
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството „Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот ...
Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. Затворени очи, отворени гробови – ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата. „Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а што го кажуваат самите стопанствениците“, изјави Битиќи, притоа нагласувајќи дека кога Владата станува најголем должник, било по ...
Белградските студенти вчера вечерта ја прекинаа двонеделната блокада на две згради на Радио телевизија на Србија (РТС), откако парламентарниот одбор за култура и информации претходно усвои одлука за распишување нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ). Блокадата започна на 14 април со барања за непристрасно известување од страна на јавниот сервис за студентското движење, социјалната и политичката ...
„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата. Како во најмрачните времиња на српските ...
Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, нема поднесено оставка до крајот на вчерашниот работен ден. И покрај јавните повици дека седењето со скрстени раце ќе донесе уште поголем удар на институцијата – досега нема потег ниту од Собранието кое може да покрене постапка за нејзино разрешување. Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ и тоа информации од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ. Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Наодите од анализата за тоа дали има или не потреба од донесување ...
Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. – Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на ...
Снабдувањето со електрична енергија е речиси целосно обновено низ цела Шпанија по голем прекин, при што околу 99,16 проценти од снабдувањето со електрична енергија е обновено до 6 часот наутро, соопшти операторот на електричната мрежа „Ред Електрика“ во вторник. Во соседна Португалија, електричната енергија е обновена и во повеќето домаќинства, објави РТП рано во вторник. Околу 95 проценти од 6,5 милиони корисници во земјата се вратија на ...
Кога прекинот на огнот е вистински обид за постигнување мир? А кога е само ПР потег?, пишува најновата анализа на Би-Би-Си. Ова е прашање кое во последно време се поставува сè почесто – особено кога станува збор за рускиот претседател. Краткорочните прекини на огнот стануваат нова специјалност на Кремљ. Прво, Владимир Путин прогласи 30-часовен прекин на непријателствата за Велигден, претставувајќи го како „хуманитарен“ гест. Сега тој најави ...
Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба по колапсот на електричната мрежа кој го погоди поголемиот дел од Иберискиот Полуостров. Министерството додаде дека вонредната состојба ќе се однесува на регионите што го побарале тоа. Досега, Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа од централната влада да ги преземе јавниот ред и други функции. Во меѓувреме, Ројтерс објави во понеделник вечерта, повикувајќи се на ...
Возел 88 km/h на место во Скопје каде максималната дозволена казна е 50 km/h, но по телефонско јавување од полициски началник, казната била пишана на друго име, бидејќи возачот бил брат на градоначалникот на Гази Баба, обвини денеска СДСМ на прес конференција. „Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје. Полицајците го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Д. ...
Денеска на Железничката станица во Скопје се случи несекојдневна сцена кога такси возач, поради непрописно паркирање, се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе автомобилот. Неогвата реакција беше за некого храброст, за некого лудост, но на крајот наместо да плати сума за пајак службата и казна, тој плати само казна од 1.500 денари. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 ...
Уставниот суд со поддршка на Европската Унија, се одржа експертска дебата за потребата од носење на Закон за Уставниот суд. Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, останаа присутни до крајот на експертската расправа, што ја потврди важноста на отворањето на ова значајно прашање. Присутни беа и студенти од правните факултети. Карстен Манке, ...
Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите: „Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 22.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,713%, кај дизелот за ...
Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска продолжи со прашања за обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според Обвинителството, Палевски дава само алиби за деновите кога се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не нуди докзи, Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Дали си правевте алиби за 27.11.2023 со плаќањето на сметка во Банката? Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Бев да плаќам кога ми стигнаа пари на сметка, ако сум убил – ќе правев ...
Тешка сообраќајка утрово се случи во Аеродром, каде автомобил се преврте на раскрсницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“. На местото, случајни минувачи им помагале на лицата во возилото. Според фотографиите и видеата може да се види дека во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место. Засега нема информации за повредени лица и за причините за ...
И во одговорите на прашањата од Обвинителството, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да ги дискредитира снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, а кои се направени ден пред денот кога велешанецот Панче Жежовски бил грабнат. На нив се гледаа сите обвинети за грабнувањето и убиствата. Дел од нив со мотороли и слушалки на уши. Истовремено, Палевски рече дека денот кога Жежовски е грабнат и убиен зборувал со некого, ама не може да се ...
Утрово околу 10 часот се случи сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје. Според првичните информации, учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С.. Од ...
Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија. „Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не ...
Обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убитво на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија, така и во Задар. Тој пак, ги обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите. „Осудуван сте со правосилна пресуда на судот во Задар, Хрватска, за ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи мировен план за Украина, кој вклучува промена на статусот на Крим и „замрзнување на територијалните линии“ на бојното поле. Иако деталите од планот сè уште не се целосно јасни, коментарите на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс за замрзнување на сегашните граници алудираат на можноста значителен дел од украинската територија формално да ѝ биде отстапен на Русија. ...
Северна Кореја првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејската војска им помогнала на руските сили целосно да го ослободат рускиот регион Курск, каде што Украинците упаднаа во август минатата година, заземајќи стотина населени места. Објавата на Пјонгјанг дојде неколку дена откако шефот на руската војска Валери Герасимов го пофали херојството на ...
Вчера на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полицијата го привела Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км/ч на место каде максимална дозволена брзина е 50 км/ч. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството ...
Министерот Арбен Таравари беше во посета на двајцата млади пациенти од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болницата Чам во Шакура во Истанбул. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Останати се двајца пациенти, Борис и Мартин, имаат по 21 година имаат. Во тешка состојба се, но доста стабилна, јадат сами, тука се со своите родители. Јас би сакал да изразам јавно задоволство до целата болница кои ...
„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие додаваат: ...