
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство идната година по денешната победа на гостувањето кај Литванија со 31-28. Нашиот тим сега има две победи од два натпревари во групата 5. Македонија го диктираше резултатот и играта речиси цел натпревар, освен почетните 10 минути, кога Литванија имаше минимална предност. По 8-8, нашите девојки го преземаа водството и не го испуштија до крајот. ...
Колумна на Пеце Лозанов: На автопатот Гостивар – Тетово 19-годишното момче со своето возило излетало од патот по што починало на патот за болница. На патот од Битола кон Меџитлија, кој е во реконструкција, 42-годишниот маж загина откако со возилото излетал од патот. И во Скопје имаше слична несреќа: на влез-излез од парк-шума гази Баба возилото со две лица излетало од патот по што тие се повредени. Со повреди се здоби и возачот кој излетал од ...
Со Наташа Амдију, од невладината организација „Зелен институт“ зборуваме за состојбите со зеленилото во Скопје, како да се делува во иднина… Каква е состојбата со зеленилото во Скопје? Има ли доволно, загрозено ли е? -Велат, „една слика, илјада зборови“, Скопје е „заробен“ град кој не може да дише. Во периодов, „Зелен институт“ во партнерство со повеќе организации спроведува серија на активности токму за тоа, во рамките на проектот „Повеќе ...
Израелската војска го одложи планираниот упад во Појасот Газа, кој го контролира Хамас, за неколку дена поради лошите временски услови, се вели во извештајот на Њујорк Тајмс објавен доцна синоќа. Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но делумно беше одложена поради облачното небо што би им отежнало на израелските пилоти и оператори на беспилотни летала да обезбедат воздушна поддршка за копнените сили, објави американскиот весник, ...
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од Украина која забележа победа од 2:0 во натпреварот од 7. коло на „Ц“ групата одигран во Прага. Нашиот тим одигра храбро, имаше и многу шанси да извлече поволен резултат од овој натпревар, но едноставно немаше реализација. Украина го почна натпреварот далеку подобро и тоа со две прекрасни шанси на Довбик и Мудрик, но Столе Димитриевски на нашиот гол прекрасно интервенираше во двата наврати. ...
Голем број на Палестинците се обидуваат да избегаат од северниот дел на Појасот Газа, откако израелската армија постави нов рок за евакуација до денеска (14.10), до 15 часот по средноевропско време. Израелската армија го повторува повикот за евакуација преку социјалните мрежи и летоци. Израел бара напуштање на северниот дел на Појасот, каде, според проценките, живеат околу 1,1 милион луѓе. Терористичкиот Хамас, пак, ургира кај жителите да ...
Австралијците го отфрлија предлогот да се признаат Абориџините во Уставот и да се формира тело кое ќе го советува парламентот за домородните прашања. Референдумот не успеа, а поразот беше јасен веднаш по затворањето на гласачките места. По пребројани 45 проценти од гласовите низ целата земја, против промената во Уставот се изјасниле 57,35 проценти од граѓаните кои излегле на референдумот. Австралиската телевизија Еј-би-си и другите мрежи ...
Прокламацијата со која месецот септември е прогласен за месец на македонско-американското наследство повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката на американската држава Мичиген Гречен Витмер. До ова дојде откако генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, во кое реагира за прогласувањето на септември оваа година за месец на ...
Колумна на Владимир Величковски: Обичниот човек, замислен и загрижен е немоќен пред самоволието и пустошењето на партиите кои не мислат на народот ниту на неповторливата енергија и талентите на децата кои треба да се негуваат и раскрилат. Нема државна институција која не е подложна од подривачките сили на корупцијата, почнувајќи од образованието, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите… Ветуваат дека ќе го обноват Скопје ...
Најверојатно Министерството и Комисијата не прават анализи каде грешеа минатите две пандемиски години, затоа што тие и не прифаќаат дека често грешеа. Среќа новиот вирус е слаб и плус ние самите сме сега поискусни, ни прокоментира Ванчо З. Македонскиот здравствен систем е болникав. Во некои периоди ептен е болен. Така беше за време на пандемијата. Здравството не одговори баш соодветно на предизвикот, слушаше често само наредби од „други ...
Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе гостува во Прага, кај Украина, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство. Натпреварот во Прага ќе започне во 15 часот. Првиот натпревар на овие две репрезентации, одигран на 16 јуни во Скопје заврши со триумф на Украина 2:3. Македонија имаше предност 2:0 и целосна контрола врз играта и резултатот 60 минути. На крајот Украинците успеаја да направат пресврт. – Не е ...
Eдно лице e убиено, а две други тешко повредени во напад со нож во училиште во североисточниот град Арас. Локалната полиција соопшти дека маж вооружен со нож убил наставник и оставил уште две ранети во средно училиште во градот со речиси 41.000 жители во петокот наутро. Напаѓачот во меѓувреме е уапсен. Инцидентот се случил во средното училиште Гамбета, кое се наоѓа во центарот на градот, а полицијата соопшти дека напаѓачот извикал „Алах Акбар“ – ...
Според проценката на американската консултантска компанија „Boston Consulting Group“, новата гранична такса на јаглерод во Европската унија ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра. Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглеродот што го испуштаат за време на производството, како што се ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа загуби во Париз од ПСЖ со 31:26 (15:12). Македонскиот шампион одигра добар натпревар но и по четвртото коло се уште е без победа во Лигата на шампионите. Првото полувреме беше егал до последните пет минути кога ПСЖ успеа да изгради предност од три гола. Во второто полувреме, играчите на ПСЖ немилосрдно ги казнуваа повремените падови во играта на Пелистер. Два пати направија серии од по 4:0 што им беше ...
Хрватска е држава ќленка на ЕУ, но населенито тешко се справува со скапотијата. Имено, двајца од тројца Хрвати размислуваат да најдат втора работа за да ги задоволат своите основни потреби, бидејќи нивната моментална плата не е доволна поради континуираниот пораст на сите цени и трошоците за живот. Ова го објави хрватската новинска агенција Хина, цитирајќи ги резултатите од анкетата на веб-страница за барање работа „Мој Посао“. Вкупно 67 отсто ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи одржување собири за поддршка на „терористички организации“. Унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло, истакна Орбан. – Шокантно е тоа што има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа, рече Орбан. Тој додаде дека имало дури и такви „обиди“ во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи ...
Израелската војска порачала на Обединетите нации дека сите што живеат во северниот дел на регионот Газа треба да се евакуираат во јужните делови на територијата во следните 24 часа, информираше портпаролот на ОН. Оттаму велат дека тоа значи потреба од евакуација на околу 1,1 милиони луѓе, односно половина од полпулацијата на Појасот Газа. Во подрачјето кое Израел бара да се евакуира се наоѓа и густо населениот град Газа. – Обединетите нации ...
Хамас им порачал на Палестинците кои живеат во Газа да не ги напуштаат своите домови, се вели во соопштението испратено до медиумите. Вооружената група која управува со Појасот Газа го обвини Израел за вклучување во „психолошка војна“ со испраќање пораки во кои им се кажува на палестинските цивили и работниците на меѓународните организации да се евакуираат на југ. – Окупаторите шират лажна пропаганда со различни средства, со цел да создадат ...
Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, смета дека актуелната имиграциска политика на ЕУ води кон неизбежна граѓанска војна во Европа. Маск ја прокоментирал објавата на британскиот политиколог Константин Кисин, кој во светлината на конфликтот меѓу Хамас и Израел ја критикувал имиграциската политика на европските земји. – Кога ќе видите илјадници луѓе како слават за силувања и убиства извршени од членови на забранета терористичка ...
Како и повеќето прехранбени производи, навидум обичните зачини можат да содржат голема количина шеќер. Поради оваа причина, важно е секогаш да се чита составот. Доколку видите дека производот содржи сируп, декстроза или меласа, не го купувајте, е советот на нутриционистот Лаура Бурак за списанието „Јади ова, не тоа“. Кечап -Повеќето кечапи на пазарот содржат додаден шеќер, најчесто во форма на сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, ...
Американец од Калифорнија го освои вториот најголем џекпот во историјата на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball), освојувајќи 1,73 милијарди долари. Добитничките броеви се 22, 24, 40, 52, 64 и „Пауербол“ бројот 10. Џекпотот може да се исплати на рати во период од 30 години, но повеќето Американци ја бираат втората опција – исплата во готово веднаш, што значи дека играчот добива 756,6 милиони долари, минус даноците. Единствената поголема ...
Властите на Франција и Монако соопштија дека е разбиена меѓународна криминална група со потекло од Балканот, која дејствувала во тие земји. Во рамките на операцијата на полицијата на две држави, на 3 октомври беа уапсени 17 лица, по што беа поднесени пријави против 11 лица, пренесува Фигаро. Тие се осомничени за трговија со оружје, дрога и перење пари преку лажни фирми. Станува збор за прекршоци за кои е предвидена казна затвор од 10 години. ...
Македонија како да е залутана во децениската криза. Заталкува често и власта, а и опозицијата некогаш е без јасни координати. Ама голем проблем е и што низ земјава има многу залутани куршуми. Фрчат на сите страни и прилично се опасни. И за жал, залутаните куршуми понекогаш завршуваат баш таму каде најмногу боли. Младиот тренер на фудбалски клуб, Мерван Илјази, деновиве почина по неколкудневната битка за живот откако беше погоден од куршум кој ...
Голем празник е денеска во Македонија. На овој ден пред 82 години македонскиот народ се кренал храбро и решително против фашизмот и окупацијата во Втората светска војна. Шеснаесет младинци, партизани од прилепскиот партизански одред кој го носел името на големиот македонски деец – Гоце Делчев на располагање имале околу дваесет пушки, неколку бомби и 300 до 400 куршуми, но и нешто многу повеќе од тоа – храброст, која стана синоним за почетокот на ...
Израелскиот министер за енергетика, Исраел Кац, изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници. Односно нема да има гориво струја и вода се додека не се ослободи и последниот израелски заложник. Во објава на социјалните мрежи, Кац рече дека нема да се вклучи ниту еден „електричен прекинувач, нема да се отвори ниту еден хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Вечерва во Скопје, според очекувањата, Македонија го декласира Азербејџан со 40:17. Воведните минути беа јасен показател во која насока ќе се движи натпреварот. Македонските ракометарки стекнаа предност 9:1, која потоа само се зголемуваше. Македонија ја предводеа Седлоска и Саздовска со по седум голови, пет ...
Македонската кошаркарска екипа „ТФТ“ доживеа нов пораз во АБА2 лигата на турнирот што се игра во Суботица. Во првото коло клубот од Тафталиџе беше надигран од Златибор со 93:74, додека пак вечерва поуспешен од нив беше составот на Широки Бријег и тоа со резултат 85:66. Од друга страна кошаркарите на битолски Пелистер го победија словенечкиот клуб Шенчур во возбидлив натпревар кој имаше и продолженија. На крајот резултатот беше 82-78 за ...
Во Европа населението е се постаро, а се помалку има деца. Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст. -Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО, соопшти организацијата. На глобално ниво, таква ...
Министерството за здравство со кое раководи Хамас соопшти дека околу 950 Палестинци се убиени, а уште 5.000 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа од саботата. Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија откако Хамас почна напад врз израелските погранични заедници, убивајќи повеќе од 1.000 луѓе и заробувајќи уште десетици. Министерството за здравство на Израел ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека конфликтот меѓу Израел и Газа го покажува „неуспехот“ на блискоисточната политика на Вашингтон. Според него, „неопходно“ е создавањето „независна суверена палестинска држава“. – Мислам дека многу луѓе би се согласиле со мене дека тоа е јасен пример за неуспехот на американската политика на Блискиот Исток, рече Путин за време на средбата со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани во Москва. ...