
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека се прогласил за уставен судија. Претходно Џафери ја отфрли иницијативата за одржување референдум за Договорот со Бугарија како неуставна. СДСМ ја поддржа неговата одлука. Власта бега од соочување со народот, а претседателот на Собранието Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија, реагираше вечерва Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во ...
Стотина дела, објекти, фигурини, колажи, цртежи и асамблажи и апликации ја чинат ретроспективната изложба „Пат за Волкодери“ на Симон Узуновски, пионерот на уметничките партиципативни инсталации во Македонија, што од 13 септември до 25 октомври, се одржува во Музеј на современа уметност – Скопје. Симе беше еден од моите најдобри другари. Пријателувавме уште од крајот на 1970-те години, од кога и датираат овие негови дела, кои за првпат беа ...
Забрана за одржување на маршот на ЕуроПрајд во Белград, добија денеска организаторите на манифестацијата која отпочна вчера, поради закани од религиозни и националистички групи. Српското министерство за внатрешни работи денеска донесе одлука со која се забранува одржување на завршниот марш на ЕуроПрајд 2022 кој беше закажан за 17 септември. Оваа информација на социјалните мрежи ја потврдија организаторите на европската манифестација која трае од ...
И во 21-виот век жителите на Шуто Оризари велат дека немаат ниту основни услови за живот, како што се улици, канализација и јавен превоз. И додека градската власт молчи, на жителите веќе им е смачено и стануваат сѐ погласни во барањата за поголеми права и подобрување на условите во кои живеат. Прашина и дупки на улиците, зеленило речиси и воопшто нема и гужви на автобуските постојки. Ваква е сликата на само неколку километри од центарот на ...
Продолжува серијата оставки на функционери од ВМРО-ДПМНЕ од директорски позиции во Град Скопје. Сите ја обвинуваат градоначалничката Арсовска за лошо раководење со градот, а таа им возвраќа дека отчет треба да и даваат неа, а не на партискиот лидер. ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа на локалните избори, сега најавува дека може да ја повлече поддршката. Скопјани и натаму ќе чекаат на големите проекти како пречистителна станица. Ескалира конфликтот меѓу ...
Ќе биде тешко, ама со многу откажувања и штедења, ќе преживееме, велат македонските граѓани по најавите за непредвидливата економска и енергетска зима. Повеќето од нив велат дека повеќе ќе се јадат посни манџи и ќе се носи стара облека откако потрошувачката кошничка „скокна“ на 48 000 денари Помалку месо, сокови, грицки или други слатки задоволства. Нема купување на нова облека, а патувањата или викенд прошетките не доаѓаат в предвид. Овие се ...
Жестоките судири меѓу ерменската и азербејџанската војска започнаа доцна во ноќта долж границата. И двете страни се обвинуваат меѓусебе која земја прва отворила оган. Ерменија загуби најмалку 49 војници во најновите гранични судири со Азербејџан, изјави премиерот Никол Пашинијан по меѓународните повици за итен прекин на непријателствата меѓу двата главни непријатели на Кавказ. Во говорот во ерменскиот парламент изутрината, Пашинијан соопшти дека ...
Москва прави напори да ја спроведе својата програма за украинските деца и наставници во окупираните региони, цел за која експертите велат дека е неопходна за надежта за нивно припојување кон Русија Септември требаше да биде значаен месец за децата и наставниците во градот Приморск во регионот Запорожје во Украина. Традиционалниот почеток на новата учебна година, во поранешните советски земји обично се одбележува со весела помпа: момчиња и ...
Секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски, како и в.д директор на ЈП „Водовод и канализација се разрешени од функциите. Градоначалничката на Скопје, Арсовска ги обвини за несовесно постапување за тендерот за Пречистителна станица. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека чесно работеле. Се нарушија ли односите меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ откако по разрешувањето на двајца функционери лидерот на ...
Опозицијата дискутираше сама со себе во Комисијата за избори и именувања каде на дневен ред беа ставени два предлога за избор на уставен судија - актуелниот обвинител Јовески како предлог на власта и професорот Климовски, како опозициски предлог. Климовски не беше изгласан за уставен судија. Предлогот на опозицијата професорот Саво Климовски да биде назначен за уставен судија не ја мина бариерата на Комисијата за избори и именувања. Владејачкиот ...
