
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Американските граѓани кои патуваат во Мексико се предупредени дека може да бидат изложени на ризик од киднапирање од страна на луѓе кои ги намамуваат преку апликации за запознавање, соопштија федералните власти. Генералниот конзулат на САД во Гвадалахара предупреди дека жртви на вакви измами биле киднапирани во последните месеци во областите Пуерто Ваљарта и Нуево Најарит, се вели во соопштението. Конзулатот не прецизира колку често се случуваат ...
Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од почетокот на градежните работи, откри првиот човек на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, ексклузивно за НАТКАСТ на КУРИР. Тој потенцира дека новата пруга ќе биде пуштена во употреба со нови возови, целосно модернизирана железничка станица во Скопје и реконструирани железнички станици низ цела Македонија. Кога имаш чест да склучиш договор за стратешко ...
Салма Хајек (58) неодамна ја сподели својата дневна рутина за нега и шминка за списанието „Вог“, а видеото, кое првично беше објавено на Јутјуб, ги освои социјалните мрежи и предизвика бројни коментари со восхит за нејзината убавина. Додека Салма ги споделува своите омилени техники – вклучувајќи и паметен трик за прикривање на седата коса со маскара – таа зборува и за „сендвичот за убавина“ и безвременскиот совет што го наследила од нејзината ...
За време на нивниот прв официјален состанок во Овалната соба вчера, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој е роден во Германија. Трамп, претходно го прашал зошто Мерц зборува германски кога може да зборува и англиски. За возврат, Мерц му го потсетил Трамп на неговите германски корени – Мерц му го дал на ...
Спортската сала на Работнички во “Градски парк“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ. Ова денеска го кажа градоначалникот на Општина Центар, кој имал средба со поранешни кошаркари на Работнички и токму нив им го пренел овој негов предлог. Секако и со право ако се знае што Лазо значеше за мак-кошарката, најмногу за Работнички кој под негово водство се издигна во најдобар македонски клуб во времето на екс – СФРЈ како и еден од најдобрите ...
Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти. „Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека потрагата по преживеани под урнатините сè уште трае. Претходно соопшти дека ...
Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално почна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути. Работите во проектот БорПрес2 од македонска страна официјално почнаа во март, додека, пак, вчера во општина Преспа беше означен почетокот и на грчка страна, со настанот „Гранична станица Преспанско ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. „Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан ...
Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се очекува да имаат поддршка од околу 25.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот против главниот претендент за водечкото место во квалификациската група Ј. По двата воведни дуели, Македонија е првопласирана во групата со ...
Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за Македонската информативна агенција (МИА), потенцирајќи дека фиксниот девизен курс и натаму ќе биде цврста основа на макроекономската стабилност во земјата. Гувернерот истакна дека режимот на девизен курс којшто го практикува земјава е поддржан од сите досегашни влади, деловната ...
Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти можа да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”. Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, има задржувања за излез од државата, особено на граничните премини ГП Богородица и ГП Дојран. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5:4 на стадионот во Штутгарт. Шпанците со два блиц крига дојдоа до водство 4:0, потоа и до 5:1, влегувањето на рајан Шерки ја раздвижи Франција, на крајот „триколорите“ немаа време да изборат продолженија. Шпанија во првото полувреме им покажа на Французите зото се европски шампиони. Откако Франција не успеа да го отвори резултатот, ...
Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата. Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот. Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110:109, но промаши. Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за ...
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, ...
Американскиот технолошки милијардер Илон Маск објави дека актуелниот претседател на САД Доналд Трамп се споменува во досиејата поврзани со осрамотениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн. Ова е последниот во низата напади меѓу двајцата, чијашто врска драматично се влоши и ескалираше во јавна расправија на социјалните мрежи во последните 24 часа. Во објава на социјалната мрежа Икс, Маск напиша: „@realDonaldTrump е во досиејата за ...
Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела – Духовден. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам. Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во Вашите срца и домови. ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат ...
Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка. „Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на X. „Каква неблагодарност“. Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти, веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за ...
На прес-конференцијата пред мечот во Скопје против Белгија се обрати пред новинарите и селекторот Благоја Милевски. Предводникот на нашата репрезентација го најави дуелот и го коментира силниот ривал. „Анализите се направени, не треба да се зборува за квалитетот на Белгија. Тие имаат многу квалитетни играчи, тоа е тим кој години наназад е во врвот на европскиот фудбал. Од друга страна, Македонија покажала дека знае да се бори и со такви тимови. ...
Змиите често се појавуваат во дворови, гаражи или во близина на куќата – особено во потоплите месеци. И додека многумина се потпираат на физички бариери и отстранување на глодари, експертите велат дека постои уште една ефикасна тактика: мириси што змиите не можат да ги поднесат. Иако немаат традиционално сетило за мирис, змиите го користат својот јазик и посебен орган во устата – Јакобсоновиот (вомероназален) орган – за да детектираат хемиски ...
Според астролозите, следниот период е особено среќен за трите знаци на Зодијакот и ќе привлече она што им е потребно. Не се сомневајте или грижете се за тоа што би можеле да изгубите ако ја прифатите ненадејната можност што ја носи Јупитер, планетата на среќата, која се сели во Рак во понеделник, 9 јуни. Слушајте и верувајте во насоките што ве води универзумот. Истражете нови деловни можности, кажете да на унапредување или резервирајте патување! ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Париз денеска остварил средба со Бенџамин Хадад, француски министер делегиран за Европа. -Разговаравме за напредокот на нашата држава на патот кон Европската Унија, актуелната политичка состојба во регионот и значењето на нашата улога како одговорен фактор што активно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот, напиша Муцунски на ...
Селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија. Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се во функција на тимот и ќе бидат подготвени, а го напомена и времето како можен фактор кој би влијаел на крајниот резултат. „Знаеме дека некои играчи предвреме ја завршија сезона, некои пред три недели, некои тренираа и играа подолго, но сите кои се тука се подготвени да се стават на располагање. Времето може да биде ...
На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев на свет беа донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат, од природно зачната тројна бременост, реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31-та гестациска недела, новороденчињата моментално се во стабилна состојба и се згрижени во Центарот за мајка и бебе под надзор на неонатолозите. Тие добиваат неинвазивна респираторна поддршка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако сопственикот на Тесла го критикуваше новиот закон за трошење. „Отсекогаш го сакав Илон. Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би било тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. Тоа е најголемото намалување (на трошењето) во историјата на нашата земја“, ...
Хрватската пејачка Јелена Розга беше во Скопје за да го најави својот концерт во Охрид на 29 јули на Античкиот театар. На дружбата со новинарите покажа зошто е една од најбараните во регионот, пријатна, спонтана, харизматична. Отворено говореше за здравствените проблеми, соработката со семејството Хуљиќ, дружењето со нашата Есма, новата песна која ќе ја испее на Сплитскиот фестивал. Кога го видела Античкиот театар веднаш посакала да пее на тој ...
Новата правна рамка за платните системи во земјава создаде основа за зајакнување на конкуренцијата во платежната индустрија и намалување на трошоците за прифаќање дигитални плаќања во малопродажбата. Во своето излагање на конференцијата во организација на „Блумберг Адрија“, директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи при Народната банка, Игор Величковски, посочи дека во 2024 година просечниот надоместок што ...
Новак Ѓоковиќ е фокусиран на сопствената игра и не размислува за тоа каква тактика ќе користи светскиот рекет број 1, Јаник Синер против него во претстојното полуфинале меѓу двајцата на Отвореното првенство на Франција. Србинот стигна до своето 51-во Гренд Слем полуфинале со победа во четири сета над третиот носител Германецот Александар Зверев во среда вечерта. 38-годишниот тенисер останува цврсто во борбата за рекордна 25-та Гренд Слем титула ...