Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одбележува својот 70-ти роденден. Воените неуспеси во Украина и непопуларната мобилизација би можеле да ја натераат руската јавност да го преиспита одобрувањето за човекот кој ја одведе земјата во војна што ја замати нејзината иднина. Роберт Коалсон 70-тиот роденден на Владимир Путин доаѓа во време кога сè поавторитарниот лидер се соочува со некои од најзастрашувачките предизвици во неговата ...

Потребите на пазарот на трудот се менуваат, а покрај недостигот на соодветен кадар и македонските фабрики се чекор назад во процесот на целосна дигитална трансформација. Во земјава е слаб интересот за изучување роботика, автоматика, мегатроника и слично. Оние пак кои ги завршуваат овие струки, ретко остануваат дома, зошто нема каде да го применат соодветното знаење. Шеесетина. Толку студенти во просек секоја година се пријавуваат на насоката ...

Сè повеќе млади имаат „сенс“ кон другите, велат социолозите, но тоа сè уште не е доволно. Некои веќе работат и директно со социјално загрозени или маргинализирани луѓе. Националниот младински совет е една од организациите која ги поттикнува да формираат социјални претпријатија. Здружение на граѓани од Неготино ќе обучува млади лица и лица од социјално загрозени категории да одгледуваат печурки и така да заработуваат, а битолска иницијатива ќе ги ...

Премиерот Димитар Ковачевски и четворица министри ќе бидат дел од Советот за унапредување на образованието. Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат како министри кои скоро едно полугодие не можат да обезбедат учебници за децата ќе го унапредуваат образованието. Министерството за образование и наука, со поддршка од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката, во кој ќе членуваат премиерот и четворица ...

Изминатиот период болните со рак се соочија со недостиг на повеќе лекови. Здруженијата алармираат, пациентите живеат во страв дали ќе има лек за нив. Од Народен правобранител охрабруваат да се пријавуват ваквите проблеми. Добивте ли херцептин?- ова беше најчесто поставуваното прашање во понеделникот на Клиниката за онкологија, во амбулантата каде се лекуваат жените што имаат рак на дојка. Лекот кој треба да се прима на точно 21 ден, не беше ...

Лидерите на 44 земји од европскиот континент ќе се соберат денеска во Прашката тврдина за официјално да ја започнат Европската политичка заедница (ЕПЗ). Тоа е политичка платформа каде што учесниците редовно ќе се собираат за да разговараат за прашања од заеднички интерес. Идејата првпат беше изнесена во мај годинава од францускиот претседател Емануел Макрон. Набргу по него, оваа иницијатива ја поддржа и претседателот на Европскиот совет Шарл ...

Фирмите бараат ограничување на маржите на производителите на струја. Синдикатите бараат мерки за граѓаните, како и зголемување на платите согласно инфлацијата. Барањата ги изнесоа на денешниот Економски совет, а Владата најдоцна идната недела треба да донесе мерки за помош во енергетската криза. Бизнис секторот и Владата денеска на седницата на Економскиот совет се договорија до крајот на оваа недела, или најдоцна до идната среда, да бидат ...

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ по долгите меѓусебни препукувања и барање избори заедно седнаа да бараат излез од енергетската криза. Но партиските преписки со меѓусебни обвинувања не запреа ниту по средбата. Студените радијатори, скапата струја и ризикот илјадници работници да останат на улица ги седнаа на заедничка маса лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги тргнаа на страна секојдневните препукувања за корупција, криминал, тендери, ...

Македонската влада за прв пат објави листа со 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и Исламската Држава. За нив се одредени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и обезбедување пари за други да учествуваат во војната. Имиња на 15 мажи на возраст од околу 30 години кои ја напуштиле државата за да се приклучат кон терористичката организација „Исламска држава“ во војната во Сирија за прв пат се ...

Народната банка од март ги зголеми основните каматни стапки од 1,25 на 3 отсто. За борба против инфлацијата, која достигна скоро 17 отсто, потребни се двоцифрени камати, вели професор Трајко Славески. Во Народната банка реагираат дека така граѓаните нема да може да ги плаќаат кредитите. Најголем дел од постојните кредити се со променливи каматни стапки, па ако многу ја покачиме каматата, граѓаните нема да може да ги плаќаат, што ќе ги зголеми ...

