Амазон е крунисан за најскап бренд во светот во 2023 година, со проценета вредност од 299,28 милијарди долари (273,49 милијарди евра) и покрај тоа што бележи пад од 51 милијарда долари во изминатата година. Во студијата објавена од порталот за финансиска анализа „TradingPedia“, гигантот за е-трговија „Амазон“ се искачи на рангирањето и ја прескокна минатогодишната топ компанија„Епл“, која изгуби 16% од својата вредност која сега е 297,51 ...

Уште само четири работни дена до истекот на банкарската гаранција, а потоа почнува двонеделното одбројување за ХЕЦ „Чебрен“ за тоа дали ќе се потпише договорот или не. Што ќе направи власта, ќе го даде ли овој капитален проект под концесија на странци од дури 60 години? Воедно се чека и што ќе направи грчката фирма која веќе поднела една жалба околу начинот на кој треба да се спроведе договорот. Проблемот, познато е, произлезе од тоа што грчкиот ...

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, односно да донесат нагла победа до десничарските партии, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии. Тој за „Гардијан“ ...

Повеќе од 30 демонстранти биле уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во инцидентите биле повредени и седум полицајци. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Советот за национална безбедност се разговарало за ситуацијата околу нападот на градското собрание во ...

Познатиот микробиолог Никола Пановски, кој е и советник во Советот на Град Скопје, одговара на 10 прашања надвор од медицинската и политичката сфера: 1. Три најсреќни моменти во животот? -Прв: Раѓањето на моите пет деца, не би ги делел овие четири моменти од мојот живот. Четири, бидејќи првите се близнаци. Втор: Раѓањето на моите четири внучиња. Трет: откривање на изворот на болничка инфекција кај новородени во скопска болница, во далечната 1990 ...

Познатиот микробиолог Никола Пановски кој е и советник во Град Скопје одговара на 10 прашања надвор од медицинската и политичката сфера: 1. Три најсреќни моменти во животот? –Прв: Раѓањето на моите пет деца, не би ги делел овие четири моменти од мојот живот. Четири, бидејќи првите се близнаци. Втор: Раѓањето на моите четири внучиња. Трет: откривање на изворот на болничка инфекција кај новородени во скопска болница, во далечната 1990 година. 2. ...

Еден од гостите изјави дека на потонувањето на сплавот му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето. Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона синоќа, ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишува Блиц. Како што може да се види на видеата објавени на Инстаграм профилот „moj_beo_grad_“, кога сплавот потонал, ...

Поезија и борба за слобода на македонскиот народ. Тоа се две големи нешта на коишто македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски целосно им го посветил и го дал својот живот. Роден пред 111 години, на 16-ти декември 1912 година во Војница, велешко, како Никола Крстев Неделков уште во младоста ја запознал сиромаштијата. Притиснат од неа морал да го прекине гимназиското образование и да се пресели во Скопје каде го изучувал бојаџискиот ...

Македонија има неколку великани кои посебно се двојат оти многу направиле за нејзината слобода и за слободата на Македонците. Еден од најистакнатите такви македонски дејци е Даме Груев. Го споменуваме и славиме и му се поклонуваме денеска оти на на денешен ден ( 23-ти декември, пред 117 години) Даме Груев херојски загинува бранејќи ја Македонија. Со неколку свои соборци – комити тој ден се нашол во беровското село Русиново. Илинденското востание ...

Родителите и вујкото на 18-годишната девојка од Пакистан се осудени за нејзино убиство. Телото на Саман Абас беше ископано во ноември минатата година во напуштена фарма во близина на поле во северна Италија каде што работел нејзиниот татко, година и пол откако последен пат беше видена на снимките од надзорните камери како шета со нејзините родители во близина, пишува „Гардијан“. Италијанските обвинители тврдеа дека таа била убиена од нејзиното ...

Желбата на некои жени да имаат деца е толку силна што им пркосат на науката и природата. Така Мауриција Ибанез роди близнаци пред повеќе од пет години, на 64-годишна возраст! Таа родила деца со вештачко оплодување, но децата веднаш биле преземени од социјалните служби со образложение дека мајката не е способна да се грижи за нив. Шпанскиот Врховен суд, како највисок судски орган во таа земја, тогаш врз основа на судската одлука во Бургос пресуди ...

Група јужнокорејски студенти ја тужат владата затоа што нивниот приемен испит завршил 90 секунди порано од предвиденото. Тие бараат по 20 милиони вони (15.400 долари), трошокот кој ќе треба да го платат за едногодишно студирање. Грешката влијаела на останатите испити на студентите, вели нивниот адвокат. Озлогласениот приемен испит на факултетите во земјата, познат како Сунеунг, е осумчасовен тест во неколку предмети. Сунеунг е еден од најтешките ...

Дрита Ислами, членка на Атлетскиот клуб (АК) Работнички од Скопје и Дарио Ивановски од АК Корранерс од Скопје, прогласени се за најдобри атлетичари на Македонија за 2023 година, во изборот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Ислами постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки во сала (55,95 секунди) во Софија, Бугарија, а Ивановски неодамна на маратонот во Валенсија, Шпанија забележа фантастично време, 2:11,53 часа што е нов ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази безрезервна поддршка на УЕФА и се изјасни против таканаречената Суперлига, чие формирање засега официјално го поддржуваат само Реал Мадрид и Барселона. Со тоа ФФМ се приклучи кон голем број европски федерации кои застанаа на страна на раководството на европскиот фудбал. – Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ...

Чешката полиција уапси маж на плоштадот во Прага под сомнение дека носел бомба. На местото на полициската интервенција во петокот вечерта сообраќајот беше во прекин, а возовите на метрото само што поминаа низ станицата без застанување, јавува „Радио Прага Интернешнал“. Вештаците за експлозиви кои дошле на лице место констатирале дека се работи за лажна тревога, но двајцата мажи сепак се приведени. Во Прага се воведени зголемени безбедносни ...

Неименуваниот Русин ќе мора да плати казна од 100.000 рубљи (986 евра), бидејќи го изговорил „погрешниот збор“ пред стјуардесата откако се качил на летот за Москва. Инцидентот се случил во ноември, во градот Ухта во северозападна Русија, а својот епилог го имаше завчера. Откако патниците се качиле во авионот, стјуардесата му пришла на главниот лик од оваа приказна и го замолила да седне на неговото место. Тој одговорил дека полетувањето сепак ќе ...

Руските цариници заплениле 100 килограми кокаин во контејнери со банани што од Белгија по морски пат пристигнале во Санкт Петербург. Царинските службеници пронашле 100 идентични пакетчиња завиткани во кафеав целофан, а при преглед на содржината на пакувањата е утврдено дека запленетата супстанција е кокаин, пренесува „РИА новости“. Отворена е истрага за две кривични дела за шверцување дрога од особено големи размери, а по осомничените се трага. ...

Колумна на Никола Тасев: На Македонија крајно неопходно и е обединување на нејзините граѓани. Многу важни теми и многу загрижувачки ситуации, особено последнава декада, го бараат тоа. Без заедништво многу е потешка иднината на земјата. Ова го гледа ли власта, која обично носи розеви наочари. Ама прави ли нешто конкретно, за да дојде до толку потребното заедништво? Ако ги прашаме нив – ќе кажат дека прават многу. Еве пред некој ден претседателот ...

Елмас од Наполи се сели во Бундеслигата, во Лајпциг Извршниот директор на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека е договорен трансферот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во германскиот Лајпциг за сума од 25 милиони евра. Медицинските прегледи се очекува да завршат во наредните неколку дена по што договорот ќе се официјализира. Веќе се утврдени и личните услови меѓу Елмас и тимот од Бундес лигата. Елмас дојде во Наполи во 2019 година ...

Уште неколку дена и завршува оваа 2023 година. Требаше да ја паметиме и по тоа што во нејзините денови ќе се завршеше децениски градениот автопат Кичево Охрид. Ништо од тоа владино ветување не бидна. Нема да има трубачи во некој тунел за да се слави. Ама еве уште неколку часа па се очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради кинеска фирма. Оваа вест ја најави Министерот за транспорт и врски ...

Македонија ќе учествува на Европското ракометно првенство на почетокот на 2024 година во Германија, а првиот натпревар ќе го има 10-ти јануари. Интересот кај македонските навивачи за билети од натпреварите е голем, но од Ракометната федерација соопштуваат дека билетите за сите натпревари се веќе распродадени. – Ве известуваме дека до Ракометната Федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања за билети за претстојното Европско ...

Жена загина откако вчера на божиќниот саем во градот Однаарде во Белгија, на околу 50 километри западно од Брисел, врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија тамошните медиуми. Градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер изјави дека обилните дождови и силните ветрови го урнале огромното дрво. Елката паднала врз три лица, од кои една жена (63) поради тешките повреди, набргу починала в болница. Според очевидци, дрвото силно се нишало ...

На сите натрупани големи проблеми во Македонија, ЛДП отвори нов кој требало да се решава. Имено оваа партија вчера даде предлог: Да се смени Законот за локална самоуправа и да се даде можноста на граѓаните преку референдум да ги отповикуваат градоначалниците. Сега таква можност нема, а треба да има, сметаат тие. -Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не ...

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека од крајот на привременото примирје на 1 декември, повеќе од 2.000 оперативци на палестинската милитантна група Хамас се убиени во Појасот Газа. Тој вели дека акцент се става на подземните борби. – Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните борби, рече Хагари на прес-конференција, пишува ...

Повеќе од 800.000 пациенти се примени во болниците во Велика Британија со симптоми на неухранетост и недостатоци во исхраната во последната година. Како што покажуваат податоците на Националната здравствена организација (НХС) добиени од британските болници, во последната деценија има алармантно зголемување на дијагнозите поврзани со лошата исхрана. Речиси половина милион примени пациенти имале недостиг на железо, стотици илјади страдале од ...

Повеќе од 15 лица загинаа во пукање на универзитет во Прага, а телото на напаѓачот е пронајдено во близина на областа на нападот, соопшти полицијата. Полицијата објави дека напаѓачот е студент на уметничката академија на карловиот универзит во Прага. Би-би-си, повикувајќи се на полицијата, јавува дека напаѓачот е 24-годишен маж од село на 21 километар од Прага. Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на ...

На најновата, декемвриска ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Македонија остана на 65-та позиција, со идентични 1.362,17 поени, како и во ноември. На листата немаше поголеми промени со оглед на фактот дека во последните 30-на дена беа одиграни само 10-на натпревари. Кога станува збор за земјите од поранешна СФР Југославија и од соседството поредокот е следен. Хрватска е 10-та, (1.717.57) Србија е 34-та (1.517,43), Грција 47-ма ...

Новинари на телевизијата „Топ чанел“ за потребите на истражувачка емисија „Фикс фаре“ успеале да купат потврда дека имаат бугарско потекло, која се бара при при поднесување за вадење на бугарско државјанство. Иако немале никако бугарско потекло, за сума од стари 100.000 леки односно 100 евра новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат од Љуан Мјештри, администратор на Острени, во областа Голо Брдо, општина Булќиза. – ...

Собранието на Албанија денеска го одобри барањето на обвинителството за одземање на имунитетот на поранешниот премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Сали Бериша. Собранието за само неколку минути го изгласа барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, со поддршка од 75 од вкупно 140 пратеници, пишува „Албаниан пост“. Бериша одбил да зборува на почетокот на ...

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец, постигна два гола за Абердин на мечот против Ливингстон (2:1) во16-то коло од шкотската Премиер лига. Малку недостигаше тој да постигне и хет-трик, но голманот на гостите спаси сигурен гол.. Миовски стигна до бројката од 14 гола сезонава за Абердин кој се искачи на осмата позиција на табелата со 19 бода. По мечот во шкотските медиуми повторно се шпекулира за можниот јануарски трансфер на Миовски во ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
68%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.77
97%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.15
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
80%
1018
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
84%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
76%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Платина

64479.52

Злато

139515.92

Сребро

2159.01

Родиум

258813.51

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Бакар

11.07

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Калај

43.93