Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, побара и доби одложување на гласањето за Извештајот за напредокот на земјава. Иако истакна дека цврсто стои зад содржината на извештајот, Вајц одлучи да им даде простор на европратениците, главно од Бугарија. На предлог на Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска одлучи гласањето за извештајот да се одложи за 24 јуни. Во меѓувреме, европската ...

Неколку дена со ред, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се напаѓаат за тоа кој е виновен за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но и за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се во насока дека вина за објектот кој изгоре, а во кои имаше пациенти, има претседателот на СДСМ, а тогашен министер за здравство, Венко Филипче. „Немаат крај скандалите на Венко Филипче. По досега изнесените информации во Аферата – Провизии кои чинат животи, ...

Руските сили ја проширија својата фронтова линија во северниот украински Сумски регион, потврдија официјални лица и аналитичари, а Москва вчера објави дека зазела уште едно село, приближувајќи го главниот град на регионот до дострелот на беспилотните летала на првата линија. Напредокот кон градот Сума – административниот центар на регионот – доаѓа во време кога Киев ја покажува својата способност да продолжи со борбите со серија напади во ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека предлогот на САД за нуклеарен договор е спротивен на националните интереси на Техеран и дека земјата нема да се откаже од збогатувањето на ураниум. Прашањето за збогатувањето на ураниум е точка на спор во преговорите меѓу САД и Иран. Збогатувањето на ураниумот останува клучно за нуклеарната програма на Исламската Република, рече Хамнеи во говорот. Во понеделникот, ирански дипломат за ...

По откривањето на три бомби од Втората светска војна, започна евакуацијата на околу 20.000 луѓе во германскиот град Келн. Полицијата од утрово оди од врата до врата за да провери дали куќите и деловните објекти се празни, додека експертите се обидуваат да ги деактивираат бомбите, јавува Скај њуз. Тоа е најголемата евакуација во овој град од крајот на војната, со оглед на тоа што во понеделник беа пронајдени две американски бомби со тежина од ...

Неодамнешните напади длабоко на руска територија се само најновите во низата смели акции што Украина ги презеде против руските воени цели, територија и симболи на моќ во текот на изминатите три години војна. Украинските беспилотни летала извршија серија напади врз руските воени воздухопловни бази во неделата, во голема офанзива што се случи еден ден пред мировните преговори меѓу двете завојувани страни во Истанбул. Руското Министерство за ...

Законското решение со кое просторот околу македонското Собрание се прогласува за безбедносна зона предизвика голем интерес и низа реакции во јавноста. Суштината на законот не е ограничување на слободата на протест, туку јасно уредување на статусот, површината, границите, користењето, надзорот и имотно-правните прашања на просторот околу законодавниот дом. Според предлог-законот, кој треба да помине по скратена постапка, тревникот со површина ...

Иако денес се очекуваше Советот на Град Скопје да расправа за дивоградбите во општините Чаир и Сарај на две одделни вонредни седници — првата по иницијатива на советничката група на СДСМ, а втората на ВМРО-ДПМНЕ — седницата заврши уште пред да започне. Причината беше што мнозинството советници, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, не го изгласаа дневниот ред. Седницата беше хаотична оти градоначалничката Данела Арсовска зеде збор за продецурално обраќање, ...

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков на денешната седница на Советот на Град Скопје. „Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница на советот на Град Скопје, ова е мегдан каде коалицијата на власт на СДСМ и Левица прават театар и циркус од работата во ...

ДУИ се огласи со свој став по најавите да се менува изборниот модел: една изборна единица, отворени листи, но и гласање на дијаспората како што предлага ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи. „Граѓаните мора да имаат право да изберат не само ...

СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Овој приклучок го откри градоначалничката Данела Арсовска. “Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во ...

Случајот со наводни закани упатени кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е под истрага на Секторот за внатрешни работи Скопје. Настанот се случил на 1 јуни 2025 година на булеварот „Словенија“, а осомничениот С.А. (39) од Скопје веќе бил повикан на службен разговор. „На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го привеле Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза, оти требало да издржи затворска казна од 11 години за повеќе кривични дела. „На 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело ...

