На граѓаните, Македонци и Албанци, поважни им е да живеат во правна држава, да имаат повисоки плати, подобар стандард, а не соништтата за големи држави, вели бизнисменот и поранешен претседателски кандидат Имер Селмани во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Албанците сметаат дека се уште не се рамноправни. Бараат да се укинат 20 те проценти што е според Уставот, односно да пишува албански јазик и народ. Македонците се жалат дека станале ...
После 22 години можеме слободно да кажеме дека имаме, не само солиден прогрес, туку имаме многу добар прогрес којшто може да се оцени со највисоки оценки, според сите параметри во делот во изградбата на државата, градењето на институциите во смисла на еден мултиетнички концепт кој беше со Охридскиот рамковен договор и потоа и со уставните измени, вели поранешниот министер за здравство и градоначалник на Сарај Имер Селмани, кој беше лидер на ...