
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Украина ги исцрпи своите и онака скудни залихи на балистички ракети со долг дострел ATACMS испорачани од САД, според новиот извештај. САД, за време на претходната администрација на Џо Бајден, испратија неколку ракетни проектили за овој ракетен систем во Украина, кои се лансираат од земја кон цели до нешто повеќе од 300 километри. Овие проектили обично се користат за напад на цели со висока вредност далеку зад линиите на фронтот, а Киев го ...
„Во врска со подготвеноста на Украина за прекин на огнот, ќе ви ја дадам мојата оценка. Прво, благодарам на американскиот претседател за неговото учество во решавањето на конфликтот. Второ, ние се согласуваме со предлозите за прекин на огнот, но нашиот став е дека прекинот на огнот треба да се води кон долгорочен мир и причините за конфликтот треба да се елиминираат“, рече Путин. „Сите тоа се прашања кои мора добро да се проучат од двете ...
Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. “Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од ...
Во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, амбасадорката Агенла Агелер упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант. „Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам ...
Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај Мавровка во еден од најфрекфрентните периоди и места во Скопје. Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на бизнисменот Васил Ефтимов. Рече дека бил под дејство на дрога и не сакал тоа да го изврши. Инаку Куртовиќ кога го изврши убиството беше пуштен на викенд од затворот ...
Министерството за надворешни работи на Македонија даде одговор на реакцијата на бугарското министерство за надворешни работи: Во врска со вчерашната реакција од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава. Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките ...
„Никогаш од ниту еден советник, не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш, никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје говорејќи за воведување на брз автобуски ...
„Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат“, вели премиерот Мицкоски и додава: Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката ...
По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира: Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на Љупчо Коцевски посочи дека партиски луѓе не треба да има во судството. „Последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате. ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва. „Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Таа додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина. Да потсетиме, како дел од напорите да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се ...
Опозициската СДСМ се огласи за скандалот и корупцијата со набавка на мазут. „Подобо е ВМРО- ДПМНЕ ДА молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ“, велат од СДСМ. Капушевски посочуваат е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури, а Пуцко Петрол е компанија ...
На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во ...
„Ланецот СДС-ДУИ заедно со алките – правосудство и мазут мафија го краделе народот и со украдените пари ги труеле граѓаните. Оваа спрега деновиве, со случајот мазут мафија, дополнително излезе на површина“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава: Судството и обвинителството се во акција за одбрана на криминал тежок 167 милиони евра за канцероген мазут со кој се труеле граѓаните. За дел од набавките, според информациите во ...
Државните институции во 2023 и 2024 година потрошиле вкупно 8,5 милиони евра за набавка на нови патнички возила, дел купени, а дел земени на лизинг, покажува најновата анализа за јавните набавки на на Центарот за граѓански комуникации. Според податоците, Владата на лизинг набавила 45 возила за сегашните функционери, како и за поранешните премиери и претседатели, при што секое од нив чинело по 50.000 евра. Најскапото возило е набавено од ...
Обвинителството бара притвор за Асмир Јахоски, односно поднесе жалба на решението за куќен притвор до Кривичниот совет. Ова го соопшти обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако обвинителката го анализирала решението на судијата на претходна постапка од Кривичен суд, кој одбил да донесе ваква мерка. „Незадоволно од ваквата одлука во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основено кривичен суд поднесе жалба ...
Руската безбедносна служба тврди дека биле планирани серија терористички акти против руската војска и државните службеници, но тие биле спречени. ФСБ објави дека украинските специјални служби планирале да испратат бомби по пошта. Тие тврдат дека станува збор за рачно изработен експлозив засаден во парфеми за подароци. Во извештајот се наведува дека уредите биле деактивирани од одредите за бомби. Подоцна, наводно бил приведен руски државјанин, ...
За да ја одврати Русија од идна инвазија, полскиот претседател сака Вашингтон да го префрли своето нуклеарно оружје на полска територија. Во интервју за Фајненшл тајмс, Анджеј Дуда рече дека ја покренал идејата со специјалниот пратеник на Доналд Трамп за војната во Украина, Кит Келог. – Во 1999 година границите на НАТО се поместија кон исток, па 26 години подоцна и инфраструктурата на НАТО треба да се движи кон исток. Тоа ми е очигледно. ...
Израел извршил „геноцидни акти“ врз Палестинците со систематско уништување на здравствените установи на жените за време на конфликтот во Газа и користел сексуално насилство како воена стратегија, велат експертите на ОН во новиот извештај. Постојаната мисија на Израел во ОН во Женева ги опиша наводите во извештајот како неосновани, пристрасни и неверодостојни. „Израелските власти делумно го уништија репродуктивниот капацитет на палестинските ...
На 12.03.2025 во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар. “Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, велат ...
Во „Претрес со Ландов”, вечерва гостин е претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска. Извршителите се свесни како ги етикетираат, но, вели Деловска, има повеќе вистини. „Не се чувствувам како уништувач на човечки животи, некогаш и психолози стануваме. Знаеме со кого имаме работа уште кога ќе влезе странката. Се добива впечаток за нечовечност, но тоа не е така, тоа е и дел од домашно воспитување. Повеќе мака имаме од доверителите ...
Бил татко на четири деца, имал неколку фирми но и татко пратеник од ДУИ и долгогодишен градоначалник на Пласница. Што беше одлучувачко сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски наместо во активен притвор да оди во куќен притвор. Судот и Обвинителството со различна содржина во соопштенијата меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината и различниот аршин при одредување на мерка за обезбедување на Асмир Јахоски и другите осомничени за тендерите за ...
Вознемиреност и гнев донесе сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, за тоа како било убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Пред да биде убиена, планерот и реализаторот на убиството, Љупчо Палевски-Палчо ја распрашувал. „Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селотејпот, почна да ја прашува како се вика, кој и се татко, мајка. Праша каде работат, рече дека татко и напуштил (не работи), а дека мајка ѝ во А1. Ја ...
„СДС во паника и соочен со сопствените скандали, очајнички се обидува да ја префрли вината, но реалноста е повеќе од јасна: одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: СДСМ должи одговор: како тоа „независното“ судство под нивна контрола му додели привилегиран третман на главниот бизнис партнер на Зоран Заев и пратеник на Али Ахмети? СДСМ е последниот ...
„ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор?“, вели СДСМ и додава: Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа? Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е? Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот ...
Во текот на вчерашниот ден (11.03.) од вкупно изречените 827 платни налози од страна на полициските службеници во рамки на опфатните сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, после подолг период прекршоците од делот на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење, статистички се симнати од врвот за сметка од вчера изречените 209 прекршоци што ги сториле пешаците. Па така по основ на неправилно паркирање и ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по информациите што се пренесуваат во одредени медиуми, ја информира јавноста дека Основниот кривичен суд Скопје ги достави решенијата на судијата на претходна постапка со кои за четворица осомничени е прифатен предлогот на обвинителството и им е определена мерка притвор. За едно лице (Ахмир Јахоски, Пуцко Петрол) осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД денеска ќе стапат во контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва. „Силно ги повикуваме Русите да ги прекинат сите непријателства. Нема воено решение за овој конфликт“, рече Рубио. Тој потврди дека преговорите во Џеда вклучиле дискусии за „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучително и „разговори за територијални отстапки“. „Ако Русите одбијат, ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави: „Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските ...