
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ. Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени. Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во локалниот град Чајлдер живата на термометрите покажа 31 степен под нулата. ...
Напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер ја засили Шкендија. Роналдо првиот дел од сезоната го мина во редовите на Брегалница. Роналдо Вебстер (22), за Брегалница во есенскиот дел од сезоната одигра 18 натпревари, постигна четири гола и забележа исто толку асистенции. Доволни за Шкендија да репи да го откупи неговиот договор од Брегалница. Јанајканецот имаше договор со клубот од Штип до 2025 година. Не е познато колкава оштета и плати Шкендија на ...
Градското собрание објави дека на улиците на Лондон имало 4.389 бездомници во четвртиот квартал од 2023 година, што е зголемување за 23 отсто во споредба со истиот период во 2022 година. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан ја обвини британската влада дека „замижува“ пред проблемот. Официјалните лица предупредија дека станува збор за „хуманитарна криза“ која се очекува да се влоши. Ова е највисока бројка откако градското собрание почна да ги ...
Бројот на пријавени случаи на силување и сексуални напади на крстосувачките достигна рекорд, покажуваат статистиките на Федералното истражно биро на САД (ФБИ). Во 2023 година биле пријавени 131 инцидент, наспроти 87 во 2022 година и 101 во 2019 година, пред пандемијата на ковид-19, пишува „Њујорк пост“. Експертите предупредуваат дека реалниот број на инциденти е веројатно многу поголем. Во просек, во САД, два од три сексуални напади не се ...
Македонија ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Чешка на 10 јуни во Прага, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Македонија претходно, ќе одигра контролен меч против Хрватска. – Мило ми е што е постигнат договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар што ќе биде одличен тест за двете репрезентации. Тие побараа да играат против нас, што е потврда и за нашиот квалитет, изјави селекторот на македонската ...
На наметнатото менување на личните документи сега се наметна и неизвесност – како огромен дел од македонските граѓани ќе патуваат во странство по 12 февруари? Не постои можност тие да ги сменат личните документи до тој рок и за тоа немаат вина. Долгите редици, чекањето со часови и часови, нервои, понижувањата на граѓаните… ќе продолжат пред пунктовите на МВР. Сето ова можело да се одбегне доколку имало подобро планирање на целиот процес. Но, тие ...
Научници од Кина тврдат оти создале оптички часовник со стабилност и грешка помала од еден спрема пет квинтилиони. Тоа значи, часовникот може да се помести за само една секунда (нанапред или наназад) следните седум милијарди години. Оптичките часовници изработени од Кинескиот универзитет за наука и технологија во Пекинг играат клучна улога во иднината којашто се обликува денес, велат упатените. И истражувачки тимови од Јапонија, САД и Германија ...
Хаосот со наметнатото менување на личните документи во Македонија добива нова димензија. Грција преку својата амбасадорка соопшти дека нема разбирање за настанатите технички проблеми околу пасошите и инсистира по 12 февруари сите пасоши кои се без омилениот збор на власта – Северна – да не бидат валидни. Граѓаните се разочарани од ваквиот потег. Сметаат дека соседната земја требало да покаже пријателско разбирање за проблемот на македонските ...
Документот издаден од страна на Президиумот на АСНОМ пред 79 години на денешен ден, 31 јануари 1945 година носи број 581/45, и по форма не е многу различен од бројните други кои што ги издавала оваа прва македонска влада во ослободената Македонија. Но, сепак, беше документот е многу важен акт. Односно – историски. Во него е впишано основањето на Македонски народен театар, акт со кој – театар на македонски јазик – стана реалност. Сонот и желбите ...
Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе учествува на изборите за членови на Европскиот парламент преку својот огранок во Германија, Демократската алијанса за различност и будење (Дава), тврди „Билд“. Според весникот, листата на Дава ќе има четири кандидати, кои во изминатиов период активно агитирале во кампањите на АКП или работеле во организации што ја поддржувале оваа турска партија. Инаку, „Дава“ ...
Колумна на Ивица Боцевски: Што значи изборот на Талат Џафери за Македонија? Клучната дебата во јавноста околу рамковниот договор беше дали тој претставува вовед во интеграција на сите граѓани во македонското општество или клучна точка во процесот на дезинтеграција на македонската држава по етнички линии. Според првото, граѓанско толкување на рамковниот договор, сите граѓани во Македонија се еднакви, националниот суверенитет извира од граѓаните, ...
За време на викендот беше објавено дека документот на неименуван претставник на Советот на ЕУ укажува на мерки насочени кон унгарската економија доколку Орбан не одобри помош за Украина, за што ќе се разговара на утрешниот самит на лидерите на ЕУ. Во интервјуто објавено вчера за францускиот неделник „Поинт“, Орбан рече дека планот е „како прирачник за уценувачи“ што ќе ја стави Унгарија под „масовна финансиска блокада“. – Тогаш Унгарија би ...
Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата. Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“. Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска ...
Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната Вардар одигра контролен меч против Врање од Србија, што го добија „црвено-црните“ со 28-22 (15-15). „Црвено-црните“ во најголем дел од средбата имаа водство, а решавачката предност беше направена во второто полувреме, кога во 42 минута ги имаа и највисоките 24-18. Деби во дресот на двократниот европски шампион имаше последната аквизиција Немања Гојковиќ. Состав на Вардар: Томовски (8 ...
