Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) и сметководствени практики. Програмата ја организира Институтот ...

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари по литар. Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 68 на 67,5 ...

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониски царински стапки да почнат да се применуваат од 1-ви јули 2025-та година, информира денес министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. -Станува збор за стоки кои како ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје најави дека следната недела би требало да се заврши процедурата за именување на новите министри во Владата. Како што најави, првата половина на јули ќе се знае и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Тој е дециден дека партијата се уште не донела одлука кој ќе биде кандидатот за ...

Тешко е да се замисли нивото на дрскост – или досетливост – потребно за целосен напад на Украина врз руските воздухопловни сили, пишува дипломатскиот дописник на Би-Би-Си во Киев, Пол Адамс. Тврдењето на Украина дека нападите предизвикале штета од 7 милијарди долари не може да се потврди независно, но јасно е дека „Операцијата Пајажина“ беше, благо речено, спектакуларен пропаганден удар. Украинците веќе ја споредуваат со најуспешните воени акции ...

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на „Аџет“ до аеродромот „Чукурова“ двапати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од 1 јуни ...

Премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет и јазик, но исто така ја коментираше и на бугарскиот европратеник за амнадман во ЕП за јазикот и идентитетот да бидат „сегашни“. „Сега очекувам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса. Сега нема едногласје. Европа има шанса да исправи историска неправда нанесена со прифаќањето на Бујар ...

Општина Центар и ова утро беше преплавена во смет откога ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор, велат од Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека се подготвуваат одредени законски измени, што ќе бидат доставени до министерствата со цел преземање на ингеренциите од Град Скопје. „Сето ова што се случува со нехигиената е недозволиво ниту за центарци ниту за сите жители на градот Скопје. Подготвуваме неколку ...

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија. Во моментот имаме два огласи кои ги објави Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно-истражувачки проекти и апликации, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан по повод 80 години од постоењето на Државен завод за статистика. Ги повикувам колегите од ...

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го официјализираше трансферт на напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња. „Црвените ѓаволи“ решија што побрзо да ја завршат работата, решија да ја платат откупната клаузулата. Вулверхемптон од трансферот заработи 74 милиони евра. Куња со „црвените ѓаволи“ потпиша петгодишен договор. Ќе биде интересно да се види како Рубен Аморимо ќе го искористи стрелецот со 17 голови оваа сезона. Дали ќе игра како шпиц или ...

Во вториот круг од изборите вчера Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за свој нов претседател, историчар со хулиганско минато, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето MAGA. По пребројувањето на гласовите од сите избирачки места, Државната изборна комисија објави дека Навроцки, кандидатот на конзервативните популисти од партијата „Право ...

Фудбалерот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, ќе стане првото засилување на Челзи пред сезоната 2025/26. Ипсвич веќе информирал голем број други заинтересирани клубови дека Делап ја избрал следната станица во својата кариера. Британски „Атлетик“ објави дека напаѓачот се сели во Челзи. Делап има откупна клаузула во договорот со Ипсвич вредна 30 милиони фунти, која стапи на сила во моментот кога стана јасно дека тимот на Киран Мекена ќе се врати во ...

Моите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со САД, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на стредбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и државниот секретар на САД Марко Рубио. -Можам да кажам дека Тимчо Муцунски е помеѓу седум министри за надворешни работи од Европа кои што на билатерално ниво беа ...

Астрономите открија мистериозен објект на 15.000 светлосни години оддалеченост, кој редовно емитува двоминутни импулси на секои 44 минути, во радио бранови и рендгенски зраци. Објектот е именуван ASKAP J1832–0911, по австралискиот радиотелескоп ASKAP кој прв го детектирал. Неговата необична емисија сигнализира можен влез во сосема нова класа на космички феномени познати како долгопериодични радио транзиенти (LPT – long-period transients). ...

Ситонија е меѓу најпопуларните дестинации на Maкедонците кои ја избираат Грција за одмор, а Никити е местото каде има најмногу „наши“. Еве какви се цените на почетокот на јуни според сајтот Nikana.gr. Изнајмувањето лежалки и чадори за сонце почнува од 10 до 50 евра за сет, а во повеќето барови, од 1 јуни, е потребно е да нарачате храна и пијалок Во предсезонските лежалки можете кој Цени на лежалки: Versus bar од 1 јуни 50 евра потрошувачка за ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори. Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш ...

