
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Арачиново доби струја, откако се најде привремено решение- екипите на ЕВН да влезат во општината. Но никој не кажува како и дали ќе се наплатуваат наплатат кражбите на струја, кои досега ги плаќаа сите граѓани. Загубите на струја само во Арачиново, според ЕВН, се 6 милиони евра годишно. Екипите на ЕВН од денеска добија ветување дека ќе можат непречено да работат во општина Арачиново, откако измината недела голем дел од жителите три дена останаа ...
Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП, но повеќето посетители на ФБ страницата на РСЕ не веруваат. Што друго коментиравте? Неделното интервју на РСЕ е со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Во врска со уставните измени Лукаревска смета дека има многу прогресивни сили кои сакаат да одат напред, и е оптимист дека измените можат да поминат во Собранието. Во врска со даночните реформи Лукаревска вели дека камен на сопнување е ...
Првиот човек на средношколците во Македонија, Лука Павиќевиќ, во разговор со РСЕ сподели на кои планови и проблеми ќе се фокусира Сојузот на средношколците во текот на претстојната учебна година „Средношколци, минатава учебна година постигнавме многу, останува сите заедно да ја истераме и оваа и да постигнеме уште повеќе“, порача лидерот на македонските средношколци, Лука Павиќевиќ, во разговор со РСЕ. Според него, изминатата учебна година тимот ...
Мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје во Украина, објави денеска на Твитер шефот на агенцијата Рафаел Гроси. Тимот експерти би требало да пристигне во најголемата атомска централа во Европа „подоцна неделава“. „Мораме да ја заштитиме безбедноста и безбедноста на најголемиот нуклеарен капацитет на Украина и Европа“, напиша Гроси, додавајќи дека тој ќе ја води мисијата. Заробена од руските ...
Даночниот концепт не е нова работа, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик-претседател на СДСМ. За даночната реформа има навистина поделени мислења, меѓутоа на крајот ќе мора да се најде најдоброто решение. Камен на сопнување е прогресивното оданочување, вели таа. Директорке, на почетокот на месецов, заедно со министерот за финансии и директорката на Царината, најавите даночни реформи со кои во Буџетот треба да се слеат дополнителни ...
Последните изборни битки за Тетово може да се идникатор за политички промени, но само ако албанската опозицијата се обедини на следните парламентарни избори, велат политичките аналитичари. Само обединета албанска опозиција може да го загрози тронот на владејачката партија ДУИ, која веќе две децении е дел од власта, велат политичките аналитичари. Последните случувања во Тетово и обвинувањата на градоначалникот Билал Касами од БЕСА дека ...
Неизвесно е дали ќе има гас и по која цена. Струјата од Нова година повторно ќе поскапи. Трошоците за живот веќе се зголемени за 16 проценти. Социјалното незадоволство ќе го зголемува притисокот врз власта за предвремени парламентарни избори, вели политичкиот аналитичар Марко Трошановски. Тешката зима и најавената енергетска криза ќе го зголемат притисокот врз владата за одржување на предвремени парламентарни избори, вели политичкиот аналитичар ...
Наспроти запаливата позадина на религиозните и етно-националистичките тензии што ја соборија владата, Црногорците споделија различни информации за шокантното масовно пукање претходно овој месец. Анета Дуровиќ и Предраг Томовиќ Црна Гора беше потресена овој месец од ретко масовно убиство во нејзиниот кралски главен град Цетиње, каде што живеат претседателот и двете доминантни православни цркви во земјата. Десет лица загинаа кога вооружен маж ...
Минатата година во земјава се родиле најмалку бебиња во независна Македонија. Во последната деценија бројот на бебиња се намалил за 4122, или сликовито, тоа е за околу 137 паралелки помалку. И додека државите од соседството со белата чума се борат со повеќе пари, помошта што ја добиваат родителите во земјава е незначителна. Половина бебешка количка или адаптирано млеко за месец и половина. Толку може да се купи со 5000 денари што државата ...
Владата во четврток вечерта донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор која ќе важи од 1 септември. За тоа какви мерки ќе се преземат да му се помогне на стопанството дополнително ќе се одлучува, велат за РСЕ од Министерството за економија. Од први септември во сила стапуваат две владини одлуки, а тоа се кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на ...
