Фактот дека украинските беспилотни летала пристигнаа во срцето на руската престолнина во последните месеци, дури и ако досега не предизвикаа голема штета, е засрамувачки за руските власти, кои на јавноста и порачаа дека Русија има целосна контрола врз нивната „специјална воена операција“ во Украина. Беспилотно летало удрило во кула во деловниот кварт на Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина, додавајќи дека противвоздушната ...

– Михаил Подољак, советник во Кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека војната наскоро целосно ќе се пресели на територијата на Русија. Подољак на социјалните мрежи ги коментираше нападите со дронови врз Москва. „Москва брзо се навикнува на вистинска војна, а оваа војна наскоро целосно ќе се пресели на територијата на ‘авторите на војната’ и ќе ги наплати сите долгови од нив. Сè што понатаму ќе се случи во Русија е објективен историски ...