Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, реагираше на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за процесот на евроинтеграции, посочувајќи дека преговорите со Европската Унија не можат да бидат блокирани затоа што – како што вели – „никогаш и не започнале, благодарение на СДСМ и ДУИ“. „Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме ...
Внатрешната контрола на МВР поднесе кривична пријава против полицаец од ПС Чаир, осомничен дека подигнал 11 лични карти и не ги доставил до полициcка подстаница Мирковци Мирковци, со што граѓаните останале без документи. Службеникот е суспендиран и му е одземено службеното оружје додека трае дисциплинската постапка. -Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно ...
Авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација при слетување во Бугарија, а во Брисел се сомневаат дека зад инцидентот стои Русија. „Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета,“ изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК. Настанот се случил за време на турнејата на Фон дер Лајен низ Летонија, Финска, Естонија, Полска, ...
Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот. „Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние ...
Пред Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Геријатрија“. Обвинетите Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, и Блерим Амити, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Арифи се гони за примање поткуп, додека Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра ...
Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител. „Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На ...
„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати. „Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – ...
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес присуствуваше на свечената приредба во ООУ „Ѓорче Петров“ во Дексион, по повод почетокот на новата учебна година и запишувањето на најмладите ученици. „Радост, насмевки и желба за другарување ги исполнија училишните клупи – местото каде што се создаваат најубавите спомени, првите петки и најискрените пријателства. На првачињата им посакувам многу среќа и успех во учењето. ...
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците. Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри. Министерството за внатрешни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во раните утрински часови на 1 септември објави дека осомничениот за убиството на Андриј Парубиј, поранешен претседател на парламентот и истакнат политичар, кој беше убиен на 30 август во Лавов, е уапсен. „Осомничениот го даде своето првично сведочење. Во тек се итни истражни дејствија за да се утврдат сите околности на ова убиство“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на полицијата и на Службата ...
Проширувањето на Европската Унија е и останува процес базиран на заслуги, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на брифингот при нејзината посета на фабриката за инженерство „ВАЗ – Сопот“ во Бугарија. „Постојат јасни барања и подобрувања што треба да се постигнат. Секој кандидат ќе биде оценет според неговите заслуги и ова е исклучително важно и за процесот и за Унијата“, нагласи таа. Фон дер Лајен ...
Кина повика на поголемо единство меѓу земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), меѓу кои се Русија, Индија, Иран и други држави надвор од НАТО-системот. „Треба да најдеме заеднички јазик, а истовремено да ги занемариме разликите“, порача кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот што се одржува во кинескиот пристанишен град Тјанџин. Во своето обраќање, Си остро се спротивстави на менталитетот на Студената војна и на ...
На полноќ завршува периодот предвиден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата поддршка за градоначалнички кандидатури се собираше во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Најмногу пријавени има во Демир Хисар – четворица, додека по двајца кандидати има во Македонска Каменица, Битола и Новаци. Потписи се прибираат и ...
Најмалку пет лица загинаа денеска при пад на воен хеликоптер во северниот дел на Пакистан, соопшти портпаролот на владата. A Pakistan Army Aviation Corps Mi-17 helicopter has crashed due to technical malfunction in Diamer-Hudur, Chilas, Gilgit Baltistan Province. pic.twitter.com/m8c0fDHHoo — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) September 1, 2025 Несреќата се случила во областа Диамер во регионот Гилгит-Балтистан, каде сите членови на екипажот – ...
Во Нови Сад продолжуваат протестите поради обележувањето на десет месеци од трагедијата на Железничката станица. Голем број граѓани се собираат пред факултетските објекти, каде атмосферата е напната. Студентите, кои со месеци се во блокада, денеска решија на необичен начин да влезат во зградата на Факултетот за спорт и физичко воспитување – преку прозорци. Очевидци велат дека заедно со нив во зградата бил внeсен и деканот Патрик Дрид, кој ...
Со години наназад, на сите локални избори, без разлика на политичката партија или кандидатот, проблемот со дивата депонија „Вардариште“ беше дел од кампањите со ветувања дека конечно ќе се реши. Дури и беа најавувани големи проекти – на местото на депонијата да се изградат зелени паркови и рекреативни зони. Хронологија: кој што ветуваше (и кога) 2014 – Град Скопје (раководството на Коце Трајановски): се најавува „нова намена“ на Вардариште ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјанџин, зборувајќи за офанзивата на неговата земја во Украина, повторно го обвини Западот дека е виновен за започнувањето на конфликтот. „Оваа криза не започна со нападот на Русија врз Украина, таа е резултат на државниот удар во Украина кој го поддржа и предизвика Западот,“ изјави Путин, мислејќи на протестите на Мајдан во 2014 ...
Во Нови Сад денеска се одбележуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешница на влезот на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено. Во 11:52 часот, точното време на несреќата, граѓаните се собраа на железничката станица и оддадоа почит со 16 минути молчење. За вечерва, од 19 часот, средношколците најавија собир на универзитетскиот кампус под мотото „Средношколците се сеќаваат – сите сме ...
Смртта на притвореникот Мирсад Пушка во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари повторно го отвори прашањето за условите и здравствената заштита во казнено-поправните установи. Иако Министерството за внатрешни работи информираше дека тој побарал медицинска помош и дека лекарите се обиделе да го реанимираат, семејството тврди дека Пушка со месеци бил оставен без потребната терапија за неговите сериозни заболувања, меѓу кои и канцер. Адвокатот и ...
САД ги суспендираа визите за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги од оние што претходно ги објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со што ќе им биде оневозможено на Палестинците да патуваат во САД за медицински третман, колеџ и работа, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници. Стејт департментот пред две недели објави дека ќе ги суспендира ...
Природна катастрофа го погоди источен Авганистан, каде што силен земјотрес од 6 степени по Рихтер усмрти најмалку 610 лица, а повеќе од 1.300 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на властите предводени од Талибанците. Епицентарот бил лоциран на 27 километри од Џалалабад, петтиот по големина град во земјата, и околу 140 километри од Кабул. Според Геолошкиот завод на САД, потресот е регистриран на длабочина од 8 километри ...
Денеска официјално започна новата учебна година за 245.000 ученици ширум државата – 177.800 во основното и 67.200 во средното образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, а за матурантите ќе заврши порано, на 15 мај. Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека сите ученици годинава ќе учат со обезбедени учебници, вклучувајќи ги и оние по странските јазици. Паралелно, стартува и новиот електронски дневник со подобрени перформанси, ...
Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала во неделата навечер ја погоди планинската област Хиндукуш на североистокот на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, соопштија американските сеизмолози. Епицентарот на потресот, кој се случил во 23:47 часот по локално време, бил на релативно мала длабочина од 10 километри и на 42 километри од градот Џалалабад, соопшти Американскиот геолошки завод. Засега властите не ...
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во октомври, при неговата планирана посета на Русија, директно ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин поддршка за отцепување на РС од Босна и Херцеговина. Во изјава за BBC на руски јазик, објавена во неделата, Додик призна дека и претходно се обидувал да го убеди Путин во оваа идеја, но тој секогаш ја поддржувал Дејтонската спогодба и територијалниот интегритет ...
Секторот за внатрешни работи Скопје ги информира граѓаните дека поради технички причини телефонскиот број 192 моментално не е во функција. Од МВР апелираат сите граѓани кои имаат потреба да пријават случај или да достават информација, да го користат бесплатниот број за итни повици 112 или телефонските броеви на полициските станици во нивните населби. Надлежните уверуваат дека се преземаат мерки бројот 192 што е можно побрзо да биде повторно ...
Голем пожар изби во Маџари, наспроти Кванташкиот пазар, во близина на бензиска пумпа. Засега не е познато што е опожарено, а црниот чад се гледа од различни делови на Скопје, дури и од Карпош. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Повеќе имформации се очекуваат за подоцна. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Поврзани вести преку ознаки: маџари, пожар ...
На 30 август 2025 година во 13:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во насока од Свети Николе кон Скопје, во близина на клучката Коњари, се превртело патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски таблички управувано од З.Н. (36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште еден малолетен сопатник добиле телесни повреди. ...
На 30 август 2025 година во 18:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево товарно возило „Ман“ со кичевски регистарски таблички, управувано од Д.А. (38) од селото Зајас, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево. Поврзани вести преку ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на 30 август 2025 година биле пријавени две исчезнувања на лица од Скопје. Околу 10:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар, од Јавната установа Завод за рехабилитација за деца и младинци – Скопје било пријавено дека од домот каде престојувал се оддалечил нивниот штитеник Р.А. (34). Истиот ден, околу 15:00 часот, И.А. (60) од Скопје во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека од домот ...
„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо ...