„На Европа и на САД им требате во ЕУ“ е дел од денешните пораки на американскиот висок претставник Габриел Ескобар на средбите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Ескобар е задоволен што отпочнал процесот за уставни измени и очекува да продолжи. Европската Унија и Соединетите Американски држави имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер и близок пријател, некој кој имал директна корист од тоа ...
„Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во ЕУ, вие сте дел и член на евроатланската заедница така што сакаме да имате блиску учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Тој додаде дека САД истакна дека тие не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања. „САД ги гледа како природни ...