
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На „Сан Сиро“ се најавуваат големи промени во летниот преоден рок. На сите им е јасно дека Милан нема добра сезона. Неочекувано испаднаа од Феенорд во ЛШ, а во исто време на клубот му „виси“пласманот во елитното натпреварување за наредната сезона, додека во Купот на Италија се уште е во трка за пехарот. Серж Консеисао по елиминацијата од Лигата на шампионите сфати дека мора да го засили тимот во сите линии, а во моментов има пречкртано најмалку ...
Фудбалерите на Удинезе славеа во Лече со 1:0 во првиот натпревар од 26.коло во Серија А. Единствениот гол, од пенал во 26.минута го постигна Лоренцо Лука. Пеналот беше највпечатливиот момент на натпреварот, за него се зборува во италијанската фудбалска јавност. Играчите на Удинезе ќе се истепаа кој да го шутне пеналот. На пеналот му претходеше прекршок на Габи Жан врз Санди Ловриќ, а по потврдата на пеналот од ВАР собата, Лоренцо Лука ја зграпчи ...
Хрватската кошаркарска репрезентација доживеа тежок удар, за прв пат во историјата нема да учествува на Евробаскет, што ќе ги оддалечи уште неколку години од големите натпреварувања. Клучниот пораз, Хрватите го доживеаја синоќа во „Јазине“ во Задар од Франција 80:83. Со овој неуспех, Хрватска ги заврши квалификациите на третото место во групата Е, од која покрај Франција и Босна и Херцеговина, пласманизбори Кипар кој е еден од организаторите на ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без шанси да се пласира на Европското првенство кое во септември ќе се одржи во Кипар, Финска, Латвија и Полска. Вечерва во Талин, Естонија ја порази Македонија со 84:65 (22:17, 16:22, 20:11, 26:15). Естонија со оваа победа си обезбеди место на Европското првенство. Настрана домаќинското судење, но мора да се приснае дека репрезентацијата на Македонија нема квалитет за да настапи на ...
Во првото полувреме немаше голови, но второто полувреме изобилуваше со експлозивен фудбал. Ал-Наср поведе преку голот на Јахја, резултатот го израмни поранешниот играч на Ливерпул Вајналдум. Ал-Наср уште еднаш поведе со 2:1 со голот на Ал Фатил, на асистенција на Марсело Брозовиќ. Истиот играч си постигна автогол за 2:2, а точка на резултатот на овој меч стави Вајналдум со уште еден гол, а беше 3:2 за Ал-Етифак. Навистина интересен и содржаен ...
Диего Чоло Симеоне и да посакаше немаше да добие така тежок распоред во следниот период и тоа од 25 февруари до 2 април. Имено откако вчера за ривал во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите го доби Реал Мадрид веројатно ќе се онесвестеше. Имено за тие 37 дена неговиот тим треба да одигра трипати со Барселона и двапати со Реал Мадрид, другите мечеви не ги сметаме, сепак Барса и Реал се нешто посебно. Па да тргнеме со ред. На 25 март се игра првиот ...
Боби Портис, НБА шампионот од 2021 година и кошаркар на Милвоки Бакс, е суспендиран на 25 натпревари, објави Шамс Чаранија, најпознатиот НБА инсајдер. Искусниот кошаркар ги прекршил правилата на НБА во врска со употребата на дрога, а всушност направил бизарен превид. Според Марк Бартелштајн, менџерот на Портис, американскиот кошаркар измешал имиња на два лека и внел во своето тело недозволена супстанца. „Боби случајно го зел Трамадол, мислејќи ...
Милан е најнов играч на листата на на повредени фудбалери на кои Консеисао не може да смета е Кајл Вокер. Англичанецот пристигна како големо засилување за одбраната и беше незаменлив на последните средби, тој ги одигра сите 90 минути на реваншот со Феенорд, но веднаш по мечот се пожалил на болка во мускулот на ногата. Деталните прегледи покажале дека проблемот не е премногу сериозен, но Вокер не тренираше последните два дена и сигурно нема да ...
Суспензијата за Џуд Белингам од два натпревари останува на сила. Ова е одлуката на комисијата за жалби на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, откако Реал Мадрид побара поништување. Според одлуката, „кралскиот“ клуб не успеал да обезбеди доволно докази за да го докаже спротивното од она што го одлучиле главниот судија на мечот против Осасуна и дисциплинската комисија. Тоа значи дека репрезентативецот на Англија нема да биде дел од составот на Реал ...
