Научниците од Универзитетот во Толедо докажаа дека инженерските бактерии можат да го намалат крвниот притисок. Ова откритие отвора нови врати во потрага по искористување на сопствениот микробиом на нашето тело за лекување на хипертензијата. Истражувањето, објавено овој месец во списанието „Фармаколоџикал рисрч“, претставува промена на парадигмата, изјави д-р Бина Џо, истражувач за хипертензија и постар автор на трудот. – Прашањето што секогаш го ...

Северниот дел на Газа и градот Газа се соочуваат со најголем дел од израелското бомбардирање, јавува Ружди Абуалуф, дописник од Газа за Би-Би-Си. Локалната радио станица која сè уште функционира објави масивни експлозии во четири области на северот, при што новинарите велат дека тие се со размери и интензитет што луѓето „никогаш не ги виделе“. Тој вели дека нема комуникација дури ни со локалните власти и болниците, така што нема нова бројка за ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Израел мора да престане со „лудилото“ и да ги прекине нападите во Газа, пренесе АФП. – Израелските бомбардирања врз Газа се интензивираа минатата ноќ и повторно беа насочени кон жени, деца и невини цивили и ја влошија тековната хуманитарна криза“, рече Ердоган на X. „Израел мора веднаш да го запре ова лудило и да ги прекине своите напади, истакна Ердоган. Ердоган ги повика луѓето да ...

Трошоците за живеење во Минхен се највисоки во Германија и се 38 отсто повисоки отколку во областа Фогтланд на другиот крај од скалата, објавија германскиот Економски институт и Федералниот институт за истражување во градежништвото, урбанизмот и просторниот развој. Потоа следува Штутгарт како најскап град, а Лер е најевтин. Кога ќе се вклучат трошоците за домување, живеењето во градот Минхен е 25,1 отсто поскапо од германскиот просек. Следува ...

Градскиот јавен сообраќај на Скопје има многу работи кои мора да се подобрат. Со години се констатира ова и од скопјани и од самиот Град Скопје. Ама некако анемично се работи за проблемите да се намалуваат. И во една таква ситуација, најголемиот скопски автобуски превозник ЈСП „Скопје“ вчера повторно, по вторпат, не ги доби субвенициите од околу два милиони евра од Советот на Скопје кои му се потребни за плати и тековно работење. Мнозинство ...

Тројца мигранти биле убиени во престрелка што се случила рано утринава во близина на градот Хоргош во Србија, недалеку од границата со Унгарија, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во полициската управа во Кикинда. Едно лице е повредено и во моментов му е укажана помош. – Рано утрово во полиција било пријавено пукање на периферијата. По пријавата, полицијата излегла на терен и пронашла три мртви и едно рането лице, соопштија за РСЕ. ...

Србија јасно кажа дека сака да ги спроведе сите договори што се потпишани. Секогаш сме нагласувале само едно, тоа што го повторуваме 10 години, а тоа е дека Србија не може да го прифати членството на Косово во ОН, ниту независноста на Косово, изјави премиерот Александар Вучиќ по средбата со европските претставници. Покрај претставниците на ЕУ, Вучиќ и Курти разговарале и со таканаречената голема тројка – лидерите на Франција, Германија и ...

Израелската армија синоќа повторно навлезе во Појасот Газа за да нападнат оперативци и цели на екстремистичкиот Хамас, движењето кое од 2007 година е на власт во оваа палестинска енклава. ИДФ, соопшти дека во рацијата, што се изведува втора ноќ по ред, во близина на населбата Шуџаи, во источниот дел на Газа, учествуваат пешадиски единици, оклопни и други единици со поддршка на беспилотни летала и борбени хеликоптери. Извршени се артилериски и ...

„Јас сум Македонец од Македонија“, би одговорот упатен на тогашната српска полиција која во 1939 година го привела 19-годишниот студент Стив Наумов, кој бил студент на Техничкиот факултет во Белград. Го прашале „Од каде е?“, откако во полициските раце се нашло писмото на Наумов до еден негов другар во кое тој напишал дека „Сега е време ние Македонците да станиме“. Тепањето било казна која ја добил младиот студент кој веќе не можел да се помирува ...

Израелските копнени сили извршија релативно голем упад во Појасот Газа во текот на ноќта, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала за цел да се нападнат позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади. Израелските одбранбени сили (IDF) го потврдија нападот во северниот дел на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од битката. – Тенкови и пешадија на ...

Железничкиот сообраќај во Македонија се враќа еден век назад. А требаше (и плус ни ветуваа властите) дека ќе оди еден век понапред. Од вчера од Скопје кон Битола ќе има само едно поаѓање на воз во 14.30 часот, исто како и од Битола, но во 03.13 часот. Сообраќаат само уште нешто возови меѓу Скопје и Гевгелија… Зошто е дојдено до вакво тивко одумирање на македонскиот железнички сообраќај? Така ли прават и соседните земји и наивна ли е Србија која ...

Германскиот кабинет во средата го одобри законодавството кое има за цел да ја олесни депортацијата на неуспешните баратели на азил. Германскиот кабинет го одобри законскиот предлог во средата, со цел да се насочи процесот на депортација на неуспешните баратели на азил. Канцеларот Олаф Шолц активно работи на решавање на проблемот со миграцијата во политичкиот пејзаж. Овој предлог-закон, кој зависи од парламентарното одобрување за имплементација, ...

Се ближат претседателските и парламентарните избори. Многу незавршена работа остана од актуелниве функционери. Една од нив е да се намали – реформира администрацијата, да се намалат многуте државни институции кои и самите не знаат што им е задачата, да се намалат управните одбори… Инаку, ако се почне од главата на државното тело, прво што е ептен видливо е дека во Македонија има и премногу пратеници и министри. Ем се и нефункционални, ем се и ...

Рускиот претседател Владимир Путин на состанок со верските водачи од различни религии во земјата предупредил од можна поширока ескалација на кризата на Блискиот Исток доколку не се запре крвопролевањето и насилството, пренесуваат светските агенции. Тој на состанокот изјавил дека не е во ред што невини жени, деца и стари луѓе се казнуваат во Газа поради туѓи злосторства. – Нашата задача денес, нашата главна задача е да го запреме крвопролевањето ...

Најмалку 16 луѓе се убиени во пукањето што се случило доцна синоќа во американската држава Мејн. Полицијата на Луистон во оваа американска сојузна држава трага по напаѓач за кој се сомнева дека е извршител на убиствата. Напаѓачот е идентификуван како 40-годишниот Роберт Кард, кого полицијата го опиша како опасен и вооружен. Според повеќе непотврдени извештаи, во масовното пукање се ранети најмалку 50 луѓе. -Во целиот град се слушаа сирени за ...

Белците повеќе не се мнозинско население во американската сојузна држава Тексас. Латиноамериканците во моментов се најбројното население во Тексас, покажуваат резултатите од новиот попис од јуни оваа година, јави Гласот на Америка (Voice of America). Според пописот, во Тексас живеат 40,2 отсто Латиноамериканци, додека има околу 39,8 отсто белци кои не потекнуваат од Латинска Америка. Резултатите од пописот ги потврдуваат податоците од средината ...

Рускиот парламент денеска го заврши гласањето за законот со кој Москва се повлекува од ратификацијата на глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје. Горниот дом на парламентот, Советот на федерацијата, едногласно со 156 гласа го одобри законот откако претходно едногласно беше усвоен и од Долниот дом на парламентот, Думата. Документот сега ќе оди кај претседателот Владимир Путин на потпишување. Претходно овој месец, Путин ги ...

Во Скопје станува тесно за живеење. Градот се повеќе се трупа со нови згради – станови, а и со нови жители. Ќе престане таа појава или треба да се подготвуваме за живеење како сардините кога се во конзерва? Градењето на нови згради и станови во градот не запира и секој слободен простор како да станува маркичка за градење. Само во првите пет месеци од годинава службите во 17-те општини во Скопскиот Плански Регион одобриле изградба на нови 1.447 ...

Убава ракометна вест ни донесе РК „Алкалоид“ од Шпанија. Ракометарите на скопскиот клуб стигнаа до првиот историски бод на меѓународната сцена. Имено, против фаворитот „Ла Риоха“ среде Шпанија, во второто коло од групната фаза на Европската лига македонскире ракометари одиграа нерешено 29:29. Најдобриот македонски ракометар Кире Лазарв кој сега е тренер на „Алкалоид“ на 20-тина секунди до крај на мечот побара тајмаут на кој даде мајсторски ...

Според либанските медиуми, лидерите на Хезболах, Хамас, Исламски џихад и други милитантни групи седнале на иста маса за да видат што треба да направат понатаму, да ги координираат своите активности со цел да извојуваат победа над Израел. Телевизијата „Ал Манар“, која е во сопственост на Хезболах објави дека Хасан Насрала и милитантните водачи процениле какви чекори мора да преземе „оската на отпорот“ за да „постигне вистинска победа“ во Газа. ...

И вчера пожарникарите гаснеа многу пожари на отворено низ Македонија. Противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари и сите ги изгаснале. Браво за тоа. Браво и што последниве месец – два пожарникарите заедно со волонтери и со пилотите на леталата за гаснење неуморно работат на терен. Сепак, нели е поарно сите тие да немаат работа? Превентивно треба институциите да делуваат, а и граѓаните малку со поголема одговорност да се однесуваат. Инаку е ...

Калин Ивановски кoj во моментот e најдобриот македонскиот тенисер, постепено расте на светската ранг листа. Сето тоа е резултат на силните тренинзи и добри настапи минатиов период. Тој инаку деновиве одработил тренинг со најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. За ова извести самиот Ивановски објавувајки на „Инстаграм“ споделувајки и заедничка фотографија са феноменалниот српски спортист. Ивановски и Ѓоковиќ се знаат од порано. Во една ...

Израел ги отфрли повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот и повторно се закани дека ќе го уништи Хамас. Обединетите нации, Палестинците и голем број земји го поставија ова барање на денешната средба на ОН на високо ниво, но министерот за надворешни работи на Израел рече дека е „право на земјата да го уништи Хамас“. Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, исто така, ги отфрли повиците за „пропорционалност“ во одговорот на ...

„Да се биде само Албанец“ е мотото на движењето за откажување од исламската вера, формирано пред два дена во градот Дечани на Косово. Ова движење го формирале околу 70 лица од неколку земји кои се собрале во Дечани за да како што велат кажат дека „албанската вера е Албанија“. Весел Лекај, еден од основачите, го кажа своето мислење за декларацијата на ова движење и дека во основањето на ова движење во петокот на 20 октомври учествувале околу 70 ...

Навивачката група „Комити“, Упати апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, да бидат доделени веднаш. Како што велат во својата објава на Фејсбук доколку за 48 часа не биде спроведена најавуваат радикализација на борбата. – Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, ...

Парламентот во секоја нормална земја е извор на демократијата. Дали во Македонија е така? Ако го погледнеме обидот за правење нов деловник за работа на Собранието…, многу дилеми ќе ни се отворат. Покачувањето на платите, исплатата на патните трошоци, не биле единствено нешто околу што можеле да се согласи најголемиот дел од пратениците во македонското Собрание. Пред неколку дена народните претставници од наголемите партиски групации од власта и ...

Владите треба да отворат нов фронт во борбата против даночното затајување со воведување на глобален минимален данок за најбогатите, што би собрало 250 милијарди долари годишно, пресмета Европската даночна опсерваторија.Тоа е само два отсто од имотот од речиси 13 трилиони долари на 2.700 милијардери ширум светот, открила истражувачката група од Париската школа за економија во извештајот објавен денеска, пишува „Гардијан“. Во својот првичен ...

Научниците веруваат дека Месечината е формирана непосредно по создавањето на Земјата, приближно пред 4,4 милијарди години, кога Сончевиот систем бил сè уште млад. Претпоставката е дека тогаш објект со големина на Марс удрил во новоформираната и блескава Земја и откорнал огромен облак од отпадоци кои по некое време се формирале на Месечината. Според новото истражување, нашиот природен сателит е постар отколку што мислевме, добри 40 милиони ...

Помина уште еден државен празник во Македонија со бледо одбележување. Тоа, за жал, како да станува пракса. Пракса стана и на вакви денови врвните политички функционери во земјава да повикаат на обединување на граѓаните. И секој празник истото си го верглаат. Претседателот Стево Пендаровски и вчера постапи така – упати честитка до граѓаните за празникот и повика на обединување. -Како и пред 130 години, така и ние мора да ги надминеме нашите ...

Научниците смислија генијален начин да создадат кислород на Марс, со помош на бактерија. Бактериите кои живеат во пустината, се хранат со сончева енергија, трошат јаглерод диоксид и испуштаат кислород, може да се инјектираат во боја што ќе создаде кислород во идната човечка населба на Марс, пишува „Саенс алерт“. Научниците создадоа биолошка обвивка од бактеријата „Chroococcidiopsis cubana“, која создава и ослободува одредена количина кислород, а ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
16%
1016
weather icon

Белград

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
13%
1017
weather icon

Загреб

37ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1016
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
18%
1017
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.34
17%
1017
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
25%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
43%
1017
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
5.14
17%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1018
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
3.09
19%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
36%
1018
Currency

61.525

Currency

52.2715

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71