
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Специјализираната веб-страница „Спортико“ ја објави листата на 100 најплатени спортисти во светот. На листата иам спортисти од осум спортови, 27 земји, кои заедно инкасираа 6,2 милијарди долари во 2024 година. Ниту една спортистка не е во топ 100, а најмногу кај дамите заработила тенисерката Коко Гоф, 30,4 милиони долари. Листата ја предводи фудбалерот Кристијано Роналдо (260 милиони), а потоа следат кошаркарот Стеф Кари (153,8), боксерот Тајсон ...
Новак Ѓоковиќ, најбриот тенисер во историјата и Енди Мареј, неговиот тренер ја продолжуваат соработката. Некогаш големите ривали, сега соработници, ќе бидат на иста страна за време на Ролан Гарос и Вимблдон, вториот и третиот Грен слем во сезоната, пишува британски Тајмс. Сè излезе на виделина како дел од приказната дека Мареј во догледно време не планира да соработува со грен слем шампионката Ема Радукану, бидејќи сака да продолжи да биде дел ...
Рома успеа да ремизира со играч помалку против Порто во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа, но остана без важен играч. Пауло Дибала мораше да ја напушти играта во 39. минута во ремито на неговиот тим на „Драгао“ во Порто (1:1). Причина за ова е потенцијално нова повреда на коленото која Дибала ја заработи во текот на првото полувреме. Тој продолжи да игра по еден дуел, но мораше да побара измена неколку ...
Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига. Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА. Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер со 16 години и 197 денови. ...
Џамал Мареј и Никола Јокиќ постигнаа две третини од поените на Денвер во осмата последовна победа на Нагетс. Лејкерси запишаа пораз кај Јута, а Оклахома со неверојатна последна четвртина надополни минус од 21 поен и го победи Мајами. Џамал Мареј во Портланд постигна 55 поени, а Денвер го победи домаќинот со 132:121. Мареј погоди седум од 15 обиди за три поени и шутираше 20/36 од поле. Повеќе поени во клупската историја на еден натпревар имаат ...
Анхел Ди Марија е еден од ретките фудбалери кој имал можност да биде соиграч со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси ја освои светската титула во 2022 година, со Роналдо во 2014 го крена пехарот во Лигата на шампионите. Ди Марија ја коментираше неодамнешната изјава на Роналдо кој рече: „дека е најдобриот во историјата на фудбалот и точка“. „Не сум изненаден, бевме соиграчи четири години“, рече Ди Марија во интервју за „Инфобае“, кој вели ...
Комплетирани се сите први натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, кои ветуваат уште поголеми возбудувања во реваншите за седум дена. Дербито на вечерта се одигра на „Драгао“ каде Порто и Рома ремизираа 1:1 (0:1). Најдобар играч на натпреварот беше Зеки Челик, кој длабоко во надополнувањето на првото полувреме и донесе предност на „волчицата“. Рома одигра многу добро тактички против Порто, но киксираше дури во 67. минута кога домаќините ...
Фенербахче е многу блиску до пласман во осминафиналето во Лига Европа, најмногу благодарение на српскиот ас Душан Тадиќ и Един Џеко, репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Фенербахче во Истанбул, во првиот меч го совладаа Андерлехт со 3:0 и направи голема залиха во пресрет на реваншот во Брисел. Гостите ги предводеше Душан Тадиќ. Поранешниот капитен на српската репрезентација погоди со глава во 16. минута од центаршутот на Акчичек. На 2:0 ...
Норвешкиот ракометар Сандер Сагосен го напушти Колштад и до крајот на сезоната ќе настапува за Алборг. Според пишувањата на скандинавските медиуми, 29-годишниот играч би можел да дебитира за својот нов клуб веќе овој викенд на завршниот турнир во Купот на Данска. Сагосен се врати во Колштад, клубот во кој, во 2012 ја започна својата кариера во 2023 година. Помеѓу играше за Халсум, Алборг, ПСЖ и Кил, станувајќи еден од најдобрите ракометари во ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец. Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21. февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во ...
