Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна во источното предградие на главниот град Киев. Меѓу загинатите има три деца, а уште 15 се згрижени во болница. Министерот Денис Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот. Неговиот прв заменик министер и државниот секретар, исто така, загинаа, соопштија официјални лица, кога хеликоптерот се урнал во предградието Бровари. 42-годишниот ...

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ во однос на провокациите од страна на бугарските претставници што овој викенд беа присутни на чествувањето на Мара Бунева во Скопје потенцираше дека неговите ставови се одамна јасни уште од првото интервју за БГНЕС на поранешниот премиер. „Мислам дека државата треба да го спречи овој феномен и да не дозволи да се раѓаат нови. Ако сме ...

Вечерва кај Рампа во скопската населба Кисела Вода се случила тешка сообраќајна несреќа, објави Канал 5 телевизија. До редакцијата на националната телевизија пристигнале фотографии на кои се гледа штетата што ја претрпеле двете возила кои учествувале во несреќата. На фотографиите може да се види и дека на местото на несреќата интервенираат екипите на МВР и Брзата помош. Засега останува непознато дали има повредени или настрадани лица. Повеќе ...

Видео снимка објавена на социјалната мрежа твитер покажува видео на кое (како што наведува изворот) тројца Албански туристи влегуваат во конфликт со лица од локално Хрватско население. На видеото може да се забележи како три лица кои управуваат со моторцикли на четири тркала се движат по пешачка патека, при што еден од групата влегува во вербален конфликт со повозрасна особа. Што понатаму се случува погледнете во видеото и оценете сами. ...

УХМР за утре најавува дожд, особено попладне и во ноќните часови кога врнежите локално ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен и на места проследени со грмежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе продолжи да дува дува засилен до повремено силен јужен ветер од над 70 километри на час, но ќе се задржи релативно топло. Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во ...

На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници го слават Богојавление, Водици. Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст во водите низ целата земја. На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“. На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се ...

Процесот на скрининг напредува добро и стручните лица се добро подготвени. Но тоа не е доволно. Во процесот на евроинтеграција важно е спроведувањето на реформите и тука улога имаат повеќе чинители, но главната работа е на Владата, порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Гир при посетата на Охрид кажа дека во извештајот на Европската комисија се наведуваат реформите кои треба да се спроведат, а за тоа која е „најприоритетна“ треба да ...

Проблемите меѓу Бугарија и Македонија нема да се решат со агресија, туку само со емотивно зближување на дневна основа. Ова го изјавил поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски за бугарскиот весник „Дневник“, по провокативните изјави од бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов, за време на минатонеделното чествување во Скопје на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева. „Луѓето кои се занимаваат со активна политика, ...

Медиумите објавија снимка од апсењето на познатата активистка против климатските промени Грета Тунберг, која денеска беше приведена на протести во германското село Лицерат. „Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во ...

Очај, нов очај. За победа треба срце, треба желба, очигледно сето ова остана само на зборови, сите заборавија што значи борбеност. Искусните ракометари се претворија во почетници. Па резултатот воопшто веќе не е чуден, 18-11 на полувреме. Срамота е кога ќе ја погледнете статистиката и ќе заклучите дека нашите голмани имаат само една единствената одбрана во првиот дел. Покрај нив, одбранта делува аматерски, преспоро и е надиграна во секој сегмент ...

Кире Лазаров презеде одговорност по поразот од Аргентина, признавајќи дека ова е нашата реалност. Меѓутоа, се осврна и на незадоволството на „Фалангата“, која со свирежи ги испрати од теренот. Селекторот понуди извинување за лошите претстави и објасни дека таа колку што претставува помош за играчите, толку има право да очекува добар натпревар. „Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и ...

Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров посочи после новиот убедлив пораз на СП во Полска и Шведска, трет во групата од Аргентина, дека сепак ова е реалноста на селекцијата, иако не очекувал убедливи порази. Македонија загуби со 26-35 од Аргентина во неверојатно бледо издание без жар. „Аргентина заслужи да победи. Ова е нашата реалност. Пред ова СП, бевме рангирани последни, они беа пред нас. Во овој момент тие се подобри. ...

Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната Дума на разгледување нацрт-закон за престанок на важноста на меѓународните договори на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија. Имено, во базата на податоци на Државната дума на Русија е регистриран предлог-законот „За престанок на важност на меѓународните договори на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија“ поднесен од претседателот на Русија. Претходно, Владата на Русија го ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во изјава за медиумите рече дека се согласува да нема партиски вработувања и да се почитуваат професионалните вештини и квалификации на личностите. „Во принцип се согласувам дека работите не треба да се случуваат вака. Треба да има меритократија, да се почитуваат професионалните вештини и квалификации. Но, мора да имаме на ум дека квалификувани работници, луѓе со знаење ...

Прилепската полиција и обвинителството расчистуваат случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека, наводно, била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во општина Долнени. Како што информираат од СВР Битола, вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставено бомба. ...

Какво и да ни е државичево, со сите мани, недостатоци, кражби, нефункционалности е сепак наше, вели писателот и активист Божидар Божиновски кој упатува апел да не дозволиме македонската приказна да заврши со нашата генерација. Лоша е состојбата, најлоша што памтат нашите генерации ама не сме биле само ние овде, ни со нас почнува, а не смееме да дозволиме и со нас да заврши Македонија. Сигурно имало полошо, окупации, разни ѕверови и кевопии ...

„Иако Албанците и Македонците имаат различен јазик и култура, ја имаме Македонија заедно“, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната посета на општинскиот огранок на партијата во Гостивар -И затоа работиме, љубовта кон државата не се мери во килограми. Мора да одлучиме дали сме со Москва или со Брисел. Дали сме во минатото или во иднината? Нашата иднина нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ. Стабилноста ни е многу важна. Мислам ...

Студен аналитички поглед на актуелната состојба и иднината на Република Македонија. Грчката држава и го одзеде името на Република Македонија. Бугарската држава и го одзема историското, етничкото, културното и историското наследство. Државата Албанија (вклучувајќи ги сите нејзини сателити) ја зазема македонската територија. Македонците и Македонките не можат да се обединат. Извлечете свои заклучоци. Фејсбук статус на професорот Горан Калоѓера ...

Во падот на патничкиот авион со 72 лица вчера во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија вечерва властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи. Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за ...

Создаваме европска и држава според НАТО стандарди, во која обезбедуваме подобри услови за работа на Армијата и Полицијата, истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата посветена на реализацијата на капитални инвестиции. -Министерството за одбрана e силно посветено на модернизација на системот за одбрана и во 2022 година продолжи континуирано да вложува максимални напори за унапредување на одбранбените способности и капацитети. ...

Празничните денови во Прилеп и прилепско направија да скокнат цените на пазарот, и по прилепските маркети. Голем број на револтирани граѓани се обратија до СТАНИЦА.МК, се со цел да го искажат својот револт во однос на високите цени на овошјето (со исклучок на портокалите). На градскиот пазар во Прилеп и поголемите прилепски маркети, цената за 1 килограм банани изнесува од 95 до 105 денари – посебно за оние посвежите, што навистина создаде револт ...

Наместо да играат византиски игри, членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија нека кажат со што Бугарите заслужиле да влезат во Уставот, пишува на Фејсбук професорката по уставно право, Тања Каракамишева. – Уставот на една земја го отсликува, го обликува нејзиниот национален и уставен идентитет. Кој сегмент, кој етникум, ќе влезе во Уставот и во уставниот идентитет како конститутивен елемент не е прашање на политичка трговија или на ...

Политиката на Владата на претседателот Володимир Зеленски заснована на омраза и непопустливост кон Русија неизбежно ќе ја доведе Украина во сиромаштија, предупреди поранешниот лидер на парламентарната опозиција. Виктор Медведчук, кој беше принуден на егзил откако беше уапсен од СБУ, вели дека Киев го охрабрува истиот пристап и во другите европски земји. Тој верува дека таквото опасно чувство може да доведе дури и до евентуален нуклеарен ...

Денес, поддршката од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е многу важна за Украина. На средбата со претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, разговаравме за потребата да се зголеми вниманието на ОБСЕ за кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на Украина. Тоа се многу важни работи за нас, објави украинскиот претседател Владимир Зеленски по денешната ...

ДУИ го покажува нивниот великоалбански шовинизам и подреденоста на СДСМ во Владата, рече денеска пратеникот на Левица, Борислав Крмов, од Собранието на Република Македонија. – „Балансерот, заедно со Бадентеровото мнозинство се всушност инструменти за залоупотреба од страна на ДУИ. Според ниту еден попис, вклучително и последниот (којшто ние не го признаваме), процентот на Албанците никогаш не бил 41,5%. Од друга страна, тоа го покажува односот ...

Британските тенкови кои ѝ беа ветени на Украина ќе „горат“ на бојното поле, соопшти Кремљ. „Специјалната воена операција ќе продолжи. Овие тенкови горат и ќе горат“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од АФП. Тој додаде дека плановите на некои западни земји – како Британија и Полска – да испратат тенкови во Украина „нема да ја променат ситуацијата на теренот. Тоа само ќе ја продолжи оваа приказна“. БГНЕС потсетува ...

Предмалку додека министерката за одбрана Славјанка Петровска со своето службно воизло се движела по булеварот “Кочо Рацин” во непосредна близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, експлодирало возило во непосредна близина на нејзиното службено возило, дознава Инфомакс. Екипите на противпожарната бригада на Град Скопје се на терен го изгаснале возилото што експлодиралло, а увидна полиција е исто така на терен и местото е обезбедено. Од ...

За најголемиот број градови во светот – тие заземаат само три проценти од земјиштето, но сочинуваат 60 до 80 проценти од потрошувачката на енергија и 70 проценти од емисиите на јаглерод – тешко е да се замисли ваква трансформација која ја пишуваме во овој текст. Сепак, има се повеќе проекти на сосема нови градови ширум светот, кои од почетокот треба да бидат она што постојните градови само се обидуваат да го поправат на претходната „валкана“ ...

Најновото истражување покажало дека мажите кои се женат со жени кои имаат повеќе килограми се многу посреќни, всушност 10 пати посреќни од мажи кои за сопруги бираат послаби жени. Истражувањето кое го спровеле др. Филемон Алварадо и др. Едгардо Моралес, покажа дека со подебелките партнерки мажите повеќе се смејат и полесно ги решаваат проблемите поради што бракот им е во подобра состојба. Извор на нервоза често е гладувањето: …жените кои често ...

Шведска и Финска одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Им кажавме на Шведска и Финска: за да ви биде одобрено членството во НАТО, треба да ни предадете околу 130 терористи. За жал, тоа не беше сторено“, рече Ердоган, говорејќи во Мугла. Тој истакна дека Шведска конкретно одбила да го екстрадира новинарот Булент Кенеш, кој беше осуден на затворска казна во Турција. ...

Скопје

15ᴼ/15ᴼ
3.6
88%
1010

Белград

18ᴼ/18ᴼ
5.14
72%
1012

Софија

14ᴼ/13ᴼ
4.63
70%
1013

Сараево

21ᴼ/21ᴼ
4.15
49%
1010

Љубљана

21ᴼ/17ᴼ
1.54
73%
1015

Атина

22ᴼ/19ᴼ
7.15
44%
1005

Тирана

18ᴼ/18ᴼ
4.12
59%
1011

Подгорица

21ᴼ/18ᴼ
2.57
68%
1011
Currency

61.5987

Currency

57.1762

Currency

71.7446

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

591720 $

Рутениум

24115 $

Калај

31 $

Сребро

850 $

Злато

73884 $

Бакар

9 $

Паладиум

29945 $

Платина

30939 $

Родиум

151607 $

Цинк

91913 $