
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Дисциплинската комисија на Евролигата поведе постапка против претседателот на Панатинаикос, Дмитрис Јанакопулос, кој жестоко ги критикуваше судиите и челните лица на ова натпреварување. Ова не e првпат Јанакопулос да влезе во вербален дуел со Евролигата, а сезонава тоа го стори во неколку наврати, по што челниците решија да покренат постапка која може да доведе до нова казна и сакнција за првиот човек на „детелинките“. Јанакопулос со неколку ...
Кристофер Нкунку ги брои последните денови на „Стенфорд Бриџ“. напаѓачот не е задоволен од статусот што го има во тимот и порачал на клупските челници дека сака да го напушти Челси. Нкунку одигра само 910 минути во 27-те натпревари колку што беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер во Конференциската лига. Во ова натпреварување тој постигна пет гола и забележа три асистенции во девет натпревари. ...
Македонија против ракометната репрезентација на Литванија ќе го игра клучниот дуел во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Нашиот национален тим загуби на гостински терен и дома мора да брка победа за да има шанси да патува на континенталниот собир или како второпласирана, или како една од најдобрите третопласирани екипи. Списокот на литванската репрезентација: Голмани: Вилиус Рашимас (Хафнарфјордур Хаукар, Исланд), Лукас ...
Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со 2:1 во 34-то коло од шпанската Ла Лига. Ваљадолид го забележа осмиот пораз по ред, а вкупно 19-ти во последните 20 натпревари, а испаѓањето на тимот од Ла Лига беше потврдено претходно. Барса, од друга страна, освои важни три бода во трката за титулата, па сега има +7 во однос на второпласираниот Реал Мадрид, со натпревар повеќе. Тимот на Ханси Флик немаше лесна задача против „фенерџијата“, ...
Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мајами. Четирикратниот светски шампион ќе ја започне трката во недела прв откако ја освои пол-позицијата со време од 1:26.204, 65 илјадитинки побрзо од Ландо Норис во Мекларен. Кими Антонели во Мерцедес заврши трет со време за две илјадитинки побавно од Норис. Траката од третиот ред ќе ја запонат Џорџ Расел и Карлос Саинц. Одличната форма на Вилијамс ја потврди Алекс ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа одигра нов тежок и тесен меч со Анастасија Тихонова, но за жал го претрпе и третиот пораз во четвртата пресметка со Русинката. Лина правеше пресврт во првиот сет и успеа да го добие истиот во тајбрејкот, но потоа еден брејк во вториот беше доволен за израмнување на 1:1 (6:4). Тихонова прва направи брејк и во одлучувачкиот трет сет, Лина возврати и израмни на 3:3, но немаше доволно сили за нов пресврт како во ...
Третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Евролигата по се изгледа беше последен за Ти-Џеј Шортц во Париз. Порталот „Eurodevotion“, наведува дека Американецот со македонски пасош, во моментов има премногу профитабилни понуди за да остане во тимот на Париз. Леворакиот плејмејкер играл за (наводно) 450.000 евра оваа сезона, а овој извор најавува дека лесно би можел да потпише за четири до пет пати поголема сума ова лето. Истиот портал ...
аполи со 1-0 славеше на гостувањето кај Лече благодарение на гол на Распадори во првото полувреме, тимот на Конте ја задржа пол-позицијата за шампионската титула во Италија. Единствениот погодок на мечот се случи во 24. минута кога Распадори погоди за 1-0 за Наполи што беше и конечен резултат. Момците на Конте имаат уште три кола до крајот, потребни им се седум бода од нив под претпоставка Интер да не киксе до крајот. Лече ќе се бори за опстанок ...
Лидс Јунајтед славеше драматична победа од 1:2 на гостувањето кај Плимут во последното коло од Чемпионшип лигата на Англија и ја обезбеди титулата во второто по ранг англиско фудбалско натпреварување. Лидс Ј. заедно со Барнли од претходно го потврдија своето враќање во англиската елита, но денеска и двата клуба се бореа за тоа кој ќе биде шампион оваа сезона во Чемпионшип. Барнли славеше со 3:1 против Милвол, освои 100 бода исто како и Лидс Ј., ...
