Најсветлиот објект видлив на ноќното небо повеќе не е ѕвезда или планета, туку сателитот „BluWalker 3“, објавија научниците од Меѓународната астрономска унија (IAU). Научниците, вклучително и астрономите од Центарот за заштита на темно и тивко небо од сателитски влијанија, објавија студија во списанието Nature во која детално го оценуваат влијанието на сателитот „BlueWalker 3“ врз астрономијата. Надоврзувајќи се на првичните проценки по ...

Директорот на Тесла и сопственик на Х (Твитер), Илон Макс се уште е најбогат човек на светот, вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари, според листата на најбогати што ја објави Блумберг. Според листата на милијардери на Блумберг, (Bloomberg Billionaires Index), богатството на Маск се зголемило за 95 милијарди долари за една година, пишува „New Economy“. На второ место е извршниот директор на „LVMH“, Бернард Арно, со ...

Пакистан им нареди на сите илегални мигранти да ја напуштат земјата или ќе се соочат со депортација, откако откри дека Авганистанци извршиле 14 од 24-те самоубиствени напади во јужноазиската земја оваа година. Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти рече дека сите илегални мигранти треба да го напуштат Пакистан до 1 ноември или ќе се соочат со принудна депортација. Тој откри дека околу 1,73 милиони авганистански државјани во Пакистан немаат ...

Европратеникот Томислав Сокол, кој беше известувач за Директивата за потрошувачки кредит во име на Клубот на ЕПП, истакна дека студијата – подготвена од истражувачката служба на Европскиот парламент по негов предлог – открила дека дури 340 милиони луѓе во членките на ЕУ државите имаат минуси на нивните банкарски сметки. – Пречекорувањето е еден од најскапите облици на задолжување. Оттука, потрошувачите од оваа категорија се најмалку заштитени. ...

Директорот на Тесла и сопственик на Х (Твитер), Илон Макс се уште е најбогат човек на светот, вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари, според листата на најбогати што ја објави Блумберг. Според листата на милијардери на Блумберг, (Bloomberg Billionaires Index), богатството на Маск се зголемило за 95 милијарди долари за една година, пишува New Economy. На второ место е извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, со богатство ...

Американската влада ја изрече првата казна на компанија за вселенски отпад што орбитира околу Земјата. Би-би-си јавува дека федералната Комисија за комуникации (FCC) ја казнила компанијата „Dish Network“ со 150.000 долари затоа што не го оддалечила стариот сателит доволно далеку од другите што се уште се во употреба. Компанијата ја признала својата одговорност за сателитот EćoStar-7. Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и ...

Турските безбедносни сили уапсија 928 лица во голема полициска акција со кодно име „Херои“. Турската полиција тврди дека се работи за антитерористичка операција. Медиумите во земјата пишуваат дека 110 од уапсените лица се осомничени дека имаат врски со Курдистанската работничка парија која е прогласена за терористичка организација во земјата. Акцијата доаѓа откако минатата недела бомба експлодираше пред турското МВР, а одговорноста за нападот ја ...

Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица, денеска е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. – На 03.10.2023 година, полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, на кого полицијата му одредила притвор до 48 часа, соопшти српското ...

Поранешната кошаркарка, 29-годишната Ема Никочевиќ, стана првата македонска судијка со знакот на ФИБА. Таа во следниот период ќе се насочи кон стекнување што поголемо меѓународно судиско искуство. – Почнав да судам уште во 2016 година, и тоа натпревари во училишните лиги. Во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019 влегов во сениорски ранг на натпреварувања, а веќе во наредната, почнав да судам натпревари кои се на она највисоко ...

Главниот државен обвинител на Словенија Драго Шкета поднесе оставка два дена откако беше запрен од полицијата и казнет поради возење под дејство на алкохол, објави словенечкиот сајт „Словенија тајмс“. Шкета го призна прекршувањето и се извини. Тој вчера на новинарите им кажа дека во саботата вечерта излегувал од својот автомобил од приватна забава, кога во близина на Марибор бил запрен од полицијата и бил алкотестиран. Законската граница на ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашната емисија „Кирилица “ потсети на настаните во кумановската населба Диво Насеље. Тој објави слики на како што ги нарече вистински терористи кои и покрај убиството на осуммина македонски полицајци биле погребани со највисоки почести. – Ова се слики од пред осум години кога беа убиени осуммина македонски полицајци. Ги убиле вистински терористи од Косово, 14 од нив загинале. Тоа се таканаречените ...

