
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Со твит во кој Доналд Трамп се поврзува со покојниот финансиер и обвинет за сексуален престапник Џефри Епштајн, Илон Маск предизвика немири меѓу поддржувачите на актуелниот американски претседател. Најбогатиот човек во светот, кој ја напушти Белата куќа минатата недела, тврди дека името на Доналд Трамп е во тајни владини досиеја за поранешни богати и моќни соработници на Епштајн. Администрацијата на Трамп објави дека истражува десетици илјади ...
„СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината“, велат од СДСМ и додаваат: Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе? Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот договор ...
Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент. “Од ...
Грчките плажи и овој продолжен викенд ќе бидат полни со македонски туристи. Празнично, најмногу гужва има на граничниот премин „Богородица“. Се чека и по повеќе од час, а колоните се километарски. Најбројни се возилата со македонски регистарски ознаки, како и српски возила. Истата слика ќе биде во текот на целиот летен период. Секоја година, граѓаните се жалат бидејќи граничните контроли течат споро, граѓаните и со часови седат во возилата, ...
На територија на Македонија е присутна фронаталната долина, а на висина е присутен и поладен воздух. Во ваква ситуација, повторно денеска (петок 6 јуни) во попладневните и во раните вечерни часови, особено во централните и во источните предели од Македонија на повеќе места ќе се формираат фронтални влажни бранови кои ќе условат развој на грмотевични конвективни облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната ...
Иницијативата Support Kocani, активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди Кочани, денес го објавува својот транспарентен извештај за реализацијата на донациите заклучно со 5 јуни 2025 година. До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата кои претрпеа најголеми загуби. Оваа бројка не е само финансиски податок – таа е симбол на заедништво, сочувство и солидарност. Поддршката не застана тука, покрај ...
Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски рече дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба. „На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп. -ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен. Одлуката на Судот е следната: Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во ...
Русија планира да распореди 10.000 војници во Транснистрија и да воспостави проруска влада во Молдавија за да ги постигне своите цели, изјави вчера молдавскиот премиер Дорин Речеан во интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тие сакаат да го консолидираат своето воено присуство во регионот на Транснистрија“, рече Речеан, додавајќи дека целта на Русија е да го зголеми своето влијание не само во близина на југозападна Украина, туку и во близина на ...
Кривичен суд го одобри обвинението против ексдиректорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и обвинението против онколозите. „Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди истрага за она што републиканците го нарекуваат заговор за прикривање на влошеното когнитивно здравје на Џо Бајден за време на неговиот мандат во Белата куќа. Овој потег, кој Бајден остро го критикуваше, е најновиот во долготрајната кампања на Трамп, поддржана од републиканските политичари и нивните поддржувачи во конзервативните медиуми, за дискредитација на неговиот претходник. Но, тој ...
Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано синоќа изврши итно слетување во јужна Германија поради силни турбуленции предизвикани од бура, при што беа повредени девет патници, соопшти полицијата. Според соопштението на баварската полиција, авионот бил принуден да слета во Меминген, околу 113 километри западно од Минхен, поради лоши временски услови. Иако слета безбедно, девет лица на возраст меѓу две и 59 години беа повредени за време на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна уредба со која се забранува влез во САД за државјани на 12 земји, пренесе CBS News, повикувајќи се на извори од неговата администрација. На списокот се најдоа седум африкански држави – Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија и Судан – како и четири земји од Азија: Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен. Забраната важи и за Хаити, како единствена земја од Северна Америка. ...
„За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците“, велат од СДСМ и додаваат: Од прв до последен. Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците. Наместо институционално расчистување – се случува ...
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, во своето гостување „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ најпрво зборуваше каква општина наследил каде се осврна на огромниот финансиски дефицит, лоша патна инфраструктура, лоши услови во училиштата и немањето место каде младите може да спортуваат. -Малку се зборува за тоа што наследивме како општината бидејќи морам да истакнам дека нивото на општината е сериозно подигнато од ...
„СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот ...
Телата на двајца израелски заложници се пронајдени во Газа за време на специјална операција на израелската армија и безбедносната агенција Шин Бет, објави премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тоа се Џуди Вајнштајн-Хаги и Гади Хаги, кои беа киднапирани од кибуцот Нир Оз и однесени во Газа за време на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. „Заедно со сите граѓани на Израел, јас и мојата сопруга изразуваме искрено сочувство до драгите семејства. ...
“Најголемата одговорност за криминалните модуларните болници, кои биле набавени како стоки со лош квалитет и леснозапалив материјал, со кредит од Светска банка е единствено кај Венко Филипче”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Филипче, како тогашен министер за здравство, сега претседател на СДС, исто така е најодговорен за пожарот во модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за само две минути, а со себе одзеде 14 животи. Ова секојдневно се ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. „На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото ...
Гостин во Претрес со Ландов е Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.Таа рече дека нема да биде кандидат за ниту една функција на престојните локални избори. Негира дека СДСМ тешко наоѓа кандидати за градоначалници или советници. Кандидат за Скопје се уште нема. Еден од нив е и Мишко Ралев. „Ние први предложивме една изборна единица и отворени листи”, вели Чупеска. Не може да каже колку градоначалнички места ќе освои СДСМ. Не исклучи коалиција ...
Владиката Петар во изјава за „Скопје1“ се извинува доколку некој се навредил од неговата изјава, во која ги нарекува наркомани, пијаници и арамии оние верници кои го поддржаа Партениј. Тој во кусата порака не посочува дали според него е навредлива употребата на овие зборови кон поддржувачите на епскопот. „На секој што смета дека со нешто сум го навредил, од дете до највозрастен му се извинувам, барам и давам прошка на тие што ме навредиле, но ...
Иницијативата „Support Kocani“ речиси три месеци макотрпно собира средства, но и медикаменти за повредените во трагедијата во „Пулс“. Пожртвуваноста на младите кои се здружија со цел да помогнат на секој еден кој има последици од кобниот 16 март, продолжува. Контактираат со компании, иселеници, странци кои им испраќаат по цели куфери со потребни работи за преврски. „Денес стигна уште една донација од сограѓани во Чикаго, лепенки за лечење на ...
Втората иницијатива на партијата, односно пратеничката група на Левица за свикување надзорна расправа по однос на трагичниот настан во Кочани повторно беше одбиена од страна на владејачкото мнозинство, соопштуваат од Левица. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, изрази разочараност од повторното блокирање на иницијативата, потенцирајќи дека уште на 3 април пратениците од Левица поднеле официјално барање за надзорна ...
„Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?“, прашува Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ и додава: Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски? Зошто Христијан Мицкоски лично и ...
„Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава: „Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност. Венко Филипче и ...
Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, пишува „Религија.мк“. Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во проповед по литургија, пред олтарот, не ги штедеше навредите и за Партениј, а особено за верниците кои него го поддржувале. Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, ...
Се растури „љубовта” меѓу Трамп и Маск. Илон Маск остро го критикуваше неговиот „одличен, прекрасен закон за буџет” како што смета Трамп и го нарече скандалозен, полн со корупција, чуден и гнасен. „Жал ми е, но едноставно повеќе не можам да го поднесам овој скандалозен, чуден, полн со корупција закон за трошење на Конгресот, тоа е одвратен гнасен“, објави Маск денес на X. „Оние што гласаа за него можат да се засрамат, знаете дека погрешивте. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој од денес се удвојуваат царините за челик и алуминиум на 50 проценти. Трамп рече дека ги зголемува тие царини за да се осигури дека увозот не ја загрозува националната безбедност и да се обезбеди иднината на американската челична индустрија. Ова е втор пат од март да се зголемат царините за метали, клучни состојки за многу работи, од автомобили до конзервирана храна. Би-Би-Си објави дека ...
Собранието денеска ќе расправа за Предлог законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка, потоа за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека по подолг временски период и консултација со ...