
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: ...
Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. Тој појаснува дека од ...
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание. За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа. Денеска е црн ден за ...
Новак Ѓоковиќ 12.пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос. Во последното четвртфинале на вториот гренд слем во сезоната, Ѓоковиќ, по три часа и 17 минути, го победи третиот носител Александар Зверев со 3:1 (4:6, 6:3, 6:2, 6:4). Српскиот тенисер го загуби првиот сет, но потоа влезе во својата „зона“ и целосно тактички го надигра германскиот тенисер. Клучниот удар што му ја донесе победата на Ѓоковиќ беше дроп-шот што го одигра ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...
Станарите на луксузна зграда на Менхетен беа сведоци на необична логистичка операција. Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, користи еден од најголемите кранови во Њујорк за да го достави својот мебел директно во својот пентхаус. Поради ова, улицата пред зградата беше целосно затворена, а цел тим експерти го координира секое движење. „Целата улица е блокирана“ „Сакате да видите како Џеф Безос го доставува својот мебел? Погледнете го тој ...
Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците. Собранието 54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции. Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа. Азир Алиу е ...
Легендарниот актер и боречки мајстор Џеки Чен (71) откри во шоуто на Кели Кларксон дека кантри музиката одиграла клучна улога во неговото учење англиски јазик откако се преселил од Хонг Конг во САД. Во гостувањето во емисијата, Чен раскажа како во неговите рани денови во Холивуд, имал многу проблеми да ги разбере режисерите на филмските сетови. „На почетокот не разбирав ништо. Секогаш имав преведувач на дијалози за да преведува што ми кажуваат“, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека разговорот бил добар, но дека нема да „доведе до моментален мир“ во Украина. Трамп изјави дека разговарал со Путин околу еден час и 15 минути за нападот на Украина врз руските авиони во близина на аеродромот, како и за други напади што се случиле од двете страни. „Тукушто завршив телефонски разговор со рускиот ...
Раководството на ГРК Охрид продолжува за ангажирање нови играчи со цел создавање конкурентен тим за највисок пласман следната сезона. Најново засилување за охриѓани за сезоната 2025/26 ќе биде најдобриот дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025, Ориол Реј Моралес. Шпанецот се обврза на миниум двегодишен договор. – Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 ...
Во пресрет на летната туристичка сезона, кога хрватскиот угостителски и туристички сектор интензивно се отвора за сезонски работници, меѓу кои и голем број од Македонија, Хрватска воведува значајни законски промени кои ќе влијаат на начинот на вработување и условите за работа на странските сезонски работници. Од април 2025 година, сите агенции што посредуваат во доведувањето странски работници, особено од регионот, ќе мора да се придржуваат до ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. – Мојот предлог, кој верувам дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им предложиме на Русите прекин на огнот до лидерска средба, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев. Тој додаде дека условите за мир што ги поставува Москва се ултиматуми. Изјавата на Зеленски се однесува на условите содржани ...
Арнолд Шварценегер откри голема тајна за неговата улога во „Терминатор“, признавајќи дека не му се допаднала неговата најпозната реплика. 77-годишниот актер го играше морничавиот киборг во хитот од 1984 година, режиран од Џејмс Камерон, а потоа ја повтори улогата во серија продолженија. Ликот е најпознат по заканата „Ќе се вратам“, која Американскиот филмски институт (AFI) ја вклучи меѓу најдобрите филмски цитати на сите времиња. „Старите ...
Манчестер сити и Милан постигнаа договор за трансферот на холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс. Граѓаните ќе платат вкупно околу 70 милиони евра вклучувајќи бонуси, а Рејндерс ќе потпише петгодишен договор со премиерлигашот. Личните услови со фудбалерот веќе беа договорени, а денес беше постигнато и целосно усогласување со Милан. Претходната понуда од Манчестер сити во висина од 60 милиони евра беше одбиена, но на крајот клубовите најдоа ...
Постар човек од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во Олимпик Бич, денес ќе се удавел во морето. Млад човек од Србија, кој во тој момент бил на плажа, сфаќајќи што се случува, скокнал во водата и го извлекол несреќниот човек на брегот. – Двојката влегла во водата држејќи се за раце. Сопругата е пливач, додека сопругот не знаел да плива. Тие се движеле околу 50 метри од брегот, каде што водата им била до половината, кога се слушнал крик и ...
Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за гас во терминалот во Александрополис, за што потрошиле 5 милиони евра од буџетот, но гасот никогаш не стигнал во земјава. Претставници на АД Електрани на Македонија информираа дека поднеле кривична пријава до Финансиската полиција и до Министерството за внатрешни работи МВР против членови на двата претходни ...
Немаат вработени, а бизнисот им оди добро. Толку добро што приходите и профитот се мерат во милиони евра. Ни денар од заработката не се двои за плати, за здравствено и пензиско осигурување или други давачки. Зад популарно наречените фантомски фирми најчесто стои по еден човек. Тој е самиот газда, некој од неговото потомство или, едноставно, ангажирано лице со менаџерски договор без обврска за засновање работен однос. Законот за трговски друштва ...
Голем дел од центарот на германскиот град Келн беше затворен во средата бидејќи експертите за експлозиви се подготвуваа да деактивираат три бомби останати од Втората светска војна. Операцијата во градот, каде што со години се пронајдени многу бомби, е една од најголемите досега спроведени, а на речиси 20.000 луѓе им е наредено да ја напуштат областа, пишува „Дојче веле“. Евакуираната област го вклучува целиот стар дел од градот, 58 хотели, три ...
Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување, со што ќе се ...
Лука Модриќ (39) е блиску до трансфер во Милан. Фудбалскиот инсајдер Џанлука Ди Марцио објави дека хрватскиот играч од средниот ред би можел да го заврши трансферот во италијанскиот гигант попладнево, а „Газета дело Спорт“ ги објавува деталите од договорот. Според информациите од италијанските медиуми, Модриќ би можел да има годишна плата помеѓу 3 и 3,5 милиони евра. Се очекува да потпише едногодишен договор со опција за продолжување за уште ...
Денес за првпат во Македонија е донесен систем за навигација на клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Овој систем за навигација е за оперативно лекување на болести на ’рбетен столб. Системот дава сигурност при операција и нула грешка при оперативното лекување фиксација. Од Клиниката велат дека покрај тоа што се поедноставува лекувањето се поништува грешката, исто така со овој систем конкурираме на светските центри за лекување на болести на ...
Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, преку својот адвокат, побара привремено ослободување од затвор поради влошена здравствена состојба, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение од Меѓународниот резидуален механизам за кривичните судови во Хаг. Во барањето се наведува дека медицинската служба на судот го информирала Младиќ и неговото семејство дека болеста му е неизлечива и дека е преминато на палијативна нега ...
Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година, со што стана 21-ва членка на еврозоната, објави денес Европската комисија. Официјалната одлука за влез на Бугарија во Еврозоната треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на 8 јули, но не се очекува противење, бидејќи Софија ги исполнува сите технички критериуми. Европската централна банка, исто ...
Проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди. Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел, истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на пре-конференција. Еден од приоритетите на Народната банка, нагласи, е инфлацијата. Со гувернерот, нагласи, дека треба да се усогласени. Во однос на финалната потрошувачка, појасни, растот на ...
Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 ...
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај веднаш, птом ЈСП Скопје им ги исплати парите, потврди денеска Јовица Зафировски претставник на приватните превозници за ТВ24. Приватните превозници не сообраќаат и нема да сообраќаат додека ЈСП Скопје не ни уплати средства за да можеме да ги вклучиме автобусите. Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба да ...
Судскиот совет на РМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка. – Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски. Во врска со ...
Стотици луѓе се собраа во поддршка на бугарскиот лев и организираа нов протест пред зградата на Народното собрание во Софија. Денешниот протест се совпаѓа со очекуваното објавување на извештајот за конвергенција на Европската комисија и Европската централна банка, кој ќе ја процени подготвеноста на Бугарија да се приклучи на еврозоната. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Не за еврото“, „Ние го избираме левото“ и „Сакаме да бидеме ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа. Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа. Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 години, ...
„Гранде Пандев“ кој пред шест месеци беше назначен за спортски директор на македонските репрезентации во интервју за „FotMob“ зборуваше за големите предизвици кои стојат пред новото раководство на федерацијата. Македонската фудбалска легенда се осврна и на односот со селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски. Горан Пандев се повлече од играњето меѓународен фудбал, откако Фудбалската федерација на Македонија реши да не му понуди нов договор ...