Вицепремиерот Артан Груби сменет од партиската функција организациски секретар во ДУИ, на негово место поставен Блерим Беџети. Скопското крило на ДУИ познато како „Огнена Група“ ги доби новите потпретседателски позиции во хиерархијата на ДУИ. Централниот совет на ДУИ на денешниот вонреден состанок донесе измени во партиското раководство, со кои одредени министри кои досега беа во раководните партиски структури сега се заменети со „стари кадри“ ...

Владина помош ќе добијат ранливите категории граѓани, околу 180 илјади или 10 отсто од популацијата. Прашањето за намалување на платите во администрацијата останува отворено. Синдикатите предупредуваат, а премиерот најави дека ќе се кратат платите само на менаџерите на институциите загубари. Владата донесе мерки за парична помош за социјални случаи, невработени и пензионери со ниски плати. Но, ова е интервентна мерка за следните четири месеци, а ...

Две млади девојки од Македонија ги споделија за РСЕ своите сведоштва за борбата со рак на дојка. За тоа што поминуваат низ болеста пишуваат и на социјалните мрежи за да порачаат дека ракот не прашува за години. Дваесетиосумгодишната битолчанка Наталија 9 месеци носела перика, но не од мода, туку од желба да го „скрие“ ефектот на хемотерапијата која ја примала откако на 25-годишна возраст и дијагностицирале рак на дојка. „Ништо не ми беше тешко, ...

Со обидот за анексија на делови на Украина рускиот претседател Владимир Путин создаде нов наратив во кој војната веќе не е руска интервенција во Украина, туку одбранбена војна на руска територија против НАТО. Тоа ги намали можностите за мировен компромис. Јури Жигалкин и Роберт Коалсон Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја редефинира војната против Украина со тврдење за анексија на четири украински региони, додавајќи дека не може да ...

На само еден ден пред почетокот на грејната сезона ЕСМ уште нема лиценца за да ги снабдува скопјани со парно, гас e обезбедено за само 15 дена греење, ама од Владата уверуваат дека парно од утре ќе има, па граѓаните треба да бидат спокојни. Енергетската криза годинава ги помеша лончињата, а скапиот гас и неизвесноста дали воошто ќе го има, стави во незавидна положба 60.000 домаќинства во Скопје кои се греат на централно парно. Голем дел од нив ...

Сточарите се жалат на високи трошоци за храна што резултира со покачена цена на откупното млеко. Тоа пак предизвика повисоки цени на млечните производи. И покрај ограничената трговска маржа се најавуваат нови поскапувања, доколку државата не им помогне на сточарите. Ако кравји кашкавал во октомври минатата година во маркетите можеше да се купи по цена од 299 денари за килограм, сега истиот кашкавал се продава по 577 денари или речиси двојно ...

Хорот на 11 Октомври, во партизанската песна „А бре, Македонче“, наместо познатиот во јавноста стих „клетите фашисти“ отпеа „душманите клети“. Власта вели дека се работи за стар аранжман, но во јавноста има критики затоа што не е првпат да се менуваат делови од песни кои се спорни за Бугарија. Ќе го тетовираат ли сега хористите од Македонската опера и балет стихот „клетите фашисти“ од партизанската химна „А бре, Македонче“, иронично прашуваат ...

Во говорот што ја шокираше Европа, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека „поредокот каков што го знаеме повеќе го нема“. Притоа тој го цитираше аналитичарот Оливие Шмит кој во интервју за РСЕ вели: „Путин научи дека штом ќе употреби сила Западот брза да се спогоди“. Енди Хејл Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, оваа недела упати остра критика за европската надворешна политика во свет на „радикална несигурност“, ...

Очекуван е „позитивниот тон“ во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија изминатата година, бидејќи земјава почна преговори за членство, сметаат аналитичарите. Вархеји нагласи дека земјава има стабилен прогрес, но мора да продолжи борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација. Почетокот на скрининг процесот како прва фаза од преговорите и македонската поддршка за санкциите против Русија по нејзината инвазија врз Украина и ...