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња. Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми. ...

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле. Можеби и немаше да се дознае дека ...

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од годинава. Заработиле речиси 72,6 милиони евра, објави ТВ21. Податоците на Народната банка покажуваат дека само за три месеци од ...

Шест лица беа повредени, а една жена претрпе сериозни изгореници во нападот врз мирен митинг во поддршка на израелските заложници во Газа во центарот на Болдер, Колорадо, вчера. Вооружениот напаѓач, 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, извикуваше „Слобода за Палестина“ додека фрлаше запаливи направи кон толпата. ФБИ го води инцидентот како терористички напад. „Тие се убијци!“ извикуваше вооружениот напаѓач додека палеше луѓе Нападот се случи на ...

До крајот на 2025 година, Србија би можела да го добие најстрогиот Закон за безбедност во сообраќајот досега – со трајно одземање на возила, нулта толеранција на алкохол и алко-брави кои нема да дозволат стартување на возилото без претходно тестирање на возачот, пишува Блиц. Новиот закон може да донесе дури 18 измени, а некои од нив ќе бидат најстрогите правила за возачи досега воведени во Србија. Трајно одземање на возило Една од предложените ...

Лина Ѓорческа продолжува да го потврдува статусот на најдобра македонска тенисерка! Денеска претпладне таа го освои фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија, откако во финалето славеше со 2:1 во сетови против силната противничка од Грција, Матоула. Мечот траеше повеќе од два часа и беше вистинска драма на теренот. Првиот сет мина во знакот на Гркинката, која успеа да го добие со убедливи 6:2. Но тоа само ја разбуди борбеноста на Ѓорческа, која во ...

Службата за безбедност на Украина (СБУ) спроведе досега невидена специјална операција на територијата на Руската Федерација, при што, според украински извори, биле нападнати и уништени или оштетени повеќе од 40 руски бомбардери на четири воздушни бази – Белаја, Ѓагилево, Олења и Иваново. Операцијата, кодирана под името „Мрежа“, се подготвувала една и пол година, а во неа биле употребени дронови со FPV-технологија кои биле тајно внесени во Русија ...

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА. Во Белград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, ...

Во саботата, околу два часот по полноќ, во активниот регион 4100 на нашата ѕвезда се случи моќен и долготраен сончев блесок со магнитуда М8.1. Имаше и значајно исфрлање на коронарна маса (CME), кое, според податоците, била насочено директно кон Земјата. „Ноќта од недела кон понеделник повторно ќе биде возбудливо, по долго време повторно е можна силна соларна бура (Г4+)“, објасни метеорологот од УВЗ, Николас Цимерман. Словенечкиот геофизичар Јуре ...

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид. „Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето. Вардарци го вратија трофејот во своите витрини по една година пауза, откако лани Алкалоид беше освојувач на Купот. Вардар 1961 на овој начин стигна до 17-та ...

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера 1.194 мигранти со 18 чамци од Франција преку Ла Манш пристигнале во Велика Британија. Од почетокот на годината до вчера во Велика Британија пристигнале 14.811 мигранти, што е за 43 проценти повеќе од истиот период од минатата година. Тоа е најголем број мигранти за еден ден од почетокот на годината кои пристигнале во Велика Британија. Откако се откажа од планот на конзервативната ...

Сонцето патува низ Близнаци, активирајќи комуникација и ментална брзина, додека Сатурн и Нептун почнуваат тивко, но долгорочно да го менуваат нашиот однос со одговорноста и вербата. Венера прави премин од огнена во земјена енергија – носејќи стабилност таму каде што до вчера владееше неред. Но три знаци ќе почувствуваат оваа недела како благословена симфонија од околности. Бик Тивко, но триумфално. Венера – твојата владетелка, влегува во твојот ...

Снимка од мечка со две мали мечиња, кои се движат покрај патот Маврово-Дебар, објавена вечерва, наиде на симпатии кај граѓаните на социјалните мрежи. На видеото се гледа како мајката и мечињата како се движат по рабникот од патот, пред мајката да исчезне во шумата, следена од двете малечки. Во рано лето, мечките често се доближуваат до луѓето во потрага по храна, а еден од факторите за ваквото однесување е и привлечноста на лесно достапниот ...

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 31.05.2025 година поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК. Мониторингот опфати 10 (десет) точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.88
33%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
0.51
70%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
46%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
23%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
40%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
41%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
42%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048