По пет години од светската премиера и освојувањето на светската критика и публика, „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и пријателите си доаѓа дома. Претпремиерата беше во струшко Збажди на Богородица, на 14 септември ќе биде изведен во Скопје и на 25 и 26 септември во Штип и во Битола. Секогаш кога сум свирел дома радоста била уште поголема. Ова како поента ќе го спомене маестро Симон Трпчески, во октомври 2021 година, во пресрет на ...
Македонија е земја со огромен потенцијал за развој на домашниот туризам, но анализите покажуваат дека многу малку се „продава земјава“ како дестинација, а потенцијалот не се користи во целост... Од бисерот на Балканот, преку Пелистерските очи, па се до безбројните живописни села со прекрасни пејзажи и природа. Македонија е земја со огромен потенцијал за развој на домашниот туризам, но анализите покажуваат дека само три до четири отсто од ...
Отворањето на Уставот за внесување на Бугарите во Преамбулата им даде повод и на дел од партиите да дадат барања за дуги уставни измени. Уставни експерти за РСЕ предупредуваат на злоупотреба на моментот, со што може дополнително да се искомплицира процесот. Потребна е темелна промена за модерен Устав, а не политички интервенции. Партиите кои излегуваат со свои барања за уставни измени сакаат да го злоупотребат моментот со внесувањето на Бугарите ...
Претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин треба за прв пат да се сретнат од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тие ќе се состанат на самитот на азиски лидери во Узбекистан кој се одржува неделава. Оваа средба треба да доведе до јакнење на нивната позиција во дома и во странство, како и во меѓусебните односи на двете земји наспроти либералните демократски вредности, анализираат странските медиуми. Деликатно време ...
Русија и Кина се едни од главните актери, но постојат и други регионални влади кои се обидуваат да воспостават поголема моќ и влијание на Балканот, вели Џеј Џенсен директор за комуникации на Сојузничката команда за операции на НАТО во неделното интервју за РСЕ. Тој истакнува дека единствениот начин да се одговори на лажните вести е да се изгради отпор кон дезинформациите и да се зацврсти довербата во националните влади Господине Џенсен, дали по ...
По информацијата дека е извршен хакерски напад врз интернет страницата на Министерството за образование и наука, од ресорното министерство тврдат дека хакерскиот напад не нанел никаква штета бидејќи на веб страната не постојат заднински бази на податоци Веб страницата на Министерството за образование беше цел на хакерски напад. Неколку часа на веб страницата на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“. ...
Телеграми со сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора пристигнуваат од лидерите од целиот свет. Во Обединтетото кралство сега ќе треба да се менуваат банкноти, монети и поштенски марки, ќе има и нови поштенски сандачиња, униформи и пасоши. Промени ќе претрпи и националната химна. Почит и сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, како и пофалби за нејзиното 70 годишно владеење упатија светските лидери. ...
Македонија покажува лидерство во градење не само на воени капацитети, туку и во областа на информациското опкружување, вели директорот за комуникации во НАТО, Џеј Џенсен. Во тој контекст Регионалниот центар за односи со јавноста досега обучил повеќе од 1600 учесници од 40 земји од НАТО и партнерите Во време на бројни безбедносни предизвици со кои се соочува светот, еден од приоритетите со кој се бори северноатлантскиот сојуз е и борбата против ...
Најблиската околина на еден млад човек со самоубиствени мисли ќе има индикации за некаков тип на промена во однесувањето, но родителите мора да бидат активни слушатели, а психотерапевтите не смеат да го демонизираат однесувањето, вели психотерапевтката Радмила Живановиќ Податоците на Државниот завод за статистика за 2021 година, покажаа дека бројот на умрени лица од насилна смрт се зголемил за 54,6 % во однос на 2020-та. Минатата година, 677 ...
Преполнетите контејнери, ѓубрето оставено околу нив, фрлањето отпад „кој каде стигне“ е честа појава низ Скопје. Граѓанската или инстуционалната несовесност? Што е проблемот? Преполни корпи, ѓубре пред наместо во контејнерите, отпад оставен пред зградите. Ваква слика често пати може да се види низ Скопје. РСЕ направи обиколка во неколку скопски општини. Embed share Ѓубре насекаде, совест и одговорност никаде Embed share The code has been copied ...
