На посветеноста на ЕУ за интеграција на Западен Балкан, војната во Украина и справувањето со енергетската криза ќе се фокусира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при посетата на регионот. Се очекува таа да претстави пакет за енергетска поддршка тежок една милијарда евра. Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен со посетата на Скопје на 26 октомври ја започнува турнејата во земјите од Западен ...

Сега не е време да се бара во Уставот да биде променета формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од населението“ во албански народ, албански јазик затоа што ќе ја искомплицира состојбата во општеството, сметаат дел уставни експерти. За други, оваа дефиниција во Уставот е несоодветна и спротивна на природното право. Се зголемува бројот на албанските парламентарни партии кои бараат во Уставот да биде избришана формулацијата „20 ...

Со конкретни имиња излезе ВМРО-ДПМНЕ за таканаречената афера „Тајни имоти“ откако истече рокот од 24 часа за пријавување на „скриен“ имот. СДСМ и Ковачевски потсетија дека ДКСК е надлежна за проверка на имотот. Казните за неподнесување на анкетен лист се од 300 до 400 евра. Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински се првите имиња од аферата „Тајни имоти“ кои денеска ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Аферата, според опозициската ...

Од војната во Украина до неодамнешното ракетно тестирање на Северна Кореја, се дебатира за тактичкото нуклеарно оружје на начин невиден од Студената војна. Деновиве зачестија и зборувањата за таканаречена „валкана бомба„ конвенционална боева глава со радиоактивни, биолошки или хемиски материјали. Не постои универзална дефиниција за тактичко нуклеарно оружје, а аналитичарите забележуваат дека употребата на секаков вид нуклеарна направа би го ...

Експертите од Светска Банка препорачуваат фискалната поддршка на земјава да се насочи кон најранливите домаќинства и компании, а реформите во енергетскиот сектор да не се одложуваат. Министерот Бесими пак нагласува дека потребата од фискална консолидација е поголема од кога и да било. Во ек на енергетска криза и војна во Украина, Македонија се соочува со највисока инфлација досега, со што несразмерно се намалуваат реалните приходи на ...

Во владата велат дека големите фирми, кои набавуваат струја на слободниот пазар, со години плаќале два до три пати поевтина струја од оние на регулираниот пазар. Наместо за тоа време да си прават фондови за криза, сега бараат помош, велат во владата. Владата очекува добри вести за струјата од шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен, која в среда доаѓа во посета на Скопје. Големите фирми, кои набавуваат струја на слободниот ...

И покрај тоа што цената на енергијата е зголемена, потрошувачката на електричен автомобил останува најниска во споредба со класичните автомобили. Ова го велат експертите и сопствениците на електрични автомобили. Авторка на текстот: Оана Деспа Зголемувањето на цената на струјата натера многу луѓе да се запрашаат какви други придобивки би донел електромобилот и дали инвестицијата во таков автомобил е сепак исплатлива. Бензин, дизел или електричен? ...

Алијансата за Албанците е подготвена за предвремени избори, некаде во март - април ако има избори, но во овој период на криза треба да бидеме сплотени. Јас инсистирав и претходно на непартиска експертска влада, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Таравари демантира дека се сретнал со Ахмети и Ковачевски за евентуални преговори за влез во Владата. Господине Таравари, интервјуто ...

Во Европската унија стануваат погласни барањата за укинување на ветото на земјите членки во надворешната политика. Тоа главно, би се однесувало на приемот на нови членки во Унијата. Дали тоа ќе значи побрз пат за влегување на Северна Македонија во Европската унија? Соочена со новите предизвици од војната во Украина, Европската унија тешко донесува одлуки како да се справи со нив. Натегањето меѓу членките постојано се заканува со неуспех на ...

Не е вистина дека преговараме за влез во Владата, тврди првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. БЕСА повика на соработка со која било опозициска партија со цел за да се смени ДУИ. Политичките аналитичари пак не очекуваат окрупување на веќе поделената албанска опозиција Арбен Таравари, новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците ги отфрла како шпекулации сите информации во медиумите дека неговата партија преговара за влез во ...