Во првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации во женска конкуренција, фудбалската репрезентација на Македонија е совладана од Косово со 4:0. Серијата голови ја отвори Катарина Бичкај во шестата минута, а потоа по три минути игра во вториот дел зголеми и на 2:0. Во 65. Гентјана Фетај го постигна третиот погодок за гостинките, а конечните 4:0 беа дело на Валентина Метај во 67. минута. Во следното коло Македонија на домашен терен на ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон уверен е дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула. -Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има се што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи”, изјави Хамилтон за „Скај 2“. Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, од Мерцедес се ...
Тимот на Манчестер Јунајтед викендов оди на гостување кај Евертон во рамките од новото коло до премиер лигата, во стартниот саботен термин од 13:30. Клубот од Олд Трафорд и натаму се мачи на резултатски план има само четири победи во 14 мечеви под водство на менаџерот Рубен Аморим. Од друга страна Евертон има четири победи во пет меча. – Понекогаш не гледате напредок во тимот, но доаѓаат потешки натпревари и чувствувате дека можете да играте ...
Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13). Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк. Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за ...
Тренерот на Динамо Букурешт, Давид Дејвис Камара, добро знае како е да се игра во Битола и потенцираше дека за нив ова е клучен натпревар. – До крајот на групната фаза има уште три натпревари, а нам ни требаат два бода за да обезбедиме пласман во следната фаза. Затоа овој натпревар е клучен за доближување на нашата цел. Ако ја погледнеме ситуацијата на табелата, Еурофарм Пелистер е наш директен конкурент. Свесни сме за важноста на овој натпревар ...
Mарк Гуехи (24), капитенот на Кристал Палас е решението за проблемите што ги има Челси во дефанзивната линија на тимот. Гуехи, е дете на Челси, а откако не доби вистинска шанса во сениорскиот тим, клубот во 2021 година го продаде во Крустал Палас за 23 милиони евра. На „Слехрст Парк“ кариерата на Гуехи тргна во нагорна линија. Во март 2022 година, тој дебитираше за англиската репрезентација и стана стабдарден репрезентативец. Минатото лето ...
Борац Бања Лука и Јагелонија, екип на македонските интернационалци Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа противниците во осминафиналето во Конференциската лига. Борац со Николов и Шишковски ќе играат против Рапид Виена, а Јагиелонија на Чирлинов со Серкл Бриж. Осминафиналени двојки: Фиорентина – Панатинаикос Борац Бања Лука – Рапид Виена Јагелонија – Серкл Бриж Легија – Молде Целје – Лугано Џургарден – Пафос Челзи – ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо гостуваше во подкастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел. Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша кој тренер е најдобра во историјата на Премиер лигата, Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола. – Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери, изјави Мурињо, а ...
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март, а атмосферата веќе ја подигнаа Макс Ферстапен и Џорџ Расел. Возачите на Ред Бул и Мерцедес ја продолжија вербалната војна која започна минатата сезона на Големата награда на Катар.. Ферстапен доби казна на стратот, а трката во Катар ја стартуваше од пол-позицијата Расел. Британецот се жалеше дека Холанѓанеџот го попречувал додека бил во брз круг. Судиите ја уважија жалбата на расел. Потоа Макс ...
Лионел Меси, пред два дена, покажа дека се уште има магија во неговите нозе. Постигна брилијантен гол за Интер Мајами во Канзас сити во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ. Аргентинецот е еден од најпопуларните спортисти на денешницата. Судијата Ортиз Нава побарал автограм од Меси по натпреварот. Најпрво се зборуваше дека го побарал дресот од Лионел, но на крајот се покажа дека тој барал авторграм. Челниците на КОНКАКАФ решија да го казнат судијата ...
Градското дерби Реал-Атлетико ќе се одигра во осминафиналето во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката во Нион. Интересно за нешто повеќе од еден месец Реал и Атлетико ќе одиграат четири натпревари, бидејќи ждрепката ги спои и во полуфинaлето. Осминафинални двојки:: ПСЖ – Ливерпул Клуб Бриж – Астон Вила Реал – Атлетико ПСВ – Арсенал Феенорд – Интер Баерн – Баер Леверкузен Борусија Дортмунд – Лил Бенфика – Барселона Четвртфинални двојки: ...
Клубовите кои се гордост на на шпанската покраина Баскија, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, ќе бидат актери на двата најпривлечни натпревари во осминафиналето во Лига Европа. Ждрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион во оваа фаза ги спои Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед, односно Рома и Атлетик Билбао. Осминафинални двојки: Викторија Плзен – Лацио Боде/Глимт – Олимпијакос Ајакс – Ајнтрахт АЗ Алкмар – Тотенхем Реал Сосиедад – Манчестер ...