По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во четвртокот, на 8 септември, принцот Чарлс станува крал на Обединетото Кралство и на 14 други земји, како најдолгоочекуваниот престолонаследник во британската историја. Чарлс го очекуваат тешки предизвици во својата нова улога, со оглед на тоа што неговата мајка беше многу популарна и почитувана, но замина во време кога угледот на кралското семејство е нарушен, а Бакингамската палата се соочува ...
Британската кралица Елизабета Втора почина во Балморал на 96-годишна возраст. Таа помина 70 години на престолт. Кралското семејството пристигна да биде покрај неа бидејќи таа беше во сериозна здравствена состојба. Илјадници луѓе се собираат пред Бакингемската палата Почина британската кралица Елизабета Втора на 96 годишна возраст, откако беше под медицински надзор во Балморал поради нарушено здравје, соопшти Бакингемската палата. Телеграми со ...
Кревкиот буџет ќе мора да го издржи планот за справување со енергетската криза оваа зима, тежок 300 милиони евра. Според академик Беџети, ако можеа да се најдат пари за „Скопје 2014“, тогаш мора да се најдат за кризата. Кревкиот економски систем ќе биде дополнително оптоварен со планот од околу 300 милиони евра кои ќе бидат потребни оваа зима за земјава да се справи со енергетската криза. Но пари мора да се најдат бидејќи друг излез нема, ...
Поставување на калориметри на цевките за парно се најправилниот начин за наплата на потрошената енергија кај домаќинствата, уверува првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски. Од НВО секторот посочуваат дека овие мерни уреди се непопуларно решение за операторите со топлинска енергија Поставувањето на калориметри на парно греењето е нешто од кое бенефит можат да имаат и граѓаните и државата, согласни се енергетските експерти. Овие прецизни мерачи на ...
„Обединети во слободата“ е мотото на денешната прослава на годишнината од Денот на независноста на Македонија. За 31 година во земјава клучните капитални инвестии кои требаше да го подобрат животот на граѓаните не се реализирани. Пред 30 години наследивте трикатна куќа што вашите родители ја изградиле во време на бивша Југославија. Во меѓувреме, парите од киријата за катовите во кои не живеевте ги трошевте по одмори и ситни луксузи. Во ...
Како изгледа меѓуврсничкото насилство од аспект на жртва, а како може да се каже „стоп“ од стручен аспект? Средношколец од Скопје, јавно со име и презиме, ни ја раскажа својата приказна како мета на булинг, а психолог ни ги опиша предизвиците Средношколецот Нино Наумовски од скопската гимназија „Никола Карев“ вели дека во основно училиште за првпат бил жртва на врсничко насилство. Во разговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) вели дека се ...
Државата доби пресуда дека сторила директна дискриминација кон лицата со попреченост, не овозможувајќи им да го остварат правото на глас на последните избори, со тоа што не обезбедила пристап до избирачките места. Пресудата говори многу за состојбите и потребата од подобрување на состојбите. Владата и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас, утврди неодамна ...
Цените на струјата во Европа лани се зголемија поттикнати од рекордната цена на гасот, бидејќи Русија го намали снабдувањето на Европа. Европските влади ја обвинија Москва дека преку енергијата уценува и се одмаздува за западната поддршка на Украина по руската инвазија. Кои се плановите на Европа? Европската унија (ЕУ) подготвува итни планови за ограничување на цените на бензинот или за одвојување на цените на електричната енергија од ...
АД ЕСМ ги продава вишоците на струја , а најмногу годинава купувала ЕТМТ Енерџи, која е формирана лани во март, а нејзин сопственик е фирма од Албанија. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека се оштетени граѓаните и државата. Од продажбата на струја до септември АД ЕСМ наплатила над 6 милиони евра. ЕТМТ Енерџи е фирмата која годинава најмногу купувала вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ. Според документацијата достапна на ...
„Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ е насловена тематската изложба што од 7 септември до 10 октомври ќе се одржи во Мала станица во Скопје. Ќе бидат изложени 80-на дела од македонски и балкански творци, а поставката се одржува во рамките на Европските денови на културно наследство. Осумдесеттина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“, ќе бидат претставени на ...