Горан Тонев, гитаристот на ДНК и еден од преживеаните на трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16 март 2025 година, објави фотографии со докторите и медицинскиот персонал од болницата Папаниколау во Солун, кои се грижеле за него по несреќата. — реклама — „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата, кој покрај моето семејство, ми даде ...

Портпарол на Иранската револуционерна гарда (IRGC) го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп по неговите тврдења дека иранските воени капацитети се уништени. — реклама — „Зар Трамп не тврди дека ја уништил иранската морнарица? Ако има храброст, нека неговата морнарица влезе во Ормускиот теснец и Персискиот Залив“, изјави денеска портпаролот на IRGC. Иранската револуционерна гарда е елитна воена организација основана по Исламската ...

Иран денеска истрела нови салви ракети кон Израел, при што најмалку три лица се повредени во нападите врз Тел Авив. — реклама — Според информациите, сирените за воздушна опасност се огласиле низ централниот дел на земјата, по што жителите се засолниле во засолништа. Неколку ракети погодиле делови од централниот Израел и подрачјето на Тел Авив, предизвикувајќи штета на најмалку 23 локации. Од почетокот на војната, иранските ракетни напади во ...

Израелски одбранбени сили соопштија дека воената кампања против Иран ќе продолжи најмалку уште три недели, а пред израелската војска стојат „илјадници цели“. — реклама — Портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави за Си-Ен-Ен дека операциите се планирани барем до еврејскиот празник Песах, кој започнува за околу три недели. „Подготвени сме, во координација со нашите американски сојузници, со планови најмалку до Песах. Имаме и ...

Во текот на ноќта меѓу 14 и 15 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица на различни локации во главниот град поради поседување наркотични супстанци. — реклама — Приведени се Е.И. (20), В.Н. (26) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, како и А.Р. (27) од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, како и грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на ...

На 15 март 2026 година во 03:48 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат 1105, пред граничниот премин „Дојран“, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот. — реклама — Возилото го управувал Г.А. (55) од Нов Дојран, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.М. (50) од Крива Паланка поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“. — реклама — Според пријавата, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, тој се обидел физички да ја нападне својата вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет. При обид да се одбрани, жената се повредила. — реклама — Надворешната ...

Од Левица обвинија дека стотици млади правници се оставени во неизвесност поради, како што велат, неодговорност на Министерството за правда на Северна Македонија и министерот Игор Филков. — реклама — Според партијата, иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, кандидатите кои навремено се пријавиле и ги уплатиле потребните средства не добиле можност да полагаат во февруарската испитна сесија, која требало да ...

Иранската војска предупреди дека подружниците на американски банки во регионот би можеле да станат легитимни цели доколку продолжат нападите врз иранската нафтена и енергетска инфраструктура. — реклама — Како што пренесуваат иранските медиуми, бригадниот генерал на Иранска револуционерна гарда, Али Мохамад Наеини, изјавил дека секоја нафтена, економска или енергетска инфраструктура во која има американски удел ќе биде „веднаш уништена и ...

На 15 март 2026 година во 00:25 часот, при контроли во угостителски објекти во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во објект на кеј „Македонија“ затекнале малолетни лица. — реклама — Согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена пријава поради овозможување присуство на малолетници во угостителски објект по полноќ. На 15 март 2026 година во 00:25 часот, при ...

На 14 март 2026 година во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник. — реклама — Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид. Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетници од градот, со кои во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори. По целосно расветлување на ...

Во две одвоени сообраќајни контроли на 14 март 2026 година во Кичево, полицијата лишила од слобода двајца возачи кои управувале автомобили иако претходно им била изречена забрана за управување со моторно возило. — реклама — Во 14:45 часот на булеварот „Ослободување“ бил приведен Н.К. (47) од Кичево, кој управувал патничко возило „пежо“ и покрај тоа што против него била изречена забрана за управување со возило од „Б“ категорија. Само петнаесет ...

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на режимот во Иран. — реклама — Според соопштението, нападите се насочени кон воени цели во западниот дел на земјата. „Пред извесно време започнавме бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска. — реклама — Во текот на ноќта и утрото, израелските власти ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата. — реклама — Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот. Говорејќи ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран. — реклама — Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би ...

Обединетите Арапски Емирати повторно беа цел на ракетни и беспилотни напади од Иран, соопшти Министерството за одбрана на Емиратите, наведувајќи дека противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите и дроновите. — реклама — Советникот на претседателот на Емиратите, Анвар Гаргаш, изјави дека земјата има целосно право да се брани од, како што ја нарече, „терористичката агресија“, но додаде дека Емиратите ќе продолжат да постапуваат разумно и ...