Раководството на американската професионална кошаркарска лига (НБА) денеска го суспендираше играчот на Милвоки бакс, Боби Портис на 25 натпревари (без плата), откако беше позитивен на тестот за лекови против болки трамадол, со што беше прекршена антидопинг програмата на лигата. Суспензијата стапува на сила вечерва, на натпреварот против Лос Анџелес клиперс, а Портис нема да може да игра до 8 април, што ќе биде 79. натпревар за Милвоки во ...
Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама ќе го пропушти остатокот од сезоната. Шамс Чаранија, познат НБА инсајдер, како причина го наведува згрутчувањето на крвта во десното рамо. Францускиот центар минатиот викенд учествуваше на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско, па оваа вест е дотолку повеќе изненадувачка. Сезонава тој има просек од 24,3 поени, 11 скока и 3,7 асистенции на 46 натпревари. Вембањама е член на Спарс од 2023 година, кога ...
Тотенхем ја има една од најлошите сезони во поновата историја на Премиер лигата, а лондонскиот тим е подготвен да направи сериозни промени во составот, почнувајќи од капитенот. Хеунг-мин Сон, легенда на Тотенхем, би можел да го напушти клубот следното лето како дел од целосната реорганизација на тимот. Јужнокорејскиот интернационалец и стрелец на 172 гола за клубот од северен Лондон, би можел да биде продаден веќе во следниот преоден рок. Без ...
Фудбалерите на Фенербахче се пласираа во осминафиналето во Лига Европа. По убедливата победа во Истанбул (3:0), јасно беше дека избраниците на Жозе Мурињо ќе го минат Андерлехт. Во Брисел ремизираа (2:2), но дуелот во престолнината на Белгија го обележаа инцидентите на трибините. Во четвртата минута Јусеф Ен Несири постигна гол за Фенербахче, а набргу потоа натпреварот беше прекинат. Швајцарскиот судија Сандро Шерер беше принуден да ги врати ...
Феенорд успеа да го елиминира Милан и да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Овој голем успех нема да го остави Паскал Боскарт на клупата на холандскиот клуб. Според вестите од Холандија, Феенорд постигнал договор со Робин Ван Перси, поранешен играч на клубот и актуелен тренер на Херенвен. Во текот на денот, Ван Перси ќе потпише договор до јуни 2027 година, а помошник ќе му биде Рене Хаке. Ван Перси ја започна својата ...
Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната ќе го продаде напаѓачот Виктор Бонифејс. Нигерискиот напаѓач минатата сезона беше важен играч за Баер и заедно со Флоријан Вирц, Алехандро Грималдо и Џереми Фримпонг имаше најголемо влијание во историската сезона на клубот од Леверкузен. . Оваа сезона, сепак, тоа не е случај. Бонифејс, исто така имаше проблеми со повреди, а честопати ги започнува натпреварите од клупата за резерви. На последниот ...
Само двајца играчи на Барселона оваа сезона продаваат повеќе дресови на каталонскиот гигант од Лионел Меси. Иако според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот го напушти „Камп Ноу“ во 2021 година, тој останува огромен туристички магнет во градот на североисточниот брег на Шпанија. Со оглед на тоа што 37-годишниот играч повеќе не е член на клубот, на Барса и е забрането да продава дресови со неговото име на фан шоп. Сепак, верните ...
Фудбалерите на Борац Бања Лука ремизираа 0:0 со Олимпија во Љубљана и со тоа обезбедија пласман во 1/8 финалето од Конференциската лига. 91 минута во историскиот успех на Борац одигра поранешниот македонски репрезентативев Бобан Николов. На првиот натпревар одигран во Бања Лука домашниот Борац победи со минимални 1:0 и благодарение на таа победа го продолжи натпреварувањето во Европа. Борац во осминафиналето на Конференциската лига ќе се соочи ...
Рома го победи Порто (3:2) и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа. Плејофот го минаа и АЗ Алкмар односно ФЦСБ. Херој на Рома беше Дибала, кој погоди во 35. и 39. минута и со тоа направи пресврт, откако претходно Порто го отвори резултатот со голот на Саму во 27. минута. Клучниот детал беше директниот црвен картон за Еустакио во 51. минута, а Рома ја искористи предноста од играч повеќе во 83. минута кога гол постигха Писили. Порто успеа ...