Доналд Трамп се соочи со широки критики за неговиот пристап кон Владимир Путин. Меѓу последните кои го критикуваа Трамп е демократот Чак Шумер, човек кој претходно се судри со Трамп. Шумер изјавите на Трамп во кои се чини дека ја обвинува Украина за руската инвазија ги нарече „одвратни“. „Гнасно е да се види како американски претседател се врти против еден од нашите пријатели и отворено застанува на страна на насилник како Владимир Путин“, ...

На помалку од еден месец од неговиот мандат, Трамп ја смени американската политика кон Украина и Русија, ставајќи крај на напорите на САД да ја изолира Русија поради нејзината инвазија на Украина со телефонски повик со Путин и директни разговори меѓу високи американски и руски претставници. Трамп рече дека можеби ќе се сретне со Путин овој месец. Кремљ соопшти дека подготовките за таков состанок би можеле да потраат подолго, но рускиот државен ...

Хамас посочи дека е подготвен да ги ослободи сите преостанати заложници во Газа во размена како дел од следната фаза од договорот за прекин на огнот. Израел и Хамас во моментов се во процес на имплементација на првата фаза од кревкиот прекин на огнот во Газа, кој се одржува откако стапи на сила на 19 јануари и покрај меѓусебните обвинувања за негово прекршување. Шефот на израелската дипломатија вчера изјави дека преговорите за втората фаза, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа и уште еднаш го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Овој скромен комичар ги убеди САД да му дадат 350 милијарди долари. Подобро да се раздвижи сега, инаку ќе остане без држава. Тој е диктатор кој е на власт без избори. Ја сакам Украина, но Зеленски заврши ужасна работа. Неговата земја беше уништена, милиони загинаа за ништо. „Истовремено, ние успешно ...

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека никој не може да ја натера неговата земја да се откаже од своите права, откако Доналд Трамп ја критикуваше Украина и нејзиниот претседател. „Ќе го браниме нашето право да постоиме“, напиша Сибиха на платформата X. Реакцијата дојде веднаш откако Трамп жестоко го нападна Володимир Зеленски во објава на „Truth Social“, нарекувајќи го „диктатор“. Трамп: Зеленски е диктатор, нека ...

Во објава на платформата Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека претседателот Зеленски „одбива да одржи избори“, нарекувајќи го „диктатор“. Трамп го повторува тврдењето што го кажа вчера на Флорида, каде што го привлече вниманието по тврдењето дека Украина нема одржано претседателски избори од 2019 година, кога Зеленски, поранешен комичар без политичко искуство, дојде на власт. Неговиот прв петгодишен мандат требаше да ...

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали исходот од разговорите меѓу Русија и САД во средата во Саудиска Арабија и рече дека Украина нема да биде исклучена од преговорите за ставање крај на војната. „Без зголемување на нивото на доверба меѓу Русија и САД, невозможно е да се решат многу прашања, вклучително и украинската криза“, рече Путин во првите коментари за средбата одржана во вторникот во Ријад. „Целта на оваа средба беше да се ...

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите. Судиите ја прифатија забелешката на обвинителката Ленче Ристоска и донесоа одлука за поведување на постапка. Со ова, виси на конец одредбата на Деловникот со која обвинителите се оценуваат за нивната работа кога бараат унапредување, како дел од критериумите. Судиите гледаат дискриминација во одредбата, бидејќи, членовите на Советот на јавни обвинители ...

ВМРО-ДПМНЕ смета дека државниот обвинител Љупчо Коцевски направил гаф кога кажал дека ќе се повлече само ако се докаже дека направил тешка дисциплинска грешка. „Голем гаф на обвинителот. Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст? Јавен обвинител не смее да има ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. „Пријавената на 10.05.2024 во 14.26 часот на шалтерот на МВР во ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер се воздржи од коментар за потезите на Владата да го разрешат републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, но порача дека го следат процесот. Порача дека мора да се следи правната процедура. „Немам коментар. Го следиме процесот. Моето разбирање е дека правната процедура е во тек и од блиску го следиме процесот“, рече Агелер. Во однос на Судскиот совет, посочи дека очекува следење на правните процедури и при ...

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за граѓаните на Македонија кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември. За ова денеска информираше министерката за ...

Затворениците ќе бидат вклучени во акции за пошумувања кои ќе се случуваат од идната година. Ова е заклучокот од средбата помеѓу директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов. „На средбата донесовме заклучок дека во периодот кој претстои ќе направиме напори за да може затворениците да ги вклучиме во најразлични акции кои се општокорисни и од значење на ...

Посетите на општините и спроведувањето на кампањата „Каде што срцето е дома“, за министерот Златко Перински не е предвремена кампања за локалните избори, на кои сака да влезе во трка за градоначалник на Скопје. Тој ова го изјави при денешната посета на Ѓорче Петров. Перински објаснува дека ова го прави, за да во Скопје не се населува повеќе од половина од Македонија. „Основната работа на Министерството се локалните самоуправи. Тоа го работиме ...

„СДС го брани Љупо Коцевски затоа што не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо. Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот член на Судски совет и врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, ќе отвореше истрага за судиите и ...

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него. „Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во ...

