и група новинари и ...

Авионот во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе за Бугарија вчера попладне остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување. „Целата област околу аеродромот е оставена без ГСП“, рече еден од службениците. Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час по што пилотот одлучи да ...

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%. Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди ...

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода. -За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денеска да застанам пред вас и ќе упратам три пораки кои за мене се важни, но и за сите вас. Можеби за првпат после седум години учениците за првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците ...

Македонија се најде на 51 место на Глобалниот индекс на мир што објавен од Институтот за економија и мир (IEP). Индексот рангира 163 независни земји и територии според критериуми како што се социјално осигурување, обем на домашни и меѓународни конфликти и степен на милитаризација. Според рангирањето земјава паднала за 4 места во однос на претходната година. Од регионот Словенија е на 9-то место, Хрватска (19), Бугарија (29) и Црна Гора (34). Зад ...

Драматична сцена се случи утрово во Нови Сад на Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ), каде што студентите во блокада објавија видеа и тврдеа дека деканот Патрик Дрид, заедно со маскирани лица, насилно влегол во зградата на факултетот. Според нивните наводи, три лица со балаклави скршиле прозорци и влегле во зградата во раните утрински часови, додека студентите биле заклучени внатре, а некои од нив спиеле. „Во присуство на деканот ...

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...

Следниот ангажман на досегашниот спортски коментатор на Македонската телевизија, Тони Стојановски, ќе биде во Арена спорт. Регионалниот телевизиски канал, кој емитува спортска програма на просторот на поранешна Југославија, е во процес на формирање македонска редакција, која треба да профункционира во наредните месеци, а Стојановски ќе биде дел од неа со уште неколку новинарски имиња од Македонија. Коментаторот што си обезбеди место во аналите ...

Барселона синоќа направи кикс во третото коло од шпанската Ла Лига, во кое играше на гости кај Рајо Ваљекано во Мадрид, а овој натпревар, кој заврши со резултат 1:1, беше сведок на вистински циркус. Сè започна со срамно лошиот терен што ги пречека играчите на Барселона, кој шпанските медиуми го нарекуваат мочуриште среде Мадрид. “Just look at the pitch condition of Rayo Vallecano and our boys are forced to play here today. What if a serious ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот. Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина. Putin spoke at the Shanghai Cooperation Organization Summit. He blamed the West for the “Ukrainian crisis” and said ...

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана за подготовка на развојниот Мастер план на кандидатот за градоначалник на Чаир, актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Во соопштението до медиумите, се наведува дека се очекува нивното искуство во урбанистичко планирање, архитектура и просторно управување да обезбеди модерен и одржлив визионерски пристап за општината, а се посочуваат и дел од ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 600 лица, а околу 1300 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на ...

Научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап заснован на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици поврзани со целосно клеточно репрограмирање, вклучувајќи го и ...

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во Форд Бронко кога нивното возило било удрено од друго возило во американскиот град Манчестер. Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во која детално ја опишува сериозноста на неговите повреди: „Му беше дијагностицирана ...

Александар Исак ќе биде нов играч на Ливерпул. Трансферот е нов британски рекорд, а најшокантниот детаљ е што дел од сумата ќе ја платат самиот играч и неговиот агент. Иако со недели тврдеа дека нема да попуштат, ставот на Њукасл се смени откако успеаја да го обезбедат наследникот на Исак. Тие го срушија својот клупски рекорд, доведувајќи го германскиот напаѓач Ник Волтемаде од Штутгарт за 85 милиони евра. Овој потег ја отвори вратата за ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на статија во „Гардијан“, а британскиот весник ја објави неговата реакција во рубриката „писма од читатели“, објавува „Нова.рс“. Како што пишува „Нова.рс“, за писмото на Вучиќ, за „Н1“ зборуваше аналитичарот за меѓународни односи Мирко Даутовиќ, истакнувајќи дека неговиот одговор е објавен во печатеното издание на „Гардијан“ во викенд-додатокот, на седмата страница во рубриката „писма од читатели“. ...

Ливерпул го доби дербито против Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Дуелот на „Енфилд“ го реши Доминик Собослај со спектакуларен гол во 82.минута. Дербито на „Енфилд“ донесе натпревар со многу темпо, но со малку квалитетна игра. Мечот лошо започна за Арсенал, Вилијам Салиба, клучниот деганзивец во четврртата минута поради повреда го напушти теренот. Ливерпул беа премногу резервирани во првиот дел, Арсенал ја контролираше играта, но дојде ...

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека се обезбедени учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Јаневска, исто така, информираше дека во повеќе училишта ...

Со десет голови негатива се враќаат ракометарите на Алкалоид од првиот натпревар на гостински терен во квалификациите за пласман во Европската лига, откако вечерва загубија од домаќинот Хановер – Бургдорф со 37-27. Избраниците на Кирил Лазаров на полувреме заминаа со негатива од четири голови (19-15), која пред сè се должеше на бројни неискористени идеални шанси за гол. Алкалоид ја одржуваше негативата од четири голови до средина на второто ...

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за најновите руско-американски контакти, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка што се одржува во кинескиот град Тјенџин. – Да, нашиот претседател, пред сè, многу детално комуницираше, секако, со претседателот на Народна Република Кина. Седеа заедно и можеа активно и многу ...

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски населби повеќе од три часа имаше прекин на струјата. „Нашите екипи го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за сите корисници засегнати од денешниот прекин во одредени делови од Скопје“,соопштија од компанијата. Оттаму додаваат дека повторно се вратени во функција далекуводот и ...

Цените на нафтата паднаа во петокот, но и натаму се на пат за неделен раст, одразувајќи го напнатото балансирање помеѓу намалената потрошувачка по завршувањето на летната сезона во Соединетите Американски Држави и растечката неизвесност околу руските залихи на глобалниот пазар. Северноморската нафта од типот Брент за испорака во октомври падна на 68,09 долари за барел, додека американската WTI се лизна на 64,09 долари. Сепак, гледано на ниво од ...

Телефонската линија 192 повторно е во функција, информираат од МВР. Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација. За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, ...

Денес, во главниот град на Србија, Белград, и во вториот по големина град Нови Сад, осамнаа со билборди со честитки за роденденот на белорускиот диктатор Александар Лукашенко. Тие се поставени од провладиното Конзервативно движење Наши. На билбордите пишува: „Среќен роденден, претседателе Лукашенко — Србија те сака“. Ова е израз на пријателството и поддршката на српскиот народ за братска Белорусија и нејзиниот претседател, се вели на ...

Високиот холестерол и затнатите артерии често се развиваат без никакви очигледни знаци, па затоа многу луѓе не се свесни дека имаат проблем сè додека не се појават посериозни компликации. Според многу лекари и нутриционисти, раното препознавање на симптомите може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Постојат одредени знаци на кои треба да се внимава, бидејќи тие може да укажуваат дека вашите артерии се затнати со ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч. Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“. Рама, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови ...

Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина. – Цврсто го повторувам мојот итен апел за итен прекин на огнот и сериозна посветеност на дијалог, рече папата за време на молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар. – За жал, војната во Украина продолжува да сее смрт и уништување. Дури и во последниве денови, бомбардирањата погодија неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, предизвикувајќи ...

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат политичарите на избори, знаат дека меѓу граѓаните растот на инфлацијата е непопуларно. Кај нас ја има поради шокови однадвор или однатре, вели гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. „Факт е дека инфлацијата во еврозоната или дезинфлацијата оди побрзо од што во Република Македонија. По моја ...

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон ...

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
79%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.71
93%
1019
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.24
97%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.26
91%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
85%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793