Над 600 илјади евра се потрошени за привремените материјали за основците кои следат настава по новата концепција. Парите се заем од Светска банка, кој ќе треба да се врати. Според најавите на надлежните, новите учебници треба да бидат готови до крајот на овој или следниот месец. Државата преку заем од Светска банка одвоила 640 илјади евра за речиси 75 илјади привремени учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи на 1 ...

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел постигнаа договор за „патоказ“ чија цел е да се воведат мерки во рок од неколку недели за да ги заштитат европските потрошувачи од зголемените цени на енергијата Договорот дојде по 11 часа расправија околу широките предлози за намалување на сметките за енергија, бидејќи цените на бензинот растат поради војната во Украина. 27-те земји-членки на блокот со месеци се расправаат околу тоа кои заеднички иницијативи ...

Сите автобуси на ЈСП во четвртокот попладне се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. Автобусите половина ден беа гаражирани, возачите одбија да возат, оти им доцнеше плата за септември. Градот Скопје, под чија капа е јавното претпријатие, скрати од други проекти за да им исплати плати. По половина ден автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) се вратија на улиците во главниот град. ...

Од локалните избори помина точно една година. Едни го нудеа најдоброто за секоја општина, други се залагаа за промени, проекти и победи, трети имаа зелена, еколошка визија. Што е ветено, а што остварено? И што мислат граѓаните? Колку кризата ќе скрати од буџетите за нови проекти? Бетонизацијата, чекањето по шалтери во општините, нехигиената, сообраќајниот хаос и недостигот од повеќе паркови и велосипедски патеки и натаму се главните проблеми кои ...

Препознатливите црвени автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие утринава останаа во гаражите. Возачите протестираат за плата. Велат дека не се во штрајк, туку не се во состојба да возат зашто се гладни. Град Скопје најави кривични пријави за оние кои ја попречуваат работата на претпријатието. Вработени не можат да стигнат на работа, ученици не стигнале на училиште, нервозни патници на автобуските постојки во Скопје, по денешното одбивање на ...

„Диктаторите обично се инспирирани од други диктатори“, вели за РСЕ Јакуб Каленски, водечки западен експерт за хибридна војна. Тој притоа порачува: „Навистина не сакам да паднеме во стапица и да почнеме да разговараме што ќе се случи ако Путин употреби нуклеарно оружје“. Важа Тавбериџе Истакнат чешки експерт за дезинформации и „хибридни закани“ вели дека додека Западот поминал години потценувајќи ја опасноста што произлегува од Москва, ...

Македонските власти повторно пречекаа странски гостин со згрешено знаме. Овој пат, словенечката министерка за надворешни работи беше пречекана со словачко знаме. Нашето досега го немаат згрешено, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, предлагајќи административците да вежбаат брза географија. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон завчера беше во Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи ја пречека со знамето на Словачка. Словачка, ...

Скопјани в четврток ќе останат без јавен превоз затоа што возачите на ЈСП не ја добија неисплатената плата. Советот на Град Скопје ја задолжи градоначалничката до петок на пладне да достави одлука за прераспределба на градските пари за да се овозможи непречена работа на ЈСП. Возачите на скопското јавно сообраќајно претпријатие утре изутрина наместо на работа со своите семејства ќе протестираат пред ЈСП во 04.30 наутро. Скопје ќе остане без јавен ...

Повеќе од месец и половина владата се обидува да купи гас и струја од земјите од регионот, во услови на енормно високи цени на светските берзи. Посетите на Србија, Бугарија и Турција засега не вродија со плод, обезбеден е само јаглен и мазут од Грција. Хронологија на македонската енергетска дипломатија Владини делегации, честопати и лично премиерот Димитар Ковачевски, во септември и октомври 2022 имаа средби и разговори со државните раководства ...

Вработените во ЈСП не добиле плата за септември и се пред штрајк. Од раководството на ЈСП и од Град Скопје кои се надлежни велат дека за тоа е виновна Владата која на претпријатието му должи речиси 2 милони евра, долг што Владата го негира. Долгови кон ЈСП имаат и други општини. Доколку денеска не ја добијат септемврската плата, вработените во ЈСП се заканија дека утре со семејствата ќе протестираат пред седиштето на јавното претпријатие. Во ...