Еден оброк дневно за многу граѓани почнува да станува недостижно. Податоците од Црвениот крст покажуваат дека за 30% е зголемен бројот на корисници на услугите на оваа хуманитарна организација, а редиците стануваат се поголеми и во народните кујни, каде се делат бесплатни оброци. Секој ден од 9.30 часот наутро во основното училиште „Имри Елези“ во скопската општина Чаир се делат оброци за социјално ранливите граѓани. Тука е сместена една од ...

За долг од неколку илјади денари, поради доцнење, граѓани сега должат по неколку илјади евра во фирмите за брзи кредити и може да останат без своите домови. Народниот правобранител вели дека ваквите фирми некогаш барале долгот да се врати со камата од 50 отсто. Скопјанка може да остане без стан во центарот на Скопје поради заем од скоро 5 илјади евра од три фирми за брзи кредити. Станува збор за 40-годишна жена која може да го загуби станот од ...

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „не се шегува“ кога упатува прикриени нуклеарни закани. Но, што освен нуклеарно оружје може да употреби тој против Западот? Тод Принс По предупредувањето на претседателот Џо Бајден, сенаторот Марко Рубио, републикански член на разузнавачкиот одбор на американскиот Сенат, исто така изјави дека стравува оти Русија може да изврши конвенционален напад против ...

Претседателот Стево Пендаровски, во празничната честитка, побара надминување на поделбите и национално помирување. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека кочењето на евроинтеграциите е предавство, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави градежна офанзива во Прилеп. Антифашистичката борба нека ни биде инспирација за надминување на поделбите и национално помирување преку меѓусебна почит, порача претседателот Стево Пендаровски во ...

Потребна е ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои во Нацрт-извештајот на Европската комисија за Македонија, во кој РСЕ имаше увид. Добро е оценета работата на Антикорупциската комисија. Северна Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми, стои во нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави утре, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид. Единствено ...

Криза е, а во ситуација на зголемена инфлација граѓаните се обидуваат да заштедат како знаат и умеат. Еден од начините да се намалат трошоците за греење е инвестицијата во топлинската изолација во домовите. Граѓаните кои вложиле во фасада и нови прозорци и врати велат дека им се намалиле сметките за струја. Од фирмите пак велат дека продажбата на прозорци се намалила. Зголемените цени на енергенсите и електричната енергија ги натераа граѓаните ...

Средношколецот Јан Стојановски, ги победи сите пријавени врсници на последната Балканска олимпијада по физика. Зборувајќи за медалите, за РСЕ сподели дека не можеш само да учиш, без да се дружиш, ниту само да 'лудуваш' без да фатиш книга, ако сакаш да успееш во светот на науката Седумнаесетгодишниот Јан Стојановски од Скопје, кој го собра златото на 4-тата Балканска олимпијада по физика (BPO4) каде домаќин беше Друштвото на физичарите на Кипар, ...

Воздухот оваа зима се очлекува да биде позагаден од претходните поради енергетската криза и зголемената употреба на мазут и јаглен. Граѓаните иако се свесни за проблемот, во моментов повеќе стравуваат од високите трошоци во нивните домови, додека нови истражувања покажуваат загрижувачки резултати од изложеноста на загаден воздух. Здравата животна средина повторно е во втор план, овој пат поради неизвесноста од енергетската криза и растечката ...

Секој денар е добредојден, особено за оние кои имаат мали примања. Но инфлацијата ги изеде парите што Владата ги најавува за ранливите категории. Речиси 200 илјади луѓе ќе бидат опфатени со антикризните мерки. На ова треба да се гледа како на „прва помош“. Потребни се долгорочни решенија. Џуриа Зендел е самохрана мајка. Таа и нејзиното бебе се најдоа во групата од речиси 42 илјади граѓани кои од државата ќе добијат по вкупно 12 илјади денари ...

Економската криза удри по менталното здравје на граѓаните. Капацитетите за справување се веќе истрошени од пандемијата, па растат стресот, стравот и фрустрациите. Психолозите советуваат да се излезе од замката на стравот преку дружење и помагање на другите. Цените во продавниците растат, неизвесно е дали ќе има греење и струја оваа зима, се најавуваат отпуштања на работници, а војна се води на само 1.000 километри од Македонија. И сето тоа ...

