Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го избра играчот што го посакува за наследник на Кевин де Брујне во тимот на „граѓаните“. Според белгиските медиуми, изборот на Гвардиола е најбараниот играч за врска во Европа, плејмејкерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Вирц оваа сезона постигна 15 гола и даде 12 асистенции, во последните две сезони е еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во светот. Минатата сезона го предводеше Баер до ...

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0). -Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го правиме. Рајо нема пораз девет натпревари по ред, па победата е голем успех. Одигравме добро, но можеме да бидеме уште подобри, изјави Флик за ...

Јоан Ришом стана првиот натпреварувач во историјата на „Венди глоуб“ кој го обиколил Ртот Хорн, според најновото ажурирање од организаторите на трката во едрење. На 23 декември, во 23.27 часот, францускиот капетан го минал последниот од трите главни ртови на оваа едриличарска соло нон-стоп трка низ светот, поставувајќи нов рекорд. Ришом, натпреварувајќи се со бродот „ИМОКА Папрек Аркеа“ (IMOCA Paprec Arkéa), постави ново време на рутата со време ...

Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги сподели своите очекувања за реваншот на тимот против Феенорд во плејоф рундата од Лигата на шампионите. Милан го загуби првиот натпревар на гостински терен со 1:0. – Очекувам Милан да биде поконкретен и поагресивен и да покаже желба за победа. На првиот меч Феенорд играше на домашен терен со свои навивачи, а тоа е секогаш друга приказна. Мораме да се фокусираме на себе, да ја играме ...

Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради допинг. Светскиот рекет број еден практично ќе ја пропушти само турнејата во САД и ќе може да игра на сите преостанати Грен слемови. Социјалните мрежи вријат од реакции, а огромното мнозинство негативно гледа на договорот меѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и италијанскиот тенисер. Се разбира, со коментар се огласи и најголемиот критичар на Синер, Ник Киријос. Контроверзниот Австралиец твитна. ...

Победата на Барселона над Рајо Ваљекано крена голема прашина и донесе промени на табелата во шпанската Ла Лига. Каталонците славеа на „Монжуик“ со 1:0, а единствен стрелец беше Роберт Левандовски, кој реализираше пенал во 28. минута. Пеналот беше досуден откако судијата Мелеро по прегледувањето на видеото од ВАР покажа на белата точка. Тој оцени дека Папе Сис неправилно го запрел Мартинез. Неколку минути претходно слична ситуација се случи во ...

Бенфика го пречекува Монако во 21 часот во реваншот од плеј-офот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Првиот меч Бенфика го доби во Монте Карло со 1:0. Натпреварот имаше стресна увертира. Лисабон синоќа беше погоден од силен земјотрес со јачина од 4,7 степени, непосредно пред тренерот на Бенфика, Бруно Лаже да ја започне својата прес конференција во клупскиот камп Сеиксал. Додека одеше до своето место, целата сала почна да тресе. Бројните ...

Аргентинскиот стручњак Диего Кока повеќе не е тренер на Ваљадолид, соопшти шпанскиот клуб. Кока го презеде Ваљадолид на 14. декември минатата година, кога на клупата го замени Пауло Пезалон, но на осум меча забележа седум порази и една победа и доби отказ. Ваљадолид е на последното место, 20. во шпанската Примера со 15 бода, осум бода под зоната за испаѓање. Од клубот изјавија дека тимот привремено ќе го води тренерот на резервниот тим Алваро ...

Нико Паз минатото лето за 6 милиони евра го напушти Реал Мадрид и се пресели во Комо, каде под водство на Сеск Фабрегас импресионира со своите партии, изминатиов викенд постигна прекрасен гол против Фиорентина во победата од 0-2. Интер му фрли око на младиот Аргентинец и го идентификуваше како главна цел за засилување на средниот ред, односно долгорочна замена за Хенрик Мхитарјан. Но како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, во Реал Мадрид ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го има првиот собир за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Александар Јончевски ќе ги има најсилните адути. За првпат во составот заедно ќе бидат двајцата евролигаши Ти-Џеј Шортс од Париз и Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано. На Македонија ѝ се потребни две победи на последните две средби против Естонија на гости и дома со Полска. Играчот Хап ...

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Арсенал со 65.000 фунти поради однесувањето на фудбалерите на лондонскиот клуб на натпреварот против Вулверхемптон во 23. коло од Премиер лигата. „Топџиите“ беа санкционирани откако играчите го опколија судијата Мајкл Оливер на „Молину“, по одлуката од која не беа задоволни. Фудбалерите на Арсенал го опколија судијата откако тој донесе одлука, која комисијата ја оцени како неоснована – кога Мајлс ...

Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар ќе играат на гости кај Канзас Сити. Како што пренесуваат американските медиуми, големи се шансите Меси да не игра на тој меч, а причината е што температурата во тој град ќе биде -15 Целзиусови степени, а наводно се чувствува како да е -25. Затоа Меси не сака да биде на теренот, но ...

Германскиот центар Даниел Тајс официјално го засили Монако. Тајс по осум години минати во НБА, играше за шест екипи, но остана без договор и реши да се врати во Европа. Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Индијана Пејсерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс потпиша договор до летото 2026. На 411 натпревари во најсилната лига на светот забележа 7,1 поен, 4,7 скока и 1.3 асистенции по натпревар. Наводно Тајс ...

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го потврди потпишувањето со надежниот голман, Давид Брестовац, син на поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац. 20-годишниот голман кој е дел од македонската млада репрезентација, потпиша две ипол годишен договор со Пелистер. Од клубот истакнуваат дека продолжуваат со стратегијата за привлекување млади македонски ракометари, а официјалното претставување на Брестовац ќе се одржи во ...

Унгарскиот ракометен тим Веспрем ја доби битката за потписот на хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ, Според хрватскиот медиум, десниот бек на Рајн Некар Левен ќе си замине од Манхајм по истекот на договорот во 2026 година. Покрај Веспрем, во битка за потписот на Мартиновиќ беа и големиот конкурент од унгарскиот шампионат, ПИК Сегед, но и бундеслигашот Фленсбург. Мартиновиќ oд 2018 година по трансферот од Фиверс Маргаретен игра во Бундес ...

Ла Лига се сомнева дека нешто не е во ред со процесот со кој Барселона можеше да ги обезбеди приходите што ги обезбедија пререгистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор претходно оваа зима. Станува збор за зделка според која Каталонците продадоа дел од ВИП местата на Spotify Camp Nou. Во врска со ова, лигата поднесе жалба до Врховниот спортски суд во Шпанија. „El Confidential“ открива дека главна тема е телекомуникациската компанија New Era Visionary ...

Борусија (Дортмунд) игра многу слабо оваа сезона во Бундеслигата и по одиграни 22 натпревари е на 11. место во поредокот со 29 бодови. Лошата игра на „жолто-црните“ го принуди тренерот Нури Шахин да биде отпуштен и негова замена со Нико Ковач, кој се уште нема доволно добри резултати. И покрај тоа што Борусија Дортмунд игра добро во Лигата на шампионите, тимот не е меѓу фаворитите за освојување на турнирот, а пласманот на најсилниот европски ...

Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер го преброди првото тешко гостување во 2025 година откако вечерва славеше на гостувањето во Охрид со 27-25. Иако битолчани беа во водство во најголемиот дел од натпреварот, на моменти и со четири гола разлика, победата не беше загарантирана се до последните минути. Охрид водеше само со 2-1 и 4-3 и имаше нерешено резултат при 1-1 и 13-13, ама до крајот остана во игра и малку недостасуваше да освои бод или ...

