Иако гробницата на Ќин Ши Хуанг, првиот кинески цар, била пронајдена во 1974 година таа сеуште не е до крај истражена. Последователните ископувања открија низа јами со илјадници воени статуи од теракота во природна големина во облик на војници и воени коњи. Се чини дека оваа војска од теракота служела како заштитници на мавзолејот Но, смртните стапици, како труење со жива се само дел од грижите со коишто се соочуваат археолозите кои размислуваат ...

Килограм фентанил е пронајден под подлогата за спиење во приватна дневна градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три се пренесени во болница, соопшти полицијата. Едногодишниот Николак Доминици бил во градинка само една недела, а починал во петокот поради сомневање за предозирање со дрога. Уште три деца се примени во болница откако биле изложени на моќниот наркотик. Властите обвинија две лица за поседување и намера за трговија со дрога и ...

Колумна на Владимир Величковски: Уште една година почнува без учебници за основците. Посериозно е прашањето какви содржини се внесени во нив. Секој нов партиски (главно некомпетентен) министер предлага за реализација нова, скапа реформа за да се предизвика нова конфузија и нова драма, наместо да се учиме на финскиот модел и култура. Се во стилот почни незаврши, грабни народни пари, а без никаков резултат (дали ќе ги дочекаме и коридорите 8 и ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика денеска да не се откажуваат напорите насочени кон воспоставување мир во Украина. – Не смееме да ги успориме нашите напори во борбата за мир, праведен мир во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, рече Гутереш на генералната дебата на Генералното собрание на ОН. Тој истакна дека на светот итно му се потребни украински прехранбени производи, како и руска храна и минерални ѓубрива за ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Во Г групата Македонија ќе игра против репрезентациите на Србија, Украина и Португалија. Квалификациите за женскиот Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА. Натпреварите се закажани за 9. и 12. ноември 2023 година, на 7. и 10. ноември 2024 година, како и на 6. и 9. февруари 2025 ...

Најмалку две лица загинале, додека неколку лица се повредени во сообраќајната незгода што се случила на патот Цетиње – Будва. Засега не е познато како и зошто се случила несреќата. Како што пишува црногорскиот „Вијести.ме“, автобусот излетал од патот на релација Обзовица – Брајиќ, а првите полициски податоци покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници. Како што се дознава, 17 лица се полесно повредени и префрлени во болницата во ...

Нов шок за твитерџиите. Имено, по првиот шок кога социјалната мрежа „Твитер“ го смени името во „Икс“, сега сопственикот Илон Маск изјави дека планира да наплати претплата за користење на „Х“, со цел да се бори со ботови. Идејата Маск ја претставил за време на опсежниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој не кажал колку ќе ги чини корисниците на социјалната мрежа новиот план за претплата, ниту кои други функции ќе бидат ...

Џо Бајден, најстариот американски претседател во историјата на земјата, вчера изјави дека го разбира фокусот на неговата возраст, но дека ќе се кандидира за реизбор бидејќи Доналд Трамп сака да ја уништи американската демократија. 80-годишникот обично избегнува такви прашања, но сега говореше за својата возраст во Њујорк коментирајќи дека неговото искуство му помогнало да се справи со кризи, како Украина и Ковид-19. Се чини дека многу луѓе се ...

Нов голем успех на одличниот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе. Тој викендов дојде до европската шампионска титула на ридско-брзински патеки. Ова му е трета таква титула, по оние во 2014 и 2015 година. Последните две трки се возеа во Хрватска каде популарниот Иџе пак ја круниса својата напорна работа и талент со нов европски трофеј. За тоа имал и голема поддршка од повеќе македонски навивачи кои по последната трка со знамиња и факли ...

Словенечкиот старт-ап Бево додаде вегански ребра во својата палета на производи под брендот Џуси Марблс. По почетокот на продажбата, тие останаа без залиха по само неколку минути, изјави за Н1 Словенија, директорот Тилен Травник и истовремено го најави доаѓањето на новиот производ. – Беа потребни неколку дена луѓето да ги добијат своите нарачки. Ги праќавме по пошта или курири. Сега ги собираме првите одговори, кои се многу добри, вели ...

Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга). Согласно турнирскиот правилник, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат репрезентации и шаховски клубови, предуслов е да сите играчи од една екипа бидат во соодветната ...

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе е во Хрватска, каде викендов ќе има финалeн настап во оваа сезона на последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC), во Бузет, Хрватска. Иџе викендов ќе го заокружи својот поход во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Во неговата група, слободно може да се каже дека шампионската позиција е веќе извесна. Бузет е една од легендарните трки во ...

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе денеска попладне во хрватскиот град Бузет ќе настапи во решавачка последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. -Ова е последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. За мене е историска шанса за освојување на европската титула. Мојата цел е освојување на тронот. Најголем ривал ми е Николас Вивер од Франција, кој вози одлично и со поддршка од тимот на Себастијан Лоеб, ...

Тренерот на Е. Пелистер, Александар Јовиќ верува дека неговите ракометари на високо ниво ќе се претстават во мечот против Алборг од Лигата на шампионите. Пелистер во среда со почеток од 20:45 часот му гостува на Алборг во рамките од второто коло во Лигата на шампионите. Битолскиот тим разочара во првото коло кога доживеа дебакл на свој терен од Колстад, а сега ќе имаат тешка задача да го поправат впечатокот во Данска, но Јовиќ верува во своите ...

„Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик, и нема веќе да се презивате на -иќ, туку на -ски.“, било прво обраќање на учителот Василко Ристевски на околу двесетина ученици во училиштето во селото Подвис, кичевско на 17 септември 1943 година. Тие зборови, во регионот ослободен од фашистичките окупатори во текот на Втората светска војна, практично означија почеток на наставата на народен, македонски јазик кој дотогаш беше ...

„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија ХирТВ доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократско ...

Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина по катапултирањето на пилотот, а воените претставници апелираат до јавноста да помогне во пронаоѓањето на „невидливиот“ авион. Потрагата е фокусирана на областите околу езерата Мотри и Марион северно до Северен Чарлстон каде што се наоѓа соодветната воена база. Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува „Гардијан“. Локалната ...

Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис победи на вчерашните избори за лидер на СИРИЗА, но без да го достигне потребниот процент за избор во првиот круг, па така заедно со Ефи Ахциоглу, која доби 36,21 отсто, влегуваат во вториот круг што ќе се одржи следната недела, јави дописничката на МИА од Атина. На изборите за претседател на партијата имаше голем одѕив, па гласањето беше продолжено за еден час, а гласале 146.635 членови на СИРИЗА ...

Главата горе и изјаснете се за она што сме – Македонци, порача македонско друштво „Илинден” од Тирана пред денешниот почеток на пописот на населението и домаќинствата во Албанија. Друштвото ги повика сите Македонците во Република Албанија да се изјаснат за она што се – Македонци, и да го зачуваат својот македонски идентитет. -Од утре до 30 октомври тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и ...

Правосудните органи не успеаја да ја одбранат независноста која Уставот им ја гарантира. Овој проблем не е од сега туку си има своја историја, вели Цветановска од Македонското здружение на млади правници Со Александра Цветановска, претседателка на Македонското здружение на млади правници, зборуваме за актуелните состојби во правосудството, загубената доверба на граѓаните во него и донесувањето на контроверзни законски решенија. Анкетите ...

Повеќе илјадни чешки граѓани вчера излегоа на протест на Вацлавскиот плоштад во Прага на покана на вонпарламентарната партија Право, Почит, Струка за да протестираат против коалициската влада на десниот центар на премиерот Петар Фиала и против САД, ЕУ, НАТО и Украина. – Не ја сакаме владата на ЕУ, не ја сакаме американската влада или украинската влада, ја сакаме владата на Чешката Република, на чешките граѓани. Социјалниот и здравствениот систем ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција денеска изјави дека Анкара би можела да се раздели од Европската унија доколку биде потребно. Во споменатиот извештај, усвоен претходно седмицава, стои дека процесот на придружување на Турција кон Европската унија не може да продолжи во сегашните околности и ја повикува ЕУ да ги „истражи можностите“ за промена ...

Шокирани сме од нечистотијата што ја видовме по Скопје. Валкано е насекаде. Тоа дава една грда слика за градот во кој едните – граѓаните очигледно многу го загадуваат, а другите – комуналците недоволно го чистат, ни изјави турист од Словенија кој шеташе низ главниот град Скопје се фали дека е уреден град, ама всушност во реалноста градот е многу нечист. Отпадоци насекаде, преполни умирисани контејнери и расфрлано друго ѓубре и разни предмети има ...

Иако односите помеѓу Русија и САД не се на добро ниво, сепак двете големи сили одлично соработуваат кога е во прашање вселената. Имено, двајца Руси и еден Американец полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб и астронаутот на НАСА Лорал О’Хара. О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму ...

На отворањето на Европското првенство во ракомет македонските ракометари ќе играат прд повеќе од 50.000 гледачи а што ќе биде рекордна посетеност на еден ракометен натпревар. Германската ракометна федерација, која го организира идното Европско првенство, потврди дека на првиот ден на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, на кој првенството ќе го отвори Македонија во дуел со Франција, ќе има повеќе од 50.000 гледачи. Толку билети се продадени во ...

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера ги пофали напорите за поддршка на Глобалниот југ на меѓународната арена отворајќи го самитот на групата Г77 на земјите во развој и Кина со домаќинот Куба. Фокусот на самитот е на научниот и технолошкиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји и неговото влијание врз развојот. Гутереш рече дека поголема меѓународна еднаквост е клучна за градење консензус потребен за решавање на ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки. Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство ја предводи американската репрезентација, иако остана без мундијалски медал и се ...

Платформата „ТикТок“ е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност поврзани со употребата на личните податоци на децата во ЕУ, објави регулаторното тело на Унијата одговорно за усогласување со прописите за заштита на приватноста. Кинеската платформа, која во последниве години се здоби со голема популарност меѓу тинејџерите ширум светот, прекршила повеќе закони за приватност на ЕУ во периодот од 31 јули 2020 година до 31 ...

Од денеска на српските патишта можно е возачите да останат без своите автомобили, бидејќи стапи на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот, според кој 18 прекршоци можат да бидат причина надлежните да им го одземат автомобилот на несовесните учесници во сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Со новиот Закон, регулирана е и областа на користење на електричните тротинети, кои досега беа законски „невидливи“, а предвидена е можноста ...

Дојде време да се замени доминантниот дискурс во Европската унија. Сега е водена од прогресивна и либерална елита незаинтересирана за главните проблеми на граѓаните на ЕУ, како што се желбата за семејства и одгледување деца. Ова го изјави Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Демографскиот самит во Будимпешта Орбан се осврна на претстојните избори за Европскиот парламент и порача дека конзервативната струја сака да постигне значително подобар ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.87
55%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
83%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1018
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
59%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
73%
1018
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71