Лазаров по поразот од Фарски Острови: Не губиме надеж

Не губиме надеж и ќе веруваме до крај, изјави синоќа селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров по поразот од селекцијата на Фарските острови. Првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство ракометната репрезентација на Македонија го загуби со 34:27.

Таа разлика Македонија треба да ја надополни за да игра на следното Светско првенство, реваншот се игра в недела во Скопје.

-Фарски Острови беа подобар противник и заслужено победија. Ни правеа многу проблеми, бевме приморани да играме „седум на шест“ многу време, а не сакавме така. Нивниот напад, технички беше скоро перфектен, иако бевме спремни. Не губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да се обидеме да ја анулираме негативата од седум гола. Ќе ни треба и голема поддршка од публиката, како никогаш досега, изјави Лазаров.

Реваншот помеѓу Македонија и Фарски Острови се игра в недела од 20:00 часот.

Претходна вестДен на победата над фашизмот: Македонија даде свој придонес во тој историски успех
Следна вестПутин на воената парада во Москва: Русија ќе стори сѐ за да избегне судир на светските сили