
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Во голема тепачка во Белград наводно учествувале четворица кошаркари на Партизан. Во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се случи голем инцидент и тепачка во која, според непотврдени информации, актери биле кошаркари на Партизан. По тепачката, две лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице се здобило со тешки повреди, дознава „Спортал“. Овој извор наведува дека биле вмешани Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк ...
Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1:0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок. Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање. Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот. Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат ...
Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата. Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1. Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо. Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од ...
Македонија остана без еден од ракометарите на бековската позиција за квалификациите за ЕП 2026, затоа што се повреди Мартин Велковски. Десниот бек не настапи на последниот дуел за Алкалоид против Вардар 1961, па утврдено е дека поради повреда нема да може да и помогне и на репрезентацијата. Македонија во последните два меча од циклусот игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванију, а потребни ни се две победи за да останеме во игра ...
Голден Стејт Вориорс се последниот тим што се пласираше во втората рунда од овогодинешните плејоф во НБА лигата. Во седмиот натпревар, кој се одигра во Хјустон, Вориорс славеа со 103:89 и се пласираа во следната рунда на Западот со вкупен резултат од 4:3. Таму ги чекаат Минесота Тимбервулвс. Тимот од Сан Франциско стигна до двоцифрена предност во првото полувреме. Хјустон губеше со три поени во третата четвртина, но поискусните Вориорс не ...
Еден новитет во пресрет на следните натпревари на македонската машка ракометна репрезентација е враќањето на легендата Стојанче Стоилов. Поранешниот репрезентативен кружен напаѓач е за силување за Македонија во стручниот штаб, каде што ќе работи со Кирил Лазаров и останатите. Стоилов, кој по завршувањето на играчката кариера остана во Вардар 1961 и е еден од помошниците на Владо Недановски и Гиљермо Милано. Сега тој ќе биде уште еден во низата ...
Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Реал Мадрид. На речиси сите им е јасно дека Карло Анчелоти ја заврши кариерата во Реал Мадрид и дека наскоро ќе го промени средниот ред, но единственото нешто што не е познато е каде ќе оди искусниот италијански специјалист. Договорот е постигнат, пишува добро информираниот Марио Кортехана од Атлетик. Италијанецот и Реал Мадрид имаат усмен договор. Најреална опција е клупата на ...
Фудбалерите на Милан со „блиц криг“ славеа победа (2:1) на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, во последниот натпревар од 35.коло во Серијa A. „Росонерите“ губеа до 76. минута, кога на сцена стапи Рафаел Леао, брилијантно реагираше по додавањето на Сантијаго Хименез, упати прецизен удар и го совлада голманот на Џенова. Само минута подоцна, Милан поведе со автогол, а трагичниот беше Мортен Френдруп, кој реагираше несмасно во шеснаесетникот и ја испрати ...
Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува утре со реваншот од полуфиналето, меѓу Интер и Барселона на „Џузепе Меаца“ во Милано, додека Арсенал, ден подоцна ќе гостува во Париз кај Пари Сен Жермен. Интер ќе ја пречека Барселона во Милано во вторник во 21 часот. Првиот натпревар од двомечот заврши 3:3, при што Интер водеше прво со 2:0, а потоа и со 3:2. Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по натпреварот изјави дека, и покрај тоа што не ...
Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес. Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во ...
Кошаркарите на Пелистер остварија уште една убедлива победа над Работнички (85:67) и израмнија на 2-2 во плејоф серијата во Првата лигата. „Зелено-белите“ го издржаа притисокот, го одбранија домашниот терен и се изборија за мајсторка која ќе се игра во Скопје. Комплетната петорка на клубот од Битола беше двоцифрена. МКК Куманово пак ја освои Гевгелија со 82:67 и со 3-1 ја затвори серијата против Кожув. На мечот доминираше Луковиќ со 25 поени и ...
Фенербахче загуби со 1:0 од Бешикташ во 32. коло од турското првенство, со што заостанува осум бода зад лидерот Галатасарај на четири натпревари до крајот на сезоната. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо е свесен дека Галатасарај и оваа сезона ќе ја освои шампионската титула. „Нема да зборувам за нив (Галатасарај). Можам да зборувам за лигата. Ниту еден збор не се променил од она што го кажував во текот на целата сезона. Еден од проблемите што ...
Вест Хем одигра нерешено 1-1 на домашен терен против Тотенхем во 35-то коло од Премиер лигата.Натпреварот го обележа емотивен момент, односно солзите на најдобриот играч на „чеканите“, Лукас Пакета. Бразилецот доби жoлт картон во 73-та минута поради прекршок, а кога судијата Мајкл Оливер му додели жолт картон, Пакета емотивно реагираше. Пакета протестираше кај судијата дека фаулот не бил за јавната опомена, а потоа и заплака. Судијата Оливер се ...
Две кола пред крајот на сезоната во Бундеслигата, Волфсбург го отпушти тренерот Ралф Хасенхитл. На Австриецот му пресуди серијата од осум натпревари без победа, по што Волфсбург се наоѓа на 12-то место на табелата, без шанса да се бори за пласман во европските натпреварувања. Хасенхитл го наследи Нико Ковач на клупата на Волфсбург во март 2024 година, а неговиот последен натпревар беше токму против хрватскиот тренер, чија Борусија убедливо ...
Десниот бек, Трент Александар-Арнолд (ТАА), потврди дека како слободен играч ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната. ТАА јавно се збогуваше со клубот чиј член беше 20 години. „По 20 години во фудбалскиот клуб Ливерпул, време е да потврдам дека заминувам на крајот од сезоната. Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел во мојот живот. Знам дека многумина од вас ме прашаа зошто или бевте фрустрирани што сè уште не сум зборувал за ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, победувајќи ја Американката Коко Гоф во финалето. Сабаленка ја победи Гоф со 2-0 во сетови по еден час и 40 минути игра, со 6:3, 7:6(3). Oва е трета титула во Мадрид во кариерата за Белорусинката, инаку тенисерка број еден во светот. Со тоа, таа се изедначи со Петра Квитова со најмногу титули во Мадрид во историјата на овој турнир. Во исто време, Арина го ...
Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, англискиот фудбалер Хари Кејн (31) го освои првиот трофеј во кариерата. Она што не успеа да го направи во текот на годините во Тотенхем, му успеа во втората сезона во дресот на Баерн. Две кола пред крајот, Баварците го обезбедија првото место пред Баер Леверкузен, кој загуби чекор зад лидерот со нерешениот резултат во Фрајбург (2:2). На две кола до крајот Баерн има недостижни осум бода повеќе од ...
Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1:1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место. Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за ...
Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари. Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката. Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното ...
Денвер Нагетс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 120:101 во решавачкиот седми натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција. Нагетс славеа благодарение на изворедната игра во третиот период, направија серија 17:0 кога стекнаа предност од 28 поени (82:54). Екипата на Дејвид Аделман рутински ја одржуваше предноста до крајот, и покрај раниот петти фаул на Никола Јокиќ, кој мораше да ја напушти играта три минути пред крајот на ...
На две кола пред крајот и по ремито на Леверкузен во Фрајбург, Баерн дефинитивно ја освои титулата германски шампион. Баерн го пропушти првиот меч во саботата, играјќи нерешено против Лајпциг на гостински терен. Но, ден подоцна стана јасно дека тимот од Минхен ќе сЛеверкузен имаше шанса да ја продолжи неизвесноста барем уште една недела, но освои само бод во Фрајбург – 2:2. Верувале или не, во првото полувреме Баер не шутираше кон голот на ...
Фудбалерите на Челзи го победија новиот англиски шампион, Ливерпул со 3:1 во 35-то коло од Премиер лигата. Три кола пред крајот на сезоната, тимот од Лондон е токму таму каде што сака да биде на крајот, на место кое гарантира пласман Лигата на шампионите. „Сините“ моментално се петти, на три бода од Нотингем Форест. До крајот на првенството, екипата на Енцо Мареска ќе игра против Њукасл (гости), Манчестер Јунајтед (дома) и Нотингем Форест ...
Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер. Во тоа време, тој имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант. Тој брзо си замина, Ерик тен Хаг го наследи, а откако не ги исполни очеквањата на неговото место дојде Рубен Аморим. Ниту Португалецот не успеа да ги порави работите, ...
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари. На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173. Но, ако се ...
Кевин Де Брујн ќе остане запаметен како еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер Сити. Помина десет години во клубот, ги освои сите трофеи и постојано беше меѓу главните лидери на играта. Замената на играч од неговата класа ќе биде многу напорна задача, но Пеп Гвардиола и неговите колеги веќе мора да размислуваат да продолжат без него. Како што пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Манчестер Сити покажува интерес ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Екатерине Горгодзе од Грузија изборија полуфинале на ИТФ фјучрсот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Тие во четвртфиналето ги совладаа Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија) со 2-0 во сетови (6-3; 6-3). За пласман во финалето Ѓорќеска и Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд), кои во денешниот меч ...
ЖРК Ѓорче Петров е старо-новиот шампион во женската ракометна конуренција. „Лавиците“ славеа против Чаир со убедливи 37-28 и на четири кола до крајот ја заверија титулата, вкупно 21. Ракометарките на Ѓорче Петров имаат вкупно 33 бодови, додека Металург Автокоманда е втор со 23, но и натпревар помалку. Ова е еден од двата пехари кои избраничките на Симе Симевски сакаат да го видат во своите витрини. „Лавиците“ ги чека и битката за Купот на ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација КирилЛазаров зборуваше пред медиумите има мали проблеми, затоа што има неколку повредени играчи, меѓу нив триото на Алкалоид, Мартин Велковски, Марко Митев и Никола Ѓорѓиев, како и крилото Цветан Кузманоски. – Јас сум секогаш оптимист и во животот и во спортот, така ќе настапам и сега. Мора да бидеме претпазливи на моменталниот наш здравствен билтен, доста играчи ни фалат, има некои нови ...
Марк Андре Тер Штеген се врати на голот на Барселона после седум месеци и беше стартер на натпреварот против Валјадолид во Ла Лига. Во вторник Барселона ќе игра реванш полуфинале со Интер во Лигата на шампиони, но во најавата за гостувањето во Милано, Ханси Флик како тренер на каталонскиот гигант ја затвори дебатата која се отвори во јавноста по враќањето на Тер Штеген. Германецот најави дека Шчесни сигурно ќе брани во Лигата на шампиони, но ...
Интер Мајами убедливо ги победи Њујорк Ред Булс со резултат од 4:1. Блесна Лионел Меси со брилијантен гол. Во победата на својот тим, Аргентинецот го постигна најубавиот гол на натпреварот по одлична акција со Сеговија. Натпреварот беше решен во првото полувреме. Домашниот тим постигна три гола во првите 45 минути и со тоа практично го реши прашањето за победникот. Пикол го доведе Интер во водство во деветтата минута, а подоцна Вигант го ...