
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. За уште едно лице е поведена постапка поради сомненија за дејствија на – Помагање по извршување на кривичното дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник ...
Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна ...
Оркестарот на македонската Армија на воодушевување на преполната сала заедно со музичари од Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД донесе вистинско, според многумина, досега невидено уживање за публиката. Концертот, кој се одржа под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, понуди разновиден репертоар од светски познати автори како Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, но и композиции од земјите на ...
„Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби“, му порача ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин. Артан ...
Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор имаше што да каже откако беше крунисан за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА. Тоа признание му врати насмевка на лицето по фрустрацијата што ја доживеа по изборот за најдобар играч на светот во организацијата „Франс Фудбал“, каде што беше втор, зад Родри. Овој пат Бразилецот ја победи конкуренцијата, а трофејот стигна лично да го прими во Катар, за разлика од некои лауреати кои отсуствуваа на ...
Платформата Threads зема замав и привлекува голем број нови корисници. Threads, социјална мрежа во сопственост на Мета, сега има повеќе од 300 милиони корисници. Исто така, повеќе од 100 милиони луѓе ја користат оваа платформа секој ден. Марк Цукерберг ги објави овие достигнувања на услугите на Threads, истакнувајќи: „Силниот момент на Threads продолжува“. Цукерберг во минатото често сугерираше дека Threads има добри шанси да стане следната ...
Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската држава Хаваи, објави Hawaii News. Локалните власти соопштија дека авионот Цесна 208 удрил во празна државна зграда која била планирана за уривање. Двете лица кои биле во авионот загинале. https://x.com/ChaosAlertsOnX/status/1869282000219386012 Иако официјалните лица се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството ...
Јапонската компанија Space One го прекина летот на својата ракета Каирос веднаш по полетувањето, што го означи вториот неуспешен обид за девет месеци да стане првата јапонска приватна компанија која испрати сателит во вселената. Тоа е најновото во низата неуспеси во развојот на ракетите на Јапонија, бидејќи владата се обидува да ја зајакне домашната вселенска индустрија со цел од 30 лансирање ракети годишно до почетокот на 2030-тите. Властите ...
Кривичниот суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пелико и уште 50 други мажи обвинети за повеќегодишно силување на Жизел Пеликот, сопругата на првообвинетиот, која стана позната со својата одлука да го отвори судењето за јавноста со цел да привлече внимание на сексуалните злосторства врз жените на феминизмот низ целиот свет. Во ноември, обвинителот побара максимална затворска казна од 20 години за Доминик Пеликот, кој ...
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) -4 Берово, -3 Битола, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, -1 Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, 2 Виница, Попова Шапка, 4 Крушево, 6 Гевгелија. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 34 Попова Шапка, 26 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА Во текот на ноќта по котлините се создаде магла и ...
Православните верници утре го слават празникот св. Никола. Слава за која популарно се вели дека „пола верници слават, а половина одат на слава“. Свети Никола: Православните верници утре го слават крштевниот празник посветен на Свети Никола, најголемиот добротвор, заштитник на патниците и староседелците. По правило, ден пред Свети Никола, домаќините треба да подготват свечена трпеза и тоа е целата домашна работа што треба да ја направат. Се ...
Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва. Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), загина вчера рано утрото кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на мобилен телефон. Руските безбедносни служби изјавија дека осомничениот бил регрутиран од ...
Русија го приведе осомничениот за убиството на генералот Игор Кирилов, што се случи вчера во Москва, пренесува Sky news. Тој е државјанин на Узбекистан кој рече дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби (СБУ). Рускиот истражен комитет објави дека на осомничениот за убиството на Кирилов „му биле понудени 100.000 долари за да го изврши тој атентат“. A video of Ukraine’s special operation to eliminate high-ranking Russian General ...
Вилма Русковска го искритикува премиерот Христијан Мицкоски бидејќи одговарал на новинарски прашања за предмети кои ги води Минситерството за внатрешни работи. Според неа, тоа мешање на извршната власт во судската власт. „Кој е премиерот да дава такви информации и изјави? Тоа е мешање диркетно на извршната власт во судската власт. Затоа постои министер за внатрешни работи кој треба да одговори на новинарски прашања и се. Не смее премиерот тоа ...
Артан Груби се бара со меѓународна потерница. Ова доаѓа откако доби притвор од Кривичниот суд, како осомничен во предметот „Лотарија“. Истовремено, со потерница се бара и ексдиректорот на Лотарија, Перпетим Бајрами. „По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во “Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство ...
Артан Груби бил на „стоп листа“ во моментот кога ја напуштал Македонија и тргнал кон Косово. Полициски службеник не се обидел да го спречи да помине, туку напротив, го пуштил. „Наведеното лице во моментот кога ја минало државната граница имало забрана за напуштање на државата. Во наведениот случај полицискиот службеник бил должен да не му дозволи излез од државата и да постапи согласно изречената забрана. Поради непостапувањето согласно ...
Кривичен суд сепак му определи притвор на ексвицепремиерот Артан Груби. „По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои ЈО предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со го прифати предлогот на ЈО и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2.“, велат ...
Засега Кривичниот суд нема одредено мерка притвор за ексвицепремиерот Артан Груби, велат од Кривичен суд за „Скопје1“. Тој е осомничен во предметот за „Државна лотарија“, но истовремено, не е ниту во Македонија. Дел од медиумите објавија дека Груби се враќа во Македонија, но „Скопје1“ не успеа да добие ваква потврда од осомничениот кој засега се наоѓа во Косово, каде отиде пред два дена (неделата). Засега е познато дека Груби со уште едно ...
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити учествуваше во иницијативата за засадување садници во новиот Мега парк во општина Карпош, дел од акцијата за урбано зазеленување на Скопје, со донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“. За време на иницијативата за засадување 956 дрвца, во присуство на амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, ...
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15.12.2024 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М.(21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б.(32) од Струга, Р.С.(38) од Гостивар и Т.М.(27) од Гостивар за сторено кривично ...
По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер. Денес, 17-ти декември, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер одржаа состанок на Меѓународниот Аеродром Скопје, по што ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинтиелство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Герасимовски посочи дека во моментов целосно е фокусиран на реализација на планираните проекти, а доколку граѓаните се задоволни од сработеното сигурно ќе побара поддршка за втор мандат. „Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да ...
Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и ...
„Во изминативе денови, гледаме како ДПМНЕ и коалицијата на власт повторно ги става во функција некогашните режимски механизми на носење закони на брзи ленти, преку кршење на Деловникот на Собранието, исклучување на јавноста и стручната фела при носењето на едни од најважните закони – пакетот закони од областа на образованието“, рече Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. „Со голем дел од предложените промени сериозно се уназадени ...
На 15.12.2024 во 21.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, кај село Дулица, патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) од Македонска Каменица се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка О.М.(56), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници С.С.(59) и ...
„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст од 3 %, нешто што никој не го очекуваше и еден од најдобрите во регионот, % во Европа. Подобри сме и од Германија, и од Бугарија, Грција и од Словенија, од Црна Гора и генерално од најголемиот дел од земјите во Европската Унија. Очекувам и во четвртиот квартал уште да биде посилен врз основа на параметрите што ги добив, за првите два месеца тоа се октомври и ...
„Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има. Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали е чист како солза или матен нека ...
Вчера во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(24) од Скопје. При преглед кај него биле пронајдени и одземени повеќе од 200 пакувања бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полициски службвеници од Единицата за ...
На денешното гостување на „Телевизија 24“ присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кој ја истакна потребата од носење на законски измени во врска со одземањето на ингеренциите на градоначалниците. „Се залагам за законски измени кои што би го регулирале статусот на градоначалникот односно согласно законската регулатива на државата единствен функционер избран од граѓаните кој што не може да ...