Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2:2 во Рим. Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А. Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута ...

По Реал Мадрид, денеска во Ла Лига „киксираше“ и нивниот лут градски ривал, Атлетико (М). Момците на Чоло Симеоне одиграа 1:1 на домашен терен против Селта. Слично како и кај Реал (М), и Атлетико остана со играч помалку и тоа уште во петтата минута на мечот, кога директен црвен картон доби Пабло Бариос. Јаго Аспас од пенал ја доведе Селта во водство, а на крајот Сорлот во 82. минута му донесе голем бод на Атлетико. Ова сценарио и одговара на ...

Баер Леверкузен и Баерн одиграа нерешено без голови (0:0) во дербито од 22. коло на Бундес лигата. Двете најдобри екипи во Германија ги поделија бодовите, во натпревар во кој „фармацевтите“ доминираа, но не успеаја да постигнат гол. Виртц прв му се закани на Нојер, Фримпонг и Тела ја погодија гредата, а Тела вп неколку наврати беше блиску до гол. Во 66. минута дефанзивецот на Баерн Ито од гол линијата интервенираше и спречи водство на Баер. ...

Maкедонија Ѓорче Петров со победа го започна вториот дел од сезоната во ВМФЛ и го победи Охрид со 0:1. Со оваа победа „лавовите“ ја зголемија предноста на табелата бидејќи Брегалница одигра само реми без голови против Победа во Прилеп. Победа со која дојде до второто место запиша Арсими над Беласица со 0:1. Три бода во денешните средби освоија уште Скопје со 0:3 против Вардарски и Вардар Неготино дојде до минимален триумф над последнопласираниот ...

Реал Мадрид не успеа на „ЛЕ Садар“ да ја победи Осасуна во 24.коло во Примера. Натпреварот во Памплона заврши без победник 1:1 (0:1). Реал од 39 минута играше со фудбалер помалку, Џуд Белингем доби црвен каротн поради приговор. Реал испушти два бода во борбата за шампионската титула, а по мечот на „Ел Садар“ повоторно ќе работата медиумите на „кралскиот клуб“. Тимот на Карло Анчелоти добро го отвори натпреварот, Килијан Мбапе го совлада Ерера. ...

Душан Дуда Ивковиќ, еден од најголемите европски тренери на сите времиња, е финалист во изборот за нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд. Веста дојде од Сан Франциско, од Ол-стар викендот, каде беа претставени сите што дојдоа на само чекор од влез во кошаркарската сала на бесмртните, заедно со Ивковиќ има уште 16 кандидати. Конечната листа ќе биде објавена во април во Сан Антонио, за време на фајналфорот на НЦАА, а воведувањето на ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол на дебито за Торино во Серија А. Елмас, пред 10 дена пристигна во Торино на позајмица од Лајпциг. Торино загуби од Болоња (3:2), во првиот меч од 25.коло во Серија А. Елмас, на теренот влезе во 62.минута (на местот на Карамох), а три минути подоцна постигна прекрасен гол. Голот на елмас може да го видите ОВДЕ. Торино не успеа да освои ниту бод на ренато Д’Алара, откако Бираги си постигна ...

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо со 4-0 го совладаа Њукасл во дербито од 25. коло на Премиер лигата. Јунак на победата на „граѓаните“, играчот платен 75 милиони евра во јануарскиот преоден рок, Омар Мармуш, кој постигна хет трик. Во периодот од 19. до 33. минута Египјанецот три пати ја погоди мрежата на „страчките“ и ги реши сите дилеми околку конечниот победник. Од трите што ги постигна, најмногу се издвојува неговиот прв гол за тимот на ...

Макс Ферстапен би можел да заврши во тимот на Астон Мартин, а вредноста на потенцијалниот договор би може да оди и до една милијарда фунти. Според британски Д„ејли Мејл“, Астон Мартин моментално е во преговори со потенцијалните спонзори за да може да го реализира трансфери. Тие всушност ги убедуваат компаниите да ги вложат своите пари во актуелниот шампион Макс Ферстапен и неговото доаѓање во тимот. Договорот би вклучувал нешто повеќе од ...

Арсенал победи во Лестер со 2:0 во Лестер, во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. По се уште некомлетното 25.коло, Арсенал со натпревар повеќе има четири поени помалку од лидерот на табелата Ливерпул. На „Кинг Пауер“ во Лестер, Арсенал не блескаше, особено во првото полувреме, но сепак успеа да го побед Лестер, кој остана во опасната зона, на 18.место со само 17 бодови. Разликата на теренот ја направија резервистите на ...

