Вечера во Париз ќе биде познат противникот на Интер во финалето во Лигата на шампионите. На „Паркот на принцовите“, ПСЖ со предност од 1:0 ќе го пречека Арсенал, во полуфиналниот реванш. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот изјави дека целосно верува оти неговиот тим може да го добие реваншот и дека ќе биде потребно нешто извонредно за да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите. „Одиме во Париз по победа и верувам дека ...

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4:3 по продолженија во спектакуларниот реванш од полуфиналето на домашен терен, со што се пласираше во натпреварот за титулата европски шампион со вкупен резултат од 7:6. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ – Арсенал, кои играат возвратно вечерва. Франческо Ачерби постигна гол за Интер во третата минута од судиското продолжение за 3:3 и продолжение. Таму, во 99-тата ...

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75:67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата. Панатинаикос го отвори натпреварот брилијантно. Со одлична одбрана, домашниот тим одговори на громогласната поддршка од своите навивачи од трибините, а Џеди Осман беше особено инспириран. Екипата на Ергин Атаман одигра беспрекорна одбрана ...

Информавија која ја пренесуваат светските медиуми е дека тимот од Саудиска Арабија Ал – Хилал му нуди на капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш неверојатни 76 милиони евра годишно. Јасно е дека оваа понуда е вредно да се разгледа, ама по се изгледа Португалецот тешко дека ќе ја прифати, барем засега. Бруно има договор со Манчестер Јунајтед до 2027 година. Сепак останува да се види каков потег ќе направи тој, а и неговиот сегашен клуб. ...

Барселона не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите. Во два спектакуларни натпревари, Интер славеше со вкупен резултат 7:6. По нерешениот резултат 3:3 во спектакуларниот прв натпревар, италијанскиот тим ја победи Барселона со 4:3 по продолженијата и со тоа се пласираше во второто финале во последните три сезони. Барселона губеше со 2:0 на полувреме, а во 88-та минута имаше водство од 3:2, но сè се распадна во последните секунди ...

Фудбалерите на Интер се првите финалисти на Лигата на шампионите. Вечерва, италијанскиот тим ја победи Барселона со 4:3 по продолженија. Победничкиот гол го постигна Давиде Фратези во 99. минута од натпреварот, а токму тој застана пред камерите на „Скај Спорт“ по победата. „Имам среќа што го завршив натпреварот бидејќи славев толку силно што ми се стемни и ми се вртеше главата. Морам да им се заблагодарам на физиотерапевтите бидејќи ги истегнав ...

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4:3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3:3. Интер по првиот дел имаше предност 2:0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија. ...

Лејкерси имаат очајна потреба од центар и го пронајдоа во Далас, па затоа се очекува уште една размена на играчи меѓу овие два тима во следниот период. Франшизите од Калифорнија и Тексас засекогаш ќе бидат поврзани, без разлика дали им се допаѓа или не, поради историската размена на Лука Дончиќ што се случи оваа сезона и заминувањето на Ентони Дејвис во спротивна насока. Како што стојат работите, тоа нема да биде единствената високопрофилна ...

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 85:84, ја доби серијата со 3:2 и се пласираа на завршниот турнир од Евролигата. Брилијантен натпревар одиграа Монако и Барселона во „Гастон де Медесин“. Благодарение на Мајк Џејмс и Јоргос Папајанис, Монако пласира на Ф4, додека Барселона ќе жали за промашениот шут на Кевин Пантер во последните моменти од натпреварот. Мајк Џејмс постигна 20 поени, имаше и еден скок со 5 асистенции, додека Јоргос ...

Флоријан Форц, доживеа метеорски успех во изминатите две сезони. Го привлече вниманието на најдобрите европски клубови, а според медиумите во Германија донел одлука околу идниот клуб. Реал Мадрид и Манчестер сити важеа за најголеми фаворити во трката за потписот на Вирц. Спеак талентираниот играч за врска решил да не ја напушта Германија. Дел од германските медиуми тврдат дека Вирц му кажал на тренерот Чаби Алонсо дека кариерата ќе ја продолжи ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. -Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот. Она што го видовме е срамно и неприфатливо. Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да ...

