
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот. Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, ...
На Илире Даути 61 пратеник ѝ изгласа недоверба на функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, прифаќајќи ја интерпелацијата од Левица. Изненади соопштението од Кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши. „Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство“. Со овој став не се согласуваат од ЗНАМ, владиниот коалициски партнер, кој ...
“На денот кога се обединија сите МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ да му застанат на патот на башибозукот на Илире и кога Македонецот, за прв пат, се осети убаво во своето Собрание – СДС решија да ја напуштат пленарната седница за интерпелација!?”, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и додаде: “Епа, што да очекувате од партија на богаташите која дезертираше и во 2001. Нивните раководни кадри и тогаш се криеја по викендици, додека БРАНИТЕЛИТЕ ...
Податоците за летот и гласовните снимачи од пилотската кабина на авионот „Џеџу Ер“ кој се урна на 29 декември престанале да снимаат околу четири минути пред авионот да удри во бетонска конструкција на јужнокорејскиот аеродром Муан, соопшти тамошното Министерство за транспорт. Властите кои ја истражуваат катастрофата во која загинаа 179 луѓе, најлошата на јужнокорејско тло, планираат да анализираат што предизвикало прекин на снимањето на ...
Десетици луѓе беа убиени во воздушен напад на воената хунта на Мјанмар во западната држава Ракин оваа недела, соопштија Обединетите нации, додека граѓанската војна во оваа земја во Југоисточна Азија влезе во својата четврта година. Цивилната влада во сенка и Армијата на Аракан, етничка милиција со седиште во Ракин, која се бори за автономија на регионот, исто така известија за десетици убиени во нападот. Хунтата го погоди селото Кјаук Ни Мав ...
Ѓоковиќ го шокираше светот кога на крајот на минатата година објави дека Енди Мареј е неговиот нов тренер. За време на прес-конференцијата пред почетокот на Австралија опен, „Б92“ побара од Новак дополнително да објасни како точно дошло до таков избор. „Ја завршив рано минатата сезона, сакав да се опоравам психички, физички и емоционално за следната. Со оглед на тоа што имав повеќе време отколку во изминатите години да размислувам за мојата ...
Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег. Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна ...
Синагога во Сиднеј е испишана со антисемитски графити, соопшти од полицијата, еден ден по антисемитскиот вандализам во главниот град на Нов Јужен Велс. Австралија во изминатата година забележа серија антисемитски инциденти, вклучувајќи графити на згради и автомобили во Сиднеј, како и подметнат пожар во синагога во Мелбурн, кој полицијата го опиша како тероризам. Во последниот инцидент, полицијата соопшти дека била известена за графити на ...
Медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес потврди 11 смртни случаи поврзани со пожарот. Пет од нив се случиле во пожарот во Палисадес, а другите шест во пожарот во Итон, јавува Би-Би-Си. Смртните случаи се случиле во Алтадена, Малибу, Пацифик Палисадес и Топанга, додека човечки останки биле потврдени само во три случаи. Нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите. Актерката Џенифер Гарнер претходно во интервју за MSNBC потврди ...
Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари и порача на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, дека ќе одговара. Тој за изјавата на Арсовска дека му пуштила седум кривични пријави – рече дека сето тоа е веќе видено, бидејќи истиот принцип на функционирањето го има секојпат кога некој пат кога некој ќе и застане на патот. Неговиот став во прилог: „Најпрвин за пријавите кои ги споменува Данела, дежаву е веќе да ги користи истите изјави за ...
Во Собранието не помина ниту интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ . Пратениците со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрлија интерпелацијата за работата на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ. Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт. Дијана Тоска, пратеничка од коалицијата „Европски фронт“, рече дека Стоилковиќ место да биде гаранција за хармонија и стабилност, се претвори во симбол на неспособност и ...
Со три гласа „за“ и 64 „против“ не помина интерпелацијата за вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. За да биде прифатена интерпелација во Собранието, „за“ треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ. СДСМ и Левица како што најавија не дадоа поддршка на интерпелацијата. СДСМ изјави дека нема да ги поддржи интерпелациите, бидејќи, посочија, нема потреба од нови поделби по ...
