
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на универзитетот во еден од најголемите пропалестински протести на кампусот од минатогодишниот бран протести против израелската војна во Газа. Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажаа демонстранти, многумина со маски, како стојат на маси, удираат тапани и држат знаци на кои пишуваше „За Газа“. NBC ...
Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денес, кога можат да се одржат четири круга гласање, откако вчера, како што се очекуваше, не беше можно да се избере нов папа ниту еден глас. Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, на Германецот Бенедикт XVI му беа потребни два дена за да биде прогласен за папа. ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, самиот објави дека пристинал во Москва, каде утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската престолнина. Тој веста ја објави самиот на социјалните мрежи. Неговото патување, дошло по покана за присуство на воената парада на Црвениот плоштад. Не сум ‘светски лидер’, ама слетав во Москва“, објави Апасиев. Тој и во негови интервјуа јавно го кажува ставот дека според него, ...
Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Гжегож Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него. Имунитетот на Браун од Европскиот парламент беше укинат во вторник. Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот во декември 2023 година, кога, како член на полскиот парламент, ...
Вечерва на првото гласање, кардиналите не успеаја да изберат нов папа. Илјадници верници денеска упорно чекаа на плоштадот Свети Петар во Рим, да се појави бел или црн чад од оџакот на покривот на капелата. Чекањето беше подолго од очекуваното, црниот чад се појави повеќе од три часа по почетокот на конклавата. 133 кардинали од 70 земји и од пет континенти во Сикстинската капела ја почнаа конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката ...
„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител. Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно ...
На 41 годишна возраст почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала. Роден е во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, потоа во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор беше дел и од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на Универзална сала, Скопје, за да се посвети повторно на приватниот бизнис. ,,Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш ...
Адвокатот на еден од обвинетите за грозоморното убиство на Вања и Панче, во Претрес со Ландов вели дека не очекува најстрога казна за неговиот клиент Влатко Кешишев. „Не очекувам казна доживотен затвор за Кешишев, за него очекувам најблага казна”, вели адвокатот Игор Кешишев. Кешишев му кажал дека никогаш не било договарано убиство.Палевски му рекол дека луѓе му нуделе по 400.000 илјади евра за хард дискот со прислушкувани разговори. ...
Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишев вечерва во Претрес со Ландов на директното прашање кој ги уби Вања и Панче рече дека најдобар одговор ќе даде обвинителството а конечниот збор го има судот „Судот ќе каже кој ги уби. Секој обвинет има право на своја одбрана, беа изнесени 197 докази. За тоа кој е вистинскиот директен извршител секој од 5 те обвинети лица има своја приказна за случајот. Јас го држам ставот на Кешишев. Нормално е ...
На неколку километри од Ватикан, голем број луѓе продолжуваат да доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск на неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Според локалните власти, редот за посета на гробот денес е исклучително долг, а чекањето трае повеќе од еден час. Тоа е силен потсетник за тежината на одговорноста што ја имаат кардиналите додека го избираат неговиот наследник на конклава. Поврзани вести преку ознаки: ...
Од сега па натаму, кардиналите повеќе не смеат да имаат каква било комуникација со надворешниот свет сè додека не изберат нов папа. Само еден круг гласање ќе се одржи денес попладне, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови. За избор на нов папа е потребно двотретинско мнозинство, што значи дека процесот може да потрае, иако последните два конклави завршија до крајот на вториот ден. Секој ...
Авионот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој леташе за Москва е запрен поради небезбедност од воените операции. Вучиќ леташе во најавена посета на Москва, каде што требаше според најавите да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Авионот мораше принудно да слета во Баку, Азербејџан поради војната во Украина и воздушните борбени акции. Авионот нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка. ...
Додека Владимир Путин ја подготвува најголемата парада за Денот на победата во петок, 9 мај (дали Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо ќе присуствуваат, останува нејасно), Украина ја нападна Русија во вторник со роеви беспилотни летала, нарушувајќи го воздушниот сообраќај на неколку аеродроми, вклучувајќи четири во Москва. Моментот е особено важен поради доаѓањето на странски гости. Најголемата парада досега не смее да биде ...