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон ја доби наградата за најдобар тренер на сезоната во НБА. Во својата прва сезона во Кливленд, а во својата петта сезона во НБА, Аткинсон за прв пат стана освојувач на трофејот „Ред Оербах“. Тој ја освои наградата со 401 поен. Второто место го освои Џеј-Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени, а третото место го освои Име Удока од Хјустон со 113 поени. Аткинсон ги предводеше Кавалирс со 15 последователни победи на ...

„Лудило“ се очекува на трибините на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Милано помеѓу Интер и Барселона, а италијанскиот клуб веќе ги трие рацете кога е во прашање заработката од продажба на билети. Фудбалерите на двата тима ја кренаа атмосферата до точка на вриење со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3), а навивачите на „нероаѕурите“ најавија незаборавна кореографија. Беа побарани повеќе билети, а стадионот „Ѓузепе ...

Александар Чеферин ја критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека таа е полоша во Италија отколку во која било друга голема фудбалска земја во Европа. Пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Интер ќе се сретне со Барселона, претседателот на УЕФА разговараше со „СпортМедијасет“, меѓу другото, зборуваше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој да биде местото каде што ќе се игра финалето на Лигата на ...

Чаби Алонсо (43) би можел да го наследи Карло Анчелоти (65) и да стане тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот шпански фудбалер, кој го предводеше Баер Леверкузен до двојната круна минатата сезона и претрпе само пораз во финалето на Лига Европа, наводно веќе преговара со „кралскиот клуб“. „Дефенса Централ“ пишува дека добил список со имиња на шест играчи на Реал кои би можеле да го напуштат клубот во летниот преоден рок. На некои од ...

Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Елвир Баљиќ, остро го критикуваше Жозе Мурињо и она што под неговот водство го прикажува Фенербахче. Во 32-то коло од турското првенство, Фенербахче претрпе пораз против големиот ривал Бешикташ со резултат од 1:0, со што практично испадна од трката за титулата четири кола пред крајот на првенството. Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а многумина во клубот од Истанбул ...

Баерн се огласи за иднината на напаѓачот Хари Кејн откако се појавија гласини за негово можно враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во клубот од Минхен во летото 2023 година со репутација на одличен напаѓач, но и како играч кој никогаш не освоил титула во својата кариера. Хари Кејн во неделата го симна проклетството, Баерн ја обезбеди титулата на две кола до крајот на сезоната, а Кејн учествуваше во неа како најдобар стрелец во лигата. Тој ...

Њујорк Никс ги победија актуелните шампиони, Бостон Селтикс, со 108:105 по едно продолжение и поведоа со 1:0 во второто коло од плејофот. Тимот од Њујорк успеа да се врати по минусот од 20 поени, го израмни резултатот на крајот од регуларното време и се избори за победа во продолжението. Покрај уште еден маестрален меч на Џален Бренсон, овој натпревар ќе биде запаметен и по историски слабите шутерски перформанси на актуелните шампиони… Во овој ...

Кошаркарите на Денвер победија во Оклахома со 121:119 и поведоа во полуфиналната серија против Тандер со 1:0. Натпреварот во Оклахома го реши Арон Гордон со тројка на помалку од три секунди до крајот. До победата, Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 42 поени, 22 скока и шест асистенции. Јокиќ, добитник на МВП наградата три пати во последните четири сезони, го доби првиот дуел со Шеј Гилџес-Александер, кој според сите прогнози оваа сезона ќе ја ...

Беше јасно дека Жоржињо нема да остане во Арсенал од следната сезона, но одлуката за новиот клуб е многу интересна. Италијанскиот репрезентативец, реши да се врати дома, потпиша договор со Фламенго. Извонредниот играч од средниот ред е роден во Бразил, поточно во Имбитуба. На 15-годишна возраст се преселил во Италија, од каде што потекнува неговиот дедо, па затоа и доби италијанско државјанство. Веднаш по завршувањето на сезоната, Жоржињо ќе ...