Екипата на Арсенал доживеа шокирачки пораз на свој терен од тимот на Борнмут со конечни 1:2. Иако домаќинот според сите очекувања успеа да поведе преку Деклан Рајс во првиот дел, сепак, во второто полувреме противникот на огромно изненадување, направи комплетен пресврт. Хујсен најпрво во 67. минута изедначи на 1:1, а потоа Еванилсон во 75. минута направи комплетен пресврт со голот за 1:2. До крајот Арсенал и нешто и се обиде да поправи но без ...
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот клуб Ал-Ахли испишаа историја со освојување на титулата во Азиската Лига на шампиони, еден од најпрестижните фудбалски трофеи во континентот. Во финалниот натпревар што се одигра во Џеда, Ал-Ахли покажа доминација и со сигурна игра го совлада јапонскиот тим Кавасаки Фронтале со 2:0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, и тоа најпрво Галено со прекрасно изведен удар во 35. минута, а ...
Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук. „Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти. Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше. „Далматински Портал“ пишува дека на ...
Кошаркарите на Игокеа убедливо го победија Морнар во Бар со 114:79 во последното 30. коло од регуларната сезона во АБА лигата. Со оваа победа, Игокеа го обезбеди петтото место на табелата од регионалното натпреварување и ќе игра против Црвена звезда во плејофот, додека Морнар испадна во АБА 2 лигата. Тимот од Лакташи заврши на петтото место со 19 победи и 11 порази, додека Морнар заврши последен на табелата со само две победи и 28 порази. Познат ...
Екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел славеа победи на натпреварите од шестото коло во машкиот ракометен плеј-оф од Суперлигата. Актуелниот шампион одигра цврсто со РК Тиквеш кој пружи силен отпор, но попушти во завршницата и беше совладан со 29-25. Во клучните моменти како вистински лидер кај тимот на Раул Алонсо се истакна Дејан Манасков кој натпреварот го заврши со десет гола. На спротивната страна Славче Шулески постигна пет. Изненадување ...
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи. Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. ...
Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието на јавноста по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата (85:82). Со овој триумф, Ефес се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина во вторник, но наместо да зборува само за кошарка, пораките на Јанакопулос на „Инстаграм“ привлекоа внимание. Во низа објави на оваа социјална мрежа, сопственикот на „зелените“ не ...
Алавес успеа да освои важен бод во борбата за опстанок играјќи без голови (0:0) против третопласираниот Атлетико Мадрид на домашен терен во натпреварот од 34-то коло на шпанската Ла Лига. Првото полувреме на стадионот „Мендизороза“ беше избалансирано, без возбудувања и без ниту еден шут кон голманите Сивера и Облак. Највозбудливиот момент се случи во 40-та минута кога Хулијан Алварез доби директен црвен картон за старт врз Факундо Гарсес. Сепак, ...
Фудбалерите на Баерн Минхен уште една недела ќе почекаат на прославата на шампионската титула. Во 32.коло, Баварците во Лајпциг одиграа 3:3. Фудбалерите на Баерн неколку секунди ги делаа од победата со која и математички ќе ја освоеја титулата, но во 95.минута Пуолсен постигна гол за 3.3. Лајпциг водеше со 2:0 со головите на Шешко во 11-та и Клостерман во 39-та минута. Сепак, во вотриот дел, играчите на Баерн играа шампионски, успеаја да ...
Динамо го победи Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби со 1:3 и со тоа го презеде врвот на табелата. Динамо поведе во 51-та минута со голот на Ронаел Пјер-Габриел, но само пет минути подоцна Марко Ливаја израмни. Сандро Куленовиќ постигна гол со глава во 64-та минута по асистенција на Марко Пјаца, додека Петар Сучиќ ја потврди победата во 102-та минута. Со оваа победа, Динамо го зголемија своето бодовно салдо на 58 и ги прескокнаа Хајдук ...
Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги победија Голден Стејт Вориорс со 115:107 на гостински терен во плејофот на НБА. Со победата, Рокетс ја израмнија серијата на 3:3 и обезбедија мајсторка за пласман во конференциското полуфинале пре пред своите навивачи. Екипата на Хјустон до победата ја предводеше Фред Ванвлит со 29 поени, осум скока и исто толку асистенции, а го следеше Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, односно 21 поен, 14 скока и шест ...
