
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада. „Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па ...
Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување. Поднесувањето на ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково. Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време. Според огласот, критериумите за ...
„Градоначалникот кажа најголем дел од деталите коишто се поврзани со за жал ова што мора да се случи сега и мора да го направиме овој чекор, бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат и губење на човечки животи. За жал, во минатото иако се констатирало, иако градоначалникот уште во 2018 година, тогашниот, апелирал до тогашната Влада да се реконструира, да се посвети внимание на овој мост. Добро е да се знае дека овој мост е ...
Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки. Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при ...
„Проекти коишто беа започнати, во рекордно време завршени. Нешто што претставува навистина за мене импозантен успех и за тоа би сакал да му честитам и на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект, да ја, од оној изглед којшто го имаше во минатото, изгледа навистина вака европски, репрезентативно“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. „Очекувам голем дел ...
На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица ...
На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...
Божиќното послание од Архиепископот Стефан: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.. Возљубени празникољупци, Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој ...
Судскиот совет на седница денеска избра нов претседател Александар Камбовски. Претходната претседателка Весна Дамева во декември 2024 година поднесе оставка на три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат. Собранието минатиот декември не го усвои годишниот извештај за работата на ова тело. За работата на Советот имаше и има критики за политички нарачани одлуки. Неусвојувањето на извештајот за работата на Судскиот совет ја отвора можноста ...
Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет на колегите им порача, судиите кои не работат според законите ќе бидат отстранети од судскиот систем. „Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија. Крајно време е да се стави крај и секој ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за ...
Од Службата за општини и заеднички работи, во изминативе шест месеци, откако со неа раководи Ивица Томовски, велат дека успеале да преземат бројни активности во насока на надминување на затекната состојба од претходното раководство. “Уште од првиот ден, Службата се фокусираше на мерки со кои беше неопходно да се надминат многу од затекнатите проблеми и неефикасности, се интензивираше процесот на ревизија и оптимизација генерално во насока на ...
Туристички автобус со руски туристи удри во наплатна рампа на наплатната рампа Понг на 2 јануари во 18:22 часот по локално време, при што беа повредени 33 лица. Автобусот на Ким Хо Тур се судрил со патарина, бариера и Тојота Фортунер, по што почнало да истекува гориво. Спасувачките служби излегле на местото на настанот и брзо ги евакуирале патниците. Меѓу повредените има шест лица кои се во тешка состојба, додека 27 се здобиле со полесни ...
Потрагата по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар од патот Расче-Кондово – трае. Полицијата добила пријава во 16 часот, и веднаш постапиле. -Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле ...
Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги обноват преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а ...
Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени кога мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад. Авионот се урнал поминувајќи низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи. Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг ...
Моменти пред дочекот на Новата година, 65-годишниот тетовчанец М.Н. го убил сопствениот син. Жрвата е 39-годишен маж во Тетово. Телото е пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во главата. Тие живееле заедно, а неофицијално, според полицијата, на убиството му претходела караница. Имало обиди жртвата да биде спасена, но неуспешно. Брзата помош го однела во Ургентниот центар во Тетово, каде починал. Убиството било извршено со ловечка пушка ...
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во ...
Јавноста е револтирана од однесувањето на заменик директорот на Македонија пат и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго. Тој застрелал мечка па се фотографирал. Мечката е дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането според постојниот закон. Според Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет ...
Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата. Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, како и користење ...
Министерот за правда, Игор Филков во интервју за Локално.мк се осврна на актуелните состојби во правосудството, реформите и предизвиците со кои се соочува од моментот на преземањето на функцијата . Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Говорејќи за новите имиња на црната листа на САД поради корупција на која се најде и судија, министерот Филков смета дека тоа има голема ...
Пратеничката и генерална секретарка на Левица, Јована Мојсоска, во интервју за „Локално“ изјави дека Левица е единствена парламентарна партија со јасен став – против Бугари во Устав под било какви услови. „Нашиот став е јасен – патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија. Македонското општество мора отворено да почне да говори за феноменот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, а тоа е дека со секој исчекор, постепено ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана. Кога полициски службеници во ...
На Скопје во изминатите години му се случи цунами, целосен крах на основните функции на градот и скопјани таа тешка реалност ја живеат секој ден, посочи заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за Локално. Во интревјуото таа посочува дека СДСМ на локалните избори ќе има соодветна програмска и концепциска понуда, како кандидат што ќе може да го рехабилитира главниот град. ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје. “Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со ...
Денеска околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од село Грчец, скопско и А.О. (24) од село Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје. Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг во дворот на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Новиот паркинг, кој ќе се простира на површина од 550 квадратни метри, ќе обезбеди околу 50 паркинг позиции, со инвестиција вредна приближно 450.000 денари. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е уште еден чекор во континуираното решавање на предизвиците ...
Еден месец по оставката на поранешната претседателка, Судски совет утре избира нов претседател. Изборот веднаш по оставката беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите. Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас. Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието ...