Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Талибанците уапсиле жени во авганистанската престолнина поради носење „лош хиџаб“, изјави во четвртокот портпаролот на Министерството за доблести на земјата, пренесува АП. Тоа е прва официјална потврда за репресии врз жените кои не го следат кодексот на облекување наметнат од талибанците откако се вратија на власт во 2021 година и има одгласи со соседен Иран, кој со децении спроведува задолжителен хиџаб. Развојот е последниот удар за ...
Привршуват подготовките на најдобрите ракометари на Македонија пред настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија, од 10 до 28 јануари. Избраниците на селекторот КиреЛазаров денеска ќе одиграат контролен натпревар против Грција, во СЦ „Борис Трајковски“ во 17 часот. Овој меч е од отворен карактер, додека утрешниот ќе се одигра зад затворени врати. Заминувањето на македонските ракометати за Германија е планирано за 8 јануари. Македонија е во ...
Германската економија ќе продолжи да се забавува во следните години. Според новиот извештај на Центарот за економски и бизнис истражувања (CEBR), се очекува во 2027 година, Германија да го отстапи своето место како четврта најголема економија на Индија. Истражувањето вели дека падот на Германија на петтото место ќе биде резултат на нејзиното потпирање на руската енергија да го лансира својот производствен сектор, пренесува РТ. – Важноста на ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд на САД откако највисокиот суд во Колорадо му забрани да биде на гласачкото ливче на претседателските избори следната година. Трамп ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември која се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март. Но, нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на ...
Скопје влезе во новата година со многу од старите проблем. Во наредниве 360 дена ќе се решат барем дел од нив или и во 2025 година пак ќе констатираме дека – Скопје влезе во новата година со старите проблеми? Градоначалничката Данела Арсовска веќе е на средината од мандатот, време е да се зафати со посериозно работење на поважните прашања кои му тежат на Скопје. Од каде да започне? 1. Зголемена чистота, која потоа континуирано ќе се одржува ...
Американското Министерство за финансии во вторникот објави дека бруто националниот долг на федералната влада надмина 34 трилиони долари, што е рекордно високо ниво, јави агенцијата „Анадолу“. Државниот долг скокна за 2,6 трилиони долари во шесте месеци до декември. На 30 октомври, Сенатот усвои предлог-закон за трошење во последен момент за финансирање на федералната влада до 17 ноември, за малку избегнувајќи исклучување. На 17 ноември, ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по седми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат да ...
Колумна на Владимир Величковски Сретнувам луѓе со спуштен поглед и набрано чело,загрижени се. Не се знае што носи денот. И пензионерите одржаа свој перформанс протест со крајно сиромашен ручек пред кич зградата на владата, како и сите други партиски седишта. Владеат пазарни профитери, ветуваат дека струјата нема да поскапи,но кој да им верува. И тука се пречекуваат високи гости од светот. Некому му смета крстот на Попова Шапка поставен на имот ...
Иако односите се заладија во последниве години, САД и Русија продолжуваат да соработуваат во вселената. Американската вселенска агенција НАСА и рускиот „Роскосмос“ ќе продолжат со заедничките напори за испраќање екипажи на Меѓународната вселенска станица (ИСС). Официјалната потврда дојде од руската агенција, а беше наведено дека партнерството ќе продолжи до крајот на 2025 година. Оваа соработка вклучува составување екипаж од астронаути од ...
Во две експлозии, најмалку 20 луѓе загинаа, а десетици се ранети, во близина на гробишта во Иран каде се одржа церемонија за смртта на командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, јавува „Ројтерс“, цитирајќи ги иранските државни медиуми. Сулејмани беше убиен во 2020 година во напад со американско беспилотно летало. Иранската државна телевизија јави за првата, а потоа и втората експлозија за време на церемонијата во ...
Неколку илјади лекари денеска почнаа штрајк во Велика Британија, кој треба да трае до 9 јануари. Шестдневниот штрајк би бил најдолгиот во историјата на британското здравство. Извршниот директор на Националната здравствена служба, Џулијан Хартли, рече дека штрајкот почна во еден од најтешките периоди од годината за здравствената служба – по празниците и за време на вирусот. – Значи, влијанието врз пациентите ќе биде значајно, рече тој. Во текот ...
Израелските власти водеа тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми. Конго е подготвен да прифати бегалци, но ние сме во преговори и со други, потврдил висок функционер на израелската служба за безбедност, а пренесува „Тајмс оф Израел“. Министерот за разузнавање Гил Гамлиел, вчера во Кнесетот изјави дека на крајот на војната, владата ...
Цената на златото на светските берзи драстично расте. Килограм злато во моментов се продава за околу 60.000 евра. Драстично е порасната и цената на среброто кое во моментов е 700 евра за килограм. Сопствениците на златарските дуќани во земјава велат дека последниве десет години цените вртоглаво растат, посебно кога има економска криза и војна, кога дополнително се зголемуваат цените на жолтиот метал. Македонските златари велат дека секоја следна ...
Рајо Валјекано, за која брани Столе Димитриевски, голманот на македонската фудбалска репрезентација, забележа победа над Хетафе на гости со 2:0, во рамките на 19. коло во шпанската Ла лига, на првиот првенствен натпревар во 2024 година. За Рајо ова беше прва победа (петта сезонава) по осумте „посни“ меча во Ла лига. Дуелот на екипите од предградието на Мадрид го одбележаа и двете исклучувања за домаќинот. Во 40 минута по вториот жолт картон беше ...
Да се крене востанието. Ова била една од најтешките, најважните и најисториските одлуки кои во своето постоење ги донела Македонска револуционерна организација основана во 1893 година. А ова се случило на денешен ден, 3 јануари, во 1903 година. Во Солун се одржал Конгрес на македонските револуционери. Солунскиот конгрес од 1903 година заседавал од 2 до 4 јануари. Најважната одлука за кревање на востанието била донесена на 3 јануари иако големиот ...
Таа вечер пред 82 години, на 31 декември 1941 година, односно на пречекот на Новата 1942 година во куќата на стружанецот Сотир Шута се собрала поголема група на прогресивни младници. Навидум, се организирале да си направат новогодишна забава, а всушност разговарале за тоа како да му се даде вооружен отпор на фашистичкиот окупатор. Тогаш, во еден момент, стружанецот Владо Малески почнува да ги пее стиховите: „Денес над Македонија се раѓа ново ...
„Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува…, Се стреми да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин… да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез… да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш… Ни ...
Пензионерката Катерина Џовинацо (88) од италијанскиот град Кампоросо кај Империја починала на Бадник откако добила сметка за вода во износ од 15.339 евра. На почетокот на декември, да потсетиме, странските медиуми објавија дека 88-годишна Италијанка била примена на интензивна откако дознала дека мора да плати сметка за вода во тој вртоглав износ. Имено, откако на пензионерката, снаата ѝ го прочитала износот на сметката, таа колабирала и со Брза ...
Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата. Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на ...
Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, е убиен во експлозија во јужен Бејрут, соопшти палестинската милитантна група. Либанската државна Национална новинска агенција објави дека четири лица загинале во експлозијата, која ја изврши израелско беспилотно летало, пренесува Sky News. Ал-Ароури, еден од основачите на военото крило на Хамас, беше шеф на палестинската милитантна група на Западниот Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја почна годината на најдобар можен начин, и тоа со гол и асистенција во победата на Абердин против Рос Каунти (3-0). Миовски по само 24 минути му асистираше на неговиот колега Џејми МекГрат за водство од 1-0, а потоа истиот фудбалер ја зголеми предноста во 30. минута. Абердин доминираше и во второто полувреме, а Миовски во завршницата од дуелот на одличен начин со левата нога го матира голманот на ...
Во Финска и Шведска денеска се забележани најниските температури во текот на оваа зима од околу минус 40 степени Целзиусови. Во селото Никалуокти, населено со домородното население Лапонско население во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура измерена досега оваа зима, а времето ќе продолжи да биде прилично студено на север“, изјави метеорологот ...
Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица. Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул. Се верува дека осомничените имале за цел да идентификуваат, ...
Саудиската „ТВ Екбарија објави дека кралството официјално се приклучило на БРИКС. Како што наведуваат од телевизијата со ова Саудиска Арабија ја зајакнала својата позиција во светот. – Кралството официјално стана полноправна членка на групата БРИКС, во која спаѓаат Русија, Кина и други земји, со што ја зајакнува својата позиција во светот – објави телевизијата. Во август минатата година, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, земјите-членки на ...
Анжела Платон, поранешна репрезентативка на Македонија, која беше дел од „златната генерација“ на Кометал Ѓорче Петров, клубот со кој во 2002 година стана европски шампион е нов шеф на Стручниот штаб на сениорската екипа на ЖРК Вардар, соопшти клубот. Платон повеќе години е дел од Вардар, каде што работеше со младинските екипи и со талентираните ракометарки. На почетокот од новата сезона таа беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како ...
Во Мичиген (САД) е освоен првиот „Пауербол џекпот“ во новата година. Првичната добивка е 842 милиони долари, а проценетата готовинска вредност е 425,2 милиони долари, според лотаријата. Вчерашниот џекпот е петти најголем во историјата на „Пауербол“ и 10-ти најголем џекпот воопшто на која било лотарија на САД. Добитничките броеви извлечени вчера, на првиот ден од годинава, се: 12, 21, 42, 44, 49. Освен тоа, лозови купени во Калифорнија, ...
Германското здружение за воздушен транспорт (БДЛ) објави дека 80 луѓе ги загубиле животите во воздушниот сообраќај во 2023 година, вклучително и осум членови на екипажот, што е втор најмал број од 1970 година. Бројките се уште поимпресивни ако се земе предвид бројката на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вкупно 4,6 милијарди патници минатата година. Тоа значи дека во 2023 година имало 14 пати повеќе авионски ...
По кратката дводневна пауза за Нова година, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со своите избраници ги продолжува подготовките за Европското првенство (ЕП) во Германија (од 10 до 28 јануари). Во рамките на втората фаза од подготовките ќе бидат одиграни две контролни средби со Грција во Скопје. Првата е закажана за 4 јануари (17) часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“ и отворена за јавноста, додека ...
Во две одвоени престрелки во првите часови од Новата година, во реонот на Лос Анџелес, загинаа три лица, а 12 се ранети, пренесува АП. Во пукање на забава во индустриска област во центарот на Лос Анџелес две лица загинаа, а осум други се ранети, соопштија властите. Полицајците кои реагираа на извештаите за истрели околу 1 часот по полноќ во понеделникот пријавиле дека слушнале истрели и затекнале толпа која бегала од областа, а неколку ранети ...
Oд вчера струјомерите си почнаа со пресметување на нови цени. Што ли ќе кажат тие апарати на крајот на месецот? Засега е сосема јасно дека на сметките ќе има и нова давачка која нежно ја нарекоа: „мрежарина“. Односно ќе плаќаме некаков си – пристап до мрежа која за сите корисници ќе чини 200 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика побрзаа да објаснат дека со тоа ќе се исправи една голема неправда со која околу 240.000 сопственици на ...