Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Франција денеска е парализирана од масовни демонстрации и национални штрајкови против владините мерки за штедење. Властите проценуваат дека меѓу 700.000 и 800.000 граѓани ќе излезат на улиците ширум земјата, а во Париз веќе се бележат големи нарушувања во сообраќајот и јавниот ред. На 250 различни локации низ Франција се организирани протести што предизвикуваат блокади и прекини во клучни сектори. Националната полиција соопшти дека досега ...
Покрената е онлајн акција за собирање финансиска помош за автосервисот во населбата Пинтија, кој беше зафатен од пожар. На платформата WhyDonate е поставен линк каде што сите хумани граѓани можат да донираат средства за надомест на големата штета. „Веќе 25 години нашето семејство го гради овој авто сервис со љубов, пот и неисцрпна посветеност. Секој ден вложувавме срце и душа за нашите клиенти, создавајќи доверба и долготрајни врски. Но, ...
Здружението ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните, соопшти дека во Кавадарци, среде ден, во приватен двор било пукано со пушка во кутре. Осомничениот веднаш бил пријавен, полицијата му ја одзела пушката и го привела во станица. Од ЛИНА најавија дека очекуваат целосен извештај од МВР и оти јавно ќе го обелоденат идентитетот на сторителот. Повреденото кутре добило ветеринарна помош во Кавадарци, а потоа ќе биде префрлено во ...
На граничниот премин Стење кон Албанија, царинските службеници во координација со граничната полиција открија обид за нелегално внесување на златен накит со проценета вредност од 346 илјади денари. Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за кривично дело – криумчарење, предвидено со Кривичниот законик. Осомничениот, македонски државјанин, се обидел да ја пренесе стоката без да ја пријави пред царинските ...
Телевизискиот канал Еј-Би-Си ја повлече од програмата ноќната емисија „Џими Кимел во живо“ откако водителот даде забелешки за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. Повлекувањето следеше по предупредувањата на претседателот на Федералната комисија за комуникации (FCC), Брендан Кар, кој порача дека радиодифузерите би можеле да се соочат со казни или дури со губење на лиценците. Одлуката веднаш предизвика силни политички реакции. ...
Трагедијата во Велес, кога 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, ја разгневи јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Докторантката по невронаука, Ирена Чаушевска Даниловска, побара протестите да се насочат кон судовите и обвинителството, наместо пред МВР. Таа посочи дека полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала, но судот и обвинителството му го укинале домашниот ...
Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата – сите возила и патници се проверуваат за регулиран престој и работни дозволи. -Денеска северниот дел на Малта беше комплетно блокиран од малтешката полиција и ЛЕСА, поради вонредна контрола на сите возила (и приватни и јавни превозни средства), во акцијата за намалување на нелегалниот престој во ...
Во учебник по македонски јазик има задача за која учениците треба да направат покана за свадба, што предизвика низа реакции на социјалните мрежи од страна на родителите… Македонски јазик за 5. одделение за учениците од другите заедници – 2. дел Да не е толку тажно, ќе беше толку смешно. А, не треба да биде ни тажно, ни смешно. Како што е и тажно и смешно кога тераш дете од 11 години да ,,направи” покана за свадба. На час или дома, сеедно; ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект. „Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не ...
Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кисела Вода, во Претрес со Ландов рече дека Христијан Мицкоски 15 години ќе биде премиер. „Орце е ВМРО-вец и секогаш ќе биде.Мицкоски го почитувам како родител. Секогаш ќе застанам зад него.Јас не менувам дрес. Од 2018 не сум имал контакт со Груевски”, рече Ѓорѓиевски. На СДСМ им порача да постават 15 столчиња на Бихачка колку што им останаа членови и да ...
Орце Ѓорѓиевски, кој е гостин во Претрес со Ландов е убеден дека ќе биде нов градиначалник на Град Скопје. „Шах-мат ќе направам на избори.Му требам на градот. Не гледам дека има подобар од мене.Со Перински сум пријател, но анкетите го кажаа своето”, рече Ѓорѓиевски. Прва работа која ќе ја направи е да ги тргне рампите околу град Скопје.Тоа вели, не е Пентагон. Освен состојбата која е спротивна на закон се ќе преземе за да се решат ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е гостин во Претрес со Ландов. Тој е убеден дека по октомври ќе биде нов градоначалник на Град Скопје. „Јас го живеам сега својот сон. Ние имаме најдобар премиер. Јас не сакам да бидам по градоначалничкото место во Скопје премиер, министер можеби”, рече Ѓорѓиевски. Од работата има добиено шеќер и сака по се да се посвети на семејството. Во Претрес ...