Кристијано Роналдо, напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср и на португалската репрезентација, се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година според „Sportico“. Роналдо минатата година заработил 260 милиони долари. Кошаркарот Стеф Кари го зазеде второто место на рангирањето (153,8 милиони долари), а на третото место се најде боксерот Тајсон Фјури (147). Во топ 10 рангирањето се пет фудбалери, двајца кошаркари, исто толку ...
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул. Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона. Салах ...
Јагиелонија со Дарко Чурлинов во тимот оствари триумф 3:1 во Бачка Топола, над ТСЦ, во плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига. Полскиот тим направи реваншот да биде само формалност. ТСЦ подобро влезе во натпреварот и со прекрасниот гол на Престиж дојде до предност в 28.минута. Јагиелонија експресно се врати во натпреварот, во 31.минута изедначи Шпанецот Имаз. Полјаците во финишот го нокаутираа српскиот претставник, ...
Вербалната пресметка меѓу Мауро Икарди и Жозе Мурињо ги забавува корисниците на социјалните мрежи. Се започна пред десет дена, кога Мурињо објави на социјалните мрежи: „На Светското првенство во ракомет, кое штотуку заврши, мојата Португалија брилијантно стигна до полуфиналето. Затоа сакам да им честитам за ова достигнување и за влијанието што ќе го има врз младите во нашата земја“. Но, како што често се случува со Мурињо, тука има финта. ...
Младиот дефанзивец Пау Кубарси ќе потпише нов договор со Барселона. Ова не е изненадување со оглед на тоа што тој е еден од најталентираните дефанзивци во светот. Младиот шпански дефанзивец минатото лето веќе го продолжи договорот на максимум три години, со оглед на тоа што беше малолетен, а минатиот месец наполни 18 години, затоа челниците на Барселона побрзаа да му дадат петгодишен договор. Според извори од клубот, Кубарси наскоро ќе ја ...
Денвер Нагетс во понеделникот вечерта го совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 146:117. Нагетс ја забележаа седмата последователна победа и ова е нивната најдолга победника низа од почетокот на сезоната. Никола Јокиќ одигра неверојатно добро и за 31 минута на теренот запиша 40 поени, 7 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 5 загубени топки. Го следеше Кристијан Браун со 26 поени, 6 скока и 2 асистенции, додека Џулијан Стротер имаше ...
Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија поради однесувањето на навивачите за време на вчерашниот дуел со Холандија на Светското првенство во Вараждин. Фановите од трибините реагираа бурно во финишот од средбата поради катастрофалното судење на данските арбитри Мадс Хансен и Јеспер Мадсен па на теренот полетаа тврди предметни и шишиња со вода. РФМ доби и предупредување од ИХФ дека ако ...
Фудбалерите на Клуб Бриж на домашен терен ја совладаа Аталанта со 2:1, во плејофот од Лигата на шампионите. Бриж беше подобар во поголемиот дел од натпреварот, но свои шанси за победа имаше и Аталанта. Бриж, агресивно влесе во мечот и таквата определба му донесе предност по 14.минути игра. По грешката на дефанзивците на Аталанта, Талби ја пресече ропата, веднаш му асистираше на Ѓутла, кој реагираше мајсторски и погоди за 1:0. Аталанта , по 25 ...
Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46). Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари. Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“. Слот ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон и Астон ...
Поранешниот директор во Формула 1, Рос Браун, кој работеше во неколку тимови го смета Михаел Шумахер за најдобар во историјата на овој мото-спорт. Тој зборуваше квалитетите и особините кои како што рече, Германецот го прават различен од другите. – Она што го направи Мајкл извонреден беше неговата способност да го комбинира својот талент со напорна работа и интелигенција. Неговата посветеност на неговиот занает беше неспоредлива, а тој исто така ...
Холандија, вчера во Вараждин ја победи Македонија (37:32) во второто коло на Светското ракометно првенство во Вараждин. Натпреварот го обележа лошото судење на Данците Хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку. Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. ...
Легендарниот италијански судија и шеф на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина, ќе предложи промена во начинот на изведување на пенали. Колина (65) важи за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот. Затоа УЕФА го назначи за шеф на судиите во 2017 година, а со оглед на тоа што тој се уште е на оваа позиција, неговиот предлог би можел да биде усвоен. Италијанецот сака да го укине правилото играчот да може да игра со топката во ...
Тимот на Динамо Загреб, без Стефан Ристовски и Аријан Адеми во составот се спаси од вистинска блажама во купот на Хрватска откако предмалку со 2:3 победи кај третолигашот Бјеловар. И тоа со гол постигнат во последните секунди од страна на Габриел. Во меч во кој Динамо нормално бепе огромен фаворит имаше и огромни проблеми да не се ибламира прописно. По само осум минути беше 1:1, за да домашните по еден час игра сензационално поведоа со 2:1. ...
Фудбалерите на Феенорд, Баерн и Бенфика стекнаа предност пред реваншите за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите во дуелите со Милан, Селтик и Монако. Феенорд на донашен терен го победи Милан со 1:0. Стрелец на голот во третата минута беше Игор Паишао. Се чинеше дека фудбалерите на Милан подобро го започнаа овој натпревар откако Тијани Рејндерс имаше шанса на почетокот од третата минута, но веќе во следниот напад гостите ги шокираше ...
Легендарниот Бразилец Марсело ја заврши својата блескава кариера три месеци пред својот 37 роденден. Легендата на Реал Мадрид, со овој клуб освои 25 трофеи за 15 години. Негов поледен клуб во кариерата беше Флуминенсе, со кого го освои Копа Либертадорес. Сепак, Марсело пред се е симбол на Реал Мадрид, за кој одигра 546 натпревари од 2007 до 2022 година. Тој беше прв капитен странец на „кралскиот клуб“ од 1904 година. Марсело освои се со Реал ...
Лука Дончиќ го забележа својот прв настап за ЛА Лејкерс во победата на неговиот тим над Јута Џез од 132:113. Инаку, секој навивач на Лејкерс во салата доби маица со неговото име и број, а пред почетокот на разгласот ечеше хитот на српската фолк пејачка, Ана Бекута „Имам џедан живот“. Словенечкиот кошаркар и НБА суперѕвезда дебитираше за Лејкерс откако на почетокот на месецот беше трејдуван од Далас Маверикс. Ова беше огромен шок за кошаркарската ...
Њукасл до крајот на сезоната бие жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главна цел на клубот од „Сен Џејмс Парк“, кој за неколку недели ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја по 1955 година. Во финалето на Лига купот, Њукасл за противник ќе го има Ливерпул. Во клубот, додека трае прврнството, кројат планови за летниот проеден рок. Њукасл е заинтересиран за крилниот напаѓач Јохан Бакајоко од ПСВ. Премиерлигашот е ...
Манчестер сити-Реал Мадрид е најпривлечната двојка на почеткот на нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тимовите кои ја освојуваа титулата во последните две години непланирано се најдоа во плејофот за место во осминафиналето. Јасно е дека еден од фаворитите, пред почетокот на сезоната, ќе испадне од Лигата на шампионите порадо од планираното. Дуел кој полека станува „класик“ на модерниот фудбал. Ова ќе биде нивна четврта пресметка во последните ...
Поранешниот македонски младински репрезентативец, Кристијан Велиновски ја продолжува својата кариера во шампионатот на Босна и Херцеговина. Поточно, во тимот на ГОШК Габела. Досега тој беше дел од тимот на Сумгајт во Азербејџан, каде во Куп натпреварот заработи потешка повреда. И покрај тоа, се врати на терените побрзо од очекуваното, пред се поради трудот и желбата. -Најмногу ја променив средината затоа што јас сум играч кој сака да се ...
НБА лигата ги одреди замените за Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис на Олс стар викендот во Сан Франциско. Јанис Адетокумбо не игра две недели поради повреда, а Ентони Дејвис се повреди на дебито за Далас Маверикс. Замена за Адетокумбо ќе биде кошаркарот на Атланта, Тре Јанг. Јанг по четврти пат во кариерата ќе игра на Ол-стар натпреварот. Во досегашниот тек од сезоната, Јанг е водечки лидер во лигата со 11,4 асистенции и постигнува 23,5 поени по ...