Бојан Јовановски-Боки 13 вчеравечер во живо и се јави на ексобвинителката Вилма Рускоска, која го гонеше во предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Во текот на осум минутниот разговор, Боки 13 ја праша Рускоска дали мирно спие по сите гревови кои ги направила, на што таа одговори „мирно спијам“. Потоа, имаше навреди. „Дали ти мирно спиеш покрај сите луѓе што си ги измамил“, праша Рускоска, а Бојан Јовановски рече: „Како може вие мирно да ...

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница. Според информации на „Скопје1“, тој бил апсен во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години ...

Бизнисменот Асмир Јахоски го барал пасошот, а скопска Апелација му го вратила, за да оди на матура на неговиот син во Истанбул, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“. Тие посочуваат дека обвинител дал согласност, бидејќи како гаранција го имаат неговиот имот вреден речиси милион евра, како и средства во износ од над 1,1 милион евра. „Обвинителството не се согласи со првиот предлог на одбраната за ...

Пратениците денеска ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. Во извештајот кој е веќе објавен на собраниската веб-страна пишува дека во 2024 година, Советот извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на ...

„Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!“, вели СДСМ и додава: Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина! Власта свесно и организирано ги штити вистинските виновници. Обвинителството ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта. Нема одговор зошто не се ...

„Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Јавноста можеше да види како на Филипче како министер за здравство, профитот и провизиите му биле на прво место, наместо безбедноста и здравјето на пациентите и на граѓаните, воопшто. Таквата негова лакомост за провизии доведе до пожар во модуларната во Тетово која целосно изгоре за само две минути, во која живи изгореа 14 ...

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го стресе западниот брег на Турција одземајќи најмалку еден живот. Според сеизмолозите епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос. Според Турската агенција за цивилна заштита, земјитресот бил во 2:17 утрово. Гувернерот Идриз Акбијик извести дека 14-годишно девојче било однесено во болница, ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Тој информира и дека тој дел не е во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието. Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со ...

Малолетници се пресметаа утринава во близина на хотел „Карпош“, а еден од нив заврши прободен и во болница. До инцидентот дошло по вербална расправија. На случајот работи полицијата. „Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ “Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две ...

Шест дена откако го ослободиле од притвор и му го одзедоа пасошот, бизнисменот Асмир Јахоски побарал времена патна исправа за да оди во Истанбул, потврдува скопска Апелација за „Скопје1“. Во четвртокот, судиите донеле одлука да му се прифати барањето, па тој добил патна исправа и заминал на Босфор. Судиите се воделе и од мислењата на двајцата обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпупција, како и од Вишото ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,224%, кај дизелот за ...

По трет пат ЛДП предлага Македонија да биде една изборна единица. Ова досега беше одбивано во претходните два парламентарни состави. Од ЛДП сега очекуваат поддршка од пратениците. „И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива за ЛДП. поддршка.Ја ...

По трет пат ЛДП предлага Македонија да биде една изборна единица. Ова досега беше одбивано во претходните два парламентарни состави. Од ЛДП сега очекуваат поддршка од пратениците. „И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива на ЛДП. Ја нагласуваме ...

Утрово во скопското село Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл, при што е повреден мотоциклистот. Настанот е пријавен во полиција, а повредениот е пренесен во болница. „Денеска (02.06.2025) во 11.07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, кај железничката пруга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл. Со повреди се здобил ...

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови. „За жал, од страна на некои негови ...

Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, се вратил од Турција, дознава „Скопје1“ од извори во МВР. Според неофицијалните информации, тој постапил согласно одлуката на судовите, односно ја искористил времената патна исправа за да прослави завршување на школување на роднина и се вратил. Моментално, тој е во земјава. „Скопје1“ постави прашања во судот, која била причината поради која Јахоски побарал времена патна исправа, а откако тој до пред ...

Европските берзи утрово малку паднаа, бидејќи инвеститорите повторно беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на челик од 25 на 50 проценти. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 проценти во 9:30 часот наутро, откажувајќи се од дел од добивките од минатата недела. Утрово, лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,03 проценти на 8.775 поени, додека франкфуртскиот ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
20%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
25%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.15
23%
1017
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
34%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
65%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
33%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
25%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
54%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
83%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729