Нејмар пред еден месец се врати во Сантос, а во четвртиот меч за клубот во кој ја започна кариерата го постигна првиот гол. Нејмар постигна гол од пенал. Бразилецот погоди по пауза од 502 дена. Поранешниот играч на Барселона, ПСЖ и Ал Хилал , со гол и асистенција го предводеше Сантос до победата над Агуа Санта (3:1). Amazing run from Neymar to win a penalty 🥶 He then of course converts the penalty 🇧🇷pic.twitter.com/fiDQhAjppN — Brasil ...

Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен. Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто. Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде ...

Екипата на Алкалоид одигра доминантен дуел на гостински терен кај Бриксен, славеше со резултат 32-43 (18-23) и гледа кон следната фаза во Европскиот куп, третото по ранг натпреварување на ЕХФ. Тимот на Кирил Лазаров доминираше на гостувањето од почетокот до крајот и заслужено се радува на европската победа, петта за клубот оваа сезона по четирите прeдходни. Игор Ѓорѓиев со 7 гола заврши како најефикасен во составот на Алкалоид, додека Серафимов ...

Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона. Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“. Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја боја, бидејќи сите тимови се обврзани да ги ...

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги оневозможи коментарите на Инстаграм бидејќи почнал да добива смртни закани. За потсетување, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна. Реал од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џуд Белингем. На англискиот репрезентативец му беше покажан патот во соблекувалната по ...

Три евролигашки екипи, кои во моментов се борат за пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, доживеаја убедливи порази во натпреварите, во кои се бореа за трофејот во Купот на своите држави. Реал Мадрид во реприза на ланското финале во Купот доживеа пораз од Уникаха. За Андалузијците ова беше трето финале во Купот во последните шест години и втор трофеј во последните три сезони. Во единственото финале што го загубија, во сезоната ...

Максим Сергејев, 21-годишен член на хокеарскиот клуб Заглебjе Сосновец, осуден e во Полска на две години и 11 месеци затвор, откако било докажано дека се занимавал со шпионски активности за Русија и за тоа бил плаќан во криптовалути. Приказната за Сергеев неодамна ја објави Л’Екип (L’Équipe) под наслов „По стапките на рускиот хокеар кој стана шпионски приправник за Путин и Кремљ“. Опишувајќи го како „нов вид таен агент“, тие ја детализираа ...

Реал Мадрид и Манчестер сити во среда со почеток од 21 часот ќе го одиграат вториот плејоф натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Реал, минатиот вторник, во Манчестер стекна капитална предност, со два гола во финишот забележа победа 3:2. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има минимални шанси да се пласира во следната рунда. – Нашите шанси за победа на „Бернабеу“ се минимални, сите го знаат ...

На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската. Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна. „Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата припаѓаат на НБА. На ...

Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека менаџерите имаа големи кадровски проблеми. Манчестер јунајтед на „Вајт Харт Лејн“, пристигна со само 12 фудбалери од сениорскиот погон, поради бројните повреди. Рубен Аморим зборуваше за тоа на прес конференцијата, а ако некој го разбира, тоа колегата од спротивниот табор Ангелос Постекоглу. Тренерот на Тотенхем со овој ...

Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи во посебен систем, а победи тимот кој го избра прославениот центар и сопственик на четири шампионски прстени Шекил О’Нил. Ол-стар викендот го пропушти Леброн Џејмс. Ѕвездата на ЛА Лејкерс се повлече еден час пред почетокот, поради повреда на зглобот. Тимо Шек до победата го предводеше иконата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари. Со ...

Денеска во финалето на италијанскиот кошаркарски Куп екипата на Олимпија Милано со 79:63 загуби убедливо од Тренто. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано немаше свој ден. Нашиот плејмејкер за 12 минути на паркетот запиша само еден поен, еден скок и две асистенции. Кај неговите соиграчи најдобро се истакна Миротиќ со 20 поени, а на спротивната страна најефикасен беше Форд со 23 поени. Олимпија Милано ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.02
66%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
73%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
44%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
5.81
44%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
0.45
40%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1011
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75