По пожарот од април, кој бил подметнат, но не се знае од кого, сопствениците почнаа да го расчистуваат просторот кај фабриката Треска во Скопје. Тоа е само прв чекор од изградбата на 30 згради на локацијата, коментираат граѓаните. Веќе се поднесени 4 барања за градба и 15 за дооформување на парцели. Започнува расчистувањето на објектите и опасниот отпад од поранешната фабрика Треска. Со тоа се отвора простор за нова бетонизација на оваа ...
Младите не треба да чувствуваат притисок да бидат како мене или да се споредуваат со која било девојка на социјалните мрежи каде се прикажува нереална слика, а никој не е совршен, порача инфлуенсерката Елеонора Миљковиќ во разговор со РСЕ Дваесетиосумгодишната скопјанка Елеонора Миљковиќ пред нешто повеќе од десет години била средношколка која не е задоволна од својот изглед. „Тој период бев најдебела во мојот живот. Стигнав до 68 килограми и не ...
„Карти наспроти бугарштината“, верзија на популарната игра „Карти наспроти човештвото“ не доби дозвола од Заводот за пантенти на Бугарија, бидејќи била навредлива за сите Бугари. Креаторите сметаат дека одлуката на властите се должи на кризата во националната самосвест. Дамјана Велева На картата за играње е напишана реченица која треба да се дополни: „Гласот на народот е гласот на Бога. А народот сака...“. Одговорите, напишани на картичките на ...
Владата денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Минатата недела беше усвоен сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во пресрет на, како што се вели, тешката зима. Мерките треба да стапат во сила од 1 Септември. Какви мерки се планираат за училиштата во земјата? Енергетската криза ги мобилизира и директорите и менаџерите на училиштата. Ако досега за време на грејната ...
Нема поголеми препукувања меѓу политичките „непријатели“ кога станува збор за вдомување на нивните роднини, во на пример Агенцијата за електронски комуникации. Ги има од сите партии без разлика дали се на власт или во опозиција. Сопруги, ќерки и синови на сегашни и поранешни функционери како и поранешна пратеничка се дел од 150-те вработените во Агенцијата за електронски комуникации. Во изминативе четири години бројот на вработени во оваа ...
За 20 години повеќе од тројно се намалил бројот на патници кои патуваат со воз.Состојбата во македонските железници континуирано се влошува. Застарената пруга не дозволува возовите да надминат просечна брзина од 50 километри на час.Фирмата е меѓу најголемите загубари со десетици милиони евра долг Возот од Скопје до Битола патува од три до пет часа на дестинација од 175 километри. За споредба, од Пекинг до Шангај пругата е долга 1.300 километри, ...
Суспендирана останува шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, одлучи Советот на јавни обвинители, постапувајќи по нејзината жалба. Несоработката меѓу Русковска и Јовески доведе до оваа непријатна состојба, заклучува претседателот на Советот, Јолевски. Ниту еден обвинител од Советот на јавни обвинители не застана на страната на обвинителката Вилма Русковска, која до Советот се пожали за нејзината суспензија. ...
За Денот на независноста на Украина и шест месеци од руската инвазија РСЕ разговараше со Јарослав Хрицак, истакнат украински историчар и интелектуалец. „На коцка во војната е самото постоење на Украинците како нација“, вели тој. Александар Паликот На 24 август, Украинците го слават Денот на независноста, голем национален празник со кој се одбележува прогласувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година. Викендот пред државниот празник, ...
Се наближува датумот кога ќе се знае епилогот од ситуацијата на Косово која настана по поставување барикадите од страна на локалните Срби поради намерата на Приштина да почне со издавање документи за влез-излез на српските граѓани и промена на српските регистарски таблички. Обуките и вежбите на Криволак, според надлежните, се дел од тековни планирани активности. Воени вежби, обуки на КФОР на Криволак и прелет на американски авиони над земјава на ...