Диего Шварцман, еден од најдобрите аргентински тенисери во последната деценија, го одигра последниот меч во кариерата. Во второто коло на АТП 250 турнирот на земјена подлога во Буенос Аирес, Шпанецот Педро Мартинез го надигра Шварцман и го совлада со 6:2, 6:2. Шварцман претходно најави дека оваа недела ќе биде последна во неговата професионална кариера. Аргентинските навивачи целосно го исполнија стадионот во Буенос Аирес, а последниот гем ...

Елена Остапенко уште еднаш ја совлада Ига Швјонтек. Летонката во меѓусебните дуели води 5:0 против Шјонтек откако во полуфиналето победи убедливо со 6:3, 6:1. Остапенко избори пласман во финалето на ВТА турнирот во Доха. Летонката, 73. на ВТА листата, од стартот покажа во која насока ќе се движи мечот. Направи два брејка во првиот сет, три во вториот во кој Швјонтек, втора на ВТА листата, го искрши својот рекет. Остапенко за трофејот ќе се бори ...

Трофејниот италијански тренер Марсело Липи ги избра најдобрите играчи со кои работел во текот на неговата успешна кариера. Липи ја започна својата тренерска кариера пред повеќе од 40 години, а најславните денови ги помина како селектор на Италија со која го освои Светското првенство во 2006 година и како тренер на Јувентус. Со клубот од Торино пет пати ја освои Серија А, еднаш беше најдобар во Лигата на шампионите, а со клубот освои вкупно 13 ...

Реал Мадрид сезонава веќе го освои Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп, но тоа не се трофеи кои ги задоволуваат клупските апетити. Шпанците пишуваат дека Реал ќе го отпушти Карло Анчелоти доколку на крајот од сезоната не освои трофеј во Лигата на шампионите, Ла Лига или Кралскиот куп. Доколку Реал не успее да победи во кое било од овие натпреварувања, тој ќе го напушти клубот и покрај неговиот договор кој истекува до следната сезона. ...

Легендарниот Роналдо Назарио во Бразил гостуваше во подкаст што го води друга легенда, Ромарио. Одговори на прашањата за најдобрите и најлошите соиграчи во неговата легендарна кариера. Роналдо прво проговори за најдобрите фудбалери со кои играл: „Најдобар беше Роналдињо Гаучо во репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу знаење, тој беше различен, многу силен технички, правеше сè да делува толку едноставно“, рече ...

Италијанските весници денеска пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за српскиот интернационалец, Страхиња Павловиќ. Изминатите денови во Милан се споменуваше дека стоперот веќе е на излезна врата оваа зима, а сега приказната се префрли за на лето. Наводно, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посочил српскиот дефанзивец како опција да се засили централниот дел од одбраната, кој сезонава го мачат повреди. Павловиќ неодамна се договори ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е изморен од одговарање на прашања за шпекулациите кои го поврзуваат напаѓачот Винисиус Жуниор со преселба во Саудиска Арабија и рече дека сака да се фокусира на тоа колку добро игра играчот во тимот на Реал. Винисиус е блиску до потпишување нов договор со Реал Мадрид, изјавија извори за Ројтерс во четвртокот, но евентуалниот трансфер во Саудиска Арабија се уште е на дневен ред и повторно беше главен ...

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) го објави новото рангирање на европските репрезентации во пресрет на последниот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година. Во пресрет на последната фаза од квалификациските натпревари за Евробаскет 2025 година, ФИБА ги стави кошаркарите на Србија пред Франција, Грција, Латвија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија. Македонија, во конкуренција на 32 национални тимови се ...

Два од петте натпревари одиграни во НБА лигата, пред Ол-стар паузата, завршија по дополнителни пет минути. Ноќта зад нас ја обележа и поразот на Оклахома во Минеаполис. Њу Орлеанс Пеликанс по едно продолжение забележаа триумф над Сакраменто 140:133. Пеликанс славеа 13 пат во сезоната, тие го имаат најлошиот скор на Западот, додека во целата лига полоши од нов се само Вашингтон Визардс. Си Џеј Меколум со 43 поени го предводеше тимот до победата, ...

