Одложените оставки на министрите на ДУИ според аналитичарот Алберт Муслиу не се тактизирање на партијата, туку оневозможување на „ирационалните барања“ на ВМРО-ДПМНЕ. Владимир Божиновски, пак, вели дека ова не се оставки на ДУИ, бидејќи ,според него, оставка се поднесува, а не се условува. Министрите на ДУИ поднесоа условени оставки како одговор на едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ, да се формира влада без ДУИ, за да ги поддржи уставните измени за ...

Oсвен ДУИ, неотповикливи оставки треба да поднесат и министрите од СДСМ и да се оди на брзи избори, велат од најголемата опозициска партија откако министрите на ДУИ поднесоа писмени оставки од функциите, во насока на исполнување на едно од барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да бидат изгласани уставните измени со што би се деблокирала евроинтеграцијата на земјата. – Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ...