Путин на воената парада во Москва: Русија ќе стори сѐ за да избегне судир на светските сили

Традиционално на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва се одржува голема воена парада по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. Во главниот град да Русија маршираат 9000 војници, меѓу нив и војници кои во изминатите месеци ја нападнаа и војуваат во Украина.

Претседателот Владимир Путин за говорот на парадата рече дека Русија ќе стори сѐ за да избегне судир на светските сили, но нема да дозволи да биде загрозена.

-Нашите стратегиски сили секогаш се во состојба на борбена готовност, рече Путин.

Тој истакна дека трајно ќе се сеќаваат дека судбината на човештвото била решена во грандиозните битки кај Москва и Ленинград, како и во други руски градови.

На парадата продефилираа и старите руски тенкови кои војуваа во Втората Светска војна, но на присутните им беше презентирано и ново оружје.

Инаку, воени паради имаше и во неколку други градови во Русија.

Претходна вестЛазаров по поразот од Фарски Острови: Не губиме надеж
Следна вестБајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со одредено оружје