По кусо време откако беше назначен за спортски директор искусниот македонски стручњак, Ѓоко Хаџиевски реши да го напушти фудбалскиот клуб Вардар. Тој од денеска нема да ја извршува новата функција иако вчера со останатото раководство на Вардар одржа прес-конференција на која повика на поддршка за црвено-црните. Имено, тимот на Хајер од Саудиска Арабија потврди дека Хаџиевски ќе биде нивни нов тренер. Хаџиевски доаѓа на местото на Родион Гачанин ...

САД се „империја на лагите“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, изразувајќи огорченост од извештајот на американскиот Стејт департмент во кој се обвинува Пекинг дека дава милијарди долари годишно во напорите за манипулација со информациите. Кина манипулира со светските медиуми преку цензура, собирање податоци и тајно стекнување на странски вести, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен во ...

Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги истоварат во земјите чие знаме веат нивните бродови, особено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во главниот град на Малта, Валета, каде се одржува Самитот МЕД9. Таа го отфрли амандманот што го претстави Германија за статусот и улогата на невладините организации, додека вчера во ...

Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба, кога голем дел од областа беше поплавена поради невремето, јавува „Би-Би-Си“. Метро станиците се затворени, а дел од патиштата се под вода. Затворен е и еден терминал на аеродромот Ла Гвардија. За ситуацијата зборуваше и гувернерката на Њујорк, Кети Хочул. „Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон“, рече таа и ги повика луѓето да останат ...

На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона. На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 долари. Додека барел нафта за испорака во декември се тргуваше за 94,07 долари односно за 97 центи повеќе од вчера. На ...

Признание дека тој во неделата бил во Бањска, на северот на Косово, и дека ги направил сите логистички подготовки за акцијата во која дошло до судир со косовската полиција денеска даде Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа. Радоичиќ преку свој полномошник адвокат Горан Петронијевиќ наведе дека тој го организирал „отпорот на српскиот народ на теророт на Курти“. Во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан ...

Мигрантскиот бран кон Европа се уште трае, па дури е и засилен. Имено, околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа во јужните европски земји, објави Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Се соопштува дека најголем број од нив влегле во Италија – повеќе од 130 илјади, што е зголемување за 83 отсто во однос на минатата година, пренесува АП. Остатокот отишол во Грција, Шпанија, Кипар и Малта. Во овој период, односно ...

На влaдeачкиот СДСМ не му цветаат розите. Тоа во последно време го кажуваат разните анкети. Оваа партија кај граѓаните на Македонија има се помалку поддршка и разбирање за многу од нивните државнички потези. Колку сето тоа го гледаат во врвот на партијата не е познато, но деновиве се виде дека партиското тонење го видел нивниот пратеник од Куманово, Мартин Костовски. Тој во објава на Фејсбук порача: -Социјалдемократи другари и другарки или ќе се ...

Шведскиот премиер вчера го повика шефот на вооружените сили да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со банди во земјата. Премиерот Улф Кристерсон денеска ќе се сретне со шефот на вооружените сили Мајкл Бајден и со шефот на државната полиција за да разговараат за улогата на војската во справувањето со загрижувачките последици од конфликтот со бандите. Само вчера двајца мажи загинаа во Стокхолм, додека 25-годишна жена загина во ...

Неколку лица загинаа откако напаѓач отвори оган во куќа во холандскиот град Ротердам, а потоа во Универзитетската болница „Еразмус“. По пукањето на двете места изби пожар. Сè уште не е познато колку луѓе загинале, а колку се повредени во вооружениот инцидент. Полицијата соопшти дека уапсила 32-годишен напаѓач. По апсењето на осомничениот, холандската полиција соопшти дека поголем број луѓе загинале, без да прецизира бројка. Исто така полицијата ...

Лина Ѓорческа имаше послаб старт во осмифиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, но со пресврт успеа да ја совлада денешната ривалка. Македонската тенисерка се соочи со Миа Ристиќ, а талентираната српска тенисерка го доби првиот сет со 6:3. Но, тоа не ја откажа Ѓорческа од посакуваниот резултат, па нашата претставничка ги искористи квалитетот и искуството за да ги добие следните сетови со 6:2 и 6:3 и да го продолжи сингл настапот во Србија. Во ...

Преку 11.000 натпреварувачи од 53 земји ќе учествуваат в недела (1 октомври) на 19. издание на Виз Ер Скопски маратон, информира денеска Кире Синадиновски, спортскиот директор на трката. Тој додаде дека бројките се изненадувачки. -Не очекувавме волкав интерес со оглед на околу осумте илјади од минатата година. Далеку сме од рекордните 12.500 пред четири години, но сепак бројот на учесници е огромен, додаде Синадиновски. Од македонските ...

Владата на ДУИ и СДСМ не престанува да најавува нови градења на патишта низ Македонија. Едноставно, изјавите и најавите дека во Македонија ќе се градат нови и нови асфалтни патишта им се омилена реторичка дисциплина. Сега, на сето ова се надоврза и вицепремиерот за европски прашања (што ли тој има со градење патишта?) Бојан Маричиќ кој синоќа во Штип беше категоричен дека во следните 4 години во земјава ќе се градат по 23 километри автопат ...

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, одигра добар натпревар против германскиот првак „Кил“. Сепак гостите во Битола победија со 23:20. Одличната петилјадна публика ги инспирираше ракометарите на Еурофарм па во голем дел од средбата не дозболија фаворизираниот Кил да води туку резултатот беше често нерешен. Сепак при крајот на натпреварот гостинските ракометари направија мала разлика која го одлуќи победникот. – Ние сме ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа се извини што парламентот на неговата земја му оддаде почит на човекот кој се борел на страната на нацистите во Втората светска војна, за време на минатонеделниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трудо кажа дека претседателот на Долниот дом на Парламентот, Ентони Рота, кој во вторникот се извини и поднесе оставка, е „единствено одговорен“ за канењето гости и оддавањето признание за тој ...

Словенија одлучи да воведе полициски пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, па и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила и преку некогашните гранични премини ќе може да се минува без каква било контрола, но на територијата на Словенија ќе има полициски пунктови на кои полицијата ќе сопира и ќе проверува одделни возила. На таа најава денес реагираше претседателот на хрватскиот парламент ...

Вкупно 2.253 килограми сомнителен кокаин со улична вредност од 157 милиони евра (166 милиони долари) се запленети од панамски товарен брод со потекло од Јужна Америка во близина на југоисточниот брег на Ирска, откако елитната ирска армиска единица спроведе голема операција. Говорејќи на брифинг за медиумите во Даблин денеска, висок член на ирската полициска служба рече дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на државата. ...

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Тодор Гечевски е новиот спортски директор на Работнички. Тој денеска беше промовиран на прес-конференцијата од страна на Горан Герасимовски, граноначалник на скопската општина Центар. Првиот тест за Гечевски ќе биде квалификацискиот турнир за ФИБА Евро-Купот. Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера, тој беше дел од младинската школа, а сега веќе ќе има поголема функција. ...

Наметнатото решение од страна на власта дека граѓаните мора до февруари идната година да ги сменат личните документи уште е на сила. Велиме уште, затоа што јавноста одамна бара рокот да се пролонгира. Граѓаните наведуваат многу оправдани причини за тоа. Но, власта е упорна дека во новите лични документи од февруари мора да го има омилемниот нивен збор „Северна“. Значи треба да се сменат личните карти, пасошите, возачките дозволи… Сепак, ...

Наметнатото решение од страна на власта дека граѓаните мора до февруари идната година да ги сменат личните документи уште е на сила. Велиме уште, затоа што јавноста одамна бара рокот да се пролонгира. Граѓаните наведуваат многу оправдани причини за тоа. Но, власта е упорна дека во новите лични документи од февруари мора да го има омилемниот нивен збор „Северна“. Значи треба да се сменат личните карти, пасошите, возачките дозволи… Сепак, ...

Кинa прави одлични автомобили. Тоа веќе се докажува на пазарот оти се трошат и на пребирливиот европски пазар. Кинеските новитети изгледаат одлично, а технолошки воопшто не заостануваат зад европската конкуренција. Многу често кинеските автомобили нудат повеќе од нивните реномирани западни ривали. Воедно, барем 20 отсто имаат пониската цена од конкуренцијата. И сето тоа донесе резултат. На пример, кинескиот BYD, како еден од најголемите ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Битола пред домашната публика ќе го пречека германскиот шампион Кил во рамки од третото коло од Лигата на шампионите. Пелистерци во претходните две кола, против Колстад и Алборг, беа убедливо поразени, па во дуелот со бундеслигашот ќе се обидат да го поправат впечатокот и на своите навивачи да им понудат квалитетен и неизвесен натпревар. Дуелот се одигра вечерва со почеток од 18:45 часот во ...

Спикерот на Долниот дом на Канада Ентони Рота изјави дека поднесува оставка, помалку од една недела откако јавно пофали поранешен нацистички војник во парламентот. Ентони Рота им се извини на членовите на парламентот затоа што минатата недела го пофали 98-годишниот Украинец кој се борел во СС дивизијата „Галиција“, доброволна воена единица создадена од нацистите во западна Украина во 1943 година и обвинет за воени злосторства за време на Втора ...

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите. Повеќето од жртвите се млади луѓе, а најмалку 50 од повредените се во критична состојба. Заменик-шефот на дирекцијата за здравство во Ниневија, Ахмед Дубардани, кого го цитира Би-би-си, изјавил дека меѓу загинатите е и ...

Се разреши неодамнешна дилема околу висок руски офицер. Имено, главниот командант на руската Црноморска флота, за кој официјален Киев тврдеше дека е убиен, е жив и здрав, јавуваат руските медиуми. Од Киев беше соопштено дека вооружените сили на Украина користеле британски ракети Storm Shadow во нападите на руската Црноморската флота во Севастопол, при што, како што понатаму се тврди, командантот на таа флота, адмирал Виктор Соколов, бил убиен. ...

Како „голем срам за Канада“ на синоќешната конференција за печат канадскиот премиер Џастин Трудо ги оцени овациите и славењето на 98-годишниот Украинец Јарослав Хунка, кој се борел нацистичка СС единица во Втората светска војна. Хунка доби овации откако претседателот на Долниот дом Ентони Рота го нарече „херој на борбата против Москва“ за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот. При ова, присутните, меѓу кои и ...

Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци. -Повеќе од 13.500 луѓе веќе влегле во Ерменија од азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, соопштија денеска ерменските власти. Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани што немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“. -Ерменија е ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во неделата, го предводеше Абердин до првата победа сезонава во Премиер лигата на Шкотска. Миовски постигна два гола и зебележа една асистенција во триумфот на Абердин над Рос Каунти (4:0). Заслужено Миовски се најде во тимот на колото. Покрај него, во најдобрите 11 се и неговите соиграчи Јенсен и Дјук. Интересно, тројцата играчи на Абердин, од Софаскор добија идентична оценка (8,7). Абердин по шест ...

Украинската армија денеска тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад на нејзиното седиште што се случи во петокот во Севастопол, во анектираниот Крим. -Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по ударот, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази. Повредени се уште сто и пет лица, тврди истиот извор. Агенцијата АФП наведува дека не ...

Претседателот на Долниот дом на канадскиот парламент, Ентони Рота, вчера се извини што го претставил присутниот ветеран од Вафен СС како „украински херој“ при пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Долниот дом. На церемонијата одржана во петок, Рота го претстави 98-годишниот Јарослав Хунка како „украински херој“ во канадскиот Долен дом на парламентот. На објавените снимки се гледа како и претседателот на Украина Володимир ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 23ᴼ
2.57
30%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.0
44%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.55
34%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
42%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
31%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
35%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.03
37%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
64%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71