
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Вработените од Зоолошка градина немаат земено плата од февруари, а менаџментот го обвинува Министерството за култура дека е виновно за тоа. Министерот за култура, Зоран Љутков вели дека до нив уште не е доставена пресметка, која потоа оди на исплата во Министерството за финансии. За тоа време, вработената Тина Мицковска посочува дека од денеска нема да имаат ни здравствено. Едно празнично хаику за 1 Мај, последна плата ни беше за февруари, од ...
Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен ...
На 30.04.2025 во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. „На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле ...
Со извици „уа, уа“, дел од работениците ги поздравија пратениците од пред Собранието, иако тие не беа во зградата. Симболично се свртија со грб кон законодавниот дом, за да им покажат како е кога работникот ќе им го заврти грбот, макар и симболично. Им порачаа дека се лускузираат со парите од граѓаните и побараа поголеми плати, како и платен превоз и хранарина. „Во најважните моменти на работниците, најголем дел од овие позади мене ...
Од утринава, големи гужви има и на автопатот Скопје-Гостивар. Најдолги задржувања има по последната патарина, каде колоната возила е споена од патарината до семафорите, пред да се тргне кон Стража. Граѓани посочуваат дека буквално се стои во место. „Имам 41 година, ваква гужва немам видено на патарината пред Маврово“, вели граѓанин заглавен во гужвата. Други возачи јавуваат дека колоната е од Гостивар до Маврово. View this post on Instagram A ...
И на празникот на трудот, синдикатите си тргнаа, секој на своја страна. Едни ќе протестираат, други ќе празнуваат со скара. Mеѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) повторно се судрија околу тоа, кој, како и колку ги штити правата на работниците. Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи ...
Гужвите за влез во Грција, на граничниот премин „Богородица“ ги имаше и во текот на ноќта, како и утринава. Чекаат автобуси и автомобили, во седум километарски колони. Според АМСМ чекањето на границата е 30 минути, но во пракса се чека и до два часа, јавуваат патници. „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез ...
Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција. Во четири ленти, стотици возачи се обидуваат побрзо да минат граница. Иако петок е работен ден, голем дел од граѓаните го земале за слободен, па си споиле од четврток до недела да поминат на море. Како што известуваат од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од ...
Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар. Како што ...
Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет, смета дека не може да се зборува за независно судство, ако се уште финансирањето оди преку извршната власт односно Владата. Според него, тоа е основата, бидејќи судовите не се само зградите, туку тие треба да се опремени, а работи персонал кој опслужува и треба да биде платен. „Моментално се соочуваме со катастрофален недостиг на кадри. И судиите, кои што се, прават вонредни напори да бидат ...
Десет месеци по промената на власта државната агенција МИА доби нов директор и претседател на Управниот одбор. Тоа е новинарот Дарко Јаневски, кој има работено во неделникот „Фокус“, во „Нова Македонија“, во „Вечер“. . Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен“. Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 2018 година е уредник и водител на политичката ...
Претседателот на Здружението на судии и на Кривичниот суд, Иван Џолев, се пожали дека бројот на предмети кои доаѓаат е се поголем, но помал е бројот на човечки ресурси. Тој рече дека се кратат пари од судството, за да се вложат во други сектори како што е образованието. И затоа, ефикасноста е слабата страна, а тоа би значело дека предмети се судат со години. „Ефикасноста во моментов е проблем, меѓутоа не толку голем. Ефикасноста ја генерираат ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево ...
Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека не смеат да постојат т.н. акциски контроли, бидејќи тоа испраќа порака дека до тој момент МВР ништо не работело, а со таа акција, почнуваат да работат. Тој упати низа оправдани критики, а по сообраќајките кои се случија изминатиот период, каде десетина граѓани ни загинаа. „По сообраќајката каде загина Фросина започнаа засилени контроли. Каде беше МВР до сега? Или слушаме ...
Татјана Димитровска, претседателка на Комисијата за спречување корупција, нема да поднесе оставка. Ова и го соопшти по пет дена откако таа беше опфатена во предметот „Адитив“, каде се сомничи дека оддала службена тајна. Според Обвинителството, таа информациите ги давала на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, преку „Вибер“ и „Ватс ап“, за што се најдени докази во вештачените телефони. За него, Димитровска сега вели дека и е семеен пријател. „Како ...
„Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава во текот на изминатите два дена (28/29.04.) полициските службеници издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила“, велат од МВР и додаваат: Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно ...
Директорот за управување санкции, Александар Пандов, вчеравечер во 18:45 часот пријавил дека ја нашол неговата викенд куќа – изгорена. Од снимките може да се види дека таа е целосно пеплосана, а од нејзе не излегува ниту чад, ниту пак има присуство на Противпожарна бригада – што упатува на тоа дека истата била запалена можеби и денови претходно. Според пријавата, станува збор за објект кој не се користел цело време. „Денеска (29.04.2025) во ...
Од утре, маржите за над 1.000 прехрамбени производи истекуваат, а тоа би отворило простор за ново поскапување на производите во маркетите. До сега, власта во јавноста пласираше наратив дека оваа мерка била ефективна и допринела кон трговците да го стопираат злоемувањето на цените. Бесар Дурмиши, министер за економија, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на ...
Роеви руски беспилотни летала ги нападнаа украинските градови Харков и Дњепарк доцна синоќа, при што загинаа најмалку едно лице, а најмалку 46 беа повредени, соопштија официјални лица. Харков, кој се наоѓа на североисток во близина на руската граница и е втор по големина град во Украина, е цел на редовни руски напади со беспилотни летала и ракети откако Москва ја започна својата тотална инвазија пред повеќе од три години. Во нападот врз градот ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше за војната во Украина за време на интервју за ABC News кое се емитуваше синоќа. Во интервјуто, кое се фокусираше на првите 100 дена од новиот мандат на Трамп, водителот го праша за неговите спротивставени ставови за мировните преговори. Пред неколку дена, Трамп напиша на социјалната мрежа Truth Social дека Путин можеби „го влече за нос“ кога станува збор за преговори. Трамп го објави ...
„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми. Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од ...
Единствениот пратеник во Собранието кој е од Кочани, Миле Лефков, денеска не се појави пред законодавниот дом, каде беа семејствата на загинатите деца од „Пулс“, а негови сограѓани. Тие упатија остри критики, посочувајќи му нему и останатите негови колеги, да излезат надвор. Го потсетија дека тој е пратеник бидејќи тие го гласале. За време на маршот рекоа дека него го виделе само на „Фејсбук“, каде се пофалил дека се донира возило од приватна ...
ФОТО: 4NEWS.MK Вилма Русковска била на денешниот марш пред Обвинителството на маршот на семејствата на загинатите во Кочани, потврди таа за „Скопје1“, додавајќи дека тоа е поддршка за семејствата. Прашана, за критиките кон истата институција за време на нејзиниот мандат, каде кабелот бил крив наместо конкретни лица, посочува дека нејзиното присуство на маршот не било критика на работата на Обвинителството. „Да, бев, за да дадам поддршка на ...
Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани. „Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање ...
„Ние денес тука говориме за морална одговорност за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија. Не знам дали им е јасно на колегите од ВМРО – ДПМНЕ но, морална одговорност е дури и кога немате лична вина да си поднесете оставка затоа што трагедијата се случила за време на вашиот мандат, па макар и да сте биле само еден месец на власт“ истакна пратеничката Јована Мојсоска од Левица, во говорот по интерпелацијата на министерот Тошковски. Во ...
Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски во Собранието, а тој останува министер за внатрешни работи. Само 20 пратеници гласаа „за“, а 72 гласаа „против, а немаше „воздржани“. „Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши. Интерпелацијата, образложи пратеникот од Левица Сашко Јанчев, е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која ...
Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров. „Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не ...
Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани. Тој се врати на седницата каде се расправа за негова интерпелација. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, ...
Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев. „Толку голем пат ...