Иако Баер Леверкузен не сака Флоријан Фирц да заврши во Минхен, сепак кога некој ќе ти понуди 125 милиони евра секако дека не можеш да одбиеш. Инаку “баварците“ му нудат и на Вирц 125 милиони евра за пет години или годишно по 25 милиони евра со што би се израмнил во висина платата со Хари Кејн и би земал повеќе од останатите ѕвезди на клубот. Од друга страна овој пакет што Баерн го понуди за Вирц не е гаранција дека и ќе се оствари овој ...
Околу 9 часот утрово, во сплитската населба Пујанке избувна масовна тепачка пред најголемото хрватско фудбалско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, кое се игра на стадионот „Пољуд“. Поголема група маскирани „Бед Блу Бојс“, навивачи на Динамо, упаднаа во Сплит и се судрија со членови на „Торцида“, а наводно станува збор за договорена тепачка, 200 на 200. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, по што настанала целосна турканица, а ...
Фудбалерите на Астон Вила го победија тимот на Фулам со од 1:0 во 35-то коло од Премиер лигата и ја продолжи борбата за пласман меѓу првите пет на табелата. Вила ја продолжи серија без пораз на домашен терен во лигата на импресивни 17 натпревари. Решавачкиот момент се случи во 12-та минута, кога Јури Тилеманс скокна највисоко по корнерот на Џон Мекгин и со глава ја затресе мрежата на Фулам. Голманот на гостите, Бернд Лено, успеа да ја закачи ...
Шпанскиот фудбалски стратег Чаби Алонсо веќе планира големи промени во тимот на Реал, кој ќе го преземе од Карло Анчелоти ова лето, а неговата намера е да го земе со себе 29-годишниот Германец. Џонатан Та е сè уште голема желба на Барселона, но и на Реал Мадрид. Та станува слободен играч, одамна потврди дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен и дека сака да оди во поголем клуб. Тој би имал сигурно конкуренција, но и минути во Реал ...
Англискиот фудбалски репрезентативец Трент Александер – Арнолд по завршување на сезоната оваа лето ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот. Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва сезона му ја донесе титулата на Ливерпул, замената за Трент ја има и тоа во своите редови. Бредли Конор би требало да ...
Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) казни два клуба од Кенија и Виетнам поради манипулирање со исходот од фудбалски натпревари и ги исфрли во третите дивизии на земјите, соопштува агенцијата Ројтерс. Дисциплинската комисија при ФИФА откри дека кенискиот Мухорони спроведувал „активности поврзани со манипулација на фудбалски натпревари и турнири“. Дел од казната е отстранувањето на тимот од втората дивизија и испраќањето во трета. ...
Младинците на македонскиот ракометен шампион на квалификацискиот турнир во Букурешт извојуваа две победи и се пласираа во Келн. Избраниците на Мемиќ и Митревски кон средината на јуни ќе ја почувствуваат атмосферата на еден голем ракометен собир во Келн, а во полуфиналето за противник ќе го имаат младинскиот тим на ГОГ Гудме. Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Барселона. Термините и саатниците за полуфиналните натпревари ќе ...
Марк-Андре тер Штеген ги одбројува минутите до неговото долгоочекувано враќање во протоколите за натпревари на Барселона, откако е надвор од терените 223 дена, а доколку сè оди според планот оваа сабота, против Ваљадолид, тој би требало да биде повторно меѓу стативите. -Тер Штеген ќе брани од првата минута. Тој тренира фантастично веќе некое време, покажа завидно ниво на форма и е подготвен…“, беше недвосмислената изјава на тренерот Ханси Флик ...
Ферари планира да претстави значајни ажурирања на својот болид на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола, која ќе се одржи од 16 до 18 мај, пишува „Autosport“. Италијанскиот тим смета на построги контроли на свиткувањето на предните крила, со новите тестови кои треба да стапат на сила на Шпанското ГП (30 мај – 1 јуни). Ова може да му помогне на Ферари да ја подобри својата позиција против другите врвни тимови. Надградбите се ...
Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути. Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка. Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100). ...