Ме нервира кога едноставното намерно станува сложено, а ме радува сончевото утро

Познатата македонска историчарка Наташа Котлар одговара на 10 прашања надвор од историјата, политиката…

1. Три најсреќни моменти во животот?

– Првиот, најсреќен ми е кога ми се роди постариот син (1993), вториот е кога се излечи помладиот син од леукемија (2001) и третиот, ми е од неодамна, кога ми се роди вникот Теодор (2023).

2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

– Што не станав светски патник, како што посакував уште од детството, што се откажав да бидам храбра и не останав во една европска земја кога постоеше можност за тоа и што не станав полиглот.

3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

 Симон Трпчевски, Кире Лазаров и Горан Пандев.

4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

-Ме радува сончевото утро; успесите на моите деца; доброто здравје.

Ме нервира човечката глупавост и алчност, кога едноставното намерно станува сложено до апсурд и нефункционалноста на институциите во државата.

5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

– Хемијата, физиката и ликовното изразување.

6. Три работи во кои сте добра, и три во кои не Ве бива?

-Добра сум во раскажувањето, сé уште добро памтам и многу добро ги слушам луѓето!

Не ме бива да ги прекинам луѓето кога треба, не ме бидува за лигуш и не ме бидува врз грбот на луѓето да натрупам богатство!

7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

-Охрид, Галичник и Берово (Малешевијата).

8. Три најдобри книги, филмови и песни?

-Книги – Гроф Монте Кристо (А.Дима), Сидарта (Х.Хесе), Војна и мир (Л.Н.Толстој); Филмови: „Њујорк, Њујорк“ со Роберт Де Ниро и Лајза Минели (1977), „Годрост и предрасуда“ со Кира Најтли и Метју Мекфадиен (2005), „Наполеон“ со Хоакин Финикс (2023).

Песни: I have dream ( АББА), Viva la Vida (Coldplay), Некогаш и негде (Владо Јаневски)

9. Три омилени јадења?

 Сарма од лозов лист, тавче-гравче, штрудла со јаболка

10. Три совети кои ги давате на другите?

Заштити се колку што можеш, не верувај на ласкавци, дејствувај по принцип на приоритет,

Претходна вестМожат ли соопштенија да го исчистат Аеродром, ама и аеродромци да разберат…?
Следна вестДвајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, јавното обвинителство поведе постапка