Велосипедист бил удрен од автомобил во скопската населба Даме Груев. Според првичните информации, повредениот е 49-годишен жител од Волково „Утрово во 07.37 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај градинката во населба Даме Груев во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, удрило во велосипед, по што велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош“, велат од МВР. View this post on ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. „На 5 мај утрото двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил БМВ Х5. Во возилото и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници по главата и лицето и барајќи ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кoj престојува во посета на земјава. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следeше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, процесот на нашата европска интеграција, низ призма на меѓународниот поредок, ЕУ амбиентот, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде преку професонална, непоткуплива и етичка полиција, која ќе го гони криминалот без разлика дали стои зад позиција или пари. Најави дека ќе се инвестира во опрема, обука и достоинство. „Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси а не за правда. Пораките ‘ќе средиме’ и ‘ќе се ...
Пакистан и неговиот дел од Кашмир рано наутро во среда беа потресени од повеќе индиски ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица, вклучувајќи и тригодишно дете. Пакистанската војска тврди дека индиските ракети погодиле шест градови, вклучувајќи четири различни места во покраината Пенџаб. Ова е прв пат Индија да ја нападне најголемата држава во Пакистан од војната во 1971 година. Преостанатите две места што се цел на акцијата се ...
„Главниот архитект на урбаната мафија во Куманово, Максим Димитриевски, го остави својот најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата“, велат од Левица и додаваат: „Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично во сопственост на татко му и братучед му на градоначалникот Димитриевски), ...
Ескалираа тензиите. Индија започна воени напади врз девет локации во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир. Тврдат дека цел им била терористичка инфраструктура од каде биле планирани напади врз индиска територија. Пакистан соопшти дека осум лица биле убиени рано на 7 мај во ракетни напади лансирани од индиските вооружени сили и го нарече нападот бесрамен чин на војна во услови на зголемени тензии меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје. ...
Кардинали на Римокатоличката црква од целиот свет дененска попладне ќе ја почнат конклавата, односно гласањето за избор на 267-от папа. Право на глас на конклавата имаат 133 кардинали кои од 28 април веќе се пристигнати во Ватикан. Тие ќе влезат во Сикстинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го започнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква. За време на конклавата, сите радио, ...
Собранието на Република Македонија и годинава организира Парламентарен карван – манифестација која има за цел да ја приближи законодавната власт до граѓаните и да овозможи поголема вклученост на јавноста во демократската дебата и во подготовката на законски решенија кои ќе го подобрат животот. „Парламентарниот карван за 2025 година тргнува на 9 мај (петок), а негова прва дестинација е Општина Ресен, каде што ќе се организираат повеќе ...
Вишото јавно обвинителство-Скопје застанало на страната на газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски и го поддржало предлогот да му биде укинат притворот во замена за гаранција која тој ја дал во движни и недвижни ствари. Истовремено, голема вредност имало и мислењето од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кои го гонат бизнисменот, а сметаа дека може да се брани од слобода под услов да депонира пари. Ова може да се види од ...
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол, кој е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд со што мерката притвор ја укинува. За Апелација е доволна гаранцијата со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра. На Јахоски му се определуваат мерки на претпазливост, одземање на патна исправа и ...
По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња „Лана“ во Струмица. „Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно ...
На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско. „Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата“, велат од МВР. Известен е јавен обвинител и се ...
ФОТО Илустрација Затвореник од Кочани доби кривична пријава откако упатувал закани кон затворски полицајци во КПУ Штип, а еден бил и повреден. „СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.Ж.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.03.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната ...
ФОТО Илустрација На 05.05.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на 01.05.2025 околу 13.00 часот на локалниот пат за с.Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од с.Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а со телесни повреди се здобиле ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да ...