„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Повторувала повици до институциите да ја заштитат. Наместо заштита добила игнорирање. Наместо санкција насилникот останал слободен. Резултатот? Убиена е Росица. Убиен е и нејзиниот татко“, напиша пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на социјалните мрежи. Петровска која го изрази револтот по вчерашното свирепо убиство на 21 млада девојка од Велес и нејзиниот ...
Европската Унија изрази загриженост за владеењето на правото во Македонија и земјите од Западен Балкан, и покрај забележаниот напредок – изјави вчера европската комесарка за проширување, Марта Кос. Таа потенцираше дека и понатаму продолжува практиката на мешање во судски процеси, вршење притисок врз службеници кои истражуваат корупција и политизација на телата за регулација на медиумите, што – како што рече – е неприфатливо. Еврокомесарката ...
„СДС со наводните кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на ставовите на опозициската партија. „Не знаевме дека дел од раководството на СДС се отуѓени и, со оглед на злосторствата кон Македонија и својот народ, им е потребен надзор и терапија. Но, оваа кривична пријава укажува дека работите се подлабоки дури и од она за што се плашевме. Кривичната пријава е доказ дека и тука, во ...
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, Рамиз Мерко, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинението, во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, Мерко, во својство на службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите овластувања и ...
Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи протест, а во 18:00 часот ќе следи блокада кај Жена Парк Борец, како заеднички крик против колапсот на институциите што, како што велат организаторите, дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди. „Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве ...
Јавноста бара одговори кој потфрлил во заштитата на 31-годишната Росица Коцева од Велес, која беше убиена и покрај тоа што претходно имала низа пријави против убиецoт, Илија Стефановски, пред трагедијата. Кога новинарите прашуваа, зошто велешкото или скопското Обвинителство не барале построги мерки за Стефановски, кој не ја почитувал забраната за приближување на Росица, оттаму одговорија дека полицијата не ги известила. Истовремено, ...
„Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста“, велат од СДСМ и додаваат: Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики – се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви. Најновата ...
„Јас тоа веќе еднаш го коментирав, дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за справувањето со пожарите. ...
Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека. Според неофицијални информации, адвокатите на возачот Фатон Љ., кој го прегази и избега, ќе правеле нивно вештачење за причините за несреќата и усмртувањето. За тоа време, возачот Фатон останува во притвор. Следното рочиште е закажано за 10 октомври, на кое, ако се одржи, возачот ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен. Доколку признае ...
Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен случај на измама извршена врз 59-годишна жена од тетовско село. Според информациите од МВР, на 16 септември 2025 година, околу 15:15 часот, жената пријавила дека била доведена во заблуда од лице со иницијали Х.Н. од тетовско и уште едно машко лице. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат да добие социјална помош – туѓа нега, но за тоа побарале 500 евра. Жената ги подготвила потребните документи и на ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, говореше за еден од најгорливите проблеми на главниот град загадувањето на воздухот во сезона на греење. „Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, загадено и загушено Скопје. Дали дишеме воздух или отров?“ рече Шукова. Таа потсети дека Скопје е ...
Во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на 1 септември 2025 година на подрачјето на Шуто Оризари. Според информациите од МВР, 20-годишниот Џ.Ш. од Скопје вчера, на 16 септември, околу 13:00 часот пријавил дека со свој електричен тротинет учествувал во судир со патничко возило марка „Мерцедес“. При несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. ...
Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека ноќеска е приведено едно лице поради напад врз полициски службеник. Инцидентот се случил денеска (17 септември 2025 година) околу 02:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, кога 34-годишниот А.Г.Р. од Скопје физички нападнал полицаец кој извршувал службени дејствија. Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен ...
Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека вчера (16 септември 2025) околу 14:00 часот во полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е донесена 84-годишната Е.Б. од Скопје со телесни повреди. Во разговор со полицијата, жената изјавила дека повредите ги здобила истиот ден околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од друго женско лице. Од МВР додаваат дека се ...
„Премиер на држава, од “патриотската“ ДПМНЕ, како папагал повторува дека македонски кандидат не може да победи во Тетово, Гостивар и Струга. Премиере, кога ги избришавте овие градови од мапата на Македонија? Дали со ова им порачувате на Македонците од тие предели дека треба да се иселат, бидејќи според вас немаат никакви шанси?“, велат од Левица и додаваат: Македонија не е партиски или етнички пазар за размена на општини и функции. Тетово, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на МВР, денеска извршија увид на локацијата во Трубарево каде што изминативе денови избувна голем пожар во складиште за отпад. Како што соопштија од Обвинителството, увидните дејствија се спроведени и во однос на причините за избивање на пожарот и во однос на складирањето на отпадот. На терен било извршено фотографирање и дронско снимање. „Со оглед на ...
Да го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче. На денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна ...