
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Венко Филипче иако не смеел, дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали, рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница. Повеќето директори на болници низ ...
Повеќе од 290 лица се уапсени во Париз за време на прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) над Интер во финалето на Лигата на шампионите што се одржа синоќа во Минхен. Прославата беше одбележана со бројни инциденти на неколку локации во градот, вклучувајќи ги Шанзелизе, париската обиколница и квартот Порт де Сен-Клу, јави француски BFM. Според париската полиција, уапсени се вкупно 294 лица, од кои многумина ...
Да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА, порача денеска во своето обраќање Братството на свештениот Бигорски манастир. До обраќањето доаѓа по собирите на верниците во Охрид и во Скопје на кои се истакна барањето епископот антаниски Партениј да биде кандидат за митрополит Дебарско – кичевски. Ова се случува откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го номинираше новоизбраниот монах Георгиј за нов митрополит на ...
Камион се удри во авион „Боинг 787-9“ на компанијата „Сауди Арабиан ерлајнс“ на пистата на лондонскиот аеродромот Хитроу пред три дена, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи големи доцнења, јавува „Мирор“. Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удрил во авионот откако го помешал гасот со сопирачката. Тоа се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на државата, потенцирајќи ги придобивките за целиот народ, но, пред се за младите. Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Тоа е признание за нашиот идентитет, тоа е економски напредок, тоа е фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот. Но најважно – тоа е начин за обединување на сите Македонци. Во ...
Билатерализацијата на пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија и замижувањето на официјален Брисел пред ултиматумите што од одделни земји членки со децении ѝ се наметнуваат на земјава придонесоа за големото разочарување меѓу македонските граѓани за она што значеше европска идеја и наша стратешка цел. Ако некаде во 1990-тите години поддршката на Унијата во земјава изнесуваше над 90 отсто, сега три децении подоцна таа од година на ...
Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. Пред неколку месеци, при транзитот од една година во друга година, се случи привремен прекин, меѓутоа тој беше надминат со итна набавка на лекови, вели во интервју за РСЕ директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. -Она што сега во моментот се случува како недостаток на лекови е исклучиво заради дистрибутерски ...
Седум дена пред директниот дуел за шампионската титула во Скопје, вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер денес од 17 часот во Охрид ќе се судрат и во финалето на 32. Куп на Македонија во ракомет за мажи. Вардарци се изборија за тоа со триумфот од 32:31 на пенали против Алкалоид, откако првиот полуфинален натпревар во основните 60 минути заврши нерешено 28:28, а пелистерци потоа славеа со 27:23 над домаќинот на завршниот турнир. За ...
Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има. Според прогнозата на Метеопро преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ...
Сараево се соочува со сериозна здравствена криза откако беше прогласена епидемија на лептоспироза – опасна заразна болест што се пренесува преку глодари, најчесто преку урината на глувци. Според последните податоци од кантоналниот Завод за јавно здравство, бројот на заразени порасна на 43 лица, откако се потврдени нови осум случаи. Во моментов, три пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека останатите се на домашно ...
По победата минатата година со својот најдобар пријател Овен Вуд, во авантуристичкото реално шоу „Трка низ светот“, Алфи Вотс (22) од Сент Албанс, Англија, решил негова животна мисија да биде посета на сите земји во светот. Досега тој посетил 77 земји од вкупно 195, а по повод новата сезона на популарното шоу на Би-Би-Си, тој даде ексклузивно интервју за MailOnline во кое ги открива своите омилени и најмалку омилени места. Јордан и Малезија се ...
Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени кога патнички воз излета од шините откако се урна мост во Русија доцна во саботата, соопштија официјални лица. Дел од мостот се урна, а потоа, заедно со неколку камиони, падна врз воз што минуваше подолу, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Гувернерот на регионот Брјанска, Александар Богомаз, изјави дека меѓу повредените има и две деца. Итните служби се на местото на настанот, напиша тој ...
Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа Њујорк Никс во шестата средба од финалето на Источната конференција со резултат 125:108, и така се пласираа во своето прво финале на НБА лигата од 2000 година. Во големото финале ќе се соочат со Оклахома Сити Тандер, која во финалето на Западната конференција ги елиминираше Минесота Тимбервулвс со вкупни 4:1 во серијата. Одлична партија одигра и Тајрис Халибартон, кој запиша 21 поен (шут 9/17), 6 ...
Повеќе делови од Скопје вчера околу 15 часа останаа без вода. Како што најавија од скопски Водовод поради поврзување на главниот магистрален водовод, вчера со часови немаше водоснабдување во Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1. По бројните реакции на скопјани, од ЈП Водовод и канализација излегоа со детално соопштение за активноста што се превзема: Се очекува оваа акција да ...
Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Како резултат на ...
Луис Енрике е втор тренер во историјата со две тројни круни и застана рамо до рамо со Пеп Гвардиола. Двата шпански тренери со две различни екипи ги освоија сите титули во една сезона и тоа е подвиг кој не е лесно некој да го израмни или подобри, Во сезоната 2015/16 тренерот од Хихон со Барселона освои тројна круна, а сега го преслика успехот со Пари Сен Жермен, Дури и може да се каже дека го надгради, бидејќи на почетокот од оваа сезона ...
Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања. Да бидам јасен, ЈАС НЕ користам дрога! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го користел тоа“, напиша најбогатиот човек во ...
Пари Сен Жермен е новиот европски клупски шампион! Парижаните го победија Интер во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА со резултат од 5:0 (2:0). „Алијанц Арена“ во Минхен е местото каде што францускиот клуб го постигна најголемото достигнување во својата историја. Избраниците на Луис Енрике ја запечатија судбината на Интер по само 20 минути. Ашраф Хакими ја донесе првата промена на семафорот по 12 минути, а осум минути подоцна Дезире Ду ...
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, даде интервју за „Тајмс“ во кое остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и го обвини за авторитаризам. Двајцата најпознати украински политичари се во отворена политичка војна. Нивниот долгогодишен латентен конфликт ескалираше јавно – и се чини дека Кличко тешко може да се извлече од овој политички клинч. Зеленски, користејќи ги овластувањата за воена состојба, назначи паралелна ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид e на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот, објави „Форбс“. Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона. „Лос ...
Од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот по завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица, соопштија од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда, за да може вработените кои не зеле пет месеци плата да им биде исплатена, соопшти на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска во Владата, заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Иџет Меџити се сретнале со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од ...
Во израелските напади, во изминатите 24 часа, во Појасот Газа загинаа најмалку 60 луѓе во Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Министерството за здравство во палестинската енклава наведе дека во израелските воздушни напади повредени се 284 лица. Во соопштението на Министерството за здравство се посочува дека во денешниот биланс на жртви не се регистрирани загинатите и повредените луѓе во северниот дел на Појасот Газа, бидејќи пристапот ...
Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се клучни за рано откривање на болестите. Пациентите, пак, кај кои тие веќе се откриени трагаат по што поскоро изнаоѓање термин за специјалистички преглед. Тие реагираат дека долго време, некогаш и со месеци чекаат за термин (кој го закажува матичниот лекар) за специјалистички прегледи во дел од клиниките и за ...
Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода. Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (улица Мариовска), кој тоне и на дел од конструкцијата се појавени пукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини. Ќе биде затворен до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење алтернативни патишта, сè до изнаоѓање на ...
„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава: Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик. Пратениците на ЛДП и во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за оваа реформа. Во понеделник, ЛДП ...
Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со потекло од Африка, што значи дека температурите од ден на ден се повеќе ќе растат. Инаку, денес најтопло до 17 часот беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 28 степени. Сепак попладнево, особено во источните предели имаше локален краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. На табелата можете да ги погледнете и ...
Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј отслужи архиерејска божествена литургија. -Годинава се навршуваат 1700 години од Првиот ...
Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива загрижува многу граѓани. -Доколку Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качувате на Титаник, изјави Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест на кој се бараше задржување на бугарската валута – левот. Од јануари, противниците на воведувањето на заедничка европска валута во Бугарија ...