Светската економија, пред сè поради добрите перформанси на американската економија и на некои од главните брзоразвивачки земји, пред сè на Кина, годинава ќе биде подобра од очекуваното, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој сепак остана претпазливи за прогнозите за 2025 година. ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобален економски раст за 2024 година на 3,1 проценти, во споредба со 2,9 отсто што ги очекуваше во ...
Белорусија се приклучи на клубот на „нуклеарни сили“, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин. Минск успешно ја оперира својата прва нуклеарна централа, изградена од Росатом, руската државна корпорација за атомска енергија, заклучи тој. Белоруското министерство за енергетика даде официјално зелено светло во ноември за комерцијалната работа на втората енергетска единица на станицата. Со вкупен капацитет за производство на ...
Екипата на ФКВардар денес информираше за разделба со уште еден свој досегаше член. -Михајло Милосавиќ повеќе не е дел од ФК Вардар. За црвено-црните одигра вкупно 14 натпревари, од кои 12 во рамки на ПМФЛ, на кои постигна 2 гола, и 2 натпревари во рамки на Купот, на кои постигна еден гол. Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата, велат од таборот на „црвено-црните. Инаку ...
Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите. Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 см, а се очекува да се надмине рекордот од 342 сантиметри. Во текот на изминатите седум дена, температурите во ...
Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека неговата компанија за прв пат успешно вградила еден од своите безжични мозочни чипови кај човек. Првичните резултати открија ветувачки шила на невроните или нервните импулси и пациентот добро закрепнува, рече тој. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и вели дека сака да помогне во справувањето со сложените невролошки состојби.Голем број ривалски компании веќе вградија ...
Една бодликава жица на границата на државата Тексас со Мексико која треба да ги одврати илегалните мигранти од Мексико прави хаос и уставна криза во САД. Додека Врховниот суд нареди дека жицата мора да се отстрани, државата Тексас, која граничи со Мексико се спротивстави на оваа одлука, ги извади своите тенкови и армија на преминот „Игл“(„Орел“) и соопшти дека доколку е потребно ќе побара воена поддршка од 25 други републикански гувернери за ...
Турскиот суд издал дозвола за развод на брачна двојка од Анкара поради лошата хигиена на сопругот и тој на својата сопруга треба да и плати отштета во износ од 500.000 турски лири (16.475 долари), пренесува „Хуриет дејли њуз“. Судот ја прифати причината на сопругата за несоодветната хигиена на сопругот како доволна основа за раскинување на нивниот брак и го смета сопругот целосно одговорен за неговиот распад. Сопругата поднела барање за развод, ...
Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз. Истовремено членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри на југот на Франција, јавува „БФМ ТВ“. – Сакаме да ги блокираме логистичките центри бидејќи бараме подобра распределба на додадената вредност. Бараме да ги зголемат нашите откупни цени без да ги зголемат цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да ги намалат ...
Колумна на Никола Тасев: Дефинитивно Македонија има потреба од помирување, обединување, простување, заедништво на сите граѓани… Дефинитивно треба да се надминат и поделбите што со години тлеат во македонскиот народ. За ова често ги слушаме како зборуваат и македонските владини функционери на секој поголем државен празник. Постојано верглаат за заедништво, ама никако да го направат тоа на терен. Оти наспроти нивните пораки, во секојдневието на ...
Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во споредба со 2022 година, што изнесува 56.000 евра, се наведува во соопштението на Бундесбанк. Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Во исто време најголема штета е направена на банкнотите од 200 и 500 евра преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили. Банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна ...
Радикалната палестинска група Хамас истрела серија ракети кон Тел Авив и другите соседни израелски градови. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Израелската армија соопшти дека биле истрелани вкупно 15 ракети, од кои шест биле соборени. Војската обично се обидува да ги собори само оние проектили што се очекува да ги погодат населените области. Полицијата соопшти дека расчистувала остатоци од ракети во најмалку едно ...
Во Германија во моментот активни се над илјада припадници на некоја од италијанските организации за организиран криминал, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Врз основа на податоците од сојузните и покраинските министерства за внатрешни работи, од 1.003 припадници на мафијата во Германија, 519 се членови на калабриската Ндрангета, 134 на сицилијанската Коза ностра и 118 на неаполската Камора. Исто така се наведува дека во ...
За да купите ново возило, потребен ви е приход од 100.000 долари годишно, а просечното американско семејство заработува 80.000 долари годишно. Цените на новите автомобили се зголемени за неверојатни 30 проценти во последните четири години, покажуваат последните податоци на „Ко-пилот“, а пишува Политика рс. Пандемијата со коронавирус, инфлацијата и недостатокот на евтини опции се чини дека се главни причини поради кои просечниот Американец повеќе ...
Најдобриот македонски атлетичар и државен рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски, го освои второто место на полумаратонската трка во Мајами, САД со одлично време, 1:05;17 часа. Топлото време (27 степени) беше главната пречка што Ивановски не успеа да го собори македонскиот, воедно и личен рекорд од 1:04;45 часа. Настапот во Мајами за Ивановски беше загревање пред следниот голем предизвик, маратонот во Севилја, Шпанија на 18 февруари. ...
Иако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, тој остана светски рекет број 1. Феноменалниот Србин ја започна 409-та недела на врвот на АТП листата. Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на најновата АТП листата „падна“ за три позиции и од оваа недела се наоѓа на 329. место во светот. Ѓоковиќ е на првата позиција со 9.855 бодови, 1.200 помалку од претходната листа. Тој сигурно ќе биде ...
Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците. Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број работни часови, пишува „Блумберг“. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни или поздрави туку се ...