Микел Артета ја подготвува екипата за гостувањето кај Лестер, натпревар на кој гостите планираат да атакуваат на целиот плен и се друго ќе биде разочарување во обидот да се намали негативата зад лидерот Ливерпул. Менаџерот на Арсенал денеска одржал прес-конференција, а една од главните теми очекувано била повредата на Каи Хаверц и фактот што „топчиите“ останаа без многу офанзивни играчи во ист период. – Имавме одличен камп во Дубаи, но на крајот ...

Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) Панче Ќумбев денеска имаше работна средба со новиот претседател на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ. Вредно е да се спомне дека после подолг период на неактивна комуникација со Фудбалската Федерација, беше повторно воспоставена директна соработка од којашто треба да произлезат повеќе проекти , коишто чекаат подолго време да се реализираат. Едно од најгорливите ...

Јаник Синер го стигна Карлос Алкараз по број на седмици како светски тенисер број 1. Дваесет и тригодишниот Италијанец е на врвот на ВТА листата веќе 36-та недела. Тој на лидерското место се искачи на 10 јуни 2024 година и оттогаш останува таму. Алкараз го држеше првото место неколку периоди, вклучувајќи 20 и 11 недели по ред. Синер и Алкараз се изедначени на 16-то место по најмногу недели како светски број 1. Илие Настасе е пред нив 40, Енди ...

По лошите резултати во сите натпреварувања, освен ФА Купот, актуелниот англиски шампион доби вести кои се чини дека ќе ја продлабочат нивната криза. Мануел Акаџи (29), незаменливиот дефанзивец на Манчестер сити, кој играше како десен бек во поразот од Реал Мадрид (2:3) го повреди менискусот. Швајцарецот утре ќе биде опериран и ќе отсуствува најмалку два месеци. Аканџи му се приклучи на Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд како ...

Фуксе Берлин неодамна објави дека го продолжил договорот до 2029 година со Матијас Гидсел (26), најдобриот ракометар во светот. „Верувам во овој проект со Фуксе и можеби, охрабрен од мојот потег и продолжување на договорот, некои нови играчи ќе дојдат кај нас“, изјави тогаш Гидсел. Во Фуксе Берлин очигледно решиле сериозно да се фатат за работа, бидејќи во германските медиуми се појавија гласини дека клубот преговара со неколку ѕвезди. ...

Џамал Мусиала, најмладиот стрелец на Баерн во историјата на Лигата на шампионите, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 2030 година. „Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Тука ги направив првите чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со клубот во годините што доаѓаат. Се чувствувам како дома, и во Минхен и во овој клуб со одлични навивачи“, истакна Мусиала, ...

Кеита Балде се врати во Серија А. Поранешниот играч на Лацио и Интер, кој првиот дел од сезоната го мина во турски Сивас, за кого одигра 11 натпревари и постигна еден гол, е нов играч на Монца. Репрезентативецот на Сенегал пристигнува како слободен играч, а потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште две години. Балде претходните седум дена тренираше со Монца, а тренерот Алесандро Неста беше задоволен од тоа што го ...

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале од денешната програма на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“. МЗТ Скопје утре во полуфиналето ќе се соочи со Пелистер кој во четвртфиналето го победи Чаир со 76:72. Домаќинот на турнирот, Кожув го совлада Куманово со 81:69 и обезбеди полуфинале против Гостивар ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, рече дека Зинедин Зидан е „природен кандидат да биде негов наследник“. „Зизу е многу добар кандидат, природен, не знам дали сака да биде селектор на репрезентацијата“, изјави Дешам во интервју за францускиот магазин „Лекип“. Дешам (56) во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја води од 2012 година. Оттогаш медиумите ...

Англиската Премиер лига му забрани на тренерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46) да го води тимот на наредните два натпревари. Слот, во средата, по завршувањето на натпреварот со Евертон (2:2) доби црвен картон,поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“. Холанѓанецот ќе ги пропушти натпреварите на ливерпул против Вулверхемптон и Астон Вила. Ова беше второ исклучување за Слот оваа сезона, тој исто така доби црвен картон ...

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела, во која се одиграа првите бараж натпревари за пласман во осминафиналето. Гвинејанскиот напаѓач постигна гол и асистираше на натпреварот против Спортинг во Лисабон кој неговиот тим го доби со 3:0. Неговиот соиграч Даниел Свенсон, кој пристигна во Борусија на 3. февруари како позајмен од Нордсјеланд, беше избран во тимот на неделата во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.02
66%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
73%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
44%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
5.81
44%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
0.45
40%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1011
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75