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој пред една година ја заврши кариерата, Тони Крос, го пофали играчот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар во светот на својата позиција. Реал Мадрид и Барселона се борат на сите фронтови, секој збор на сегашни и поранешни играчи, тренери, членови на управниот одбор, со внимание се слуша, па кога некој ќе излезе и јавно ќе пофали играч на противничкиот тим, како што направи Тони ...

Британските мотоциклисти Шејн Ричардсон и Овен Џенер ги загубија животите во ужасна несреќа што се случи за време на втората трка од Британското суперспорт првенство во Оултон Парк. Големиот инцидент се случи во првата кривина од првиот круг, а во него учествуваа вкупно 11 возачи. Трката веднаш беше прекината, а остатокот од програмата беше откажан. Од 11-те возачи, тројца се здобија со тешки повреди, а 29-годишниот Ричардсон и 21-годишната ...

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека е завршена исплатата на сите заостанати долгови кон официјалните лица, вклучувајќи судии и делегати, кои учествуваат во натпреварите организирани од федерацијата. Проблемот со долговите кон официјалните лица во изминатиот период предизвика прекин во кошаркарските активности во земјата. Неплатените обврски исто така, создадоа незадоволство кај учесниците и привремено го наруши текот на ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс, во спектакуларен натпревар, се вратија по негативата од 14 поени и ги победија Оклахома Сити Тандер со 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција. Херои на Нагетсите, во победата во Оклахома се Никола Јокиќ и Арон Гордон. Јокиќ одигра брутален натпревар, постигнува 42 поени, со 22 скока и шест асистенции, а Гордон на помалку од три секунди до крајот постигна тројка за победа. Денвер имаше ...

Тренерот на Интер Симоне Инзаги го најави дуелот со лидерот во Шпанија во Барселона во рамките на полуфиналето на ЛШ. -Очекувам силен Интер. Свесни сме за важноста на овој натпревар. Ќе биде потребен одличен настап против многу силен тим, чија класа веќе ја искусивме од прва рака. Ќе ни треба Интер кој е фокусиран и јасен во своите акции. Околу тоа кој ќе игра, ќе донесеме одлука заедно со тренерскиот штаб и самите играчи. Тие треба да ми кажат ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, имаше многу да каже за тактиките на својот тим за време на Големата награда на Мајами, а голем дел од разговорите меѓу него и тимот можеа да се слушнат во ТВ преносот. Меѓу другото, седумкратниот светски шампион им рече на членовите на својот тим да направат пауза за чај за време на трката, која ја заврши на осмото место, зад колегата Шарл Леклер. Хамилтон стартуваше од 12-та позиција на улиците на Мајами, но се ...

Во голема тепачка во Белград наводно учествувале четворица кошаркари на Партизан. Во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се случи голем инцидент и тепачка во која, според непотврдени информации, актери биле кошаркари на Партизан. По тепачката, две лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице се здобило со тешки повреди, дознава „Спортал“. Овој извор наведува дека биле вмешани Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк ...

Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1:0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок. Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање. Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот. Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат ...

Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата. Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1. Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо. Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од ...

Македонија остана без еден од ракометарите на бековската позиција за квалификациите за ЕП 2026, затоа што се повреди Мартин Велковски. Десниот бек не настапи на последниот дуел за Алкалоид против Вардар 1961, па утврдено е дека поради повреда нема да може да и помогне и на репрезентацијата. Македонија во последните два меча од циклусот игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванију, а потребни ни се две победи за да останеме во игра ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
84%
1012
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.54
78%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
7.25
72%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
54%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
88%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
84%
1008
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
94%
1010
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
83%
1010
Currency

61.54

Currency

52.7356

Currency

70.9968

Currency

34.4774

Currency

38.3591

Currency

65.8658

Currency

7.37457

Currency

0.66228

Currency

0.35925

Currency

0.52578

Currency

1.28226

Currency

0.59842