Нема вработувања во институциите кои треба да го чуваат и негуваат македонскиот јазик. Тоа е само еден аспект од институционалната (не)грижа за мајчиниот јазик. Професори по македонски јазик и литература апелираат за поголеми вложувања во учење и истражувања на јазичните прашања, за да покажеме дека јазикот е нашиот идентитет. Фактот што во последните 24 години на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ било одобрено само едно ...

Лебот на граѓаните им е скап, а мелничарите и пекарите најавија поскапување за десетина отсто ако државата не им обезбеди поевтина струја. Во меѓувреме домашната пченица ја јаде стоката поради ниската откупна цена. Цената на лебот речиси и да се удвои изминатата година, а најавите дека за еден месец тој ќе поскапи за дополнителни 10 отсто ги вознемири граѓаните. Велат дека ако од нешто тешко можат да се откажат, тоа е секако лебот без кој тешко ...

Неисплатената дезинфекција на поплавено Стајковци пред шест години сега го чини Министерството за здравство два милиони евра. Освен овие пари, од почетокот на минатата година Министерството платило околу 150 илјади евра на извршители за 20 спорови. Министерството за здравство го тужат вработени во болници, компании и граѓани за лекарски грешки. Тоа треба да плаќа пенали и за раскинување на договорот за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза ...

Како што непопуларната акција за мобилизација на рускиот претседател Владимир Путин влезе во својата четврта недела, вреќи со посмртните останки на регрутираните почнаа да пристигнуваат дома, зголемувајќи го незадоволството кај граѓаните поради процесот што изгледа дека е неорганизиран. Тод Принс Руските власти на 13 октомври објавија дека петмина мажи од регионот на Урал, регрутирани кон крајот на септември, биле убиени во Украина, што е ...

ЛГБТИ младите во Македонија почесто се малтретирани отколку нивните хетеросексуални врсници, покажуваат истражувањата. Машките почнуваат и тепачки со геј врсниците, а лезбејките најчесто ги напаѓаат „само“со хејтање. Девојчињата се потолерантни во однос на сексуалните избори. Не е лесно да си геј во средно училиште во Македонија, вели анонимен средношколец од скопска гимназија кој разговараше со РСЕ. Според него, поголемиот дел од средношколците ...

Мерките за парична помош на ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза стигнаа во Собранието. Парите ќе бидат исплатени следниот месец засебно од пензиите и другите исплати. Помошта е добредојдена, но и натаму постои загриженост дали ќе биде доволна и за храна и за греење. Штипјанката Ѓулетмана Мустафова во моментов е невработена и прима социјална помош, откако мината година ја загубила работата во фабрика за производство на ...

Граѓаните се револтирани што мора да чекаат на шалтери за да да ги сменат договорите за парното, откако ЕСМ го презема од БЕГ. Од ЕСМ најавуваат „соодветен рок“ за промена на договорите, и велат дека во меѓувреме ќе испорачуваат греење. Обврската за промена на договорите од БЕГ на ЕСМ, лично на шалтер за сите што се греат на градско парно, налути многумина. Ова дојде откако ЕСМ ги доби лиценците за да ги топли скопјани, коишто пак пред неколку ...

На дневен ред во Собранието е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за здруженија, со кои се доведуваат во прашање имињата на бугарските здруженија и клубови, кои се именувани според спорни историски личности. Предлогот доби поддршка и од СДСМ. Бугарските здруженија во земјава „Иван(Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ и истоимените клубови ќе имаат рок од три месеци да го променат името или ќе бидат избришани од Централниот регистар, ...

Како што се зачестија знаците за дополнителен притисок од Москва - Белорусија да и се приклучи на војната во Украина, белоруските мајки стравуваат дека Александар Лукашенко ќе им нареди на нивните синови да одат во војна „за туѓи интереси“. Кога десетици илјади руски војници се префрлија преку границата во Украина во почетокот на руската неиспровоцирана инвазија кон крајот на февруари, вклучително и од Белорусија, Алена почувствувала повеќе од ...

Tрошоците за живот се зголемени за 18,7 проценти, според податоците на Државниот завод за статистика, а храната е поскапена за 30 проценти. Владата донесе мерка за ранливите категории граѓани, но инфлацијата веќе ги изеде парите кои граѓаните треба да ги добијат како помош. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека помошта може да биде поголема, но посочува дека со ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57