
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска. – Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува ...
Поранешниот бугарски пратеник Велизар Енчев побара Бугарија да воведе санкции кон Македонија, обвинувајќи ја за систематско непријателство и кршење на човековите права на Бугарите во државата. Во објава на неговиот профил на „Фејсбук“, Енчев реагира на, како што ги нарекува, „демонстративните тужби против Бугарите во РС Македонија“, како и на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за малцинствата. „Софија мора да посегне по оваа екстремна ...
Грчките власти веќе не толерираат ниту најмали сообраќајни прекршоци – особено на туристички фреквентните локации како Касандра, дел од популарниот полуостров Халкидики. На српската Фејсбук страница „Никана“, која често ја посетуваат туристи од регионот, беше објавено ново предупредување за зголемените сообраќајни контроли во пресрет на летната сезона. Еден пар туристи од Србија бил казнет со 200 евра откако свртеле од главниот пат кон нивното ...
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со Оперативниот план 2025, насловена како „Визија за промена“, информираше дека Владата прави се младите луѓе и нивните семејства да бидат задржани во Македонија. Со Оперативниот план, појасни и дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе придонесе што повеќе млади луѓе да останат во ...
Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници. Светска банка, ...
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови за спроведување на процесот. Посакувајќи им успех на сите матуранти, изразија очекувања дека годинава резултатите од матурата ќе бидат пообјективни од ланските. „Подолго време траеја подготовките. Се разговараше со ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денес учествуваше на церемонијата на доделување награди по повод Денот на градот Загреб. „Загреб, нашиот сакан, е мојот град каде што го поминав целиот свој живот. Загреб е синтеза на Хрватска како земја, татковина, како град на Хрвати, Срби, а низ историјата и на други националности. Град кој се полнеше во последните сто години и растеше врз основа на човечки придонес и човечко населување. Прво како ...
Некои земји во регионот избраа поинаков пат, служејќи како модел за западната соработка во развојот на инфраструктурата, ова го истакна професор Иван Саша Шихан. Професор Иван Саша Шихан е продуктивен научник фокусиран на политика, писател и влијателен мислител со главен фокус на тероризмот, американската надворешна политика, меѓународните односи и прашањата за национална безбедност. „Неодамна, Македонија објави инвестициски сојуз од 5 милијарди ...
Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул. Москва објави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека ниту Киев ниту Анкара, како посредник во преговорите, не добиле никакви документи од Москва за подготовка за следната рунда преговори, најавена за в ...
Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. – Мене ќе ме утепаат, може ќе живеам шест дена може уште шест месеци, не знам, рече таа. – Градоначалник на главен град да пријавува криминал и наместо да постапат органите на прогонот, тие да ги заштитуваат криминалците и да ги гонат пријавителите, можам слободно да констатирам дека не заслужуваме држава, порача ...
Со неверојатни 220 милијарди долари богатство, претстојната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез сигурно ќе биде спектакуларен настан. Но, сè уште има работа што треба да се направи пред свадбата. Како трет најбогат човек во светот, основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, со помош на армија правни експерти, составува предбрачен договор пред да го кажат судбоносното „Да“. Џеф (61) и Лорен (55), кои се свршија во 2023 година на неговата ...
Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето. Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите. Иднината, прогнозираат, не e ветувачка, но кои се решенијата? Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки кои би го ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на митинг во Пенсилванија објави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик од 25 на 50 проценти, а подоцна на социјалните мрежи изјави дека зголемувањето ќе важи и за алуминиумот и дека ќе стапи на сила во среда. Трамп рече дека двојното зголемување на царините за челик „дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во Соединетите Американски Држави“. „Ќе воведам зголемување од 25 проценти. Ќе ги ...
Лондонските тунели од Втората светска војна, кои го инспирирале Иан Флеминг да го создаде Џејмс Бонд, ќе станат музеј посветен на работата на разузнавачките служби. Музејот ќе има шпионска опрема и интерактивни дисплеи, а посетителите ќе можат да уживаат во подземен бар, објави Индипендент. Тунелскиот лавиринт Писателот Иан Флеминг бил редовен посетител на овој комплекс тунели, каде што работел за разузнавачката агенција на Винстон Черчил 30 ...
Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие. Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји – ...
Нов преоден рок, нова статија во италијанските медиуми за потенцијалната соработка помеѓу Ненад Димитријевиќ и кошаркарскиот клуб Партизан. Минатото лето се зборуваше дека плејмејкерот на македонскиот национален тим и Олимпија Милано би можел да се приклучи на клубот од Хумска, но тоа не се случи. „Спортандо“, пишува дека се очекува Димитријевиќ да ја напушти Ломбардија по сезоната во која запиша 7,6 поени и 2,9 асистенции во Евролигата за ...