Иран го обвини Израел дека стои зад нападите врз цивили во неколку арапски земји, јави иранската државна агенција Фарс њуз. — реклама — Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека Иран не гаѓал цивилни или станбени подрачја, додавајќи дека во нападите можеби биле употребени беспилотни летала од американско производство. Како што наведува агенцијата, Арагчи не презентирал докази за ова тврдење. — реклама — Тој додал дека ...

Иран упати закана дека ќе го ликвидира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми. — реклама — Полуофицијалната новинска агенција Мехр пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила оти ќе продолжи да го „прогонува и ќе го убие со сила“. Во истото соопштение, Револуционерната гарда тврди дека во 52-риот бран напади погодила цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот. — реклама — ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема потврда дали новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, е жив по американско-израелските напади. — реклама — Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека досега никој јавно не го видел Хамнеи и дека постојат различни информации за неговата состојба. „Не знам дали воопшто е жив. Засега никој не го покажал. Слушам дека не е жив, а ако е, треба да направи нешто ...

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток како дел од мерките за зајакнување на одбраната во регионот, објави Телеграф. — реклама — Според извештајот, британските воени претставници разгледуваат дали системот за пресретнување беспилотни летала „Октопус“, кој се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во одбраната од Русија, може да се искористи и ...

Соединетите Американски Држави ги повикаа своите државјани веднаш да го напуштат Ирак, откако во текот на ноќта беше извршен напад врз зградата на американската амбасада во Багдад. — реклама — Од Амбасадата на САД во Багдад соопштија дека американските државјани кои сепак ќе одлучат да останат во Ирак треба сериозно да ја преиспитаат својата одлука поради зголемената безбедносна закана. „Американските државјани кои ќе одлучат да останат во ...

Иран соопшти дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку дека ограничувањето важи само за танкери и бродови што припаѓаат на непријателите на Техеран и нивните сојузници. — реклама — Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат иранските државни медиуми. Арагчи предупреди дека Иран ќе нападне објекти на американски компании во регионот доколку иранската енергетска инфраструктура стане цел на нови ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави дека Вашингтон ќе испрати воени бродови во Ормускиот теснец со цел да се обезбеди непречено поморско движење и да се спречи обидот на Иран да го затвори овој клучен енергетски коридор. — реклама — Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп посочи дека повеќе држави погодени од можноста Иран да го блокира теснецот ќе се приклучат на операцијата за обезбедување на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе земји, заедно со САД, ќе испратат воени бродови за да обезбедат Ормускиот Теснец да остане отворен за пловидба. — реклама — Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп наведе дека државите кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори овој важен поморски премин ќе испратат свои бродови во регионот. „Многу земји, особено оние кои би биле погодени од обидот на Иран да го ...

Иран преку полуофицијалната новинска агенција Тасним ги повика жителите на Обединетите Арапски Емирати веднаш да ги напуштат областите околу неколку големи пристаништа, предупредувајќи дека тие станале „легитимни цели“. — реклама — Во објавата се наведува дека станува збор за пристаништата Џебел Али во Дубаи, Калифа во Абу Даби и пристаништето Фуџеира. Според агенцијата Тасним, овие локации станале потенцијални цели поради, како што се тврди, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Б.Т. (59) од Виница поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „непочитување на судска одлука“. — реклама — Според пријавата, на 7 и 8 март 2026 година во виничко село, тој постапил спротивно на судска одлука со која му било забрането да се приближува на помалку од 100 метри и да одржува контакт со неговата поранешна ...

На 13 март 2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во објект во изградба, Ж.С. (59) од селото Герман, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи, паднал од висина. — реклама — Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 17:40 часот починал. Смртта ја констатирал лекар, а на местото бил извршен увид. За случајот бил известен и трудов инспектор. На 13 март 2026 ...

Според информацијата објавена од МВР, на 13 април 2026 година во 23:00 часот во селото Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б. (18) од истото село. — реклама — Претходно, според пријавата од М.С. (22), по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото, Б.Б. физички го нападнал, а потоа, додека М.С. пеш се движел, бил удрен од патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал ...

Иранскиот функционер Ебрахим Азизи изјави дека Украина, со наводната поддршка за Израел во тековниот конфликт, се вмешала во војната и со тоа ја направила својата територија легитимна цел за Иран. — реклама — Азизи тврди дека Киев обезбедува поддршка со беспилотни летала за, како што го нарече, „израелскиот режим“. „Со обезбедувањето беспилотна поддршка за израелскиот режим, пропаднатата Украина всушност се вклучи во војната и, според член 51 ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија го користи конфликтот во Иран како параван за засилување на нападите врз Украина. — реклама — Според украинските власти, Москва во текот на ноќта извршила напади со ракети и беспилотни летала, при што загинале четири лица, а штета е регистрирана во пет региони низ земјата. „Русија ќе се обиде да го искористи конфликтот на Блискиот Исток за да предизвика уште поголеми разурнувања ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25