Браво, Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно потврди дека е во одлична форма. Ја мина и втората пречка на фјучерсот во словачкиот град Трнава.

Успехот е поголем ако се знае дека таа во второто коло беше поуспешна од првата носителка Маи Хонтама од Јапонија. Горчевска победи во два сетови со 6-3 и 6-1.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против осмата носителка, Вероника Ерјавец од Словенија.

Инаку, Лина Ѓорческа е на 213. на ВТА-листата во сингл. Во словачкиот град Трнава, настапува на турнир кој се игра на земјена подлога и за награден фонд од 60 илјади американски долари.
Претходна вестАко го видиш братот дека греши
Следна вестАпасиев: Прво нè игнорираа, нè исмеваа, па нè напаѓаа, а сега ни се плашат!