Обвинителството го отфрли извештајот на Еуростандард банка за можен криминален синџир во банкарскиот сектор како неоснован. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак, вели проблемите во банкарсиот систем се сигнал за метастазиран криминал и корупција. Обвинителството засега води само една истрага, а таа се однесува на предизвикување на стечај на Еуростандард Банка и перење пари. Осомничени се 4 лица. Најголемиот акционер во банката ...
Западот воведе казнени санкции за руската економија бидејќи стотици странски фирми ја напуштаат земјата. Па, зошто руската невработеност е на минимум? Тод Принс На прв поглед, стапката на невработеност во Русија едноставно нема смисла. Западните земји воведоа огромни финансиски и технолошки санкции кон Русија, погодувајќи низа економски сектори од производство на автомобили и информатичка технологија до патувања и туркајќи ја нацијата во ...
Како македонските универзитети да заслужат место меѓу најдобрите илјада според Шангајската листа и како им е на нашите студенти во странство чии факултети се веќе таму, но и зошто тие не останале да студираат дома? Деветнаесетгодишната Калина Качоровска од Скопје, која студира Меѓународни односи на Варшавскиот универзитет, вели дека уште од мала знаела дека македонски универзитет нема да и биде опција за студии. „Дали тоа ќе беше Полска како ...
Убиство со умисла на Еуростандард по налог на сивата банкарска еминенција, обвинува најголемиот акционер во банката Трифун Костовски. Признава соучество во криминална банкарска шема откриена во истрагата на банкарските експерти Драго Кос и Ирена Фрачековиќ, а која е финансирана од Костовски. Од банките и институциите - молк. Речиси две децении најмалку седум банки во земјава разработиле шема за фиктивно кредитирање на фирми со цел перење пари, е ...
Малата излезност на вонредните локални избори покажа дека луѓето изгубиле доверба во политичарите. Во Тетово на изборите излегле 9000 луѓе помалку од ланското гласање. Сите партии имаат помалку советници, освен Беса која има четири советници повеќе и ДУИ кои имаат плус еден. Да не беше дијаспората Маврово-Ростуше и Центар Жупа немаше да изберат градоначалник. Оставка на лидер на партија, власта и опозицијата се обвинуваат дека победата на ...
Рускоска - Муареми, судири, уцени, криминал, корупција, политичари... и изборите, секако се во вашиот фокус на коментари и мислења на информациите објавени на нашата Фејсбук страница. „Случувањата во Обвинителството и во Финансиската полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, во неделното интервју на РСЕ. Тој исто така смета дека „сето тоа прилега како обвинителките да се жртва на ...
Украина ја менува стратегијата, таргетирајќи ги руските линии за снабдување со прецизни удари и потпирајќи се врз партизански акции за извршување напади на окупираните територии. Дали може тоа да доведе до пробив на фронтот? Рид Стендиш Серијата неодамнешни напади врз руските сили во јужна Украина и нејзиниот насилно анектиран Кримски полуостров откриваат, како што велат украинските власти, нова стратегија дизајнирана да ги уништи линиите за ...
Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој. Шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена. Две шефици на ...
Двојна победа прогласи ВМРО-ДПМНЕ по изборите за нов Совет на Општина Тетово, откако партијата, според досегашните резултати, е во водство пред СДСМ, а БЕСА пред ДУИ. СДСМ пак објави дека се победници по гласањето за градоначалници во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Кандидатот на СДСМ Медат Куртовски во моментов е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше, според досега изброените ...
Гаснење пожари од литиумјонски батерии без отровни материи, ова е иновативен изум на мала македонска компанија, која освои прво место на натпревар во Америка. Но, колку Македонија поддржува иновативни компании? Македонската компанија ВЕДА создаде иновативен систем за гаснење на пожари, кој освои и прва награда на меѓународен натпревар за иновации организиран од Министерството за одбрана на САД. Станува збор за сузбивање на пожарите кои ...
Просветните инспектори вршат надзор во неколку факултети на УКИМ поради изјавите што ги барале од студентите при упис да потврдат под кривична и морална одговорност дека не конкурирале паралелно и на друг универзитет. Правниците велат - ова е противзаконско. Од УКИМ пак со свое објаснување. Просветни инспектори влегоа во Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ затоа што на студентите при упис на некои од факултетите им било барано да потпишат ...