Грешка во апликацијата Google Maps ги збуни возачите на германските автопати, откако покажа голем број црвени точки на знакот „стоп“. Возачите, кои во четвртокот се нашле во близина на големи градови како Франкфурт, Хамбург и Берлин, имале впечаток дека голем дел од автопатите се непроодни, а истото се случило и во делови од Белгија и Холандија, објавува „Гардијан“. Известувањата за затворање доведоа до блокирање на алтернативните патишта. ...
„Економија што расте, но не ги споделува придобивките од тој раст, не е само неправедна – таа е и нестабилна.“ — Џозеф Стиглиц, Нобеловец и економист Овој цитат од познатиот економист ја доловува суштината на економскиот раст. Иако економскиот раст, најчесто мерен преку порастот на бруто-домашниот производ (БДП), се користи како еден од главните индикатори за напредок на едно општество, тој не значи автоматски и подобрување на животниот стандард ...
ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата. Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот. „14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои во ...
Колумбиските власти запленија повеќе од шест тони кокаин од подморница што ја користат трговците со дрога за транспорт, како и од две подземни засолништа откриени во Колумбија, соопшти морнарицата на земјата. Службениците објавија видео снимки на кои се гледа како подморницата е пресретната покрај брегот на Пацификот, а повеќе од 100 пакети со дрога се гледаат и наредени на брегот, објави CBS News. Службениците изјавија дека запленетиот кокаин ...
ПСЖ и Интер, во сабота од 21 часот, во Минхен, ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. ПСЖ се бори за првиот, а Интер за четвртиот трофеј во најсилното европско клупско натреварување. Големите натпревари прават големи шампиони“ – оваа изрека често се потврдува во финалето на Лигата на шампионите, каде што ѕвезди како Меси и Роналдо ги одлучуваа натпреварите. Овој пат, прашањето е кој ќе блесне – Лаутаро Мартинез од Интер, кој постигна ...
Со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод. ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопштија дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод. – ...
Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц во изјава за бугарската телевизија БТВ. Тој, претходно во интервју за „360 степени“ кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот ...
Ајзенхитенштат, кој се наоѓа на границата со Полска, на околу 100 километри од германската престолнина Берлин, нуди 14-дневен пробен престој за потенцијални нови жители, објави локалната самоуправа на 13 мај, според CNN. Град во источна Германија нуди две недели бесплатен сместување за да ја поттикне имиграцијата и да го зголеми населението „Проектот е наменет за сите кои се заинтересирани да се преселат во Ајзенхитенштат – како што се работници ...
За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти зголемен буџет за биолошки лекови, информираше попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој рече дека во државава има околу 2.300 лица со МС, секоја година се дијагностицираат 100-120 нови случаи, 700 пациенти се на терапија, а 100 се дел од клинички студии, другите не им е потребна терапија или се на алтернативни терапии. Од 200 ...
Вучиќ ги обиколи штандовите и се сликаше со собраните граѓани. Им се заблагодари за „величествениот пречек“. Ги повика граѓаните да ја поддржат листата на СНС, листа која, како што рече, има негова целосна поддршка, објави Телеграф. „Нашата земја е под силен напад веќе шест месеци и не гледате колку странски пари се инвестирани. Исто така, гледате дека ги наградуваат најлошите, а на 19 години веќе носат „Ролекс“. Многу богати, па сакаат да ги ...
Врховниот суд на САД денеска и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во земјата, олеснувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите. Судот ја суспендираше одлуката на федералниот судија кој ја запре намерата на администрацијата да ја прекине привремената дозвола за ...
Бојко Ноев, поранешен бугарски министер за одбрана за EUalive коментира што во пракса ќе значи внесувањето на Бугарите во македонскиот устав.. На прашањето зошто Брисел се чини дека зборува со контрадикторни гласови изјави дека ставот на ЕУ усвоен во 2022 година не ѝ се допаѓа на владата на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, бидејќи експлицитно ја посочува потребата од уставни гаранции за рамноправност на македонските Бугари, ...
По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба. Ваквите измени ќе значат демократизација на изборниот процес и демонтажа на “еднопартискиот систем” на владеење, како и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт. Во процесот на носење круцијални одлуки ќе ...
Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто, соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти. Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто, и е намалена на ...