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ако некој сега сака да го замени како лидер, тоа нема да успее бидејќи има висок рејтинг за неговата работа. Украинскиот лидер повторно се повика на истражување на јавното мислење за кое рече дека 58 отсто од Украинците имаат доверба во него како лидер. Тој наведува и дека Украина забележува „многу дезинформации“ од Русија. „Со сета почит кон претседателот Доналд Трамп како лидер… тој живее во овој ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за изјавата дека претходната американска поддршка за обидот на Украина да се приклучи на воената алијанса на НАТО беше главна причина за војната во Украина. Трамп рече дека не гледа начин Русија да и дозволи на Украина да се приклучи на НАТО и го обвини поранешниот демократски претседател Џо Бајден за наводната промена на позицијата на САД за ...

Европската унија во средата одлучи да воведе нови санкции кон Русија, во исто време кога Доналд Трамп се залага за преговори за судбината на Украина, пишува Euronews. Државниот секретар на Трамп, Марко Рубио, сугерираше дека ЕУ, со текот на времето, сепак ќе биде поканета на преговарачка маса за да разговара за намалување или укинување на санкциите. „Има и други страни кои имаат санкции, Европската унија ќе мора да биде на маса во одреден ...

Во руските весници утринава доминира една слика: високи руски и американски претставници на преговарачка маса во Ријад, пишува Sky News. Руските медиуми ја поздравуваат можноста за потопли односи со Вашингтон, а истовремено ги исмеваат европските лидери и Киев. „Трамп знае дека ќе мора да попушти [на Русија] бидејќи преговара со победничката страна во Украина“, пишува про-Кремљ таблоидот „Московски Комсомолец“. „Тој ќе направи отстапки. Не на ...

Сергеј Лавров одржа говор во Думата. Тој зборуваше за, како што го нарекува, потег кон „мултиполарност“ во светот, каде што се повеќе земји почнуваат да ги отфрлаат притисоците од надворешните сили и да формираат нови сојузи како БРИКС, кој се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Лавров вели дека Западот сè уште не го прифаќа целосно ова и се обидува да ја задржи својата доминација во глобалните работи. Тој, исто така, ...

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Поврзани вести преку ознаки: мвр ...

Соединетите Држави им испратија на европските влади серија прашања за тоа што им е потребно од САД за да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, пишува Ројтерс. Портпаролот на Стејт департментот вели дека Вашингтон јасно соопштил дека очекува неговите европски партнери да преземат водство во воспоставувањето на безбедносна рамка. – Ги очекуваме нивните предлози, велат од Вашингтон. Ројтерс имаше пристап до прашањата што САД ги испратија до ...

Ексдиректорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами од ДУИ, доби нова кривична пријава. Тој се гони за изнајмување на деловни простории по цена за метар квадратен, најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена. Во склучениот договор пак, не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставувало посебен услов во повиокот. „Исто така, ...

Новак Ѓоковиќ допрва ќе треба да ја чека 100-та титула во кариерата. Во првото коло на турнирот во Доха загуби од Матео Беретини (7:6, 6:2). Тоа беше негов прв турнир по Отвореното првенство на Австралија и мечот против Саша Зверев, од кој мораше да се повлече во полуфиналето поради повреда. Јасно беше дека не е доволно подготвен за натпреварувањето во Катар. И самиот призна дека не чувствува болка и дека повредата не е проблем, туку дека ...

Абдул Јашари алиас Абу Катада Албани кој доби висока функција во Владата на Сирија има македонско државјанство. Тој во Македонија бил под истрага за неколку предмети, а во МВР се водат и предистражни постапки. Институциите, меѓу кои Агенцијата за национална безбедност, и натаму ги следи сите активности поврзани со него, а по неговото заминување во 2012 година од територијата на Македонија. „Ги следиме активностите на лицето, во рамки на ...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, синоќа на Инстаграм ги извести своите следбеници дека сите негови канали на Јутјуб се избришани. Баба прасе заработува преку 100.000 евра месечно од YouTube. „Само што ми ги избришаа сите канали на Јутјуб… Не знам кој, не знам зошто… Ќе ве известам ако дознаам нешто“, накратко најави Богдан. Набргу по неговата објава, на страницата на Инстаграм andri.bez.cenzure се појави објава во која се ...

Откако се врати во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп се обиде да ги промени еколошките стандарди за многу апарати за домаќинство, повторувајќи ја познатата изрека: „Порано беше подобро“. „Со ова му упатувам на секретарот Ли Зелдин веднаш да ги поддржи моите наредби за заштита на животната средина, кои беа укинати од нечесниот Џо Бајден, во однос на стандардите за вода и проток, бидејќи тие се однесуваат на мијалници, тушеви, тоалети, ...

Целиот Балкан ова утро има исклучително ладно време, а постепено облачноста насекаде се намалува. На многу места температурите во регионот се спуштаат до близу, па и под -10 степени. Во делови од Балканот температурите се спуштаат дури до, па и под -15 степени. Понатамошен пад на температурите ќе имаме и понатаму, па така во текот на следните утрини во регионот, како и во нашата Република Македонија има можност температурите да се спуштат и до ...

„Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра“, напиша премиерот Христијан Мицкоски и додава: „Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
23%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
24%
1015
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
17%
1018
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
17%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
66%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.92
22%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
27%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
22%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.57
21%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
6.69
40%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
9.77
100%
1016
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74