Рускиот претседател Владимир Путин, кој владее со најголемата нуклеарна сила во светот, постојано го предупредува Западот дека секој напад врз Русија може да предизвика нуклеарен одговор. Дали Путин ќе користи нуклеарно оружје, колку такво оружје има и како би можеле да одговорат САД и НАТО? Дали Путин ќе го употреби нуклеарното оружје? Многу зависи од тоа како Путин ја доживува заканата за руската држава и неговото владеење. Путин ја опишува ...

ВМРО-ДПМНЕ до Владата ќе ги достави своите контакти за наоѓање поевтини енергенси, а министерот за економија Крешник Бектеши во име на Владата ќе ги проверува нивните понуди, е епилогот од средбата во Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со премиерот Димитар Ковачевски. Загрижен излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тие два часа разговараа за ...

Капацитетите за производство на струја со децении се занемарени, а не се инвестира во нови. Земјава увезува една третина од струјата што ја троши, а нема ни доволно енергенси за производство. По руската агресија врз Украина, цените на струјата и природниот гас во Европа драстично се зголемени. Македонија не произведува доволно струја за да ги задоволи своите потреби, па кусокот го надополнува со увоз. Минатата година една третина од потрошената ...

Украинската победа во градот Лиман во регионот на Доњецк е најновата во серијата големи порази на бојното поле за руската војска. Критиките кон руските команданти сега избиваат на површина. Тоа е проблем за Кремљ. Мајк Екел Веќе со недели, на нецензурираните канали на апликацијата за пораки Телеграм, има низа лути критики за руските воени команданти среде неверојатната украинска контраофанзива во регионот Харкив и на други места, што резултираше ...

Професорот Александар Спасеновски, кој е автор на истражување на јавното мислење- 30 години надворешна политика и одбрана на Конрад Аденауер во разговор за РСЕ вели дека мислењето на граѓаните за руската агресија врз Украина е слично со граѓаните на земјите членки на НАТО и на ЕУ. Професоре Спасеновски во истражувањето се наведува дека околу 50 отсто од испитаниците сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, ...

Не очекувајте дека Украина ќе се приклучи на воениот сојуз многу брзо, како што вети претседателот Володимир Зеленски при поднесувањето на кандидатурата за „забрзано“ членство во НАТО. Не очекувајте многу за ова прашање, оти секое придвижување напред секако ќе бара консензус, пишува во својот блог дописникот од Брисел за РСЕ, Рикард Јозвијак Потегот на Украина да поднесе барање за членство во НАТО во петокот беше дочекан со големо изненадување ...

Бугарскиот претседател Радев може повторно да го има главниот збор во државата, откако изборите не донесоа убедлив победник кој ќе формира влада. Тоа, според дипломатите, не и оди во прилог на Македонија. На 7 октомври е најавено отворањето на вториот бугарски културен центар „Цар Борис Трети“ . Политичката нестабилност во Бугарија извесно е дека ќе продолжи и по последните парламентарни избори, четврти по ред во рок од 18 месеци. По тесната ...

Скапите цени во маркетите ги натераа граѓаните да се свртат кон земјоделците, па расте трендот на купување вакви производи преку интернет. Цените тука се поевтини, квалитетот „домашен“, ама и ризикот поголем. Сепак граѓаните се повеќе преминуваат на овој тренд. Килограм боранија за 60 денари, тиква по 15, но и кашкавал за 300 денари може да купи на интернет, ако купувачите успеат директно да се договара со земјоделците. Растот на цените во ...

Во земјава за реконструкција на 10 километри автопат се потребни три години. Кичево – Охрид се прави осум години, а според најавите ќе бидат потребни уште две. Често пропаѓаат тендери, се раскинуваат договори, а во меѓувреме граѓаните се возат по урнисани патишта, за кои си плаќаат патарини. Патиштата се катастрофа. Патарините се скапи, ама барем патиштата да се добри. Од дупките страдаат возилата, а и работното време ни се одолговлекува, велат ...

Партијата ГЕРБ на бугарскиот екс-премиер Бојко Борисов тесно победи на вчерашните избори, четврти за помалку од две години во таа земја. Гласачите гледаат во Борисов ветување за стабилност и дипломатска зрелост. Резултатите од 99 насто преброени гласачки ливчиња на 3 октомври покажаа дека ГЕРБ освоила 25,4 отсто од гласовите, додека центристичката партија „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков е втора, со 20,2 насто на ...

Над 6,6 милиони граѓани имаа можност да гласаат на вонредните парламентарни избори во Бугарија, каде според излезните анкети, излегле најмалку 30% од нив. Води партијата Герб на Бојко Борисов со околу 25% од гласовите, по што следи ПП на Кирил Петков со околу 19% освоени гласови. Излезните анкети во Бугарија покажуваат дека централно-десничарската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на долгогодишниот лидер Бојко Борисов заврши ...

Оваа состојба на релативно ниски каматни стапки значи дека, штедачите плаќаат еден висок инфлациски данок. Ако имате заштедено 1000 денари, за една година губите 15 проценти од вредноста, тие 1000 денари после година дена ви вредат 850 денари вели професор Трајко Славески, кој е и претседател на Совет на Град Скопје. Господине Славески, на две недели до почетокот на грејната сезона е нејасно дали скопјани ќе имаат парно и кого. Пред три месеци ...

Пуштањето во употреба на интерконекторот за гас меѓу Бугарија и Грција, ќе значи ослободување од зависноста од рускиот гас за регионот и можност за диверзификација на изворите на овој енергенс. Според претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, овој проект значи слобода. Бугарија почна да добива природен гас преку интерконекторот со Грција, што има за цел да ја прекине зависноста на земјата од испораките од Русија. Приклучокот за гас беше пуштен во ...

На 2 октомври во Бугарија ќе се одржат четвртите парламентарни избори за помалку од две години. Политичката нестабилност на земјата е помогната од мали партии кои се националистички, антилиберални и цврсто проруски настроени. Десислава Димитрова и Иван Бедров На партиските митинзи на бугарската партија „Преродба“ не недостигаа руски знамиња. Лидерот на ултранационалистичката партија Костадин Костадинов кој е за напуштање на ЕУ и НАТО, другите ...

Украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон стануваат дел од Русија, потпиша денеска рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ соопшти дека нападите на овие територии ќе ги смета за агресија против Русија. ЕУ соопшти дека за нив окупираните региони остануваат дел од Украина. Рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на четири украински региони назначени од Москва ги потпишаа таканаречените договори за пристапување, со што овие ...

Високите сметки за струја можат да им ставаат клуч на врата на големите комбинати. За да не дојде до тоа, тие очекуваат да бидат дел од пакетот помош од Владата. Синдикатите предупредуваат дека ударот врз големата индустрија може да има катастрофални последици за економијата. Од Владата велат дека во моментов преговараат со неколку земји за увоз на стуја за помош на стопанството. Скапата струја почнува да го затвора големиот бизнис. Поради ...

Иако во земјава секоја година просечно заболуваат по 150 жени од рак на грлото на матката, стапката на вакцинација против ХПВ односно вирусот кој ја предизвикува оваа женска болест е само 40 проценти. Лекарите апелираат до родителите да не се плашат да ги вакцинираат ќерките оти вакцината е безбедна Катерина Крстева денеска ја однесе својата тринаесетгодишна ќерка да ја прими вакцината против ХПВ (хуман папилома вирус), односно најчестиот ...

По поништувањето на тендерот за надзор на изграбата на коридорите 8 и 10 кој го доби хрватската фирма ИГХ, за која вицепремиерот Груби изјави дека е во сопственост на Руси, на површина излезе дека институциите и претходно соработувале со нив. Имено, минатата година два тендера вредни милион евра ги добил конзорциум во кој членува и хрватската ИГХ. Американско-турска авантура за реализација на клучните автопатски коридори 8 и 10 во Македонија ...

Кремљ денеска формално ќе ги анектира четирите региони на Украина, додека Западот ги интензивира подготовките за нови санкции кон Русија на, како што меѓународната заедница ги нарече „лажни“ референдуми. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети силен одговор на потегот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера најави дека на церемонијата на потпишување ќе учествуваат претседателот Владимир Путин и лидерите наметнати од Москва во ...

Енергетската криза беше меѓу главните теми на собраниската седница за поставување пратенички прашања. Но, и овој пат не изостанаа навредите на релација власт-опозиција. Пратениците на опозицијата генерално не беа задоволни од одговорите на владините министри. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања повторно го обвинија премиерот Димитар Ковачевски дека „дезертирал“ од армијата во 2001 година. Тој одговори дека поради ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57