Повеќе од сто делфини се пронајдени мртви во Бразил, а можна причина за тоа е историската суша што ја погоди земјата и рекордно високите температури на водата, кои надминаа 38 степени. Мртвите речни делфини се пронајдени во езерото Тефе во последните седум дена, соопшти Институтот Мамирауа, истражувачки објект под покровителство на Министерството за наука. Од Институтот наведоа дека толку голем број на загинати единки е невообичаен и дека ...

Мисијата на Обединетите нации во Нагорно-Карабах објави дека по егзодусот во кој повеќе од 100.000 Ерменци избегаа од регионот во последните неколку дена, останаа само 50 до 1.000 припадници на ерменската етничка заедница. Во соопштението објавено на веб-страницата на ОН по еднонеделната мисија предводена од постојаниот координатор на ОН во Азербејџан заедно со други високи претставници на агенцијата, се наведува дека нема знаци на оштетување на ...

Појавата на бактерии отпорни на антибиотици е една од најголемите закани за глобалното јавно здравје и бара брзо откривање на нови терапии, но развојот и клиничкото воведување на нови лекови е бавен процес и во светските научни кругови се смета дека е малку веројатно да се најде брзо навремено решение. Она што сега ги загрижува научниците, фармацевтите и лекарите е дека најновите истражувања покажуваат дека сега не само што некои бактерии се ...

Колумна на Никола Тасев: Македонија кризира и мора да се бара решение за тоа. Општеството е тешко заболено, стопанството има аритмија и многу висок притисок, државата долго време е со висока температура и губи на килажа. Власта сето ова го решава со давање инфузија од физиолошки раствор и ни вели дека знае што прави и дека ќе ја протера болеста. Треба ли од вакви доктори да очекуваме излекување? Лош е и фактот дека Собранието е нефункционално, ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по вчерашниот триумф на турнирот во Куршумлијска Бања и освоените 70, со вкупно 399 поени се искачи на 186.то место на ВТА листата. Таа е сега многу блиску до својот најдобар ранг кога беше 170-та на ВТА листата (12.јуни 2017 г). Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309.то место со 256 поени. Магдалена Стоилковска истотака има скок од седум позиции и сега се наоѓа на ...

Индија започна дипломатска војна со Канада односно побара до 10 октомври да бидат повлечени 41 дипломат и истите да се вратат во земјата, објавија светските медиуми. Фајненшл тајмс пишува дека односите меѓу Индија и Канада станале сериозно затегнати поради сомневањата на канадските власти дека агенти на индиските разузнавачки служби имале улога во убиството на канадскиот сепаратистички лидер на Сиките во Канада, канадскиот државјанин Хардип Синг ...

Во полициските операции во Истанбул и Киркларели против Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација, по бомбашкиот напад во Анкара, беа приведени 20 лица. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, денеска изјави дека 20 лица се приведени во акции спроведени на 26 адреси во Истанбул и Киркларели, јавува „Анадолија“. Тој наведе дека утврдиле кои „се лицата што собирале помош за членови на ...

Вино старо 5.000 години е пронајдено во археолошки локалитет во Египет, соопшти Министерството за туризам и антиквитети. Археолозите пронајдоа неколку стотини запечатени тегли со вино во новото археолошко откритие на египетско-германско-австриската археолошка мисија која работи на гробницата на кралицата Мернеит од Првата династија во јужен Египет, околу 2950 година п.н.е. на местото Ум Ел Каб. Генералниот секретар на Врховниот совет за ...

Еден од учениците од осмо одделение дошол во училиштето со лажен пиштол и им се заканувал на децата имитирајќи пукање во основното училиште во село Прељина во Чачак. Ученикот и претходно ги малтретирал учениците. – Момчето со години ги малтретира другите ученици. Во повеќето случаи децата се плашат од него и не смеат ниту да го пријават ниту да сведочат. Тој беше санкциониран со намалена оценка во владеењето, но тоа не влијаело и нема да го ...