Рестриктивните монетарни политики на глобално ниво и очекувањата од рецесија во европската економија се клучните причини за падот на вредноста на акциите на македонската берза, велат брокери за Радио Слободна Европа. Околу илјада до две илјада евра изгубив во изминативе три дена на македонската берза со падот на цените на акциите, вели пензионираниот Благоја кој поседува акции во скопската фирма Гранит. Редовно ја проверува берзата и вредноста ...

Главниот град на Украина, Киев, бил нападнат денеска изутрината со неколку експлозии што го потресоа градот, при што службите за итни случаи соопштија дека голем број луѓе загинале и биле ранети. Извештаи за експлозии пристигнаа и од други украински градови Днипро, Лавов и Тернопил, јавуваат украинските медиуми. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека експлозиите го погодиле центарот на главниот град на Украина. „Неколку ...

Сет на мерки од 350 милини евра, кој вклучува парична помош за социјални случаи, невработени, пензионери со ниски пензии, најави Владата за справување со последиците од енергетската и економска криза. Помош ќе има и за бизнисот. За овие пари да стигнат до ранливите категории, потребни се законски измени, односно поддршка од пратениците. Нов сет на мерки со кои ќе им се помогне на најранливите категории граѓани најави на прес-конференција на 9 ...

Русија испитува штета на Кримскиот мост по експлозијата и пожарот на 8 октомври кои го оштетија мостот. Претседател на Русија нареди Федералната служба за безбедност да преземе мерки за безбедност на мостот Керч и друга инфраструктура на Крим. Украинските власти рекоа дека мостот е легитимна мета. Руски нуркачи на 9 октомври го испитуваат Кримскиот мост по вчерашната експлозија и пожар што го оштетија мостот. Според руските власти станува збор ...

Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП. Господине Ѓерасов по Социјално-економскиот совет во Владата беше соопштено дека се работи на анти-кризни мерки за стопанството. Што вие како синдикат конкретно ...

Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со Кримскиот мост, каде на 8 октомври утрината имаше експлозија и пожар. Украинското Министерство за одбрана ја спореди експлозијата на мостот со потонувањето на рускиот ракетен крстосувач Москва во април годинава. Русија тврди дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина. Експлозија и пожар рано на 8 октомври го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија ...

Се очекува наскоро коресподенција, па и средба со Вселенската патријаршија за да се договори обзнанувањето на Томосот. Архиепископот Господин Господин Стефан во интервјуто за РСЕ зборува и дека името на една црква никогаш не изразува етничка припадност, но и дека правата на малцинствата во некои од соседните земји треба да се третираат според европските стандарди. Вели дека тој и Синодот не биле против Францускиот предлог, само апелираат за ...

Додека траеше скромната церемонија на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, стотини граѓани протестираа. Спорно им е името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него. На отворањето на клубот присуствуваше амбасадорот на Бугарија во Македонија. Со тензија, туркање, фрлање јајца и антифашистички пароли помина протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Клубот беше отворен точно напладне, ...

Читањето стрипови сѐ повеќе станува актуелно меѓу младите, велат средношколките Софија и Јана од Скопје кои на филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ се дружеа со италијански автори на култни стрипови, како и со врсници од седум европски држави Средношколките Софија и Јана од средното Уметничко училиште се по стриповите, а забележуваат дека таква пасија имаат и дел од нивните врсници, па според нив, стриповите се враќаат во мода меѓу младите. ...

Компаниите итно бараат државна помош поради енергетската криза, во спротивно се закануваат со отпуштања. ССМ на ова гледа како условување од фирмите и бара Владата да ги заштити работниците, а не тие кои остварувале огромни профити. Опозицијата предупредува дека еднаш затворени бизниси тешко се враќаат на пазарот. Компаниите ги бројат деновите до следната среда, кога Владата треба да објави мерки за помош на големиот бизнис за справување со ...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со филибастеринг во Собранието го „закочува“ изборот на тројца од потребните четворица нови уставни судии. Дополнително Левица и пратеникот од владејачкото мнозинство Павле Трајанов предлагаат закон за „предвреме пензионирање“ на уставните судии. Ризикот за уставна криза расте со наближувањето на 7 декември . За точно два месеца земјава може да влезе во уставна криза ако не се изберат нови судии кои ќе ги пополнат засега ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57