Собранискиот спикер Африм Гаши, преку соопштение дообјаснува то значи изгласувањето на интерпелацијата за пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. ,,Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за ...
Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади. Значи, пратениците на ВЛЕН гласале против разрешувањето на Даути од функцијата како претседател на таа Комисија. „Госпоѓата Илире Даути не е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Значи, мораме да го расчистиме ова ...
Европскиот фронт го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември. Како што рече пратеникот Елми Езири, Тошковски не ги исполнува своите обврски. ,,МВР за помалку од седум месеци се претвори во МВР-ВМРО, земјава се претвори во полициска држава која им се заканува на граѓаните, ги заплашува конкретно Албанците да не креваат глас”, рече Езири. Тошковски одговори ...
Во Собранието на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата. Таа има забелешки за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени. „Меџити и Стоиљковиќ не беа на висината на своите обврски, на прославата на Денот на албанското знаме. Наместо да ги смируваат меѓуетничките ...
Пратениците со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт. Барањето за интерпелација ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. Собраниската сала ја напуштија пратениците на СДСМ чиј Закон за бранители ...
Во вторник на незадоволството на вработените од Државното правобранителство ќе им се приклучат и вработени од шест министерства и од Државниот завод за статистика. Тие бараат потпишување на колективен договор со кој ќе имаат 30 проценти додаток на плата. Протестот би траел половина час пред зградите на министерствата за култура, животна средина и просторно планирање, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и ...
Воинственото видео со Али Ахмети поврзано со конфликтот во 2001 и неговата порака дека никогаш не изгубил војна мистериозно исчезна од социјалните мрежи. ДУИ видеото на социјалните мрежи го објави во исто време кога американскиот претседател Џо Бајден објави нова извршна наредба за проширување на рамката за Американската црна листа со која се прошируваат условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан. ...
Собранието расправа за интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ, поднесена од Левица. Пратениците од СДСМ излегоа од собраниската сала,иако Даути токму нивниот Закон за бранители не го стави на комисиска расправа. Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно го кочи работењето на Комисијата. ,,Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се ...
Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени кои денеска се на дневен ред на Собранието, а се поднесени од страна на Европскиот фронт. – Сметаме дека интрпелацијата на Тошковски е етнички мотивирана, не се наброени пропустите во работата на Тошковски кои ги има многу, а сметаме дека останатите интерпелации се за да се покрие етничкиот мотив во првата интерпелација – истакна пратеникот од Левица, ...
Вишиот суд во Нови Сад го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад да му одреди притвор на поранешниот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ. „Со одлуката на судот, се посочува дека на 27.11.2024 година на тогаш осомничениот Горан Весиќ му бил прекинат притворот поради немање основано сомнение дека го сторил кривичното дело кое сè уште му се става во обвинението, дека обвинението сега е во ...
По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица. Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници од кои ...
Три лица се пријавени од Министерството за внатрешни работи, а пријава има и од адвокатска канцеларија за претепувањето на кучето кај „Момин поток“. Јавноста е згрозена од случајот, се бара одговорност за сторителите, додека истовремено, Обвинителството тврди дека се работи на прибирање на докази. „Надлежниот јавен обвинител постапуваше по пријава поднесена од адвокатска канцеларија, а тукушто е примена пријава и од Министерството за внатрешни ...
И „Вреди“ ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој напиша дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија. ,,Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од ВРЕДИ. За нив Костадинов е маргинален проруски политичар од Бугарија. ...
СДСМ нема да гласа за интетпелациите на ДУИ. За нив ова е поттикнување на етнички поделби и тензии. „СДСМ и Коалицијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ зашто сметаме дека нема потреба да имаме нови етнички поделби и по основ на интерпелациите. Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на било какви меѓуетнички тензии и основ за отворање можности за поделба меѓу ...
На тапет пред пратениците е работата на министерот Панче Тошковски, неговиот заменик, Астрит Исени и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ. Барањето за нивна смена е од коалицијата „Европски фронт“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета интерпелацијата е обичен дефокус од борбата против криминалот и корупцијата. „Чудно е малку времето на поднесување, зошто сега кога борбата против криминалот и корупцијата е видлива за ...
СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче. СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче. Наместо да ги средува ...
Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ...
„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, вели СДСМ и додава: За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во ...