Британските тенкови кои ѝ беа ветени на Украина ќе „горат“ на бојното поле, соопшти Кремљ. „Специјалната воена операција ќе продолжи. Овие тенкови горат и ќе горат“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од АФП. Тој додаде дека плановите на некои западни земји – како Британија и Полска – да испратат тенкови во Украина „нема да ја променат ситуацијата на теренот. Тоа само ќе ја продолжи оваа приказна“. БГНЕС потсетува ...

Снабдувањето на Киев со британски тенкови Челинџер 2 ќе доведе до ескалација на конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин за руските медиуми. „Британците најавија дека први ќе достават тенкови во Украина, што не можам да го коментирам од воена гледна точка, но од политички аспект, тоа е, без сомнение, ескалација“, рече Келин, пренесе ТАСС. Тој посочи дека тенкот е офанзивно оружје, иако „до сега сите велеа ...