Олимпијадата во Париз е на помалку од година дена, а француските власти сакаат да се осигураат дека креветните стеници нема да направат проблем за време на најголемиот спортски настан и почнаа кампања за уништување на паразитите. На социјалните мрежи има сè повеќе видеа од инсектите како се шетаат по возови и париското метро, а има и сè повеќе извештаи во медиумите за креветни стеници во кина, театри, па и на аеродромот Шарл де Гол. – Државата ...

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија. Сребрениот олимпиец од Токио беше доминатен на турнирот во Тирана. Прво беше сигурен против Филипов Александар од Израел, додеака во големото финале славеше над Французинот Ел Омар, со 2:1. Со овој медал Георгиевски уште еднаш потврди дека и оваа година е во одлична форма. Претходно, го освои сребрениот медал на Европските ...

Одењето по скали и брзото бришење односно спонтаните физички активности го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, покажува новата студија, пишува „Дејли мејл“. Кратките рунди на „случајни“ активности, онакви какви што правиме како дел од секојдневниот живот, може да ви помогнат да останете здрави додека стареете, покажа истражувањето. Тим предводен од Универзитетот во Сиднеј следел повеќе од 25.000 возрасни лица во Велика Британија кои не ...

Власта се предомислува околу новиот Кривичен законик. Сега се посолува дека немало да се дозволи неказнивост за злоупотреба на службената должност при јавни набавки. -Тоа ќе се регулира со посебен член. Ова е ставот на работната група која подготвува нов Кривичен законик, изнесен од академик Владо Камбовски. А само што пред неколку дена беше кажано друго. Зошто ништо не се прави темелно околу овој важен закон? Како да се остава да се види „ако ...

Македонија низ историјата има многу жени херои. Младата партизанка Ибе Паликуќа е едната од нив. Ја споменуваме денеска затоа што токму на овој ден (22 септември) во 1944 година тоа 17 годишно девојче го дало животот за ослободување на Македонија од фашизмот и окупацијата. На 20 септември 1944 година борците на Шестата македонско-албанска народноослободителна бригада на НОВЈ воделе борба против балистите на периферијата на Кичево. Младата ...

„Параходот ми пристигна, збогум либе подај рака, не плачи мило либе, не жалај, јас пак ќе се вратам…“, ова се првите стихови од песната „Параходот“ која е влезена во свеста на македонскиот народ благодарение на интерпретацијата на Никола Бадев. Поинаку и не може да биде со оглед на тоа какви се музички квалитети и каков феноменален глас имаше Бадев. Впрочем, веројатно тој е еден од најдобрите вокални интерпретатори коишто ги имала Македонија. ...

Вредни минерали откриени на неговото подрачје ќе бидат причина за преселувањето на шведскиот град Кируна на нова локација. По откривањето на уникатно богатство овој урбан центар се подготвува за целосна трансформација и преселба. Во градот неодамна се пронајдени многу вредни минерали, а на почетокот на оваа година беше откриено и најголемото познато наоѓалиште на ретки земјени елементи. Овие специјални елементи се користат за производство на ...

Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон откако патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на оваа манифестација на којашто учествуваа повеќе од 11.000 учесници. Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08. Во женска конкуренција ...

Поранешниот словачки премиер Роберт Фицо и неговата левичарска партија победија на парламентарните избори во Словачка, покажуваат прелиминарните резултати, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес (АП). По пребројани 99,2 отсто од гласовите на околу 6000 гласачки места, поранешниот премиер Фицо и неговата партија СМЕР – Словачка социјалдемократија (СМЕР – ССД) водат со освоени 23,3 отсто од гласовите. Изборите одржани на 30 септември, како ...

Бомбаш самоубиец денеска активира и се разнесе со експлозивна направа во главниот град на Турција, Анкара. Вториот напаѓач бил убиен во престрелка со полицијата, при што биле ранети двајца полицајци, наведе министерот за внатрешни работи Али Јерликаја во објава на социјалната платформа Х, поранешен Твитер. Турскиот министер вели дека експлозијата се случила околу 9:30 часот по локално време на 1 октомври пред седиштето на Министерството за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
38%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 23ᴼ
2.57
30%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.0
44%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.55
35%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
42%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
32%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
35%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.03
33%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
64%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71